ДУЊА

ДУЊА . (Цѕдониа вулгарис Л.) – споредна овошна култура во РМ, со годишно производство од околу 1.000 т. Се одгледува во дворови или во склоп со други овошни видови. Застапени се две сорти, лесковачка и врањска. Лесковачката Дуњи е со топчести плодови, сочна, вкусна, трајна и позастапена. Врањската има крупни, издолжени плодови, со помала сочност… Continue reading ДУЊА

ДУПКА

ДУПКА (Ташламанци) – некропола од доцнохеленистичко и римско време на три километри западно од Кратово. На десниот брег од Кратовска Река со регионалниот пат Кратово–Скопје е разнесен дел од некрополата. Сочуван е еден доцнохеленистички гроб исечен во карпа, ретка појава во Источна Македонија и претставува доказ за присуството на овој тип на погребување во Источна… Continue reading ДУПКА

ДУРАЦОВСКИ, Димитрие

ДУРАЦОВСКИ, Димитрие (Струга, 15. Ⅱ 1952) – раскажувач. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 г. БИБ.: Тајна историја, раскази, Ск., 1986; Црни пророци, роман, Ск., 2002. П. Гил. Никола Дурнев ДУРНЕВ, Никола (Скопје, 17. Ⅻ 1936) – град. инж.,… Continue reading ДУРАЦОВСКИ, Димитрие

ДУТОВ, Борис

ДУТОВ, Борис (околу 1880) – архитект, руски емигрант. Проектирал и изградил поголем број објекти во Скопје, најголемиот дел од кои не постојат. Во проектирањето се придржува според академските правила со извесна слобода во декоративните апликации. Позначајни објекти: станбениот објект на фамилијата Икономови (ул. „Македонија” бр. 51) во Скопје (1922); станбен објект на Армагањан во СкопјеContinue reading ДУТОВ, Борис

ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА

ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА (Скопје, ⅩⅤ в.) – верски објект. Изградена Дуќанџик џамијата во Скопје од Муслихудин Абдул Гани ел Мадини, познат како Муезин оџа ел Гани, поради што џамијата би-ла позната и под името Муезин оџина џамија. Името Дуќанџик го добила по чаршијата Дуќанџилер, која се наоѓала во нејзина непосредна близина. Била еднопросторна куполна џамија со… Continue reading ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА

ДУХОВДЕН

ДУХОВДЕН (Дуовден, Света Троица, Педесетница) – еден од најголемите христијански православни празници. Спаѓа во 12-те големи празници што ги празнува нашата црква. Наречен е и Педесетница, бидејќи секогаш е педесет дена по Велигден, а и настанот што му дава смисла се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Познат е и како Света Троица, бидејќи на… Continue reading ДУХОВДЕН

ДУШАН Стефан Урош

ДУШАН Стефан Урош (.- Ⅳ (1308 – 20. Ⅻ 1355) – српски крал (1331–1345) и цар (1345–1355), син на кралот Стефан Дечански, најпознат српски средновековен владетел. Се истакнал во битката против Бугарите кај Велбужд (1330). Со феудалците го презел престолот од татка си. Водел успешни војни со соседните држави. Освоил голем дел од византиските територии… Continue reading ДУШАН Стефан Урош