ДРВЕНИЦИ, ОГНЕНИ

ДРВЕНИЦИ, ОГНЕНИ (Пѕррхоцоридае) – полутврдокрилни крупни и цврсто градени копнени инсекти. Телото им е со темно црвена боја. Карактеристичен претставник е обичната огнена дрвеница (Пѕррхоцорис аптерус Л.), бескрилен инсект, чест по парковите. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Сувоземни дрвеници

ДРВЕНИЦИ, СУВОЗЕМНИ

ДРВЕНИЦИ, СУВОЗЕМНИ (Гѕмноцерата) – полутврдокрилни инсекти, големи грабливци. Живеат на копно, снабдени се со долги пипала и силна рилка. Се хранат со други инсекти. Тука спаѓаат разни видови дрвеници: дрвеници водомерки (Хѕдрометридае), дрвеници газиводи (Герридае), цветни дрвеници (Антхоцоридае), грабливи дрвеници (Редувиидае), огнени дрвеници (Пѕррхоцоридае), полски дрвеници (Лѕгаеидае), дрвеници смрдибубачки (Пентатомидае), куќни дрвеници (Цимицидае) итн. ЛИТ.:… Continue reading ДРВЕНИЦИ, СУВОЗЕМНИ

ДРВНИ ВИДОВИ ЗА ПРЕРАБОТКА ВО РМ

ДРВНИ ВИДОВИ ЗА ПРЕРАБОТКА ВО РМ. шумскиот фонд кај нас го сочинуваат шумските дрвни видови, групирани во две основни групи: иглолисни и лисјарски. Групата иглолисни видови ја сочинуваат: домашни (автохтони) и интродуирани (алохтони) видови. Во групата домашни иглолисни видови од стопанско значење влегуваат: црниот бор, белиот бор, елата и смреката, додека во групата интродуирани иглолисни… Continue reading ДРВНИ ВИДОВИ ЗА ПРЕРАБОТКА ВО РМ

ДРВНИ ПЛОЧИ

ДРВНИ ПЛОЧИ – плочест дрвен производ добиен со слепување на масивни дрвни елементи, фурнири, дрвни иверки, дрвни влакна, дрвна волна и др. Слепувањето на елементите во плочите се врши со органско или со неорганско средство за врзување (лепило). Во зависност од конструкцијата и употребените материјали, дрвните плочи се користат во производството за мебел, во производството… Continue reading ДРВНИ ПЛОЧИ

ДРВОТО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РМ

ДРВОТО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РМ. Кај нас дрвото влегува во групата на најстарите градежни материјали. Низ вековите дрвото било користено како основен градежен материјал. На сите објекти, градени низ вековите, се забележува дека распоредот, формата на одделните архитектонски делови и нивните декоративни карактеристики потекнуваат од конструктивните особини на дрвото. Најчести форми на градежното дрво се:… Continue reading ДРВОТО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РМ

ДРЕН ПЛАНИНА

ДРЕН ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу Мариовската Котлина на југ и Ра-ечката Котлина на североисток. Всушност претставува продолжение на Селечка Планина со правец на протегање ји–сз. Највисок врв е Ливада (1.663 м) во западниот дел и Четири Буки (1.476 м). Од превоите најголема улога игра превојот Лигуроса (1.152 м), што го поврзува… Continue reading ДРЕН ПЛАНИНА

ДРЕНОВО, ГРАДИШТЕ, АУДАРИСТ

ДРЕНОВО, ГРАДИШТЕ, АУДАРИСТ (Аудариус) – антички град, еден од најголемите градови на кралството Пајонија во класичниот и во хеленистичкиот период. Пајонскиот град Аударист (Еурист) (идентификуван според Таб. Пеут. ИВ. 8; Геогр. Рав. ИВ. 196, 10), се протега на 12 римски милји на патот од Стоби кон Керамија, односно на 18 км од Стоби, на археолошкиот… Continue reading ДРЕНОВО, ГРАДИШТЕ, АУДАРИСТ

ДРЕНОВСКИ НАТПИС

ДРЕНОВСКИ НАТПИС (1356) – извор за управувањето на кралот Марко. Натпис на сводот (од надворешната страна околу сликата на св. Архангел), над јужниот влез во црквата во с. Дреново (Кавадаречко). Запишано е дека кога со тие територии управувале Никола и Марко. ЛИТ.: М. Радовановић, Тиквеш и Рајец. Насеља и порекло становништва, књ. 17, Београд, 1924;… Continue reading ДРЕНОВСКИ НАТПИС

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ (од 2002 г. сукцесивен наследник на Републичката геодетска управа) – државна институција што врши управни и стручни работи од областа на геодезијата, катастарот, фотограметријата, картографијата и запишувањето на правата врз недвижностите на целата територија на РМ. Во својата долгогодишна активност ДЗГР создаде богата архива на податоци од снимањето на теренот… Continue reading ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА НА РМ

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА НА РМ. Основан е на 1. Ⅵ 1945 г. како Македонски федерален статистички уред. Истовремено со неговото воспоставување, организирани се и статистички уреди во рамките на локалните органи на власта. Првите работни задачи, кои Уредот успешно ги реализираше, се однесуваа на демографските истражувања во земјата: евиденција на родените и умрените, бројот… Continue reading ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА НА РМ

ДРЖАВНА КАРТОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА

ДРЖАВНА КАРТОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА – кај нас е застапена Гаус-Кригеровата проекција. Таа е конформна, напречно-цилиндрична проекција со пресликување на делови од Земјината површина на елиптични цилиндри, во зони од по 30 географска должина. Зоните се нумерирани од Гриничкиот меридијан кон исток, а територијата на Македонија се наоѓа во седмата зона. Проекцијата на меридијанот со 210 источна… Continue reading ДРЖАВНА КАРТОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА

ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ВО НРМ/РМ сопственост чиј носител беше државата

ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ВО НРМ/РМ – сопственост чиј носител беше државата. Во НРМ во периодот на административното раководење со стопанството се воведе државна сопственост (општонароден имот) на основните средства за производство. Во овој период државната сопственост, во основа, се создаваше преку национализација на приватната сопственост или со „експропријација на експропријаторите“. Државата беше носителот на политичката власт… Continue reading ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ВО НРМ/РМ сопственост чиј носител беше државата

ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ . – неработни празнични денови според Законот за државните празници, со кои се одбележува и прославува годишнината од некој верски или световен настан од општата или националната историја. Во ДФМ/НРМ/СРМ се празнуваа државните празници на ДФЈ/ ФНРЈ/СФРЈ, а како национални празници 2 Август и 11 Октомври. Според усвоениот Закон за празниците… Continue reading ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ДРЖАВНИ СИМБОЛИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ДРЖАВНИ СИМБОЛИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ -. знамето, грбот и химната. Во текот на НОАВМ како национален симбол било користено, главно, традиционалното црвено знаме со жолта петокрака во горниот лев агол, а како химна песната „Изгреј зора на слободата”, со која било отворено и Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето ДФМ/ НРМ/СРМ го официјализира знамето од НОАВМ… Continue reading ДРЖАВНИ СИМБОЛИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ДРИМКОЛ

ДРИМКОЛ -. (од Дрим и тур. кол: одред војска или стража; жупа) – предел во југозападниот дел на РМ, на границата со Албанија. Се простира на запад од реката Црни Дрим, по источните страни на планината Јабланица. На југ допира до брегот на Охридското Езеро, а на север до Дебарска Жу-па. Се дели на Струшки… Continue reading ДРИМКОЛ

ДРИМКОЛСКА КЛИСУРА

ДРИМКОЛСКА КЛИСУРА – импозантна клисура на реката Црни Дрим. Се протега во должина од 28 км, помеѓу утоката на реката Лениште до поранешната утока на Радика. Стрмните долински страни Црни Дрим ги изградила помеѓу западните ограноци на Караорман и на Стогово, а источните на планината Јабланица. Денес Дримколската Клисура е заезерена со изградба на двете… Continue reading ДРИМКОЛСКА КЛИСУРА

ДРНКОВ, Благоја

ДРНКОВ, Благоја (Скопје, 7. Ⅲ 1914) – уметнички фотограф, сценарист, филмски снимател и режисер. Се занимавал со фотографирање уште од детството. Пред Втората светска војна го снимил својот прв филм-репортажа „Католичка процесија” (1935), потоа филмот „Бомбардирањето на Битола” (1939), а по Ослободувањето и првата првомајска парада во Скопје (1945). Бил прв директор на Филмската дирекција… Continue reading ДРНКОВ, Благоја

ДРОЗДОВИ

ДРОЗДОВИ (Турдус, Монтицола) – родови на релативно крупни шумски птици од фамилијата дроздови (Турдидае), кои своите гнезда ги прават на дрвја, џбунови или во процепи од карпи. Во Македонија се регистрирани 6 видови. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ДРОЗДОВИ

ДРОЗЕРА, КРУГОЛИСНА

ДРОЗЕРА, КРУГОЛИСНА . (Дросера ротундифолиа Л.) – инсективорен вид со многу ограничено распространување на територијата на РМ, само во околината на Пехчево (Јудови Ливади). Се развива на влажни места (тресетишта) и спаѓа во групата загрозени видови. Вл. М.

ДРОПЛИ

ДРОПЛИ (Отидидае) – фамилија крупни птици од редот на кокошковидни птици (Галлиформес), кои населуваат отворени терени со густа ниска вегетација, а се гнездат на земја. Во Европа и кај нас се присутни два вида: голема дропла (Отис тарда) и мала дропла (Тетраџ тетраџ). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал… Continue reading ДРОПЛИ

ДРУГОВАЦ, Миодраг Милошевиќ

ДРУГОВАЦ, Миодраг Милошевиќ (с. Друговац, Пожаревачко, Србија, 12. Ⅹ 1928 – Скопје, 9. Ⅹ 1995) – литературен историчар и критичар, поет, есеист, редактор, универзитетски професор, преведувач. Истакнат претставник на етничките Срби што активно учествувале во развојните процеси на новата македонска литература (Радивое Пешиќ, Зоран Јовановиќ, Бранко Заревски, Гордана Стојковска, Јадранка Владова Ристиќ, Влада Урошевиќ). Живеел… Continue reading ДРУГОВАЦ, Миодраг Милошевиќ

ДРУГОВО

ДРУГОВО – село во Кичевско. Се Кичево, на магистралниот пат М–4, КичевоОхрид, на надморска висина од околу 650 м. Селото брои 1.492 ж. од кои 1.250 се Македонци, 128 Турци и 108 ж. се Албанци. Тој е седиште на општина која зафаќа површина од 38.324 ха, има 28 населени места со 3.249 ж.… Continue reading ДРУГОВО

ДРУШТВА НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ДРУШТВА НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА -. струковни асоцијации на ликовните уметници. Здружувањето на ликовните уметници во Македонија започнало со формирањето на Друштвото на југословенските ликовни уметници од подрачјето на Вардарска Бановина (Скопје, 1929). Потоа кон него се приклучило и новоформираното друштво „Јефимија“ (1930), кое подоцна ја презело и изложбената дејност на ДЈЛУ (1933-1941). Тогаш… Continue reading ДРУШТВА НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ДРУШТВО ЗА ГЕОТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА

ДРУШТВО ЗА ГЕОТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА. Основано во 1999 г., а во 2001 г. примено во Меѓународното друштво за механика на почвите и геотехничко инженерство (ИССМГЕ). Одржало два сипмозиума во Охрид (2002 и 2004 г.) од кои се издадени зборници. Има 80-тина членови. Љ. Т.