КРПАЧ, Владимир

КРПАЧ, Владимир (Скопје, 19. Ⅻ 1947) – ентомолог, музејски советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет (Група биологија) во Скопје (1966–1976), по што бил професор во Средно-техничкото училиште „Здравко Цветковски” (1976–1987), а потоа кустос во Одделението за ентомологија на Природонаучниот музеј на Македонија (1978 до денес). Два семестра постдипломски студии… Continue reading КРПАЧ, Владимир

КРПАЧ, Коста

КРПАЧ, Коста (Дебар, 1. Ⅵ 1927) – филмски работник, поет, уредник и пропагандист и одговорен за пласман на филмовите. Од 1957 г. работи во „Вардар филм” како одговорен за учеството на македонските филмови на фестивалите, за нивниот маркетинг и пласман во земјата и во светот. Работниот век го посветува на промоција и презентација на македонската… Continue reading КРПАЧ, Коста

КРПЧЕ

КРПЧЕ -. женско покривало за на глава, во правоаголна форма, исткаено од бело памучно платно декорирано со вез. Доколку има измолкнати конци при ткаењето, се нарекува уште и крпче буќавче. Ј. Р.-П.

КРСТАЧКА

КРСТАЧКА -. македонско народно оро за машки состав на изведувачи во 6/8 ритам. Се игра со држење на рацете за рамо. Тоа е темпераментно оро, со чести вкрстувања на нозете, подрипливи чекори и истовремено балансирање на телото. Најчесто се игра во Кочанско. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 110. Ѓ. М. Ѓ. КРСТЕВ-БИРИНЧЕТО,… Continue reading КРСТАЧКА

КРСТЕВСКИ, Игњат

КРСТЕВСКИ, Игњат (с. Пожаране, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 1980) – град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1972 до пензионорањето во 1977 г.) по предмети од областа проектирање и градење железници. Дипломирал во Белград (1934 г.). Пред доаѓањето на Факултетот (1964) работел на изградба на пруги и на одговорни места во… Continue reading КРСТЕВСКИ, Игњат

КРСТЕВСКИ, Младен

КРСТЕВСКИ, Младен (Кратово, 25. Ⅷ 1953) – филмски и театарски актер и режисер. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Високата музичка школа во Скопје (1978). Член на Народниот теа-тар во Штип (1978–1979). Од крајот на 1981 г. е во Народниот теа-тар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, каде што бил и директор (2002–2006). Снимил неколку… Continue reading КРСТЕВСКИ, Младен

КРСТЕВСКИ, Стојан

КРСТЕВСКИ, Стојан (Долнени, Прилепско, 25. Ⅹ 1914 – Скопје, 1987) – виолински педагог. Виолина учел во Битола, Белград (П. Стојановиќ) и во Скопје (Ф. Бауман). Бил наставник во Средното музичко училиште во Скопје и прв директор на Концертната дирекција на Македонија. Во неговата класа се школувале голем број ученици, меѓу нив и некои истакнати виолинисти… Continue reading КРСТЕВСКИ, Стојан

КРСТИЌ, Мицко

КРСТИЌ, Мицко (Мицко Крстев Павлоски; Мицко војвода) (с. Латово, Порече, 1840 – Македонски Брод, 26. Ⅹ 1909) – поречки војвода. По судирот со качачкиот водач Џемо на сопствената свадба, првин работел како самарџија во Скопје, а потоа во Турну Северин (Романија, април 1876). Таму стапил во малата чета на Стеван Петрески-Угриноски и по враќањето го… Continue reading КРСТИЌ, Мицко

КРСТИЌ, Светислав

КРСТИЌ, Светислав (1961) – доктор по биолошките науки, фиколог, основоположник на лабораторијата за истражување на алгите и хидро-екосистемите на Институтот за биологија и прв претседател на Македонското алголошко друштво. Докторирал на тема „Сапробиолошки карактеристики на микрофлората на реката Вардар како показател на интензитетот на антропогеното влијание” (1995). Работи како редовен професор на Природно-математичкиот факултет во… Continue reading КРСТИЌ, Светислав

КРСТОВДЕН

КРСТОВДЕН -. христијански православен празник Воздвижение на чесниот крст (27/14 IX). Се празнува во спомен на крстот на кој бил распнат Исус. За подостоинствено празнување, како и за сочувство со Исусовите страдања, црквата определила овој ден да биде строг пост и се смета за тежок празник. Во некои места тогаш се берат лозјата, во други… Continue reading КРСТОВДЕН

КРТИЦИ, КРТОВИ

КРТИЦИ, КРТОВИ (Талпидае) – фамилија релативно ситни животни од редот инсектојадни цица£и (Инсецтивора), со повеќе или помалку редуцирани очи и без уши. Познати се вкупно 42 вида, од кои кај нас живеат три вида: обичен крт (Талпа еуропаеа), реликтен крт (Талпа станковици) и слеп крт (Талпа цаКрт(ица) еца). ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, ЦицачиContinue reading КРТИЦИ, КРТОВИ

КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ

КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ – хемиските елементи што ја изградуваат живата материја, циркулираат во биосферата и екосистемите по карактеристични патишта од надворешната средина. Тоа е всушност движење на хемиски елементи и на неоргански соединенија, неопходни за живите организми и се нарекува кружење на минерални материи. Биогените елементи, кои се потребни во поголеми количества… Continue reading КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ

КРУПИШТЕ

КРУПИШТЕ . (село кај КочаниКале) – локалитет со археолошки детектирана содржина. Неговата локација врз слабо издигнат терен над околната мочурлива рамнина на сливот на реката Злетовица во Брегалница значително ги обременила досегашните истражувања. Континуираната експлоатација на градежен материјал и фрагментирана архитектонска декоративна пластика од страна на локалното население, што сведочи за постоење на… Continue reading КРУПИШТЕ

КРУША

КРУША (Пѕрус доместица) – овошна култура. Вкупниот број на стеблата во 1990 г. изнесувал околу 1,5 милион, а производството на круши во 1980–1991 се движи од 15.000 до 22.000 т. Опасните болес-ти и штетници (ервинијата и псилата) наполно ја уништиле крушата кај нас. Сепак, во нашата земја ги имаме внесено најважните отпорни и квалитетни сорти… Continue reading КРУША

КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА

КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА (1919) – основана во Софија на 1 јуни 1919 г. од бившите раководители на Крушевската револуционерна околија и голема група автономисти емигранти и бегалци од Крушево и Крушевско, со одделување од Крушевското добротворно братство. Групата се определила за борба за идеалот на Илинден и автономија на Македонија. Раководството го сочинувале: Никола Ки-ров–Мајски,… Continue reading КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА

КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ

КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ – фрагмент од драмата „Илинден” на Никола Киров-Мајски, објавена (како сопствено издание) на македонски јазик во Софија во 1923 г. Во меѓувоениот период од работничкото движење и во текот на НОБ овој текст беше прогласен како Прокламација на шта-бот на крушевските илинденски востаници или Крушевски манифест (1903). Крушевчанецот Мајски во својата драма, напишана… Continue reading КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ

КРЧИН

КРЧИН – висока планина во Западна Македонија што се надоврзува на север на планината ДеПланината Крчин шат. Се протега во меридијански правец од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Планинското било е јасно изразено и од него се издигаат повеќе врвови со височина… Continue reading КРЧИН

КРЧОВ, Тома Д

КРЧОВ, Тома Д. (Крушево, 18. Ⅲ 1878 – Софија, 1962) – револуционер, социјалист. Се школувал во Крушево и во Белград. Во Софија се зближил со В. Главинов и Н. Карев (1897) и станал член на Македонската социјалистичка група. Во пролетта на 1904 г. бил избран за член, а од март 1906 г. за претседател на… Continue reading КРЧОВ, Тома Д

КРЧОВСКИ, Јоаким

КРЧОВСКИ, Јоаким (с. Осломеј. Кичевско, ок. 1750 – 1820) – првиот автор на новата македонска книжевност. Во Кратово учителствувал долго време, а пред тоа учел во Цариград. Од 1787 г. бил назначен за свештеник. Околу 1807 г., по смртта на жената, станал монах. Познат е како проповедник, кој заедно со синовите Ге-Драги Х. Николов: портрет… Continue reading КРЧОВСКИ, Јоаким

КРЏАЛИИ

КРЏАЛИИ – муслимански одметници во Османлиската Империја што се јавиле на преминот од ⅩⅤⅠⅠⅠ во ⅩⅠⅩ в. Противниците на централната власт, крупните ајани и паши во Румелија, ги најмувале за борба против султанските војски. Во Македонија посебно се прошириле на Родопските Планини, шар Планина, Скопска Црна Гора, Пљачковица и Огражден. Групирани во големи дружини, добро… Continue reading КРЏАЛИИ

КСЕРКС И

КСЕРКС И (Џерџес) – персиски крал (486–465 пр. н.е.), син и наследник на кралот Дареј И. Веднаш по стапувањето на престолот започнал воена подготовка и активна дипломатска дејност за навлегување во Хелада. Откако наредил да се изгради мост над Хелеспонт, да се прокопа канал на полуостровот Атос и да се направат мостови преку реката Стримон,… Continue reading КСЕРКС И

КУБА, Лудвиг

КУБА, Лудвиг (Подебради, Чешка, 16. Ⅳ 1863 – Прага, 30. XI 1956) – фолклорист, музиколог и сликар. Голема страст и животна определба му била да патува по словенските земји и да ги бележи и проучува нивните народни песни и инструменти. Неговото капитално дело е „Слованство ве свѕцх зпевецх” во 15 тома. За Македонија особено е… Continue reading КУБА, Лудвиг

КУБЕШ, Лудјек

КУБЕШ, Лудјек (Чески Брод, Чешка, 13. XI 1913 – Прага, 5. XI 1996) – архитект и урбанист. Дипломирал на Високата школа за архитектура во Прага (1945). Од 1947 г. се преселил во Скопје и изработил идејна урбанистичка студија на градот Скопје (1947), врз чија основа, со група инженери – планери, работи на Генералниот регулационен план… Continue reading КУБЕШ, Лудјек

КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – спортска дисциплина. Отпрвин се одвивало како рекреативна активност (1945–1972). Потоа е основан Кугларскиот сојуз на Македонија (1972), кој е преименуван во Федерација (2002). Прва куглана е изградена во хотелот „Белви” (1975), а потоа и други. Први клубови биле „13 Мај”, „22 Декември”, „Белви”, „Инвалид” во Скопје и др. Натпревари се одвивале… Continue reading КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА