ДИВИЗИИ НА НОВМ

ДИВИЗИИ НА НОВМ (средина на август – средина на декември 1944) – дивизии на НОВЈ составени од воени единици на НОВМ. Биле формирани осум дивизии – 41, 42, 48, 49, 50, 51. дивизија, Кумановска дивизија и 8. дивизија на КНОЈ. Тие имале 2-3 пешадиски бригади, една артилериска бригада и разни служби. ИЗВ.: Зборник докумената и… Continue reading ДИВИЗИИ НА НОВМ

ДИВОКОЗА

ДИВОКОЗА (Рупицапра рупицапра) – парнокопитен цицач од фамилијата празнороги (Бовидае), со должина на телото до 130 цм и тежи-Дивокоза на до 60 кг. Во Македонија ја има на шар Планина, Кораб, Јакупица, Бистра, Дешат, Стогово и на Пелистер. ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Мит-цхелл–Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз,… Continue reading ДИВОКОЗА

ДИДАКТИКА

ДИДАКТИКА -. педагошка научна досциплина што се занимава со образованието и наставата како негов најорганизиран дел. Чешкиот педагог Ј. А. Коменски (1592–1670), кој се смета за основач, на дидактиката $ придавал универзално значење, сметајќи ја за вештина на поучувањето. Во Македонија првите систематизирани дидактички сознанија се наоѓаат во познатото дело на Јосиф Ковачев (в.) „школска… Continue reading ДИДАКТИКА

ДИЗДАР, Мак

ДИЗДАР, Мак (Столац, БиХ, 17. Ⅹ 1917 – Сараево, 14. Ⅶ 1971) – со збирката Камениот спијач (1966), станал еден од најзначајните поети на Босна и Херцеговина. Соживувајќи се со јазикот и со светот на богомилските надгробни споменици и оживувајќи го од надгробните записи на спомениците далечното минато на својот народ и својата земја, дал… Continue reading ДИЗДАР, Мак

ДИЈАГОНАЛЕН ПАТ

ДИЈАГОНАЛЕН ПАТ – антички пат забележен на Појтингеровата карта на релацијата Херакле-Демир Капија, сегмент од Дијагоналниот пат ја Линкестидска (Битола)–Керамија (Варош, Прилеп)–Еу(да)рист (Дреново)–Стоби (Градско)– Астибо (Штип)–Транупара (Коњух)–Пауталија (ќустендил)–Сердика (Софија). На трасата го нема градот Стибера (Чепигово), но кај географот од Равена е спомнат како Истубера (меѓу Хераклеја и Керамија). Се смета дека првиот дел од… Continue reading ДИЈАГОНАЛЕН ПАТ

ДИЈАДОСИ

ДИЈАДОСИ – наследници на Александровото царство; соборци на Александар Ⅲ Македонски, кои по неговата смрт (323 г. пр.н.е.) владеат во одделни делови на Царството. Сите славни војсководци во Александровата војска: Пердика, Кратер, Антипатар, Птолемај, Антигон, Лисимах, Еумен, Селевк, Полиперхонт, Касандар (син на Антипатар), Деметриј (син на Антигон) и Пир, освен Лисимах и Пир, се Македонци.… Continue reading ДИЈАДОСИ

ДИЈАЛ

ДИЈАЛ (Дѕалос) – пајонско божество што е пандан на хеленскиот Дионис, според Хезихиј (Хесѕцхиус). Пајонците го почитувале како демон со хтонско значење и го претставувале „во хеленска интерпретација” на релјефи и на монетите на нивните владетели. Култот на ова епихорско божество е зачуван и во римско време, до Ⅱ в., што е потврдено со натпис… Continue reading ДИЈАЛ

ДИМЕСКИ, Димитар

ДИМЕСКИ, Димитар (Прилеп, 28. IX 1940 – Велес, 7. Ⅶ 2004) – историчар, редовен професор на Филозофскиот Факултет – Скопје. Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет (1964). Од 1966 г. станал асистент на Филозофскиот факултет. Докторирал (1979), бил избран за доцент, вонреден професор (1985) и редовен… Continue reading ДИМЕСКИ, Димитар

ДИМЕСКИ, Марин

ДИМЕСКИ, Марин (Прилеп, 24. Ⅲ 1948) – фотограф. Дипломирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје. Со фотографија се занимава од 1970 г. Излагал самостојно и на групни изложби во земјата и во странство. Работи и на самостојни про-Марин Димески екти и фотографира во Њујорк, Египет, Израел, Кенија. Ал. Цв. ДИМЕСКИ, Методија Ристев

ДИМИРОВСКИ, Георги М

ДИМИРОВСКИ, Георги М. (20. Ⅻ 1941, с. Нестрам, Костурско, Егејскиот дел на Македонија) – редовен професор по автоматика и системско инженерство на ЕТФ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, професор по компјутерска наука и информациони технологии на Универзитетот „Догус” во Истанбул и гостин-професор на Истанбулскиот технички универзитет. Тој е странски член на Академијата… Continue reading ДИМИРОВСКИ, Георги М

ДИМИСКИЈА

ДИМИСКИЈА . (ДАМАСКИЊА) – сабја искована во Дамаск (Сирија) или изработена според таков урнек. Како ладно оружје на пешак или коњаник, има криво сечиво, дршка и понекогаш штитник, а се носи во корица опашана на појас. Примероци има во повеќе македонски музеи. Опеана е и во народните песни. ЛИТ.: Миладиновци, Зборник 1861-1961, Скопје, 1962, 286;… Continue reading ДИМИСКИЈА

ДИМИТАР

ДИМИТАР – поп од с. Барбароси, ктитор на дел од живописот работен во 1624/25 г. во тремот на црквата „Св. Преображение” во манастирот Зрзе (Прилепско). ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Историјатот на манастирот Зрзе низ натписите и записисте од ⅩⅣ до ⅩⅠⅩ в., „Зборник на Археолошкиот музеј”, ИВ–В, Скопје, 1966, 77–93. З. Р.-Н.

ДИМИТАР

ДИМИТАР Митраш . (ⅩⅣ – ⅩⅤ в.) – најмладиот, четврти син на Волкашин. Се спомнува во ктиторскиот натпис на кралот Марко од 1377 г. во Марковиот манастир, а самиот се јавува како ктитор на црквата „Св. Никола” во Прилеп. По 1393/1394 г., се разидува со кралот Марко и (летото во 1394), заедно со брат му… Continue reading ДИМИТАР

ДИМИТАР Митраш

ДИМИТАР Митраш . (ⅩⅣ – ⅩⅤ в.) – најмладиот, четврти син на Волкашин. Се спомнува во ктиторскиот натпис на кралот Марко од 1377 г. во Марковиот манастир, а самиот се јавува како ктитор на црквата „Св. Никола” во Прилеп. По 1393/1394 г., се разидува со кралот Марко и (летото во 1394), заедно со брат му… Continue reading ДИМИТАР Митраш

ДИМИТРИЕВИЧ, Јован

ДИМИТРИЕВИЧ, Јован (Иван; Јоаникиј Охридски) (Охрид, ⅩⅠⅩ в.) – монах, книжевник и печатар, автор на учебници и црковни книги. Бил близок соработник со Неофит Рилски и близок со тогашните црковни кругови. Долго време работел како печатар и управник на Одделот за словенски книги во Патријаршиската печатница во Цариград, каде што се сретнал и со рускиот… Continue reading ДИМИТРИЕВИЧ, Јован

ДИМИТРИЕВСКИ, Марјан

ДИМИТРИЕВСКИ, Марјан (с. Стрезовце, Кумановско, 13. Ⅵ 1954) – историчар, научен советник/редовен професор во Инститотот за национална историја. Се школувал во Скопје, каде што го завршил Филозофскиот факултет (Групата по историја), а потоа на истиот факултет и магистрирал (1989) и докторирал (1994). Извесно време бил професор во Гимназијата „Јосип Броз – Тито” во Скопје (1980/1981),… Continue reading ДИМИТРИЕВСКИ, Марјан

ДИМИТРИЈ

ДИМИТРИЈ (1205 – 1227) – син на Бонифациј Монфератски, владетел на Солунското Кралство (1207–1224). Поради малолетноста владеел со регенти (во 1209 г. латинскиот цар Хенрих Ⅰ го крунисал за крал). Пред опасноста од епирскиот владетел Теодор И, отишол во Италија кај папата Хонориј Ⅲ (Солун бил ставен под негов протекторат) и кај царот Фридрих Ⅱ… Continue reading ДИМИТРИЈ

ДИМИТРИЈ

ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ, СВЕТИ (Солун, Ⅲ в. – 26. Ⅹ 306) – општохристијански светец, култен заштитник на градот Солун. Хагиографската легенда раскажува дека тој бил син на управник на Солун. По смртта на татко му, од римскиот соимператор Максимилијан бил поставен за управник на градот и да ги прогонува и да ги убива христијаните. Спротивно на… Continue reading ДИМИТРИЈ

ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ, СВЕТИ

ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ, СВЕТИ (Солун, Ⅲ в. – 26. Ⅹ 306) – општохристијански светец, култен заштитник на градот Солун. Хагиографската легенда раскажува дека тој бил син на управник на Солун. По смртта на татко му, од римскиот соимператор Максимилијан бил поставен за управник на градот и да ги прогонува и да ги убива христијаните. Спротивно на… Continue reading ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ, СВЕТИ

ДИМИТРОВ-БАБАТА, Атанас Иванов

ДИМИТРОВ-БАБАТА, Атанас Иванов (с. Синитево, Пазарџичко, Бугарија, 1875 – врв Видин, меѓу с. Куклица и Пендаќ, Кратовско, 12/25. Ⅵ 1905) – реонски војвода на ТМОРО. Како шивач во Пазарџик и Софија, станал член на ТМОРО (1897). Бил комита во четата на Јане Сандански и зел учество во пленувањето на мис Елена Стоун (21. Ⅷ 1901).… Continue reading ДИМИТРОВ-БАБАТА, Атанас Иванов

ДИМИТРОВ, Антон Филахтечев

ДИМИТРОВ, Антон Филахтечев (с. Ајватово, Солунско, 1868 – Софија, 13. Ⅲ 1933) – доктор по право, еден од основополжниците на МРО. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1889), право во Цариград и Лиеж во Белгија (1899– 1903). Бил учител во Солун (1892– 1897) и во Битола (1897–1899). Антон Димитров зик и по географија. Бил во редот… Continue reading ДИМИТРОВ, Антон Филахтечев

ДИМИТРОВ, Ванчо

ДИМИТРОВ, Ванчо (с. Зрновци, Кочанско, 10. XI 1945) – композитор и музички новинар. Целиот работен век го поминал во МРТ како новинар и уредник во Редакцијата за забавна музика. Автор е на над 200 забавни мелодии, авторски песни во народен дух и песни за деца („Кажи нешто драга”; „Коњи брзајте”; „Ноќта е створена за грев”;… Continue reading ДИМИТРОВ, Ванчо

ДИМИТРОВ, Димитар

ДИМИТРОВ, Димитар Николов (с. Цакони, Воденско, Грција, 13. XI 1937)‡ доктор по филозофија, универзитетски професор, публицист и политичар. Во времето на Граѓанската војна во Грција (1948) доаѓа во Македонија, каде што завршува гимназија и филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1962). Магистрирал во Љубљана (1966), а докторирал во Загреб (1972). Работел како гимназиски професор, како… Continue reading ДИМИТРОВ, Димитар