ДОРОТЕЈ охридски архиепископ

ДОРОТЕЈ – охридски архиепископ (‡ октомври 1466) од словенско потекло, кој во архиепископската канцеларија го користел црковнословенскиот јазик. При неговиот престој во Кратово, за потребите на Охридската соборна црква, нарачал, Димитар Кратовски да изврши препис на словенскиот Номоканон (1466). Во него се наоѓаат и преписи од две негови разменети писма со влашкиот кнез Јоан СтефанContinue reading ДОРОТЕЈ охридски архиепископ

ДОСИТЕЈ, архиепископ

ДОСИТЕЈ, архиепископ (Димитар Стојковски) (Маврово, 7. Ⅻ 1906 – Скопје, 20. Ⅴ 1981) – прв поглавар на возобновената Охридска архиепископија – Македонска православна црква. Се замонашил на 17 години (1924) во „Св. Богородица Пречиста” (Кичевско). Богословија започнал да учи во Сремски Карловци, завршил во Битола (1937), а Богословски факултет во Белград (1942). Престојувал во Света… Continue reading ДОСИТЕЈ, архиепископ

ДОЦЕВСКИ, Борислав Ванчов

ДОЦЕВСКИ, Борислав Ванчов (Куманово, 14. Ⅻ 1938 – Скопје, 15. Ⅰ 2004) – спец. по абдоминална хирургија, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил директор на Клиниката за дигестивна хирургија, шеф на Катедрата по хирургија. Автор е на бројни стручни и научни трудови, модератор е и раководител на повеќе стручни состаноци, симпозиуми и конгреси,… Continue reading ДОЦЕВСКИ, Борислав Ванчов

ДОШНИЦА

ДОШНИЦА – десна притока на р. Бошава. Извира под врвот Зелен Брег на планината Кожуф, на н.в. од 1.900 м, а во Бошава се влива на н.м.в. од 150 м. Долга е 38,5 км, има вкупен пад од 1.750 м и просечен пад од 45,5‰. Сливот зафаќа повр2 шина од 193,4 км . Водите од… Continue reading ДОШНИЦА

ДРАГАШ, Елена

ДРАГАШ, Елена (? – 1450) – византиска царица, ќерка на Константин Драгаш, помладиот син на деспотот Дејан. Се омажила (1392) за византискиот император Мануил Ⅱ Палеолог (1391–1425). На манастирот „Дионисиј”, на Света Гора, му подарила златен крст со натпис на грчки јазик во кој се именува како „ќерка на Драгаш”. Мајка е на последниот византиски… Continue reading ДРАГАШ, Елена

ДРАГАШ, Јован

ДРАГАШ, Јован (?–1379/1381) – деспот, постариот син на деспотот Дејан (од него ја наследува титулата) и на Владислава (или Евдокија). По татковата смрт, од соседите бил потиснат во Жеглигово и во Горно Пострумје, по што го признал вазалството кон Волкашин и кон Углеша. По Маричката битка (1371), заедно со помладиот брат Константин формирале самостојна држава… Continue reading ДРАГАШ, Јован

ДРАГАШ, Константин

ДРАГАШ, Константин (?–17. Ⅴ 1395) – помладиот син на деспотот Дејан (изворно засведочен само како господин Константин) и на Владислава (или Евдокија). До Маричката битка, како малолетен, бил во сенка на брат му, деспотот Јован Драгаш. Во периодот 1372–1375 г. источно од р. Вардар и од Тиквеш, заедно со брат му формирале самостојна држава со… Continue reading ДРАГАШ, Константин

ДРАГАШИ

ДРАГАШИ – феудално семејство од Североисточна Македонија, основано од севастократорот и деспот Дејан, оженет со благородничката Владислава (или Теодора–Евдокија), сестрата на Стефан Душан. Баштина му биле жупите Жеглигово и Прешево, а ги поседувал и областите од Скопска Црна Гора до Горна Струма, кои ги присоединил по 1355 г. За неговиот авторитет во времето на Душан… Continue reading ДРАГАШИ

ДРАГОВИТИ

ДРАГОВИТИ (Другувити, Дрогувити) – словенско племе, населено во Македонија ( Ⅵ – поч. на Ⅶ в.) на териториите северозападно и западно од Солун, помеѓу Солун, Бер и Воден. Учествувале во нападите на Солун (614–616 и 674–677). За потеклото на името има различни мислења. Се поврзува со глаголот другарува, со придавката драг и сл. Под притисок… Continue reading ДРАГОВИТИ

ДРАГОВИТСКА Другувитска епископија

ДРАГОВИТСКА Другувитска епископија (IX в.) – во Јужна Македонија на територијата северозападно од Солун населена од племето Драговити, седиштето е непознато. Нејзиниот епископ Петар учествувал на Црковниот собор во Цариград (879). Во Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в. се спомнува и еретичка другувитска црква. ЛИТ.: Т. Томоски, Записи за Драгувитите во Македонија, Македонија низ вековите, Скопје, 1999.… Continue reading ДРАГОВИТСКА Другувитска епископија

ДРАГОЕВИЌ-ЈОСИФОВСКА, Борка

ДРАГОЕВИЌ-ЈОСИФОВСКА, Борка (с. Горња Србица, БиХ, 1910 – Скопје, 2003) – класичен филолог. Дипломирала класична филологија и археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1934). Работи како кустос во Археолошкиот музеј во Скопје (1948 –1958), а потоа како професор по латински јазик на Катедрата за класична филологија (до 1976). Во 1956 го уредила лапидариумот во Куршумли-ан.… Continue reading ДРАГОЕВИЌ-ЈОСИФОВСКА, Борка

ДРАГОЕВИЌ, Богосав

ДРАГОЕВИЌ, Богосав (с. Бадњевац, Србија, 22. Ⅷ 1902 – Бел-град, Србија 15. Ⅶ 1989) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил директор на Хируршката клиника во Скопје (1958-1965). Основач е на Неврохируршкото одделение и на неврохирургија во Република Македонија(1959). БИБ.: Хирургија, И – Ⅲ, Белград, 1964. Ал. Ставр. Борка Драгоевиќ -Јосифовска

ДРАГОТА

ДРАГОТА (?–1255) – благородник од Мелник, водач на востание против Никејците. Бил командант на Сер, поставен од Бугарите. Градот им го предал на Никејците (1246) и им помогнал да го освојат Мелник. За тоа како награда бил поставен за управник на Мелник. Незадоволен од Никејците (1255), кренал востание. Во борба со Никејците загинал, прегазен од… Continue reading ДРАГОТА

ДРАГУМИС, Јоанис

ДРАГУМИС, Јоанис (Атина, 2. IX 1878 – Атина, 31. Ⅶ 1920) – грчки дипломат и политичар, учесник во Грчко-турската војна (1897). Станал секретар на Грчкиот конзулат во Битола (1902). Тука ја формирал тајната организацијата „Амина”. Подоцна бил преместен во Конзулатот во Серез. Бил еден од организаторите на оружената фаза на грчката пропаганда во Македонија. Активно… Continue reading ДРАГУМИС, Јоанис

ДРАКУЛ, Симон

ДРАКУЛ, Симон (Лазарополе, 24. IX 1930 – Скопје, 11. Ⅰ 1999) – раскажувач, романсиер, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач (Толстој, шолохов и др.). Бил уредник на весници и списанија, директор на Драмата во МНТ и претседател на ДПМ. С. Дракул е раскошен раскажувач чии теми се длабоко поврзани за родниот крај, за неговата историја, бит… Continue reading ДРАКУЛ, Симон

ДРАМА

ДРАМА – град во егејскиот дел на Македонија, Грција: 41.600 ж. (2002 г.). Се наоѓа во плодната Драмска Котлина од двете страни на р. Св. Варварица, на надморска висина од околу 90 м. Низ градот поминува современа сообраќајница која на запад го поврзува со Серез, а на југ со Кавала. На 25 км од ДрамаContinue reading ДРАМА

ДРАМСКО ВОСТАНИЕ

ДРАМСКО ВОСТАНИЕ (1941) востание против бугарската власт организирано од КПГ. Започнало на 28–29 септември 1941 г. (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските власти го задушиле востанието при што… Continue reading ДРАМСКО ВОСТАНИЕ

ДРАНГОВ, Борис

ДРАНГОВ, Борис (Скопје, 3. Ⅲ 1872 – р. Црна Река, 26. Ⅴ 1917) – учесник во Илинденското востание, полковник во Бугарската војска. Учел во Педагошкото училиште во Скопје, потоа во Военото училиште во Софија. Завршил Генералштабна академија во Санкт Петер-бург (Русија). Бил професор во Военото училиште во Софија (1910). Во Балканските војни учествувал како офицер… Continue reading ДРАНГОВ, Борис

ДРАНГОВ, Кирил

ДРАНГОВ, Кирил (Лом, Бугарија, 17. Ⅳ 1902 – Софија, 8. Ⅵ 1946) – член на ВМРО. Син на Борис Дрангов. Завршил гимназија во Софија, а како студент на Правниот факултет при Универзитетот во Софија бил еден од основачите на Македонското студентско друштво „Вардар”, еден од најблиските соработници на Ив. Михајлов, пунктов началник на ВМРО за… Continue reading ДРАНГОВ, Кирил

ДРАНДАР, Антон Хаџигеоргиев

ДРАНДАР, Антон Хаџигеоргиев (псевд. А. Брутус) (Велес, 1837 – Софија, 25. Ⅲ 1925) – правник, национален деец, трговец, новинар и публицист. Завршил лицеј во Будимпешта (од 1850), а потоа право и дипломатија во Лондон. Извесно време се занимавал со трговија во Солун. Подоцна емигрирал во Софија (1878), каде што бил судија и началник за печатот,… Continue reading ДРАНДАР, Антон Хаџигеоргиев

ДРАЧЕВКА

ДРАЧЕВКА -. македонско народно оро од Скопска Блатија во ритам 7/16 (3,2,2,). Се игра во мешан состав, со држење за слободно спуштени раце, полетно, со брзи и лесни чекори на полустапалата, со потскоци и доскоци. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 141. Ѓ. М. Ѓ.

ДРВЕНИЦА, ГРБНОПЛИВАЧКА

ДРВЕНИЦА, ГРБНОПЛИВАЧКА . (Нотонецта глауца Л.) – полутврдокрилен инсект. Водна дрвеница (тавтабита). Има долги и влакнести задни нозе со чијашто помош плива карактеристично – грбно. Усниот апарат е претставен од рилка, чиј убод е болен, слично како убод од пчела. Во Македонија е позната како голема грабливка; се храни со ситни риби и инсекти. Ги… Continue reading ДРВЕНИЦА, ГРБНОПЛИВАЧКА

ДРВЕНИЦА, ПАЛЧЕСТА ВОДНА

ДРВЕНИЦА, ПАЛЧЕСТА ВОДНА. (Ранатра линеарис Л.) – воден инсект со стапчеста форма на телото. Има тенки нозе и должина до 5 цм; со предните грабливи нозе умешно лови ситни ларви и ракчиња; живее во неистечни копнени води и блата со гнилеж од растителни делови. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т.… Continue reading ДРВЕНИЦА, ПАЛЧЕСТА ВОДНА

ДРВЕНИЦИ ТАВТАБИТИ

ДРВЕНИЦИ – ТАВТАБИТИ (Хетероптера) – полутврдокрилни инсекти. Имаат два пара крилја. Предните се до половина цврсти – хитинизирани, а задниот дел е мрежесто нежен по што го добиле и името. Познати се околу 40.000 видови, поголем дел се копнени, а само мал дел се водни. Во Македонија се регистрирани 863 таксони. Попознати видови се: водна… Continue reading ДРВЕНИЦИ ТАВТАБИТИ