ЗАФИРОВА – РОГАНОВИЌ, Даница . (шибеник, 14. Ⅷ 1949) – основно и средно образование завр-Даница Зафирова-Рогановиќ шила во Прилеп. На ПМФ во Скопје (Група за биологија) се запишала во 1968/69 г., а дипломирала во 1972 г. Престојувала во Белград како студент на постдипломските студии од областа на молекуларната биологија (1972– 1975). Во 1979/80 г. престојувала… Continue reading ЗАФИРОВА РОГАНОВИЌ, Даница
Tag: З
ЗАФИРОВА, Милка
ЗАФИРОВА, Милка (Дебар, 11. XI 1939) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје по предметите: Тунели, Долен строј на сообраќајници и железнички станици. Работела на изградбата на пругата Гостивар– Кичево и на скопскиот железнички јазол, а во склоп на апликативната работа на Факултетот учествувала во реализацијата на повеќе сообраќајни и хидротехнички тунели.… Continue reading ЗАФИРОВА, Милка
ЗАФИРОВСКА, Катица Глигорова
ЗАФИРОВСКА, Катица Глигорова (ПробиШтип, 22. Ⅻ 1946) – спец. интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Била директор на Клиниката за нефрологија, претседател на Македонската асоцијација за хипертензија, активен член во повеќе органи на МЛД и на Лекарската комора. Особени заслуги има за формирањето на Кабинетот за хипертензија и неколку други оддели на Клиниката… Continue reading ЗАФИРОВСКА, Катица Глигорова
ЗАФИРОВСКИ, Ѓорѓи
ЗАФИРОВСКИ, Ѓорѓи (с. Капиново, Велешко, 28. IX 1919 – 19. Ⅳ 1992) – истакнат учесник во НОАВМ. Развил богата скоевска активност во Неготино. По Ослободувањето бил офицер на ЈНА и воен пензионер. Како активист на СЗБ од НОВ во Неготино пројавил интерес за публицистичка дејност за роднокрајното минато во НОАВМ. Носител е на Партизанска споменица… Continue reading ЗАФИРОВСКИ, Ѓорѓи
ЗАФИРОВСКИ, Илија
ЗАФИРОВСКИ, Илија (Охрид, 12. Ⅴ 1927 – Скопје, 13. Ⅹ 1984) – еден од доајените на македонското современо новинарство. Соработник на „Борба” во Белград (1946), потоа дописник на овој весник за Македонија со седиште во Скопје. Во „Нова Македонија” (1954) го поминува најголемиот дел од својот работен век, во Внатрешно-политичката рубрика и како главен и… Continue reading ЗАФИРОВСКИ, Илија
ЗАФИРОСКИ Ѓорѓи Јованов
ЗАФИРОСКИ Ѓорѓи Јованов (с. Долна Бањица, Гостивар, 28. XI 1945) – спец. ортопед, редовен проф. на Мед. ф. (1996). Дипломирал медицина во Скопје (1969), каде што и магистрирал (1981), а докторирал во Белград за процената на вредноста на моделот на малигните коскени тумори (1984). Се усовршувал во Данска, шведска, Финска, САД и во Јапонија. Директор… Continue reading ЗАФИРОСКИ Ѓорѓи Јованов
ЗАФИРЧЕВ, Васил
ЗАФИРЧЕВ, Васил (Велес, 28. Ⅱ 1980) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра. Краток период е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, а од 2006 г. во Драмскиот театар во Скопје. Васил Зафирчев Улоги: Риле и Хаким („Лонг-плеј”); Јанко („Елешник”); Васја („Кокошка”); Пијанистот во истоименото дело; Прозоров… Continue reading ЗАФИРЧЕВ, Васил
ЗАХАРИЈ охридски архиепископ
ЗАХАРИЈ – охридски архиепископ (ок. 1486-1502), по смртта на архиепископот Николај. Се образувал на Света Гора, а потоа учителствувал во Нарда. Извесно време престојувал во Албанија, каде што пропагирал против Флорентинскиот собор, а бил гос-тин и на Скендербег. Исто така, престојувал и во охридскиот манастир „Св. Богородица”. Годините на неговото архиепископување се одредени според хронолошките… Continue reading ЗАХАРИЈ охридски архиепископ
ЗАХАРИЈАДИС, Никос
ЗАХАРИЈАДИС, Никос (Одрин, 1903 – Сугурт, СССР, 1973) – генерален секретар на КПГ. По 1924 г. се доселил во Грција и во 1931 г. станал секретар на ЦК на КПГ, а во 1935 генерален секретар на Партијата. Во 1941 г. бил интерниран од Германците во логорот Дахау. По враќањето во Грција застанал на чело на… Continue reading ЗАХАРИЈАДИС, Никос
ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ
ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ. Интензивното искористување на шумите, загадувањето на водите, интензивниот лов на рибите или животните, доведуваат до намалување на нивиот број во природата и до исчезнување на повеќе видови живи организми. Во Македонија е особено изразено во реките и во природните езера, каде што исчезнуваат или забележително се намалуваат цели популации риби и животни… Continue reading ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ
ЗАШТИТА НА ВОДНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
ЗАШТИТА НА ВОДНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ. Во Македонија природните езера се под силен антропоген притисок поради што се отворени процеси на еутрофизација на езерските води со зголемување на количините на хранливите материи во нив. И покрај преземените мерки за нивна заштита, овие процеси сè уште не се запрени. Водите на Охриското Езеро се збогатуваат со фосфор, кој… Continue reading ЗАШТИТА НА ВОДНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
ЗАШТИТА НА ДРВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЗАШТИТА НА ДРВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – применета научна дисциплина што ја проучува природата на деструкцијата на дрвото во целина предизвикана од ксилофагни инсекти и од епиксилни габи, која изнаоѓа најефикасни и најекономични мерки за сузбивање на факторите предизвикувачи на овој процес. Таа го проучува текот на деструкцијата, ги открива причинителите, ги класифицира, го одредува… Continue reading ЗАШТИТА НА ДРВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО МАКЕДОНИЈА
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО МАКЕДОНИЈА. Стопанскиот развој, урбанизацијата, хемизацијата во земјоделието предизвикаа интензивни процеси на загадување на животната средина. Урбанизацијата предизвика енормен раст на цврст комунален смет, за кој се неопходни простори за депонии за негово складирање. Употребата на минерални ѓубрива и на средства за заштита во земјоделието создаваат сериозни проблеми како во однос… Continue reading ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО МАКЕДОНИЈА
ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА
ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА – специфичен вид државна регулација во пазарните економии со која се спречуваат ограничувањето на конкуренцијата и загрозувањето на слободата на пазарот и на претприемништвото. Во економската литература е позната и под името антимонополистичка политика. Современите антимонополистички законодавства обично забрануваат: колузија, т.е. јавно или премолчено договарање помеѓу претпријатијата за висината на цените, поделба… Continue reading ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА
ЗАШТИТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
ЗАШТИТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ. Во Македонија овие процеси се започнати веднаш по Ослободувањето. За да се заштитат копнените екосистеми, формирани се три национални парка: прво е формиран Националниот парк „Пелистер” (1948), каде што е заштитена моликата, потоа Националниот парк „Маврово” (1949), кој е најголем, каде што се заштитени смрчевите, еловите, буковите, буково-еловите и дабовите шуми,… Continue reading ЗАШТИТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ
ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ – наука што ги проучува штетите настанати од влијанието на некои абиотски, биотски и антропогени фактори врз шумските екосистеми и која изнаоѓа превентивни и репресивни мерки за нивна заштита и за елиминирање на штетните влијанија. Од абиотските фактори што предизвикуваат штетно влијание врз шумите во Република Македонијасе: екстремните температури (суша, доцни пролетни… Continue reading ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ
ЗАШТИТАТА ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА
ЗАШТИТАТА ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – со развојот на производните сили се ус-ложнуваат и проблемите за заштитата во производствените процеси на дрвната индустрија, поврзани со ефикасната заштита на животот, здравјето и работната способност на човекот во текот на работниот процес. Заштитата во производствените процеси ги опфаќа проблемите поврзани со механичките повреди и несреќи… Continue reading ЗАШТИТАТА ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА
ЗАШТИТЕНИ ПРОСТОРИ
ЗАШТИТЕНИ ПРОСТОРИ – објекти за производство на зеленчук и на цвеќе во период кога надворешните услови не дозволуваат тоа да се изведува на отворено. Зависно од типот на заштитените простори и технолошката функционалност, одгледувањето на одредени видови градинарски и цвеќарски растенија може да биде привремено (до одредена фаза на растот) или целосно до завршувањето на… Continue reading ЗАШТИТЕНИ ПРОСТОРИ
ЗАШТИТНИ ШУМСКИ ПОЈАСИ
ЗАШТИТНИ ШУМСКИ ПОЈАСИ – едноредни или повеќередни линиски, вештачки насади од шумски или од овошни дрвја или од грмушки со цел да се заштитат земјоделски површини, сообрајќајници, природни и вештачки водни текови и акумулации, како и разни економски објекти од штетното дејство на ветерот (еолски нанос, снег) или на водната ерозија. Во поглед на намената,… Continue reading ЗАШТИТНИ ШУМСКИ ПОЈАСИ
ЗБЕГОВИ ВО ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
ЗБЕГОВИ ВО ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ (1903) – засолништа во планинските подрачја или во заштитените котлини во кои организирано се собирало цивилното население Збегови по поразот на Илинденското востание (1903) (стари луѓе, жени и деца), кое бегало од теророт и насилствата на османлиската војска и башибозукот. Познати збегови биле: Голем Гар кај Смилево, Рашанец (Охридско),… Continue reading ЗБЕГОВИ ВО ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
ЗБЕГОВИ ВО НОВ
ЗБЕГОВИ ВО НОВ (1941–1944 г.) – засолништа на населението во Западна Македонија од теророт на албанските квислинзи, балистите и од качаците. Збегови имало во Кичевско кон крајот на 1943 г., на планината Караорман, во Копачка и кај Бржданска Река, на планината Голак, во реонот на с. Мало и Големо Црско, Цер и други места. ЛИТ.:… Continue reading ЗБЕГОВИ ВО НОВ
ЗБОРНИК
„ЗБОРНИК“ – списание на Археолошкиот музеј на Македонија. Првиот број бил објавен во 1956 г., а главен уредник бил Димче Коцо. Под овој наслов излегле 12 броја. Со организационите промени од 1995 г. се преименува како Списание на Музејот на Македонија – нова серија (последен бр. 2 од 2005 г.). Во него се публикувани научни… Continue reading ЗБОРНИК
ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ
ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ – најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на двајцата браќа Димитрија и Константин. На 24. Ⅵ 1861 г. првите примероци од зборникот ја напуштиле печатницата на Антета Јакиќ во Загреб и им биле испорачани на претплатниците. Зборникот е финансиран од хрватскиот бискуп Јосип Јурај штросмаер, за што Константин во посветета му… Continue reading ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ
ЗДРАВЕВ, Ѓорѓи Димитров
ЗДРАВЕВ, Ѓорѓи Димитров (Радовиш, 2. Ⅳ 1941 – Скопје, 7. Ⅰ 2007) – костимограф, магистер по применета уметност и доктор на науките по етнологија, истражувач на текстилната народна орнаЃорѓи Здравев ментика и унив. професор. Дипломирал (1967) и магистрирал на Факултетот за применета уметност во Белград на тема „Племићки костим у Македонији у ⅩⅣ и ⅩⅤ… Continue reading ЗДРАВЕВ, Ѓорѓи Димитров