ДИМИТРОВ, Димитар Николов

ДИМИТРОВ, Димитар Николов (с. Цакони, Воденско, Грција, 13. XI 1937)‡ доктор по филозофија, универзитетски професор, публицист и политичар. Во времето на Граѓанската војна во Грција (1948) доаѓа во Македонија, каде што завршува гимназија и филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1962). Магистрирал во Љубљана (1966), а докторирал во Загреб (1972). Работел како гимназиски професор, како… Continue reading ДИМИТРОВ, Димитар Николов

ДИМИТРОВ, Драган

ДИМИТРОВ, Драган (Битола, 1933 – Битола, 2006) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал (1958) и докторирал (1990) на Електротехничкиот факултет во Загреб. Работел во ТТТ секција во Битола, а од 1962 г., по формирањето на Вишата техничка школа во Битола, е избран како професор во редовен работен однос. Во 1972 г. е… Continue reading ДИМИТРОВ, Драган

ДИМИТРОВ, Евгени

ДИМИТРОВ, Евгени (Плевен, 1. Ⅰ 1919) – правник, универзитетски професор и академик. Основно училиште и гимназија до Ⅵ клас учел во Велес, а Ⅶ и Ⅷ клас во Скопје, каде што и матурирал. Студирал две години на Правниот факултет во Белград, а потоа студиите ги продолжил во Софија, каде што и дипломирал. Избран за наставник… Continue reading ДИМИТРОВ, Евгени

ДИМИТРОВ, Константин Василев

ДИМИТРОВ, Константин Василев (Велес, 7. Ⅲ 1943) – машински инженер. Дипломирал на Електромашинскиот факултет (Машински оддел) во Скопје Константин Димитров (1966), магистрирал (1974) на Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб (Хрватска), а докторирал (1988) на Машинскиот факултет во Скопје. Од 1966 е вработен на Машинскиот факултет во Скопје како редовен професор. Држел настава во… Continue reading ДИМИТРОВ, Константин Василев

ДИМИТРОВ, Лазар

ДИМИТРОВ, Лазар (с. Горно Родево, Воденско, 1874 – с. Владово, Воденско, 7. Ⅻ 1903) – учесник во Илинденското востание, воденски реонски војвода. Бил член на ТМОРО од 1897 г. и раководител на селскиот РК. Во Илинденското востание предводел востаничка чета во Воденско. ИЗВ. иЛИТ.: Македони® и Одринско (1893–1903). Мемоар на Вътрешната организаци®, Софи®, 1904. Ал.… Continue reading ДИМИТРОВ, Лазар

ДИМИТРОВ, Трајко

ДИМИТРОВ, Трајко (Скопје, 8. Ⅷ 1930) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1956). Работел како проектант во Заводот за станбена изградба во Скопје кој, подоцна, се трансформира во „Македонијапроект”. Проектирал објекти од општествен карактер. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимава и со публицистика. Реализирани објекти: Домот на културата… Continue reading ДИМИТРОВ, Трајко

ДИМИТРОВА, Захарина Велова

ДИМИТРОВА, Захарина Велова (Ресен, 26. XI 1873 – Бугарија, 14. ИВ 1940) – прва жена лекар од Македонија. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27. Ⅱ 1901 г. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда” била и наградена. Турските власти не $ дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што останала во Бугарија. П.… Continue reading ДИМИТРОВА, Захарина Велова

ДИМИТРОВА, Ратка

ДИМИТРОВА, Ратка (Скопје, 7. Ⅳ 1940) – виолинистка, унив. професор, пратеник. Вниманието на музичката јавност го свртува на единаесетгодишна возраст, кога го има својот прв јавен настап. Дипломира (1963) на Музичката академија во Љубљана (Л. Фајфер), а постдипломски студии завршува (1971) на Московскиот конзерваториум (Ј. Јанкелевич). Остварила богата концертна активност, настапувајќи во Македонија и во… Continue reading ДИМИТРОВА, Ратка

ДИМИТРОВСКА КАЛОЃЕРА, Љупка

ДИМИТРОВСКА КАЛОЃЕРА, Љупка (Скопје, 25. Ⅶ 1946) – интерпретаторка на популарни песни. Својата кариера ја започна во Скопје, каде што направи низа снимки (1967–1971) со Ревискиот оркестар на МРТ, главно аранжирани од Драган Ѓаконовски–шпато. Од 1968 г. престојува во Загреб, од каде што ја гради својата меѓународна кариера. Склучува ексклузивни договори со тогашниот Југотон и… Continue reading ДИМИТРОВСКА КАЛОЃЕРА, Љупка

ДИМИТРОВСКИ-ДАНДАРО, Киро

ДИМИТРОВСКИ-ДАНДАРО, Киро (Битола, 5. Ⅴ 1912 – во атарот на с. Поткамен, кај Чајниче, БиХ, 1. Ⅴ 1942) – графичар, комунистички деец и првоборец. Бил активист на УРС-овите синдикати, член и секретар на МК на КПЈ во Битола (1939). Ја основал прва-Киро Димитровски-Дандаро та партиска техника на МК на КПЈ во Битола (1940). Поради таа… Continue reading ДИМИТРОВСКИ-ДАНДАРО, Киро

ДИМИТРОВСКИ, Вангел Димитров

ДИМИТРОВСКИ, Вангел Димитров (с. Попадија, Леринско, 15. Ⅱ 1943) – спец. по болести на устата и забите, проф. на Ст. ф. Хабилитирал во 1978 г., а докторирал во 1990. Публикувал 100 статии. Автор е на монографијата „Промени во имунолошката реактивност кај заболени од пародонталната болест”, коавтор на учебниците „Основи на оралната пропедевтика” и „Диференцијална дијагноза… Continue reading ДИМИТРОВСКИ, Вангел Димитров

ДИМИТРОВСКИ, Драган Стрезов

ДИМИТРОВСКИ, Драган Стрезов (Скопје, 20. Ⅻ 1934) – математичар, ред. проф. (1982) на ПМФ. Дипломирал (1958), избран е за асистент (1960) и докторирал (1968) на ПМФ со темата „Прилог кон теоријата на обопштените аналитички функции”. Автор е на голем број трудови од областа на диференцијалните равенки и комплексните функции и коавтор на три монографии. Повеќе… Continue reading ДИМИТРОВСКИ, Драган Стрезов

ДИМИТРОВСКИ, Зоран

ДИМИТРОВСКИ, Зоран (Скопје, 9. Ⅲ 1936) – виолинист. Виолина учел во Скопје, Љубљана (К. Рупел) и во Москва (Б. Е. Кузнецов). Работниот век го започнал како професор во Средното музичко училиште во Скопје (1959– 1961). Станал концерт-мајстор на Македонската филхармонија (од 1963 г.) и е еден од првите професори на Високата музичка школа (формирана 1966,… Continue reading ДИМИТРОВСКИ, Зоран

ДИМИТРОВСКИ, Мирослав Томов

ДИМИТРОВСКИ, Мирослав Томов (Битола, 11. Ⅰ 1936 – Скопје, 9. Ⅹ 2005) – интернист, пулмоалерголог, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје, а специјализирал интерна медицина во Раденци (Словенија). Бил директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, претседател на Македонското респиратор-но здружение. Автор е на бројни стручни и научни трудови. Бр.… Continue reading ДИМИТРОВСКИ, Мирослав Томов

ДИМИТРОВСКИ, Тодор

ДИМИТРОВСКИ, Тодор (с. Подлес, Велешко, 19. Ⅱ 1922 – Скопје, 15. XI 2000) – лингвист, книжевен историчар и преведувач. На 10 години, неговите родители се преселиле во Скопје (1932), каде што завршил основно училиште и гимназија (1940), Филозофски факултет (1954) и хабилитирал со трудот „Интернационалниот слој во јазикот на Крсте Мисирков” (1970). Работел како преведувач… Continue reading ДИМИТРОВСКИ, Тодор

ДИМИТРОВСКИ, Чедомир Мојсов

ДИМИТРОВСКИ, Чедомир Мојсов (Призрен, 16. Ⅱ 1948) – интернист-ендокринолог, редовен проф. (2001). Мед. ф. завршил во Скопје, каде што и специјализирал по интерна медицина (1980), магистрирал (1988) и докторирал (1990). Директор на Клиниката за ендокринологоја (2006). Има објавено над 130 трудови. БИБ.: Дијабетична невропатија, Скопје, 1997; коавтор: Ургентни ендокринолошки и метаболички состојби, Скопје, 1998; Краток… Continue reading ДИМИТРОВСКИ, Чедомир Мојсов

ДИМИЦА, Маргарит

ДИМИЦА, Маргарит (Охрид, 1829–1903) – епиграфичар и историчар, специјалист за античка топографија и географија. Учел во Охрид, во Јанина, а на Универзитетот во Атина завршил филологија. На Факултетите во Лајпциг и во Берлин специјализирал класична филологија, филозофија и археологија. Работел во гимназијата во Битола и во Солун. Преку проучувањето на античките извори и епиграфски споменици… Continue reading ДИМИЦА, Маргарит

ДИМИШКОВ, Борис

ДИМИШКОВ, Борис (Скопје, 1. Ⅹ 1938) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1970–2004). Предавал предмети од областа на железниците. Пред тоа, работел во Македонски железници, а и потоа, како консултант, активно учествувал во реализацијата на нивните проекти. Љ. Т.

ДИМКО МОГИЛЧЕТО в

ДИМКО МОГИЛЧЕТО – в. Сарванов-Могилчето, Димко Илиев. ДИМНА ЈУДА – македонско народно оро што се игра во мешан состав, претежно во Пијанец и Малешевијата, но и во соседните орско-музички подрачја. Рацете се држат меѓусебно за појас, десната пред левата на соседниот играч. Орото започнува со пеење на песната „Димна јуда град градила“. Се игра на… Continue reading ДИМКО МОГИЛЧЕТО в

ДИМОВ ДОКУРЧЕВ, Андреја

ДИМОВ ДОКУРЧЕВ, Андреја (Велес, 1878 – с. Белица, Кичевско, 1907) – деец и војвода на ТМОРО. Се школувал во Солун и како член на ТМОРО бил комита во четите на Андон Јанев–ќосето и на Михаил Попето. Подоцна и самиот станал војвода на чета во Одринско (1901–1902), потоа и околиски војвода на Горноџумајско и член на… Continue reading ДИМОВ ДОКУРЧЕВ, Андреја

ДИМОВ ПАШАТА, Јон

ДИМОВ ПАШАТА, Јон (с. Тројаци, Прилепско, 1876 – Битола, 1907) – деец на ТМОРО и битолски војвода. Враќајќи се од печалба во Романија, ја искршил вратата на шебедин-бег, каде што порано слугувал (1900), од таму зел пушка и два пиштола и заминал комита во четата на Ѓорѓи Сугарев, а потоа кај војводата Јован Кафеџијата во… Continue reading ДИМОВ ПАШАТА, Јон

ДИМОВ, ќире

ДИМОВ, ќире (Мал ќире) (Велес, 12. Ⅴ 1912 – Белград, 18. XI 1940) – работник-поет, новинар и активист на работничкото и национално-политичкото движење. По завршувањето на Ⅱ клас во Велешката гимназија (1925), учи столарски занает во градот и работи како калфа кај разни мајстори. Потоа како работник оди во Пеќ, во кавадаречкото с. Прждево, на… Continue reading ДИМОВ, ќире

ДИМОВ, Цветан

ДИМОВ, Цветан (Целе Чаирчанец) (Скопје, 5. Ⅲ 1910 – Скопје, 9. Ⅶ 1942) – шивач и синдикален и политички деец, народен херој. Бил синдикален активист (од 1928), член на КПЈ (од 1933) и на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје (од 1936), организатор на штрајкови (1936–1940), член на МК на КПЈ, на ПК на КП во… Continue reading ДИМОВ, Цветан