„ЖЕТВАР“ -. народно именување за шестиот месец во годината – јуни. С. Мл.
Tag: Ж
ЖЕТВАРКА
ЖЕТВАРКА -. македонско народно оро во ритам 9/16 (2,2,2,3). Најчесто се игра во Кочанско од мажи или мешано – мажи и жени, со држење на рацете за рамо или за рацете спуштени слободно надолу. Орото е темпераментно, со подрипливи чекори. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 184. Ѓ. М. Ѓ.
ЖЕФАРОВИЧ, Даниел, помладиот
ЖЕФАРОВИЧ, Даниел, помладиот (прва половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век) – композитор, член на лозата Жефаровци, кои потекнуваат од Дојран. Тој бил веројатно син на композиторката Тереза Марија Жефарович. Бил дворски советник во Виена, а со музика се занимавал на аматерска основа. Во тој град објавил три композиции во стилот на салонското музицирање на времето. Б. Орт.
ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија
ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија (крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век) – композиторка од семејството Жефарович, кои, околу 1760 г. од Дојран се доселуваат во Виена. Учела музика, веројатно кај австрискиот композитор Јохан Непомук Хумл. Го објавува (1799) во Виена делото шест италијански ариети оп. 1, за вокал и пијано, творба што сведочи за високото… Continue reading ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија
ЖЕФАРОВИЧ, Христофор
ЖЕФАРОВИЧ, Христофор (Дојран, крајот на ⅩⅤⅠⅠ – Москва 18. IX 1753) – калуѓер, трговец и печатар, зограф, иконописец и бакрорезец. Работел во Белград, по манастирите на Карловачката митрополија и во Виена. Во 1741 г. во Виена ја објавил книгата „Стематографија” на словенски јазик. Во неа се претставени портрети Христофор Жефарович: на јужнословен-Македонскиот грб ски светители… Continue reading ЖЕФАРОВИЧ, Христофор
ЖИВКОВИЌ, Хаџи Никола
ЖИВКОВИЌ, Хаџи Никола (Воден, 1792 – Белград, 1870) – протомајстор. Дворски архитект во Србија, во времето на кнез Милош познат како Хаџи-Неимар. Според неговите проекти или под негово раководство е изграден Конакот на кнез Милош во Крагуевац (1824); Конакот на кнегиња Љубица во Белград (1829–1831); Кнежевиот двор на улица „Милош Велики” (1829–1836), урнат во Втората… Continue reading ЖИВКОВИЌ, Хаџи Никола
ЖИВОИНОВ СМИЛ
ЖИВОИНОВ СМИЛ – в. Смил, Живоинов Сателитска снимка на рудникот Живојно
ЖИВОЈНО БИТОЛА
ЖИВОЈНО – БИТОЛА –. рудник на јаглен, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пелагонискиот басен, на север е ограничен со Црна Река, а на југ со македонскогрчката граница. Во базалната формација на наоѓалиштето се развиени две јагленосни формации: подинска јагленосна формација и продуктивна јагленосна формација. Посебен интерес за експлоатација има продуктивната јагленосна формација, која… Continue reading ЖИВОЈНО БИТОЛА
ЖИВОТЕН СТАНДАРД
ЖИВОТЕН СТАНДАРД – кванбележи тенденција на постојан овозможувајќи ги сите потреби титет и квалитет на добра и услупораст, покажува релативно ни-неопходни за живот на организги што им се достапни на луѓето, ско ниво на животен стандард на мите во просторот. Тоа значи декако и начинот на кој тие добра и македонското население. Ваквата ка сите… Continue reading ЖИВОТЕН СТАНДАРД
ЖИВОТНА СРЕДИНА
ЖИВОТНА СРЕДИНА – нов термин во екологијата под кој се подразбира просторот на кој се одвива животот на сите живи суштества, вклучувајќи го и човекот. Затоа е неопходно овој термин да се сфаќа холистички, бизерви на јаглен во Живојно изне-Извор: Хуман Девелопмент Репортс (1990-2006), УНДП и Државниот завод за статистика на Република Македонијасуваат 105 х… Continue reading ЖИВОТНА СРЕДИНА
ЖИНЗИФОВ, Рајко
ЖИНЗИФОВ, Рајко (Ксенофон) Јованов (Велес, 15. Ⅱ 1839 – Москва, 15. Ⅱ 1877) – македонски поет од кругот на учениците на Миладинов. Води потекло од влашки доселеници од Албанија и Јужна Македонија во Велес (татко му е од Москополе, а мајка му од Негуш). Се адаптира во македонословенска средина и уште како млад станува учител… Continue reading ЖИНЗИФОВ, Рајко
ЖИТАР
ЖИТАР -. народно именување на месецот август, осмиот месец во годината. С. Мл.
ЖОЛНИ или ВУГИ
ЖОЛНИ или ВУГИ (Ориолидае) – фамилија шумски птици од подредот птици-пејачки (Осцинес). Кај нас е присутен само еден вид, жолна или вуга (Ориолус ориолус), најчесто Жолна (Ориолус ориолус) во дабовите шуми, особено по должината на речните долини. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц.… Continue reading ЖОЛНИ или ВУГИ
ЖОЛТЕНКА, ФУКАРЕКОВА
ЖОЛТЕНКА, ФУКАРЕКОВА (Гениста фукарекиана Мицевски) – македонски флористички ендемит од фамилијата Фабацеае (Легуминосае), се развива на планината Осогово – Султан Тепе. Вл. М.
ЖУГИЌ, Јелена
ЖУГИЌ, Јелена (Скопје, 20. Ⅲ 1973) – актерка. Дипломирала на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1995). Од 1997 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. Улоги: Дона Хуана во исЈелена Жугиќ тоименото дело; Сара Долорес („Тхе ловер”); Беатриче („Арлекин – слуга на двајца господари”); Ирина („Три сестри”); Костанца („Амадеус”); Панглос („Кандид… Continue reading ЖУГИЌ, Јелена
ЖУПА
ЖУПА – предел во Дебарско. Се простира на западните падини на планината Стогово, почнувајќи од с. Горенци на север, па сè до селата Елевци и Долгаш на југ. Источната граница на пределот води по сртот на планината Стогово, а западната по источниот брег на Дебарското Езеро. Теренот е планинско-долински со езерски површини. Тој е составен… Continue reading ЖУПА
ЖУПАН, Александар
ЖУПАН, Александар (Струга, 6. Ⅲ 1919 – Скопје, 23. XI 1983) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1949). Специјализирал санитарна техника во Загреб. Го основал Одделението за санитарна техника при Централниот хигиенски завод во Скопје и бил негов раководител. Се занимавал со архитектонско проектирање на станбени, на општествени и на здравствени згради. Позначајни… Continue reading ЖУПАН, Александар
ЖУРА, Владо
ЖУРА, Владо (Охрид, 3. XI 1946) – новинар и публицист. Бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник” во Охрид (1975-1997). Автор е на голем број написи и во дневниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид: циклусот од над… Continue reading ЖУРА, Владо
ЖУТА, Беќир
ЖУТА, Беќир (Велешта, Струшко, 22. IX 1935 – Скопје, 2005) – економист и политичар. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1962) и докторирал од областа на финансиите на темата „Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија”. Бил на разни раководни функции во Општината Струга, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1967–1969),… Continue reading ЖУТА, Беќир