КОЗЈАК – средновисока планина што се наоѓа во јужниот дел на РМ, помеѓу планините Ниџе и Кожуф во Мариово. Планинското било е голо, заоблено и со меридијански правец на протегање, а највисок врв е Балтова Чука (1.807 м). Северно од него се издига врвот Перон (1.700 м), додека на самата граница со Грција е Голем… Continue reading КОЗЈАК
Tag: К
КОЗЈАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
КОЗЈАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (месноста Студена Вода, Кумановско, 12. Ⅹ 1941 – Малотино, 17. Ⅹ 1941) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 25 борци. Командант на Одредот бил Љубомир ЗдравковскиГачо, а политички комасар Киро Нацев-Фетак. Одредот пристигнал на планинскиот врв Китка, на пл. Козјак (13. Ⅹ), а по неколку дена бил… Continue reading КОЗЈАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
КОЈНОС
КОЈНОС (Коинос) – еден од најистакнатите војсководци на Александар Ⅲ Македонски во неговиот поход на Исток. Земајќи збор пред говорот на својот крал крај реката Хифас, побарал од него да го прекине походот и да ја врати војската во Македонија. Наскоро потоа, кога македонската војска веќе го започнала враќањето, Којнос ненадејно се разболел и починал,… Continue reading КОЈНОС
КОКАЛАНОВ, Сашо
КОКАЛАНОВ, Сашо (Скопје, 1977) – современ македонски писател и новинар. Работи во дневниот весник „Дневник” во Скопје. Пишува прозна белетристика. Автор е на книгите: „Самецот”, 2003; „Ноќ на железничката станица во Розендал”, 2003; „Изабе-ла, Исмаела и јас”, 2005, како и на драмскиот текст „Кафез за будали”. Според судот на критиката, романите на Кокаланов откриваат писател… Continue reading КОКАЛАНОВ, Сашо
КОКАЛЕСКИ, Ѓурчин
КОКАЛЕСКИ, Ѓурчин (Лазарополе, 1775 – Лазарополе, 1863) – еден од првите македонски преродбеници, истакнат големопоседник, трговец, кнез, ктитор и автор на првиот автобиографски текст со световна содржина во македонската литературна историја на народен јазик и со словенското писмо под наслов „Наказание”. Изучил повеќе занаети, а кога почнува да се занимава со сточарство станува ќаја. Формира… Continue reading КОКАЛЕСКИ, Ѓурчин
КОКИНО
КОКИНО – комплексен праисториски археолошки локалитет (2000 г. пр.н.е.) на територијата на Општината Старо Нагоричане, Кумановско. Опфаќа поголем дел од неовулканскиот рид Татиќев Камен, во чие подножје се наоѓа с. Кокино. Археолошките истражувања, започнати во 2001 година, открија многубројни археолошки артефакти што му припаѓаат на т.н. бронзено време. Наодите од раното (ⅩⅠⅩ–ⅩⅤⅠⅠ в. пр.н.е.) и… Continue reading КОКИНО
КОКОШКИ, БЛАТНИ
КОКОШКИ, БЛАТНИ (Раллидае) – фамилија на мали, до средно големи жеравовидни птици (Груиформес), со краток масивен клун, со долги прсти и со кратка опашка. Во Македонија живеат 7 видови, од вкупно 9 познати во Блатна кокошка (Груиформес) Европа. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге,… Continue reading КОКОШКИ, БЛАТНИ
КОКОШКИ, СТЕПСКИ
КОКОШКИ, СТЕПСКИ (Птероцлетидае) – фамилија средно големи птици, кои населуваат степскопустински подрачја. Кај нас нередовно се јавува еден вид степска кокошка или копитка (Сѕрхаптес парадоџус). Сад, доцна бронза Бокал, железно време Грне, средна бронза Калап, доцна бронза (ⅩⅣ-XI в. пр.н.е.) (Ⅶ в. пр.н.е.) (ⅩⅤⅠⅠ-ⅩⅣ в. пр.н.е.) (ⅩⅣ-XI в. пр.н.е.) ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес,… Continue reading КОКОШКИ, СТЕПСКИ
КОЛАДОНИЈА, МАКЕДОНСКА
КОЛАДОНИЈА, МАКЕДОНСКА . (Хептаптера мацедоница Борнм.) – македонски флористички ендемит од фамилијата Апиацеае (Умбеллиферае) (штитоцветни растенија), познат во околината на Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Се наоѓа на светската црвена листа Македонска коладонија на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М.
КОЛАРОВСКИ, Атанас
КОЛАРОВСКИ, Атанас (Драчево, Скопско, 1926) – играорец и кореограф. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и соло-играорец. Од 1970 г. се преселил во САД каде што ја продолжил својата активност како инструктор. Тој е автор на повеќе кореографии, а некои од нив („Драчевка”, „Калајџиско”,… Continue reading КОЛАРОВСКИ, Атанас
КОЛАРОВСКИ, Гоце
КОЛАРОВСКИ, Гоце (Скопје, 5. Ⅰ 1959 – Скопје, 30. XI 2006) – композитор, диригент, педагог, научник, општествен деец. Во своето творештво (оркестарско, камерно, солистичко) ја спојува македонската музичка традиција (фолклор, духовна музика) со современите композиторски техники. Ав-тор на музиколошки студии по прашањата на современата музика и музичкото образование. Редовен професор (1999– 2005 – декан) на… Continue reading КОЛАРОВСКИ, Гоце
КОЛЕВ, Благоја
КОЛЕВ, Благоја (Св. Николе, 2. Ⅱ 1930) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Докторирал во Белград (1981). Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа… Continue reading КОЛЕВ, Благоја
КОЛЕВСКИ-ЛАВСКИ, Лазо Филипов
КОЛЕВСКИ-ЛАВСКИ, Лазо Филипов (с. Мрзеново, Велешко, 1918 – близу до Плетвар, на патот Кавадарци-Прилеп, 2. Ⅲ 1942) – првоборец и народен херој. Како Лазо Колевски-Лавски печалбар во Белград, се вклучил во тамошното синдикално движење. По враќањето во Прилеп, како активист на УРС-овите синдикати, бил примен за член на КПЈ и учествувал во Илинденските демонстрации во… Continue reading КОЛЕВСКИ-ЛАВСКИ, Лазо Филипов
КОЛЕДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
КОЛЕДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. обредни лирски народни песни што се исполнуваат на празникот Бадник – Коледе. Тие се неразделно поврзани со коледарските обичаи, со палењето на коледарскиот оган, но и со одењето по коледица по куќите. Децата најпрвин околу коледарскиот оган, а потоа по домовите пеат коледарски песни, со кои искажуваат желби за среќа, здравје… Continue reading КОЛЕДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде
КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде (Ре-сен, 17. Ⅱ 1948) – новинар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Во НИП „Нова Македонија” од 1971 г. ги минал сите професионални скалила: соработник во Градската рубрика, во „Екран”, дописник од Белград, уредник на Саботниот прилог, заменик на главниот уредник и одговорен уредник, генерален директор (1988-98). Основач и главен и одговорен уредник на… Continue reading КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде
КОЛЕНЦЕВ-КОКИНОС, Христо
КОЛЕНЦЕВ-КОКИНОС, Христо (Лерин, 1916 – Скопје, 1987) – припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење, учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил член на Окружниот одбор на НОФ за Леринско и секретар на Окружниот комитет на КОЕМ за Леринско. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, В, 1948, Скопје, 1981. Ст. Кис.
КОЛЕТИС, Јоанис
КОЛЕТИС, Јоанис (?, 1774 – Атина, 1847) – грчки политичар, водач на т.н. „француска” партија, претседател на грчката Влада (1844 –1847). Во грчкото Собрание ја промовирал мегали идејата како политичка програма за создавање голема грчка држава за сметка на балканските владенија на османлиската држава, вклучувајќи ја и Македонија (1844). ЛИТ.: Ричард Клог, Историја Грчке новог… Continue reading КОЛЕТИС, Јоанис
КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев
КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев (Свети Николе, 12. Ⅱ 1914 – Скопје, 6. Ⅶ 2000) – металски работник, комунистички и национален деец, народен херој на Југославија и државник – претседател на првата влада на НРМ, организационен секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Го завршил Военозанаетчиското училиште на Военотехничкиот завод во Крагуевац и се вклучил во комунистичкото… Continue reading КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев
КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ
КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ (Дабница, Прилепско) – античко планинско светилиште. 350 м западно под доминантниот Златоврв (1.422 м) на долгото планинско плато Трескавец. Се наоѓа 4 км северно од Варош, 600 м над полето. На натписот посветен на Аполон Етеуданос (Громобиец) и на Артемида местото е именувано како Колобаиса. Остатоците од нивниот храм се секундарно вѕидани во… Continue reading КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ
КОЛОВСКИ, Марко
КОЛОВСКИ, Марко (Струга, 25. XI 1957) – музиколог. На Факултетот за музичка уметност во Скопје дипломира (1983) првин на Одделот по музичка теорија и педагогија, а потоа и на Одделот по музикологија, во класата на проф. Драгослав Ортаков. Работи како наставник во Струга, а потоа (од 1985) е музички соработ-Марко Коловски ник и уредник на… Continue reading КОЛОВСКИ, Марко
КОЛОЖЕГ
КОЛОЖЕГ -. народно именување на првиот месец во годината – јануари. С. Мл.
КОЛОНИЗАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
КОЛОНИЗАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1918–1953). Во означениот период во Македонија биле извршени две колонизации. Првата колонизација била извршена во периодот меѓу двете светски војни (1918–1941). Со колонизирање во Македонија семејства од другите краишта на Кралството Југославија големосрпскиот владејачки режим настојувал да ја разбие компактната етничка целост на населението од овој дел на Македонија и да изврши… Continue reading КОЛОНИЗАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење
КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење (ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в.) – вселување инородно население на територијата на Македонија. Најважниот фактор на османлиската колонизација во Македонија биле турските номадски сточари, пред с” Јуруците. Уште кон крајот на ⅩⅣ в., доброволно или со присила од државата, биле префрлувани од Мала Азија. Јуруците биле вклучени и во посебна… Continue reading КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење
КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Вардарскиот дел на Македонија како систем
КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Вардарскиот дел на Македонија како систем (1912–1941) – туѓоземно населување за менување на националната структура спроведувана во 4 етапи: 1912–1915, 1919–1924, 1924–1928, 1929–6 април 1941 г. Колонизирањето се вршело врз основа на специјалните акти: „Уредба за населување на новоосвоените и присоединети области на Кралството Србија” од 20. Ⅱ 1914 и „Претходни одредби за… Continue reading КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Вардарскиот дел на Македонија како систем