ЕЛЕЗОВИЌ, Евушка (Штип, 28. Ⅻ 1947) – пијанист. Дипломирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1972), каде што и магистрирала (В. Крпан, 1978). Професор е на ФМУ во Скопје од 1985 г. Концертирала како солист и во повеќе камерни состави (Дуо Димитриев-Елезовиќ и др.) во Република Македонија и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан.
Tag: Е
ЕЛЕК
ЕЛЕК -. горна допојасна облека (со должина колку да може да се вметне во појасот), без ракави, а се носи преку кошулата. Тој е скроен од задница (грб), предница (предни поли) и латица (прави парчиња поставени помеѓу зад-Елек ништето и предниците). Најчесто бил изработуван од бела и црна клашна. Ј. Р.-П.
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКА МРЕЖА ВО РМ
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКА МРЕЖА ВО РМ. – составена од деловите со номинални напони: 110, 150 (само вод кон Грција), 220 и 400 кВ. Главната улога на мрежата 400 кВ е да ги поврзе најзначајните производни капацитети со најголемите потрошувачки центри и да обезбеди соодветни врски со соседните ЕЕС. Такви врски постојат со северниот и со јужниот сосед,… Continue reading ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКА МРЕЖА ВО РМ
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ НА РМ
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија– технолошка целина од електроцентрали, ЕЕ водови, ТС и уреди за конверзија на електрична енергија во други видови. Според расположливите податоци, првата централа (со номинална моќност 44 кЊ) започнала со работа во 1909 г. во Скопје. Вториот град со изградена електроцентрала бил Битола (1924). До 1940 г. електрична енергија била воведена… Continue reading ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ НА РМ
ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА НА РМ
ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА НА РМ. Електроиндустријата во Република Македонија може да се подели во два периода. Првиот период е развојот до 1991 г., а вториот по овој датум. Во првиот период позначајни електроиндустриски капацитети се: „ЕМО” од Охрид, „Микрон” од Прилеп, „Раде Кончар” од Скопје, „Селена” од Штип, фабриката за кабли „Неготино” од Неготино, фабриката за фрижидери… Continue reading ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА НА РМ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ – јавна установа што врши високообразовна, научноистражувачка и апликативна дејност од областа на: електроенергетиката, електричните машини, електрониката, телекомуникациите, автоматиката, компјутерската техника, информатиката, математиката и физиката. Основан е во 1959 г. како Електротехнички оддел при тогашниот Технички факултет во Скопје. Во 1965 г. се осамостојува Електромашинскиот факултет со два отсека Електротехнички и… Continue reading ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ЕЛЕНАЦИ
ЕЛЕНАЦИ (Луцанидае) – крупни тврдокрилни инсекти. Мажјаците имаат развиена горна вилица како еленски рогови, по што го до-биле името. Ларвите и возрасните живеат под кората на стари дрвја, каде што се исхрануваат со растителни сокови. Во светот се познати 900 видови еленаци. Во Европа има претставниЕленче (Луцанус цервус) ци само од родот Луца-нус (7 видови),… Continue reading ЕЛЕНАЦИ
ЕЛЕНИ
ЕЛЕНИ (Цервидае) – фамилија крупни животни од редот парнокопитни (Артиодацтѕла). Во Македонија се регистрирани три рода со по еден вид: обичен елен (Цервус елапхус), елен лопатар (Дама дама) и срна (Цапреолус цапреолус). ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х.… Continue reading ЕЛЕНИ
ЕЛИМЕЈА
ЕЛИМЕЈА – античка област во Горна Македонија, околу средниот тек на р. Халијакмон. На север се граничи со Орестида, Еордаја и Ботиаја, а на исток со Пиерија. Во времето на Филип Ⅱ влегува во состав на македонската држава. Во областа се наоѓаат (според Стефан Византиски) градовите: Аијана, Каисареја (која подоцна ќе ја обнови Јустинијан И)… Continue reading ЕЛИМЕЈА
ЕМ, Ханс
ЕМ, Ханс (Марибор, 6. Ⅵ 1898 – Скопје, 9. Ⅶ 1992) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист од областа одгледување на шумите и за предметите дендрологија и фитоценологија. Дипломирал на Високата школа за култура на земјиштето во Виена (1923). Службувал во шумарските оперативи на подрачја од Србија, Косово, Црна Гора и од… Continue reading ЕМ, Ханс
ЕМАТИЈА
ЕМАТИЈА – древна област на пиериското крајбрежје, која се поврзува со старото име на Македонија. Кај византиските хроничари е постарото име за гр. Тесалоника или за областа од Халијакмон до Аксиј. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.
ЕМБАРГО КОН РМ
ЕМБАРГО КОН РМ. Во рамките на генералниот притисок на РГ врз Република Македонијаза откажување од сопственото име во првата половина од 90-тите години на ⅩⅩ в. РГ во два наврата става забрана на увоз на стоки во Република Македонијаод пристаништето во Солун. На 21. Ⅷ 1992 г. е воведена првата забрана на товарењето и испораката… Continue reading ЕМБАРГО КОН РМ
ЕМЕ
ЕМЕ (Слободна голема Грција) – грчка националистичка организација формирана во 1943 г. и дејствувала за создавање „Голема Грција”, во чиј состав би влегле територии од Албанија (Јужна Албанија или т.н. Северен Епир), дел од денешна Република Македонија(Битолскиот регион) и од Бугарија – Пиринскиот дел на Македонија (Петричко). ЛИТ.: А. Вацалопоулос, Хистоире де ла Греце модерне,… Continue reading ЕМЕ
ЕМУЦ
ЕМУЦ – Електромашински училиштен центар во Скопје. Училиштето е основано од Народниот одбор на град Скопје во 1953 г. како Индустриско училиште со практична обука „Лазар Колишевски”. Со решение на Народниот одбор на Општината Саат Кула во 1960 г. се формира Електромашински школски центар, а во 1961 Електромашински и сообраќаен училиштен центар. Во 1964 г.… Continue reading ЕМУЦ
ЕНВИРОНМЕНТАЛНА ПАТОЛОГИЈА, РИБИ
ЕНВИРОНМЕНТАЛНА ПАТОЛОГИЈА, РИБИ – овој поим во биологијата значи испитување и дијагностицирање на структурни и функционални нарушувања во клетките, ткивата и органите на организмите, предизвикани од ефектите на загадената околина. Првите истражувања од оваа об-ласт во Македонија се започнати во 1995 г. на Охридското Езеро. Д. Р.-З.
ЕНГЕЛАНИ
ЕНГЕЛАНИ (Енхелеи) – древно племе од Горна Македонија (сп. Полибиј) што го населувало Охридско-струшкиот регион; во римско време преовладало името Дасарети наместо претходното име на племето Енгелани (сп. Страбон). (Види Дасарети.) ЛИТ.: Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.
ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ
ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија– растителни видови што се ограничени само на територијата на РМ. Причините за ендемизмот можат да бидат многу различни, но се смета дека географската, генетичката и еколошката изолација на популациите, како и времетраењето на таа изолација е од пресудно значење за нивното формирање. Денес, на територијата на Република Македонијаегзистираат околу… Continue reading ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ
ЕНДЕМИТИ И РЕЛИКТИ ВО ИХТИОФАУНАТА НА МАКЕДОНИЈА
ЕНДЕМИТИ И РЕЛИКТИ ВО ИХТИОФАУНАТА НА МАКЕДОНИЈА. Се картеризира со големо богатство и разнообразност на ендемити и реликти што се среќаваат во трите македонски езера и во речните системи на Македонија. Регистрирани се 58 автохтони видови риби, од кои 20 се ендемити и реликти. Во Охридското Езеро и во реките Дрим и Радика ги среќаваме… Continue reading ЕНДЕМИТИ И РЕЛИКТИ ВО ИХТИОФАУНАТА НА МАКЕДОНИЈА
ЕНДЕМИЧНА МИКРОФЛОРА НА МАКЕДОНИЈА
ЕНДЕМИЧНА МИКРОФЛОРА НА МАКЕДОНИЈА. Се наведуваат вкупно 135 ендемични таксони што претставува 8,5 % од вкупниот број алги. Најголемиот дел од ендемичните таксони отпаѓа на дијатомеите (85), додека другите алгални групи, каде што се среќаваат ендемични таксони, се Цхаропхѕта (7), Цхлоропхѕта (16), Цѕанопхѕта (23), Пѕрропхѕта (1) и Цхрѕсопхѕта (2). Центри на ендемичност претставуваат Охридското и… Continue reading ЕНДЕМИЧНА МИКРОФЛОРА НА МАКЕДОНИЈА
ЕНДОКРИНА ДИСРУПЦИЈА, РИБИ
ЕНДОКРИНА ДИСРУПЦИЈА, РИБИ – нарушување на физиолошките процеси во организмот под дејство на супстанции во животната средина (ксенобиотици), кои интерферираат со функционирањето на ендокриниот систем. Најпознати се контрацептивните средства, диоксините, фураните, фенолите, некои пестициди (меѓу кои најпроминентен е ДДТ) и др. Постои јасна евиденција дека експонираноста на овие хемикалии во акватичните средини е асоцирана со… Continue reading ЕНДОКРИНА ДИСРУПЦИЈА, РИБИ
ЕНЃУЛУ, Авни
ЕНЃУЛУ, Авни (Авни Енгüллü) (Скопје, 7. Ⅲ 1947) – поет, раскажувач, преведувач од турската националност во РМ. Краток период бил учител. Од 1968 г. работи како уредник на емисиите на турски јазик при Македонското радио. Еден мандат беше претседател на Турската демократска партија на Македонија. Преведувал на турски јазик песни, раскази, драмски творби, радиодрамски игри… Continue reading ЕНЃУЛУ, Авни
ЕНЃУЛУ, Суат
ЕНЃУЛУ, Суат (Суат Енгüллü) (Скопје, 25. Ⅶ 1950) – поет, раскажувач, антологичар, преведувач од турската националност во РМ. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, новинар во редакцијата „Бирлик”, уредник на списанието „Сеслер”. Преведува литературни творби на турски јазик од македонските автори. Сега живее и работи во Република Турција. Член… Continue reading ЕНЃУЛУ, Суат
ЕНОТИЈА
ЕНОТИЈА – средновековно утврдување (фрурион) во северниот дел на Мегленската Котлина, североисточно од Меглен, на јужните падини на пл. Кожуф. Византискиот император Василиј Ⅱ го освоил во 1015, а Јован Кантакузин во 1350 г. Утврдувањето се лоцира на ридот Трапези, северно од селото Нотија, на околу 17 км североисточно од Соботско (Аридеа). Остатоци од утврдувањето… Continue reading ЕНОТИЈА
ЕОРДАЈА
ЕОРДАЈА – античка област во Долна Македонија околу езерото Бегорис, северно од Елимеја, помеѓу областите Пиерија и Орестида, а јужно од Линкестида. Заедно со другите македонски области, многу рано ( Ⅵ век пр.н.е.) влегла во античката македонска држава. Поважни градови се: Арниса и Кела. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А.… Continue reading ЕОРДАЈА