ДИПЛЕНИЦА

ДИПЛЕНИЦА -. вид сабја што се дипли (со свивање). Со кривото сечило, со дршката и понекогаш со штитникот, била користена и како ладно оружје на пешаците или коњаниците. Примероци има и во македонските музеи, а се опева и во народните песни. ЛИТ.: Трајан Никодиноски, Народни песни од Охридско, Охрид, 1974, 178. С. Мл.

ДИСПАНЗЕРИ

ДИСПАНЗЕРИ -. специјализирани работни и организациски делови во одделни служби, односно дејности на здравствениот дом, кои користат активни стручни методи на работа при укажувањето и обезбедувањето примарна здравствена заштита за определени групи население, како што се: детски диспанзери (за деца од 0 до 6 г.), диспанзери за училишни деца и младина (за деца и младина… Continue reading ДИСПАНЗЕРИ

ДМБЕНИ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

„ДМБЕНИ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Гери, Индијана, САД, 1906) – друштво на Македонците во САД и Канада по потекло од селото Д’мбени (Костурско). Подоцна Друштвото било преименувано „Лазар Поп Трајков“, по името на македонскиот револуционер од тоа село. Членовите на Друштвото што живееле во Торонто (Канада), се одделиле (1940) и основале свое „Д’мбенско селско спомагателно друштво –… Continue reading ДМБЕНИ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

ДНЕВНИК

ДНЕВНИК“ -. прв независен дневен информативен весник во Република Македонијашто ја означува новата демократска етапа во развојот на македонскиот печат. Првиот број излегол на 20 март 1996 г. Основачи: Миле Јовановски, Бранко Героски, Александар Дамовски. Издавач: „Круг” д.о.о. Скопје. Во септември 2003 г. мнозинскиот удел на сопственоста го откупил германскиот издавачки концерн ВАЦ. Прв главен… Continue reading ДНЕВНИК

ДОБАР

ДОБАР – пајонско племе во долината на Струмица и западно до Стримон и истоимен пајонски град, спомнат кај Тукидид (V в. пр.н.е.) во врска со походот на одрискиот крал Ситалк во Македонија, денес во долината на Струмица, можеби кај Дојран. Литературните извори и епиграфските натписи говорат за постоење на градот од најрано време до доцната… Continue reading ДОБАР

ДОБРА ВОДА

ДОБРА ВОДА – висока венечна планина што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. На север започнува од Дупен Камен (1.857 м) со кој е одделена од Сува Гора, а на југ се протега до долината на реката Треска. Централното било има динарски правец на протегање сз–ји. Се… Continue reading ДОБРА ВОДА

ДОБРЕВО

ДОБРЕВО – рудник на оловноцинкова руда, кој се наоѓа во источните делови на Кратовско-злетовскиот вулканоген комплекс, на 7 км оддалеченост од ПробиШтип. Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат, главно, вулкански карпи претставени со различни типови на андезити, дацити, игнимбрити, дацито-андезити, вулкански туфови и др. Оловно-цинковата минерализација во наоѓалиштето е контролирана, најчесто, од раседните структури. Според… Continue reading ДОБРЕВО

ДОБРЕЈШОВО ЕВАНГЕЛИЕ

ДОБРЕЈШОВО ЕВАНГЕЛИЕ – кирилско четвороевангелие од првата пол. на ⅩⅠⅠⅠ в. (1221?), 127 л. Од нив 79 л. се чуваат во Софија, НБКМ бр. 17 (307). Преостанатите 48 л. што изгореле во 1941 г. во Белград (НБС бр. 214) се достапни само во едицијата на Цонев. Именувано е според попот Добрејшо, најверојатно нарачувач на евангелието,… Continue reading ДОБРЕЈШОВО ЕВАНГЕЛИЕ

ДОБРИ ДОЛ

ДОБРИ ДОЛ – село во Гостиварско. Се наоѓа во Горни Полог, на преминот на шар Планина во Горнополошката Рамнина. Тоа се простира од двете страни на стариот пат ТетовоГостивар, на надморска висина од околу 580 м. Добри Дол е едно од најголемите села во Полошката Котлина. Населено е со Албанци, а нивниот број… Continue reading ДОБРИ ДОЛ

ДОБРОВОЛЕЧКИ ПОЛК

ДОБРОВОЛЕЧКИ ПОЛК – антикомунистичка и антимакедонска бугарска воена единица во Егејскиот дел од Македонија (1944), формиран со одлука на Бугарскиот клуб во Солун, Бугарско-македонскиот комитет и ЦК на ВМРО, составен од три баталјони (Костурскиот, Леринскиот и Воденскиот). Полкот учествувал во воените дејства против припадниците на грчкото комунистичко и македонското националноослободително движење. ЛИТ.: Историја на Македонскиот… Continue reading ДОБРОВОЛЕЧКИ ПОЛК

ДОБРОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ

ДОБРОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ -. најстаро кирилско четвороев., македонски ракопис од поч. на Ⅻ в. Се чува во три различни библиотеки: во РНБ – поранешна Публична библ. (ГПБ) во Санкт Петербург (183 л.), сигн ЉнИ 55; два негови дела се наоѓаат во библиотеката на манастирот „Св. Катерина” на Синај (со библиотечни ознаки 43 (23 л.) и 7/Н… Continue reading ДОБРОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ

ДОБРОХОТОВ, Александар

ДОБРОХОТОВ, Александар (Вилно, 19. Ⅲ 1909 – Скопје, 9. Ⅶ 1983) – балетски играч, педагог, кореограф. Балетското образование го стекнува на Театарската артистичка балетска школа во Бел-град. Станува член на Балетот при Народното позориште во Белград (1928). Првенец е со изразена музикалност и силен темперамент. Доаѓа во Скопје како шеф на Балетот, педагог и кореограф… Continue reading ДОБРОХОТОВ, Александар

ДОБРУН

ДОБРУН – средновековно утврдување во Демирхисарско или во Порече. По освојувањата на кралот Милутин во Македонија (1282 –1284), станало погранично утврдување меѓу Србија и Византија. лог кој од својот логор во Северна Пелагонија преземал напади на соседните погранични утврдувања што ги држеле Србите. ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки по повод воениот поход на Андроник Ⅲ во… Continue reading ДОБРУН

ДОГО, Марко

ДОГО, Марко (Падова, Италија, 1946) – италијански унив. професор, историчар, балканист, јужнославист и македонист. Почнува како асистент на Факултетот за општествено-политички науки во родниот град, потоа е професор на Факултетот за литература и филозофија, па во Институтот за средновековна и современа историја на Универзитетот во Трст. Научна преокупација му е подунавско-балканската и јужнословенската историја (ⅩⅠⅩ… Continue reading ДОГО, Марко

ДОГОВОР ВМРО КОСОВСКИ АЛБАНСКИ КОМИТЕТ

ДОГОВОР ВМРО – КОСОВСКИ АЛБАНСКИ КОМИТЕТ (1921) – договор за заедничко дејствување (20. Ⅻ 1921) потпишан со цел да се ослободи Македонија и да се изгради како самостојна држава во своите економски и географски граници, уредена како швајцарија; да се ослободи албанската провинција Косово и албанската област Чамурија и да им се обезбеди обединување со… Continue reading ДОГОВОР ВМРО КОСОВСКИ АЛБАНСКИ КОМИТЕТ

ДОГОВОР ГЛИГОРОВ АЏИќ

ДОГОВОР ГЛИГОРОВ АЏИќ (Скопје, 21. Ⅱ 1992) – договор меѓу претседателот на Република МакедонијаКиро Глигоров и генерал-полковникот Благое Аџиќ (заменик на сојузниот секретар за народна одбрана) за условите и обврските околу дислокацијата на ЈНА од територијата на РМ. Договорот предвидува завршување на дислокацијата до 15. Ⅳ 1992 г. Врз основа на Договорот, на 6. Ⅲ… Continue reading ДОГОВОР ГЛИГОРОВ АЏИќ

ДОГОВОРИ ТИТО ШУБАшИќ

ДОГОВОРИ ТИТО – ШУБАшИќ (1944) – договорите на Јо-сип Броз Тито, претседател на Националниот комитет за ослободување на Југославија и д-р Иван шубашиќ, претседател на Кралската југословенска влада. На 16. Ⅵ 1944 г, на о. Вис бил склучен првиот Договор за соработка, со застапување на Велика Британија. Кралската влада ја признала привремената управа воспоставена преку… Continue reading ДОГОВОРИ ТИТО ШУБАшИќ

ДОЖДОСВИРЦИ

ДОЖДОСВИРЦИ (Цхарадриидае) – фамилија на мали, до средно големи водни птици од редот бекасиновидни птици (Цхарадриформес), карактеристични за плавни подрачја и влажни ливади. Во Македонија се среќаваат 3 видови: речен дождосвирец (Цхарадриус дубиус), златоперест дождосвирец (Плувиалис априцариа) и калуѓерка (Ванеллус ванеллус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”,… Continue reading ДОЖДОСВИРЦИ

ДОЗОН, Огист

ДОЗОН, Огист (Лоуис-Аугусте-Хенри Дозон) (1822-1891) – француски книжевен историчар и дипломат, истражувач и преведувач на македонски епски народни песни на француски. Бил конзул во Солун, Јанина, Пловдив и во Бел-град. Посебно внимание им обрнал на јуначките и борбените песни, со осврт на дотогашните собирачи и истражувачи на народното творештво на јужнобалканските простори. Зел учество во… Continue reading ДОЗОН, Огист

ДОЈРАНСКА КОТЛИНА

ДОЈРАНСКА КОТЛИНА – котлина во крајниот југоисточен дел на РМ. Настанала со неотектонските движења на издигање и тонење во неогенот, по должината на раседните линии на Беласица од северозапад на која се наоѓаат неколку поистакнати врвови: Чатал Чешма и Тепе (1.474 м); ниската планина Даб (974 м) од запад; од исток ограноците на Круша Планина.… Continue reading ДОЈРАНСКА КОТЛИНА

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во крајниот југоисточен дел на РМ. Се наоѓа на н.в. од 148 м. Преку него поминува границата со РГ. Има типична елипсоидна форма, со должина во правец север–југ од 8,9 км и широчина во правец запад–исток од 7,1 км. Вкупната должина на брегот изнесува 26,5 км. Зафаќа површина 2 од… Continue reading ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

ДОЈЧИНОВ, Иван Христов

ДОЈЧИНОВ, Иван Христов (Димче шпанецот) (Гевгелија, 11. Ⅰ 1909 – Скопје, 29. Ⅰ 1991) – металски работник, интернационален комунистички деец, шпански борец и воен командант во НОАВМ. По Првата светска војна емигрирал во Аргентина и станал член на КПА (од 1932), член на Секретаријатот на КПА во Буенос Ајрес, член на Антиимперијалистичката лига на Аргентина,… Continue reading ДОЈЧИНОВ, Иван Христов

ДОКИЌ, Дејан Велимиров

ДОКИЌ, Дејан Велимиров (Скопје, 14. Ⅳ 1960) – интернист пулмолог-алерголог, редовен проф. на Мед. ф. (од 2003) во Скопје. Мед. ф., специјализација и супспецијализација завршил во Скопје, каде што и магистрирал (1988) и докторирал (1992). Бил директор на Клиниката за пулмологија и алергологија и уредник на ММП (2000-2001). Објавил 180 научни трудови. ИЗВ.: Билтен на… Continue reading ДОКИЌ, Дејан Велимиров