ГРЧЕВ, Леонид

ГРЧЕВ, Леонид (Скопје, 28. Ⅳ 1951) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., продекан на ЕТФ во Скопје. Раководител на Институтот за електротермија, на Центарот за електромагнетна компатибилност и на десетина меѓународни научноистражувачки проекти. Член на неколку работни групи на СИГРЕ во Париз за изработка на меѓународни препораки од областа на електромагнетната компатибилност и заштита од атмосферски празнења. Ав-тор/коавтор на повеќе трудови во најпознатите ЕЕ списанија и на СИГРЕ, во кои дал значаен придонес за развојот на методите за анализа на транзиентните карактеристики на заземјувачките системи и на електромагнетната компатибилност. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” –Скопје, бр. 848, март 2004. Др. Р. Мирослав Грчев