КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ -. (лат. цонсенсус – согласност), одлучување врз основа на усогласени ставови меѓу два или повеќе колективитета во поделените и плуралните општества. Овој систем на одлучување започна да се применува во СРМ од 1971 г. при постапката за измена на Уставот на СФРЈ и при донесувањето на самоуправните спогодби и општествените договори.… Continue reading КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ
Tag: К
КОНСТАНТИН
КОНСТАНТИН – син Ѓургичев, внук шагманов, нов ктитор на манастирот Зрзе (Прилепско), на крајот на ⅩⅣ – првите децении на ⅩⅤ в. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Историјатот на манастирот Зрзе низ натписите и записите од ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в., „Зборник на Археолошкиот музеј”, ИВ-В, Скопје, 1966, 77–93. З. Р. – Н. Споменик на царот Константи Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики (ок. 285 – 337) – римски император (306–337), прв римски христијански цар. Го издал Миланскиот едикт за рамноправност на религиите (313), го свикал и го раководел Првиот црковен вселенски собор во Никеја за утврдување на „Символот на верата” (325). По победата над зетот Лициниј (заедно владееле од 312 г.), и Истокот дошол… Continue reading КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики (ок. 285 – 337) – римски император (306–337), прв римски христијански цар. Го издал Миланскиот едикт за рамноправност на религиите (313), го свикал и го раководел Првиот црковен вселенски собор во Никеја за утврдување на „Символот на верата” (325). По победата над зетот Лициниј (заедно владееле од 312 г.), и Истокот дошол… Continue reading КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ)
КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ) (IX-Ⅹ в.) – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, втор словенски епископ (по св. Климент Охридски). Напишал повеќе црковни дела, меѓу кои најпознато му е „Поучното евангелие”. Клучен етичко-филозофски поим во овој текст е милосрдието како основа на христијанската религија. Меѓу луѓето ќе се развијат вистински етички односи ако знаат што… Continue reading КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ)
КОНСТАНТИН-КИРИЛ ФИЛОСОФ
КОНСТАНТИН-КИРИЛ ФИЛОСОФ (Солун, 827 – Рим, 14. Ⅱ 869) – словенски просветител. За животот и дејноста на К.-К.Ф. има голем број извори на лат., слов. и др. јазици. Најбогат со податоци и најсигурен од нив е Опширното житие (ЖК) со изводи и од негови оригинални дела, напишано од брат му Методиј и Климент Охридски (меѓу… Continue reading КОНСТАНТИН-КИРИЛ ФИЛОСОФ
КОНСТАНТИНОВ, Душан Христов
КОНСТАНТИНОВ, Душан Христов (Крагуевац, Србија, 17. Ⅴ 1924 – Битола, 20. Ⅰ 2002) – етнолог и историчар, издавач на весници и одделни публикации, еден од основачите на Друштвото за наука и уметност во Битола, полиглот (со познавање на над 20 јазици) и со две дисертации одбранети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје (на… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Душан Христов
КОНСТАНТИНОВ, Јанко
КОНСТАНТИНОВ, Јанко (Битола, 18. Ⅰ 1926) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1952). Развил богата проектантска дејност и учествувал на анонимни архитектонски конкурси. Како проектант работел во шведска и во САД. Во 1964 г. во Скопје е ангажиран во изработката на планот на централното градско подрачје. Од 1966 г. до пензионирањето (1991) работел… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Јанко
КОНСТАНТИНОВ, Љупчо
КОНСТАНТИНОВ, Љупчо (Охрид, 11. Ⅻ 1946) – композитор и аранжер. Неговите први творечки обиди датираат од крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите годни на ⅩⅩ в. Се истакнува и како аранжер на голем број хитови („Само ти”, Калиопи; „Бела птица”, Д. Поповски; „Љубовта е сказна заборавена”, М. Антевска, „Те барам”, Б. Велетанлиќ и др.).… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Љупчо
КОНСТАНТИНОВ, Милош Христов
КОНСТАНТИНОВ, Милош Христов (Ресен, 26. Ⅲ 1926 – Скопје, 7. Ⅵ 1993) – етнолог, историчар и публицист, долгогодишен директор на градските архиви на Битола и на Скопје, универзитетски професор. Основно училиште и гимназија завршил во Битола (1937-1946). Бил учесник во НОАВМ и на служба во ЈНА (1944-1947). Го издавал бригадниот весник „Зрак” (1944) и објавувал… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Милош Христов
КОНСТАНТИНОВИЧ Гаврил Константинович
КОНСТАНТИНОВИЧ Гаврил Константинович .- (вистинското полно име: Гаврил/Гавро Костадинов Тасев) (Смрдеш, Костурско, Егејскиот дел на Македонија во РГр, 4. Ⅳ 1878 – во возот кон Мурманск, Русија, 1. IX 1918) – македонски национален деец, еден од основачите и потпретседател на МНЛД во С.-Петербург, воен лекар. По школувањето во грчки и во бугарски училишта, од 1… Continue reading КОНСТАНТИНОВИЧ Гаврил Константинович
КОНСТАНТИНОВСКИ, Георги Христов
КОНСТАНТИНОВСКИ, Георги Христов (Крагуевац, Србија, 29. Ⅶ 1930) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1956). Магистрирал на Јелскиот универзитет во САД (1985). Покрај со педагошка дејност, се занимавал и со проектирање на разновидни објекти – изработил над 360 проекти и над 30 студии… Continue reading КОНСТАНТИНОВСКИ, Георги Христов
КОНСТИТУИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
КОНСТИТУИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Практичното конституирање на македонската држава е резултат на антифашистичката борба на македонскиот народ (1941–1945) и на неговата суверено декларирана политичка волја на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), рамноправно со сите други југословенски народи да живее во рамките на Југословенската Федерација. Со тоа, во присуство на претставници на… Continue reading КОНСТИТУИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
КОНСТИТУИРАЊЕТО НА РМ КАКО СУБЈЕКТ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПЛИТИКА
КОНСТИТУИРАЊЕТО НА РМ КАКО СУБЈЕКТ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПЛИТИКА. Процесот на (ре)етаблирање на македонската држава како субјект на меѓународната сцена се одвива во 1991 г., во неколку сукцесивни фази. Првата фаза е завршена на 25. Ⅰ 1991 г., со едногласното усвојување на Декларацијата за сувереност на СРМ од страна на Собранието, со 120 гласа… Continue reading КОНСТИТУИРАЊЕТО НА РМ КАКО СУБЈЕКТ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПЛИТИКА
КОНСТРУКЦИИ ВО МЕБЕЛОТ
КОНСТРУКЦИИ ВО МЕБЕЛОТ – составен дел на секој дрвен производ. Тие имаат посебно значење кај мебелот изработен од масивно дрво и од дрвени плочи. Конструкциите во мебелот се изработуваат како фиксни и монтажно-демонтажни врски. Фиксните дрвени врски даваат цврст спој, кој останува недеформиран во текот на експлоатациониот период на производот. Овие врски можат да бидат… Continue reading КОНСТРУКЦИИ ВО МЕБЕЛОТ
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА – свикана врз основа на Декларацијата за Југославија (27. Ⅷ 1991), отворена на 7. IX 1991 г. во Хаг во присуство на претставици од сите југословенски републики, Европскиот совет, државитечленки на ЕУ и Европската комисија. На пленарната сесија одржана на 26–27. Ⅷ 1992 г. во Лондон, во присуство на претставници на повеќе… Continue reading КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА
КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ ВО БУГАРИЈА
КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ ВО БУГАРИЈА (1941–1944) – логори формирани со Уредба на Министерството за внатрешни работи и народно здравје (31. Ⅰ 1941), потврдена од Министерскиот совет (26. Ⅱ 1941), именувани како „Селишта на државната сигурност”. Бугарските концентрациони логори од германските се разликувале само по тоа што во нив немало крематориуми, гасни комори, не биле вршени медицински… Continue reading КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ ВО БУГАРИЈА
КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ
КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ .‡ ликовна насока во која основни означувачи на делото се идејата и неконформизмот. Се развива особено во шеесеттите години на ⅩⅩ в. (групите Гутаи и Флуксус) како најглобализирачка тенденција. Македонските уметници во неа се вклучуваат подоцна. С. шемов и Н. Фидановски (1973), низ необични акции интервенираат во естетиката на природата и градот (1973),… Continue reading КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ
КОНЦЕРТНА ДИРЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ
КОНЦЕРТНА ДИРЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ (1951-1974) – основана 1951 г. во рам-музичките уметници на Македонија, а подоцна и на Музичката младина на Македонија. Нејзината основна задача била да организира концерти на музички уметници од земјата и од странство. Од 1975 г. станала самостојна организација, со посебно финансирање и управа, а прв нејзин директор бил Стојан… Continue reading КОНЦЕРТНА ДИРЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ
КОНЧЕ
КОНЧЕ – село во Радовишко. Се наоѓа во североисточното подножје на Градешка Планина, на надморска висина од околу 580 м. Преку регионален пат е поврзано со Радовиш. Има 967 ж. од кои 444 се Македонци и 521 Турци. Населението се занимава главно со одгледување тутун. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 23.305… Continue reading КОНЧЕ
КОЊАНИЧКА БРИГАДА
КОЊАНИЧКА БРИГАДА (декември 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од составот на Првиот коњанички дивизион на Гш на НОВ и ПОМ и од борците од другите единици што служеле во коњаницата. Била непосредно потчинета на Гш на НОВ и ПОМ. Во формацискиот состав имала три дивизиони, од кои два… Continue reading КОЊАНИЧКА БРИГАДА
КОЊИЧКИ ТРКИ ВО СКОПЈЕ
КОЊИЧКИ ТРКИ ВО СКОПЈЕ. Првпат се одржале во Скопје (1902). Во првата трка победил Хаџи Мехмед Черкез од Косово на дорат висок 141 см. Втор пристигнал Јусуф Исак Черкез од Косово на коњ зеленко висок 146 см. Во втората трка прв бил ша-бан од селото Добрево од Косово на дорат висок 131 см, а втор… Continue reading КОЊИЧКИ ТРКИ ВО СКОПЈЕ
КОПАЧКА
КОПАЧКА -. македонско народно оро од Малешевско во 2/4 ритам. Изведувачите се мажи, со држење за појас – со левата рака пред десната. Се игра полетно и темпераментно, со мали брзи чекори на полустапалата. Обилува со потскоци, доскоци, бочни движења, ножици и поткопнување со нозете по подот, од што е произлезено името на орото. ЛИТ.:… Continue reading КОПАЧКА
КОПЕПОДИ
КОПЕПОДИ (Цопепода) – поткласа веслоноги организми од класата на ракообразни (Црустацеа) што ги населуваат морињата, со повеќе од 2.500 видови Копепод и копнените води со околу 2.000 видови. Во мирните копнени води масовно се развиваат и му даваат основен белег на зоопланктонот во езерата, блатата, мочуриштата и во помалите ефемерни води, играјќи значајна улога во… Continue reading КОПЕПОДИ