ГРУПЧЕ, Радмила (Белград, 1. Ⅷ 1927) – ботаничар, унив. професор. Основно и гимназиско образование завршила во Скопје (1946), а потоа се запишала на Групата по биологија на Универзитетот во Скопје. Дипломирала со одличен успех (1951) и е избрана за асистент на Земјоделскиот факултет. По докторирањето, во 1962 г. е избрана за доцент, во 1967 за… Continue reading ГРУПЧЕ, Радмила
Tag: Г
ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо (Охрид, 30. XI 1921 – Скопје, 31. Ⅶ 1994) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1974 г. до пензионирањето во 1987) по предмети од водоснабдувањето, канализацијата и санитарната хидротехника. Дипломирал во Белград (1950), работел во „Хидроелектропроект” и во ГП „Маврово”, а од 1954 г. на Универзитетот. Во 1972 г.… Continue reading ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо (Охрид, 30. Ⅻ 1927) – кустос-советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Работниот век во најголемиот дел го поминал на работното место кустос и директор (од 1959). По земјотресот во Скопје во 1963 г. со своите соработници ја изработува концепцијата за изградба и уредување на новата музејска зграда. Ги подготвува концепциите за… Continue reading ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо (Охрид, 30. XI 1921 – Скопје, 31. Ⅶ 1994) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1974 г. до пензионирањето во 1987) по предмети од водоснабдувањето, канализацијата и санитарната хидротехника. Дипломирал во Белград (1950), работел во „Хидроелектропроект” и во ГП „Маврово”, а од 1954 г. на Универзитетот. Во 1972 г.… Continue reading ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕ, Ристо (Охрид, 30. Ⅻ 1927) – кустос-советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Работниот век во најголемиот дел го поминал на работното место кустос и директор (од 1959). По земјотресот во Скопје во 1963 г. со своите соработници ја изработува концепцијата за изградба и уредување на новата музејска зграда. Ги подготвува концепциите за… Continue reading ГРУПЧЕ, Ристо
ГРУПЧЕВ Иќ , Коста Коче Ангелев
ГРУПЧЕВ Иќ , Коста Коче Ангелев. (Охрид, 1849 – Охрид, 1907) – слаткар-шеќерџија, национален деец, а потоа српски платеник. Бил син на преродбеникот Ангеле Групче, близок пријател со Григор Прличев, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент“ во Охрид (1885) и еден од организаторите на Македонскиот Коста Групчев(иќ) таен комитет во Софија (1885), од бугарските… Continue reading ГРУПЧЕВ Иќ , Коста Коче Ангелев
ГРУПЧЕВ, Иван
ГРУПЧЕВ, Иван (Охрид, 25. Ⅰ 1874 – Софија, 11. Ⅵ 1963) – учител, член на Охридскиот ОК на МРО. Ја завршил Егзархиската гимназија во Солун (1892). Член на МРО од 1894 г. Подоцна затворен и испратен на заточение во градот Синоп во Мала Азија (1903). По амнестијата, на крајот од 1904 г., се вратил во… Continue reading ГРУПЧЕВ, Иван
ГРУПЧЕВ, Лука Г
ГРУПЧЕВ, Лука Г. (Охрид, 19. Ⅹ 1874 – Софија, 30. Ⅶ 1947) – учител, учесник во Илинденското востание, струшки војвода. Завршил гимназија во Софија. Учителствувал во Ресен и во Охрид. Бил член на ТМОРО, учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). По конгресот бил секретар во четата на војводата Ј. Алулов, а потоа војвода на струшки Дримкол.… Continue reading ГРУПЧЕВ, Лука Г
ГРЧЕВ, Георги
ГРЧЕВ, Георги (Кратово, 1885 – с. Чичево, Велешко, 30. Ⅰ 1912) – велешки реонски војвода, потпоручник. Завршил воено училиште во Софија и добил чин потпоручник. Бил назначен за заменик на велешкиот војвода М. Атанасов. По неговата смрт бил велешки реонски војвода. Загинал во борба со османлиските војски (1912) меѓу селата Чичево и Подлес, Велешко. ИЗВ.… Continue reading ГРЧЕВ, Георги
ГРЧЕВ, Димитар
ГРЧЕВ, Димитар (Солун, 26. IX 1917 – Скопје, 15. Ⅴ 2006) – ел. инж., ред. проф. Раководител на Димитар Грчев Катедрата за ЕЦРП на ЕТФ во Скопје. Продекан на ТФ во Скопје, прв декан на ЕМФ и проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје. Еден од основоположниците на студиите по ЕЕ во РМ. Раководител… Continue reading ГРЧЕВ, Димитар
ГРЧЕВ, Леонид
ГРЧЕВ, Леонид (Скопје, 28. Ⅳ 1951) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., продекан на ЕТФ во Скопје. Раководител на Институтот за електротермија, на Центарот за електромагнетна компатибилност и на десетина меѓународни научноистражувачки проекти. Член на неколку работни групи на СИГРЕ во Париз за изработка на меѓународни препораки од областа на електромагнетната компатибилност… Continue reading ГРЧЕВ, Леонид
ГРЧЕВ, Мирослав
ГРЧЕВ, Мирослав (Скопје, 1. Ⅲ 1955) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1979), магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1982), а докторирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1988). Редовен професор е по предметот урбанистичко проектирање и реконструкција. Освен со педагошка дејност, се занимава и со научноистражувачка работа, со изработка на урбанистички… Continue reading ГРЧЕВ, Мирослав
ГРЧЕВ, Томе
ГРЧЕВ, Томе (Струмица, 1941) – професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и истражувач во подрачјето на електрохемијата. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1965), магистрирал на Технолошкиот факултет во Загреб, а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980). Имал повеќе студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969… Continue reading ГРЧЕВ, Томе
ГРЧЕВА, Ранка
ГРЧЕВА, Ранка (Скопје, 7. Ⅻ 1949) – преведувач, антологичар. Завршила Филолошки факултет во Скопје (германски јазик и литература). Професор на Филолошкиот факултет „Бл. Конески” во Скопје. Поважни преводи: Современи германски раскази (1976, со Д. Томовски); Австриската поезија на 20 век (1982, со Д. Томовски); Волшебниот рид, роман од Томас Ман (1987); Современа германска поезија (1994).… Continue reading ГРЧЕВА, Ранка
ГРЧЕВСКА, Ладислава Петрова
ГРЧЕВСКА, Ладислава Петрова (Скопје, 1. Ⅴ 1951) – интернистнефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1999). Додипломски студии на Мед. ф., специјализација и супспецијализација завршила во Скопје. Магистрирала во 1981, а докторирала во 1987 г. шеф е на Одделот за етноструктурна процена на Клиниката за нефрологија. Нејзини подрачја на истражување се имунонефропатиите и гломерулонефропатиите.… Continue reading ГРЧЕВСКА, Ладислава Петрова
ГРЧКА ПЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ГРЧКА ПЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (август 1908) – политичка организација во Македонија. Биле основани грчки политички клубови во поголемите центри: Солун, Сер, Мелник, Демир Хисар (Серско), Костур, Битола и Струмица, со непосредно ангажирање на грчките конзули и на свештенството на Цариградската патријаршија. Покрај клубовите, биле основани и еснафски и добротворни друштва за проширување на организациската мрежа за… Continue reading ГРЧКА ПЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ГРЧКИ ЈАЗИК
ГРЧКИ ЈАЗИК – индоевропски јазик од балкански тип, развиен од јазикот на индоевропските племиња, доселени кон крајот на 3 милениум пр.н.е. и јазикот на затеченото старобалканско и медитеранско население. По дешифрирањето на линеарното Бе (микенско) писмо развојот на г.ј. може да се следи врз писмени извори во текот на еден период од 3.500 години. Грчкото… Continue reading ГРЧКИ ЈАЗИК
ГРЧКИ ПРОЕКТ
ГРЧКИ ПРОЕКТ (1782) – проект на руската царица Катерина Ⅱ и на австрискиот император Јозеф Ⅱ. Катерина Ⅱ му испратила на австрискиот суверен проект за поделба на османлиската држава (1782). Преписката за тоа траела скоро десет години. Со проектот се предвидувало: од Влашко и Молдавија да се создаде независна држава Дакија со православен владетел; по… Continue reading ГРЧКИ ПРОЕКТ
ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА ВОЕНИ БАЗИ
ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА ВОЕНИ БАЗИ (Атина, 12. Ⅹ 1953). САД добиле право да градат, да развиваат и да користат воени бази; да стационираат воен персонал, вооружени сили и опрема под нивна контрола. Вооружените сили на САД добиле целосна слобода на движењето; користење на патиштата и на железниците, на воздушниот прос-тор и на територијалните води, ослободени… Continue reading ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА ВОЕНИ БАЗИ
ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА
ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА (Атина, 9. Ⅶ 1990) – договор со важност од 8 години. Владата на Република Грција ги овластила САД да раководат со воените објекти и од нив да преземаат мисии и активности за одбранбени цели и цели за поддршка. САД се обврзале на Грција да $ обезбедат одбранбена поддршка и… Continue reading ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА
ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ШТАБ
ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ШТАБ (1947) – заедничко грчко-американско воено раководство за борба против ДАГ. Со разгорувањето на Граѓанската војна во Грција (по повлекувањето на Велика Британија), САД во 1947 г. ја зголемиле воената и материјалната помош. Во Грција пристигнале воени советници на чело со ген. Џејмс фон Флит и бил формиран Грчко-американски штаб. Грчката војска била зголемена… Continue reading ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ШТАБ
ГРЧКО-БРИТАНСКИ КОНВЕНЦИИ ЗА ВОЕНА ОТШТЕТА НА ГРЦИЈА
ГРЧКО-БРИТАНСКИ КОНВЕНЦИИ ЗА ВОЕНА ОТШТЕТА НА ГРЦИЈА (1925). По барањата од Владата на Грција за надоместок за присуството на британските и на другите сили на Антантата на грчката државна територија на Македонскиот фронт (во приморскиот дел од Македонија) во времето на Првата светска војна на Балканот и во повоениот период, двете влади склучиле две конвенции… Continue reading ГРЧКО-БРИТАНСКИ КОНВЕНЦИИ ЗА ВОЕНА ОТШТЕТА НА ГРЦИЈА
ГРЧКО-БУГАРСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА МЕЃУСЕБНА РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЈА
ГРЧКО-БУГАРСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА МЕЃУСЕБНА РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЈА (1919). По потпишувањето на Мировниот договор (27. XI 1919) во Неј на Сена (Франција), наредниот ден (28. XI) Бугарија и Грција во Париз потпишале и одделна Конвенција за меѓусебна доброволна размена на етничките, јазичните и верските малцинства од двете држави. Со Конвенцијата Бугарија им давала на своите државјани… Continue reading ГРЧКО-БУГАРСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА МЕЃУСЕБНА РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЈА
ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА
ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА (1940 – 1941) – првата фашистичка воена агресија во периодот на Втората светска војна на Балканот. По првите воени успеси на почетокот на војната (1940), италијанската војска била принудена на повлекување длабоко во албанската територија. Грчката војска ја анектирала Јужна Албанија (Аргирокастро, Саранда, Москополе и други места) каде што, освен Албанците христијани (Тоски),… Continue reading ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА