ВИСОК РИД -. археолошко наоѓалиште, во атарот на напуштеното с. Букри, на десниот брег на Црна Река. Претставува тумба висока 3 м, со пречник во основата од 70 м. Во 1980 г. Музејот во Битола извршил пробно ископување при што, во културниот слој од 1,50 м биле најдени остатоци од двослојна населба со неколку интерни… Continue reading ВИСОК РИД
Tag: В
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РМ
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО Република Македонија – севкупност на институциите за образование на стручни кадри на вишите и високите школи, факултетите и академиите. Во Македонија високото образование се остварува во рамките на 4 универзитети – Скопје, Битола и Тетово (два), една воена академија (Скопје) и два теолошки факултета (православен и муслимански во Скопје). Организирано е на… Continue reading ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РМ
ВИСОКОПЛАНИНСКА МИКРОФЛОРА НА РМ
ВИСОКОПЛАНИНСКА МИКРОФЛОРА НА РМ. Податоци за алгалната флора на планинскиот регион постојат само за дијатомеите, каде што се забележани околу 570 таксони. Во високопланинсеместри. Заради дооформување Студенти во аулата на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје скиот регион (особено над 2000 м) доминантно се застапени алп-ски видови дијатомеи, карактеристични за северноевропскиот… Continue reading ВИСОКОПЛАНИНСКА МИКРОФЛОРА НА РМ
ВИСОКОПЛАНИНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ
ВИСОКОПЛАНИНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ. Ендемизмот претставува една од најзначајните карактеристики на флората на РМ, со присуство на 117 локални ендемити што се исклучиво ограничени на нејзината територија. Се развиваат на најразлични станишта – по високопланинските пасишта и камењари, по речните клисури, шумите, брдските пасишта и слично. Високопланинските ендемити се среќаваат речиси по сите… Continue reading ВИСОКОПЛАНИНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ
ВИТАНОВ, Васил
ВИТАНОВ, Васил (с. Бориево, Струмичко, 7. XI 1945) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1995) по предмети од областа на фундирањето, претседател е на Друштвото за геотехника на Македонија. Магистрирал во ИЗИИС, а докторирал на тема „Интеракција – почва – конструкција” (1997). Во поново време работи на иновирање на регулативата од… Continue reading ВИТАНОВ, Васил
ВИТАНОВ, Јордан
ВИТАНОВ, Јордан (Велес, 13. Ⅰ 1953) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1986). Од 1987 г. е член на Народниот театар во Велес, а од 1999 и директор на театарот. Улоги: Филоктет во истоименото дело, Дон Алонзо („Дон Жуан”); Орест („Електра”); Креонт („Антигона”); Антон Антонович („Ревизор”);… Continue reading ВИТАНОВ, Јордан
ВИТОЛИШТЕ
ВИТОЛИШТЕ – централна населба во Мариово. Се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, во западното подножје на планината Козјак, од двете страни на Витолишка Река на надморска висина од околу 800 м. Со Прилеп е поврзана преку современ асфалтен пат. Во минатото В. било големо село населено само со Македонци. Во 1961 г. во него… Continue reading ВИТОЛИШТЕ
ВИХИНГ, епископ
ВИХИНГ, епископ (лат. Ууицхинус) (? – ок. 899) – викарен епископ Нитрански. Потекнувал од Баварија. Ракоположен од папата Јован Ⅷ (872–882) за викарен епископ на Моравскиот архиепископ св. Методиј Солунски. Во почетокот тајно, а потоа јавно застанал против св. Методиј, користејќи лажни папски писма и обвиненија. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје,… Continue reading ВИХИНГ, епископ
ВИЦ
ВИЦ – кратка говорна творба која се одликува со духовитост и актуелност. Некогаш содржи двосмислено значење, од кое кажувачот и слушателот го прифаќа она што му одговара. Постојат повеќе групи, но најпопуларни се политичките и еротските вицеви. М. Кит.
ВИША ПЕДАГОШКА ШКОЛА
ВИША ШКОЛА ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА
ВИША ШКОЛА ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА (Скопје, 1965–1980) – основана со закон за школување кадри за физичко воспитание, спортска рекреација и стручна работа во спортските организации. Матичната комисија ги избрала за наставници: Томо Атанасовски, Ѓорѓи Боев, Катица Димова, Димче Јакимовски, Славко Матовски, Димитрија Поповски, Ан-дон Симовски, Стојан Трниниќ и Чедо шаревски, а во дополнителен работен однос… Continue reading ВИША ШКОЛА ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА
ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов
ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов (Банско, 1759 – ?, ок. 1815) иконописец и зограф, основоположник на Банската живописна школа. Со зографско образование се стекнал во Виена (ок. 1770). По враќањето бил наречен Молера според герм. Малер (живописец). Бил под влијание на Дебарската иконописна школа. Работел во Банско, во црквата „Покров Богородичен“ при испосницата „Св. Лука“ кај Рилскиот… Continue reading ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов
ВИШИ ШКОЛИ ВО РМ
ВИШИ ШКОЛИ ВО Република Македонија – вид високообразовни установи што не постојат во актуелниот образовен систем на РМ, но во минатото одиграле значајна улога во оспособувањето на виши стручни кадри за потребите на стопанството и на општествените дејности. Студирањето во нив траело 2 години (4 семестри). Првата ваква школа во Република Македонија била Вишата педагошка… Continue reading ВИШИ ШКОЛИ ВО РМ
ВИШИНСКИ, Борис
ВИШИНСКИ, Борис (Скопје, 6. Ⅵ 1929) – раскажувач, романсиер, драмски автор. Завршил Правен факултет во Белград. Бил уредник на списанијата „Културен живот” и „Македонска ревија”. Еден од најпреведуваните македонски автори, а и самиот голем афирматор на македонската литература во светот. Неговите романи и раскази осцилираат меѓу магичниот реализам и фантастиката. БИБ.: Сенки и жед, роман,… Continue reading ВИШИНСКИ, Борис
ВЛАДА
ВЛАДА – дарителка за изработка на фрескоживописот во црквата „Св. Петка” во с. Побужје (Скопско) во 80-тите г. на ⅩⅤ в. Нејзино дарение била претставата на апостол Павле. Подоцна (1500) црквата била повторно сликана од други зографи, но притоа било почитувано постарото сликарство. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Црквата „Св. Петка” во с. Побужје, „Зборник на Археолошкиот… Continue reading ВЛАДА
ВЛАДА
ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ Република Македонија – највисок орган на извршната васт и извршен орган на Собранието на РМ. Првата влада на ДФМ била избрана на Третото заседание на АСНОМ (14-16. Ⅲ. 1945) од страна на Народното собрание на Македонија, кое на тоа заседание се трансформирало од АСНОМ во НС. Во првиот состав неа ја сочинувале:… Continue reading ВЛАДА
ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ
ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ Република Македонија – највисок орган на извршната васт и извршен орган на Собранието на РМ. Првата влада на ДФМ била избрана на Третото заседание на АСНОМ (14-16. Ⅲ. 1945) од страна на Народното собрание на Македонија, кое на тоа заседание се трансформирало од АСНОМ во НС. Во првиот состав неа ја сочинувале:… Continue reading ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ
ВЛАДИСЛАВ ГРАМАТИК
ВЛАДИСЛАВ ГРАМАТИК – плоден книжевник од ⅩⅤ в. Податоци за животот само од неговите дела. Потекнува од Ново Брдо во Косово, живеел и работел во Жеглиговскиот крај, во ман. „Св. Богородица”, Матејче, на Скопска Црна Гора. Автор е на 4 огромни зборници со мешана содржина, сочувани во автограф, напишани калиграфски, главно со ситен полуустав на… Continue reading ВЛАДИСЛАВ ГРАМАТИК
ВЛАДОВ, Димитар
ВЛАДОВ, Димитар (Ресен, 1874 – Софија, 15. Ⅰ 1917) – лекар, револуционер. Како член на МРО (1894) пренесувал куфери со динамит од Варна во Македонија. На Ⅷ конгрес на Македонската емигрантска организација (Софија, април 1901) бил избран за член на ВМОК. Медицина завршил во Лион (1902). Бил реонски и школски лекар во Солун и Битола… Continue reading ВЛАДОВ, Димитар
ВЛАДОВА, Јадранка
ВЛАДОВА, Јадранка (Скопје, 20. Ⅳ 1956 – Скопје, 11. Ⅻ 2004) – раскажувач, романсиер, есеист, критичар, книжевен теоретичар, преведувач. Била доктор по филолошки науки и професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје по предметите светска книжевност и детска книжевност. Го уредувала списанието „Леттре интернатионале” (македонско издание). Била лектор по македонски јазик и литература на… Continue reading ВЛАДОВА, Јадранка
ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА – содржина на водната пареа во атмосферата. Таа индиректно влијае врз температурата на воздухот, ефикасно ја впива долгобрановата радијација на Земјата и го регулира интензитетот на противзрачењето на атмосферата. Таа содржи значително количество латентна топлина која со кондензацијата на водната пареа се ослободува. Се изразува како апсолутна влажност на воздухот,… Continue reading ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЛАИНА
ВЛАИНА – средновисока планина во источна Македонија која ја претставува источната рамка на Беровската Котлина и е гранична планина со Република Бугарија. Највисок врв е Кадиица (1.932 м). Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, палеозојски гнајсеви, гранитоиди и кредни варовници. Поради езерската состојба за време на плиоценот во пониските делови се наоѓаат плиоцени седименти… Continue reading ВЛАИНА
ВЛАКНОДАВНИ РАСТЕНИЈА
ВЛАКНОДАВНИ РАСТЕНИЈА – се одгледуваат за добивање влакно. Во светот, растителното влакно учествува со нешто над 70%. Се добива и семе богато со масло, кое се употребува за технички цели (бои, лакови, сапуни и др.), како и во авионската, автомобилската, електротехничката индустрија. Во медицината се користат за изработување завои, газа, вата. Се прават разновидни Созреан… Continue reading ВЛАКНОДАВНИ РАСТЕНИЈА
ВЛАСИЈ ЕПИСКОП СЕВАСТИСКИ, СВ
„ВЛАСИЈ ЕПИСКОП СЕВАСТИСКИ, СВ.” – убицирани остатоци од храмот на западната падина на ридот Исар во Штип. Црквата „Св. Власиј епископ севастиски“ се спомнува во старите извори и во литературата. Нејзин ктитор бил челникот Станислав, кој во 1377 г. ја приложил на светогорскиот манастир Хиландар. ЛИТ.: В. Петковић, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа,… Continue reading ВЛАСИЈ ЕПИСКОП СЕВАСТИСКИ, СВ