ИЛИЧ-СВИТИЧ, Владислав Маркович (1934-1966) – славист-компаративист, основач на ностратичката теорија за сродноста меѓу индоевропските, картвелските, семито-хамитските, дравидските, уралските и алтајските јазици и создал споредбена фонетика и споредбен речник на општи корени. Имајќи извонреден усет за секоја јазична појава поодделно и извонреден слух, за првпат во СССР тој зборува за македонскиот јазик, за губењето на ринезмот… Continue reading ИЛИЧ-СВИТИЧ, Владислав Маркович
Tag: И
ИЛКОВСКИ, Ристо Илиев
ИЛКОВСКИ, Ристо Илиев (с. Иловица, Струмица, 9. Ⅰ 1930) – редовен професор на Земјоделскиот и Вет. ф. во Скопје. Основач на ФВМ, каде што бил избиран за продекан и во два мандата за декан. Од 1962 г. се вработува на Земјоделскиот факултет, каде што и докторирал (1969). Бил на специјализација во Холандија, на студиски престои… Continue reading ИЛКОВСКИ, Ристо Илиев
ИЛУСТРАЦИЈА
ИЛУСТРАЦИЈА -. цртеж, скица, гравура, фотографија, што служи за ликовно појаснување на текстот или книжевната творба, за да се украси и збогати текстот. Првите вистински илустрации се средновековните минијатури во црковните и научните книги. Во Македонија со илустрација се занимавале: Н. Този, Љ. Оџаклиевски, И. Велков, Т. шијак, Д. Кондовски, М. Топуз, О. Манески, Д.… Continue reading ИЛУСТРАЦИЈА
ИЛХАМИ, Емин
ИЛХАМИ, Емин (Емин Илхами) (Радовиш, 8. Ⅷ 1931) – поет, драмски писател, истражувач, книжевен критичар, публицист, преведувач од турската националност во РМ. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Кратко време работел како учител. Бил уредник на емисиите на турски јазик во Радио Скопје, одговорен уредник на списанието „Сеслер”, два мандата бил потпретседател и секретар на… Continue reading ИЛХАМИ, Емин
ИЉАЗ, шабан
ИЉАЗ, шабан (Скопје, 1955) – поет, припадник на ромската етничката заедница во РМ, преведувач од ромски на македонски јазик и обратно. Роден е во Скопје, каде што завршил средно стручно образование. Член е на ДПМ (1996). Неговите стихови, како впрочем и севкупната литература на Ромите, провоцираат низа прашања и дилеми за битието, љубовта, смртта, за… Continue reading ИЉАЗ, шабан
ИЉОВСКА, Снежана Тодорова
ИЉОВСКА, Снежана Тодорова (Скопје, 31. Ⅹ 1945) – спец. по детска и превентивна стоматологија, редовен проф. на Стом. ф. Докторирала во 1988 г. Учествувала во изведувањето на научни проекти и автор е на 87 статии, како и на учебникот „Организација на стоматолошката служба”. Е. М.
ИЉОСКИ, Васил
ИЉОСКИ, Васил (Крушево, 20. Ⅻ 1902 – Скопје, 1. XI 1995) – драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, академик. Тој е еден од втемелувачите на македонската драмска литература, автор на првото драмско дело на македонски јазик прикажано на сцената на Кралскиот скопски театар меѓу двете светски војни. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Долги години работел… Continue reading ИЉОСКИ, Васил
ИЉОСКИ, Ристо
ИЉОСКИ, Ристо (с. Бесвина, Леринско, 5. Ⅲ 1943) – историчар, научен соработник. Како дете бегалец од Граѓанската војна во Грција, во Будимпешта завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет (историја и руски јазик) на Универзитетот „Етвеш Лоранд” (јули 1967). Извесно време работел како професор во средни школи во Будимпешта (1967–1970), а потоа се преселил во… Continue reading ИЉОСКИ, Ристо
ИМАГО КЛИПЕАТА
ИМАГО КЛИПЕАТА (имаго цлипеата) – тип кружна камена стела во Македонија. Во периодот на раното Римско Царство повеќе антички портрети на покојниците биле релјефно оформувани во камени кружни медалјони. Откриени се во Охрид, Гевгелија, Марвинци и на други места. ЛИТ.: В. Соколовска, Античка скулптура во СР Македонија, Музеј на Македонија, Скопје, 1987. В. Л. Имела… Continue reading ИМАГО КЛИПЕАТА
ИМЕЛА
ИМЕЛА – полупаразитски грмушки, се развиваат врз стебла на други дрвја, користејќи од нив хранливи материи, а самите ја вршат асимилацијата. Имаат дихотомно разгранување, кожести или лушповидни листови, спротивно распоредени. Под ова име во нашата земја се опфатени имелите од три рода: Висцум албум Л. – зимзелена имела, која паразитира на широколисни дрвја, борови и… Continue reading ИМЕЛА
ИМЕРИ, Имер
ИМЕРИ, Имер (с. Чегране, Гостиварско, 29. Ⅷ 1942 – Скопје, 29. Ⅵ 2008) – лекар, специјалист по општа медицина и политичар. Ја завршил Учителската школа, а потоа дипломирал на Педагошката академија (Група за хемија и биологија) во Скопје, по што работел како наставник во с. Трново, Гостиварско. За истакнување на албанското знаме во Гостивар (1968)… Continue reading ИМЕРИ, Имер
ИНВЕСТИЦИИ
ИНВЕСТИЦИИ – зголемување на постојните капитални фондови, кои натурално постојат во три облици: градежни објекти (фабрички хали и административни згради); опрема (машини, технолошки линии и сл.); и залихи (суровини, полупроизводи и готови производи). Притоа, бруто-инвестициите ја претставуваат вкупната маса на инвестициите во економијата, во определен временски период, без оглед дали станува збор за инвестиции наменети… Continue reading ИНВЕСТИЦИИ
ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА
ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА – збир на специфични фактори што влијаат врз поттиците на економските субјекти за инвестирање, за воспоставување нови фирми и за ширење и развој на бизнисите. Клучни елементи на бизнис-климата се: стабилноста на политиките, заштитата на сопственичките права, владината регулација, административно-бирократските пречки и корупцијата, оданочувањето, пристапот на бизнисите до средствата за финансирање на растот,… Continue reading ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА
ИНГИЛИЗОВ, Иван
ИНГИЛИЗОВ, Иван (Пехчево, 20. Ⅶ 1882 – с. Церово, Горноџумајско, 28/29. IX 1944) – учител, војвода во Илинденското востание. Завршил педагошко училиште во Скопје, учел историја и филозофија на универзитетите во Софија и Загреб. Бил учител во Струмица, Горна Џумаја, Скопје и Пехчево. Во Илинденското востание предводел чета во Струмичко, Радовишко и во Малешевско. По… Continue reading ИНГИЛИЗОВ, Иван
ИНДИУМ
ИНДИУМ – хемиски елемент, во групата „ретки метали”. Застапен е како придружен елемент во рудите на обоените метали. Се произведува во Топилницата за олово и цинк во Велес (в. МХК Злетово – Велес): истражување (од 1988) и производство 200–300 кг годишно (1995). Производството е запрено во 2002 г. со престанокот на работата на Топилницата. Св.… Continue reading ИНДИУМ
ИНДОЕВРОПСКИ ЈАЗИЦИ
ИНДОЕВРОПСКИ ЈАЗИЦИ -. една од најголемите јазични фамилии со најголем број луѓе што ги зборуваат, речиси во цела Европа, во југозападна и јужна Азија, како и во областите населени од Европејци (Северна и Јужна Америка, Африка, Австралија, Нов Зеланд и др.). Индоевропските јазици покажуваат сродност во фонетиката, во морфологијата и во лексиката, а се претпоставува… Continue reading ИНДОЕВРОПСКИ ЈАЗИЦИ
ИНДУСТРИЈА ЗА БОИ И ЛАКОВИ
ИНДУСТРИЈА ЗА БОИ И ЛАКОВИ – дел од хемиската индустрија. Поголем број фабрики од кои позначајни во Р Македонија се: „Алкалоид” – Профитен центар –„Премази”, „ОХИС”, „Хемик” и „Хест”, сите од Скопје, „Седа” од Прилеп и „Бахем” и „Сахем” од Гостивар. Профитниот центар –„Премази” од „Алкалоид” започнал во 1946 г. како Фабрика за бои и… Continue reading ИНДУСТРИЈА ЗА БОИ И ЛАКОВИ
ИНЖЕНЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВМ
ИНЖЕНЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВМ (почетокот на ноември 1944). Првата инженериска бригада била при Гш на НОВ и ПОМ. Наскоро потоа, во истиот месец, биле формирани и Втората, Третата и Четвртата македонска инженериска бригада. Првите три бригади биле во состав од по три баталјони, а четвртата бригада со пет баталјони. В. Ст. Факсимил од писмото на… Continue reading ИНЖЕНЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВМ
ИНИ
ИНИ (1957), бил на истражувачки престои во Белград, Загреб, Софија, Москва, Ленинград и Париз. Со реферати учествувал на голем број научни собири во земјата и во странство. Бил член на разни редакции, главен уредник на сп. „Гласник“ на ИНИ и директор на ИНИ (1986 до пензионирањето на 1. Ⅳ 1987). Тој е еден од коавторите… Continue reading ИНИ
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР за организирање на Македонска православна црква во НОБ
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР за организирање на Македонска православна црква во НОБ (1943 – 1945) – тело на македонското православно свештенство во НОБ (1943) за решавање на македонското црковно прашање. Започнало самоиницијативно да организира македонска православна црква – со богослужба на македонски јазик, со македонска традиција и архијереи Македонци. Првата иницијативна група за црковно-административно организирање ја сочинувале… Continue reading ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР за организирање на Македонска православна црква во НОБ
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ . (с. Црвена вода, Дебарца, XI 1943 – 2 Ⅷ 1944) – формиран од военото и политичкото раководство на НОВ на Македонија. Точниот датум на формирањето не е утврден, но е познато дека тоа се случило во првата половина на ноември 1943 г.; функционирал на слободната територија во с.… Continue reading ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ
ИНСЕКТИ
ИНСЕКТИ (Инсецта) – класа без’рбетни животни од типот членконоги (Артхропода) што е најбројна и најуспешна група организми на планетата Земја. За разлика од Инсекти: 1. мува, 2. мрежокрилец; 3. пеперутка, 4. комарец, 5. скакулец, 6. оса, 7. вошка, 8. богомолка; 9. мравка; 10. полски попец; 11. светулка; 12. песочна бубачка ви. ИО бил формиран за… Continue reading ИНСЕКТИ
ИНСЕКТИ, КРИЛЕСТИ
ИНСЕКТИ, КРИЛЕСТИ (Птерѕгота) – поголема група инсекти со крилја. Опфаќа околу 1.000.000 видови. Името го добиле според зборот (птерѕџ гр. = крило). Од оваа поткласа во Македонија се регистрирани 6.315 таксони, од кои 268 се ендемични. Поткласата е поделена во поголем број редо-ви: водни цветови – еднодневки (Епхемероптера); вилински коњчиња (Одоната); пролетници (Плецоптера); правокрилци (Ортхоптера);… Continue reading ИНСЕКТИ, КРИЛЕСТИ
ИНСЕКТИ, КСИЛОФАГНИ
ИНСЕКТИ, КСИЛОФАГНИ – инсекти што се хранат со дрво, ги преработуваат неговите хранливи материи во својот цревен канал со помош на ферменти или пак ги користат индиректно преку екто или ендосимбиоза со микроорганизми, односно оние инсекти што во одреден период од животот живеат и се хранат со дрво. Најголем број од ксилофагните инсекти живеат во… Continue reading ИНСЕКТИ, КСИЛОФАГНИ