ВЛАСИТЕ ВО Република Македонија -. етничка заедница во РМ. Тоа е романизирано население низ Балканскиот Полуостров (Грција, Бугарија, Македонија, Албанија и Србија). По вероисповед се православни христијани, познати под различни имиња: Власи, Куцовласи или Цинцари (поради честата употреба на фонемата ц), а самите се нарекуваат Ар’мни или Аромани. Тие не создале посебна етничка и политичка… Continue reading ВЛАСИТЕ ВО Република Македонија
Tag: В
ВЛАСИТЕ НА БАЛКАНОТ
ВЛАСИТЕ НА БАЛКАНОТ – романизирано, автохтоно население на Балканот, но има и мислења дека се населиле од Северен Балкан и од соседните европски земји. Името доаѓа од едно келтско племе, кое Римјаните го нарекувале Волцае, а Германите Њалхос, него го презеле Словените и Византија (Валахос). Биле именувани и: Влахоринхини, Цинцари, Моровласи (Морлаци), Куцовласи, Каравласи, Чичи,… Continue reading ВЛАСИТЕ НА БАЛКАНОТ
ВЛАСОВДЕН
ВЛАСОВДЕН (11. Ⅱ) – пагански (многубожечки) и христијански празник во чест на загинувањето на светецот Власиј (11. Ⅱ 316), заштитник на домашните животни, особено на запрежниот добиток, празник во чест на крупниот добиток. Содржи елементи поврзани со почитувањето на словенскиот бог Велес (в). Празникот се поврзува за заштита од болеста влас кај крупниот добиток. Според… Continue reading ВЛАСОВДЕН
ВЛАХОВ-МИЦОВ, Стефан Иванов
ВЛАХОВ-МИЦОВ, Стефан Иванов (Габрово, Бугарија, 6. Ⅱ 1956) – критичар, литератор, филозоф, преподавател на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, интелектуалец со повеќестрано образование и политолошка подготовка. По завршената математичка гимназија и високото образование по историја (профил балканистика), филозофија и реторика, докторирал со дисертација од областа на социологијата на политиката под наслов „Општење и претстави на… Continue reading ВЛАХОВ-МИЦОВ, Стефан Иванов
ВЛАХОВ, Густав Димитров
ВЛАХОВ, Густав Димитров (Истанбул, 18. IX 1912 – 16. Ⅰ Белград, 1991) – инженер технолог, воен и државно-политички деец, општественик и дипломат. Син на Д. Влахов, го следи животниот и семејниот пат на татко му (Варна, Софија, Приштина, Одеса, Киев, Женева и Софија). Основното училиште го завршува во Варна (1919–1923), средното во Виена (1932), а… Continue reading ВЛАХОВ, Густав Димитров
ВЛАХОВ, Димитар
ВЛАХОВ, Димитар (Кукуш, 8. XI 1878 – Белград, 7. Ⅵ 1953) – македонски револуционерен, културно-национален и општественополитички деец, економист, публицист и државник. Се школувал во родниот град, во Солун и во Софија, физичко-математичкото Димитар Влахов факултетско образование го завршил во Бугарија, Германија и швајцарија. Во учебната 1903/04 г. е учител во Солунската гимназија и кооптиран… Continue reading ВЛАХОВ, Димитар
ВЛАХОВ, Туше Христов
ВЛАХОВ, Туше Христов (Кукуш, 3. Ⅵ 1899 – Софија, 13. Ⅵ 1981) – историчар, публицист, заслужен деец на науката (1966), унив. професор, дописен член на БАН (1967) и херој на социјалистичкиот труд на НР Бугарија (1974). По Втората балканска војна, емигрирал во Бугарија (1913). Дипломирал историја на Софискиот универзитет (1926) и специјализирал во Берлин и… Continue reading ВЛАХОВ, Туше Христов
ВЛАХОВ, штерју
ВЛАХОВ, штерју (с. Оваја, Серско, 1884 – Петричко, IX 1924) – војвода на ВМРО. По Првата светска војна бил војвода во Горноџумајската околија, близок соработник на А. Василев. Поради замешаноста во убиството на Т. Александров, бил ликвидиран во времето на горноџумајските убиства во Петричко извршени од ВМРО на Ив. Михајлов. ЛИТ.: Атанас Џолев, Спомени. Премрежињата… Continue reading ВЛАХОВ, штерју
ВЛАХОВИЌ, Петар
ВЛАХОВИЌ, Петар (Слатина, Приеполе, ЦГ, 28. Ⅵ 1927) – етнолог, антрополог, унив. професор, истражувач на македонската етнологија и фолклор, академик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1952), а потоа како асистент (1955) докторирал на темата „Бродарево и његова околина” (1958) и бил избран за доцент (1959). Беше еден од основачите на Антрополошкото друштво на Југославија,… Continue reading ВЛАХОВИЌ, Петар
ВЛАХЧЕВА, Славјанка
ВЛАХЧЕВА, Славјанка (Штип, 1900 – Скопје, 4. Ⅳ 1988) – прва образована медицинска сестра во Македонија. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград (1924). Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борба против маларијата. Подоцна преминала на работа во Антитуберкулозниот диспанзер во Скопје. Има особена заслуга… Continue reading ВЛАХЧЕВА, Славјанка
ВЛАШКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ВЛАШКА ОРГАНИЗАЦИЈА (1909–1910) – организација на Власите во Македонија. Власите, признати за посебна „романска националност” (В 1905), по победата на Младотурската револуција и по воспоставувањето на уставното уредување (1908), се здобиле со право на политичко организирање. Една година потоа формирале прв свој клуб во Битола. Одржале собир на претставници на општините (23/24. Ⅶ 1909) и… Continue reading ВЛАШКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ВЛАШКИ, Иван Јосифов
ВЛАШКИ, Иван Јосифов (Берово, 30. Ⅵ 1929 – Скопје, 4. Ⅰ 1987) – хирург-уролог, доктор на медицинските науки, доцент на Мед. ф. во Скопје. Основач на модерната урологија, извршил први трансплантации на бубрези од жив донор и кадавер во РМ. Бил директор на Клиниката за урологија (1965–1987) и претседател на Здружението на уролози на СФРЈ… Continue reading ВЛАШКИ, Иван Јосифов
ВЛАШКО АВТОНОМИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ ЛЕГИЈА НА ВЛАСИТЕ
ВЛАШКО АВТОНОМИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ „ЛЕГИЈА НА ВЛАСИТЕ“ (1941–1943) – етнополитичко и оружено движење на Власите во Тесалија, од западниот Егејски дел на Македонија и во Северозападен Епир под водство на Алкивијадис Дијамандис, организирано со поддршка од дивизијата „Флори“ на италијанската окупаторска армија. Движењето прогласило (1941) создавање Влашко Кнежевство („Принципат на Власите“) под протекторат на Италија со… Continue reading ВЛАШКО АВТОНОМИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ ЛЕГИЈА НА ВЛАСИТЕ
ВЛЕКАЧИ
ВЛЕКАЧИ (Рептилиа) – најниско организирана класа на вистински копнени ’рбетници, во која се вклучени 4 реда (ред премосници – Рхѕнцхоцепхалиа; ред желки – Цхелониа или Тестудинес; ред крокодили – Цроцодилиа; ред лушпести влекачи – Сљуамата или Лепидосауриа со два подреда: подред гуштери (Лацертилиа или Сауриа) и подред змии (Опхидиа или Серпентес). Тоа се главно копнени… Continue reading ВЛЕКАЧИ
ВЛИЈАНИЕ НА ЕКОЛОШКИТЕ ФАКТОРИ ВРЗ ШУМСКИОТ ПОКРИВАЧ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЛИЈАНИЕ НА ЕКОЛОШКИТЕ ФАКТОРИ ВРЗ ШУМСКИОТ ПОКРИВАЧ ВО МАКЕДОНИЈА. Еколошки фактор претставува елемент од надворешната средина што врши директно дејство на изгледот, структурата и распространувањето на шумските фитоценози. Овие фактори се многубројни и најчесто се делат на климатски, почвени, релјефни и биотски. Релјефните фактори не се вклопуваат во оваа дефиниција, но сепак се издвојуваат, би-дејќи… Continue reading ВЛИЈАНИЕ НА ЕКОЛОШКИТЕ ФАКТОРИ ВРЗ ШУМСКИОТ ПОКРИВАЧ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЛИЈАНИЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ВРЗ ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
ВЛИЈАНИЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ВРЗ ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – промени во составот на националната економија предизвикани од индустријализацијата. Процесот на индустријализација донесе структурни промени во вкупната национална економија. Основна промена беше континуираното намалување на учеството на земјоделството (процес на деаграризација), наспроти зголемувањето на учеството на индустријата (процес на индустријализација). До почетокот на 1980 г., индустријата… Continue reading ВЛИЈАНИЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ВРЗ ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
ВМРО-ПРАВДА
ВМРО-ПРАВДА (1948-1985) – конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјална правда. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и… Continue reading ВМРО-ПРАВДА
ВМРО-СДРМА
ВМРО-СДРМА (Прилеп, почетокот на 1946-1947) – конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во Самостојна Држава Република Македонија (СДРМ) со поддршка од САД и од другите западни сили, под покровителство на Америка.… Continue reading ВМРО-СДРМА
ВНАТРЕШНАТА МИГРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ВНАТРЕШНАТА МИГРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА -. движење на населението од еден локалитет (населба, општина, регион) кон друг, со намера да се промени постојното место на живеење од најразлични причини. Пред и по Втората светска војна, внатрешната миграција во Македонија бележи интензивна територијална подвижност на населението под влијание на процесот на деаграризација и поради развитокот на неземјоделските… Continue reading ВНАТРЕШНАТА МИГРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ВОДЕН
ВОДЕН (Едеса) – град во егејскиот дел на Македонија, Грција со 19.800 ж. (2002 г.). Се наоѓа во подножјето на планината Веримон, на надморска висина од околу 430 м. Жителите се главно Македонци и потомци на грчки доселеници од Мала Азија. Под името Едеса бил прва престолнина на Филип Македонски. Од крајот на Ⅵ в.,… Continue reading ВОДЕН
ВОДЕН
ВОДЕН СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА – вид сообраќај, погоден за транспорт на стока, бил застапен кај нас во вид на сплаварење по реките, претежно за транспорт на дрва од шумите, како и на Охридското и Преспанското Езеро, главно за туристички цели. Повеќе од 150 години е стара идејата да се изгради пловен пат Дунав – Егејско… Continue reading ВОДЕН
ВОДИТЕ ВО Република Македонија
ВОДИТЕ ВО Република Македонија – ги формираат површинските протечни води (6,4 милиони м 3/г.), природните езера (Охридско, Преспанско и Дојранско, со вкупен волумен од 55,5 милијарди м3) и подземните води (неутврдени вкупни количини, 3 над 300 милиони м вода годишно понира во подземјето). Речните води се најважни, па со 3.200 лит-ри/жител годишно, Македонија спаѓа во… Continue reading ВОДИТЕ ВО Република Македонија
ВОДИЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ВОДИЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – семејни песни што се исполнуваат на празникот Богојавление – Водици. На првиот ден од празникот, што се именува и Машки Водици, по коледица одат само мажите. Тие пеат песни и собираат дарови, најчесто во прехранбени продукти, од кои подоцна кај кумот прават заедничка гозба. Нивните песни се гостински песни, што се… Continue reading ВОДИЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ВОДНА МАКРОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија
ВОДНА МАКРОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија – заедници на водни растенија, кои ги населуваат водните екосистеми (копнените води, морињата и океаните). Диверзитетот на зедниците од овој вегетациски тип е помал во однос на копнената вегетација бидејќи севкупните еколошки услови во водната средина се постабилни и поизедначени во однос на копното. Водната макрофитска вегетација на територијата… Continue reading ВОДНА МАКРОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија