БУГАРСКО-ГЕРМАНСКОАВСТРОУНГАРСКА ВОЕНА КОНВЕНЦИЈА

БУГАРСКО-ГЕРМАНСКОАВСТРОУНГАРСКА ВОЕНА КОНВЕНЦИЈА (Плес, 24. Ⅷ / 6. IX 1915) – конвенција потпишана од началниците на генералштабовите Фон Фолкенхајм, Конрад и Ганчев. Со Конвенцијата врховните команди на армиите на трите сојузени држави се обврзале на заедничко воено дејствување против Србија, Бугарија со армија од четири пешадиски дивизии, под врховна команда на германскиот генерал-фелдмаршал Фон Мекезен.… Continue reading БУГАРСКО-ГЕРМАНСКОАВСТРОУНГАРСКА ВОЕНА КОНВЕНЦИЈА

БУГАРСКО-ГРЧКИ СОЈУЗ

БУГАРСКО-ГРЧКИ СОЈУЗ (16/29. Ⅴ 1912) – сојуз создаден со склучување на тајниот политички Договор за сојуз (официјално одбранбен) и Воената конвенција (22. IX / 6. Ⅹ 1912), потпишани во Софија. Договорните страни се обврзале да си даваат помош со сите расположливи вооружени сили во случај едната или двете да бидат нападнати од османлиската држава, како… Continue reading БУГАРСКО-ГРЧКИ СОЈУЗ

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДВОСОПСТВЕНИЧКИТЕ ИМОТИ НА ГРАНИЦАТА

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДВОСОПСТВЕНИЧКИТЕ ИМОТИ НА ГРАНИЦАТА (Софија, 25. Ⅷ 1947). Со не-Бугарскиот цар Борис Ⅲ во друштво со Хитлер го државите-потписнички го регулирале користењето на двосопственичките имоти од двете страни на бугарско-југословенската граница. Договорните страни се обврзале нивните надлежни органи да подготват списоци за двосопственичките имоти одделно за секое населено место во… Continue reading БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДВОСОПСТВЕНИЧКИТЕ ИМОТИ НА ГРАНИЦАТА

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА И ЗА ДРЖАВЈАНСТВО

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА И ЗА ДРЖАВЈАНСТВО (Софија, 27. Ⅷ 1947). Со Договорот бил воведен безвизен режим. За патување од едната во другата држава бил воведен специјален пасош со кој не можело да се патува во трети држави, издаван од министерствата за внатрешни работи со клаузула „важи за ФНРЈ”, односно „важи за Бугарија.”… Continue reading БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА И ЗА ДРЖАВЈАНСТВО

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНА ПОМОШ

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНА ПОМОШ (Асеновград, 27. XI 1947). Со него владите на НР Бугарија и на ФНР Југославија, претставувани од нивните претседатели Георги Димитров, односно Јосип Броз Тито, се обврзале на братска соработка и заедничка одбрана на територијалниот интегритет и на независноста (во случај на загрозување или агресија од трета држава),… Continue reading БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНА ПОМОШ

БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Од формирањето на бугарската држава во Ⅶ в. до почетокот на XI в. кога делови од Бугарија му припаѓаат на Самуиловото Царство, бугарските владетели се обидуваат да освојат делови од Македонија. Поголем дел од бугарските епархии се под јурисдикција на Охридската архиепископија с” до нејзиното укинување (1767). Во 1870 г. се… Continue reading БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БУГАРСКО-СРПСКА ТАЈНА СПОГОДБА

БУГАРСКО-СРПСКА ТАЈНА СПОГОДБА (Софија, 19. Ⅱ 1897) – спогодба за време на војната меѓу Грција и Турција, двете влади да не преземаат еднострана политичка или воена акција, без согласност на другата, што би можела да го наруши статус квото. Ис-то така се обврзале, до договореното разграничување на зоните на бугарските и српските интереси во МакедонијаContinue reading БУГАРСКО-СРПСКА ТАЈНА СПОГОДБА

БУГАРСКО-СРПСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОЈУЗ

БУГАРСКО-СРПСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОЈУЗ (Софија, 29. Ⅱ /13. Ⅲ 1912) – договор со важност до 31. Ⅻ 1920 год. Договорните страни се обврзале заемно да си гарантираат државна независност и територијален интегритет; да дејствуваат со сите свои расположливи сили во случај која било голема сила да окупира или само привремено да заземе дел… Continue reading БУГАРСКО-СРПСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОЈУЗ

БУГАРСКО-ТУРСКИ ДОГОВОР Цариград

БУГАРСКО-ТУРСКИ ДОГОВОР – Цариград (26. Ⅲ /8. Ⅳ 1904) – договор за нормализирање на меѓусебните односи влошени со Илинденското востание во Македонија. До влошување дошло по обвинувањата од Цариград за замешаност на Кнежевството за предизвикување на востанието. Со Договорот Владата на Кнежевството Бугарија се обврзала да го спречи создавањето револуционерни комитети и вооружени чети и… Continue reading БУГАРСКО-ТУРСКИ ДОГОВОР Цариград

БУГАРСКОТО ИМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

БУГАРСКОТО ИМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – прашање што е создадено од историјата и се користи од актуелната политика и стратегија до денеска. Се појавило во втората половина на IX в. со експанзијата на бугарската држава и воспоставувањето бугарска власт во Македонија (864), која се одржала повеќе од едно столетие. Особено во Византија, која на Бугарската држава… Continue reading БУГАРСКОТО ИМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

БУДИЛОВИЧ, Антон Семјонович

БУДИЛОВИЧ, Антон Семјонович (с. Комотово, Гродненска губ., Русија, 24. Ⅴ / 5. Ⅵ 1846 – С.-Петербург, 12/25. Ⅻ 1908) – историчар, филолог, публицист, унив. професор, словенофил. Го завршил Историско-филолошкиот факултет на С.-Петербуршкиот универзитет (1863–1867), магистрирал (1871) и бил на студиски престој за проучување на словенските наречја, литературата и етнографијата на словенските области во Германија, Австро-Унгарија,… Continue reading БУДИЛОВИЧ, Антон Семјонович

БУДИМОВСКИ, Драгољуб

БУДИМОВСКИ, Драгољуб (Скопје, 1. Ⅹ 1924 – Скопје, 6. Ⅵ 1994) – еден од основоположниците на македонското новинарство (1944). Учесник во НОБ од 1941, воен дописник на „Нова Македонија” од Сремскиот фронт во пролетта на 1945 г. Ја завршил Високата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ” во Белград. Главен и одговорен уредник на „Млад борец” (1945/49), на… Continue reading БУДИМОВСКИ, Драгољуб

БУЕ, Ами

БУЕ, Ами (Боуé, Ами) (Хамбург, Германија, 16. Ⅲ 1794 – Вослау, Австрија, 21. XI 1881) – француски и европски геолог. Од Буе потекнуваат првите пишувани геолошки податоци за геолошката градба на територијата на Македонија. Во периодот 1828–1870, во рамките на геолошките проучувања на европскиот дел од Отоманската империАми Буе ја ги опфатил и терените на… Continue reading БУЕ, Ами

БУЖАРОВСКИ, Димитрие

БУЖАРОВСКИ, Димитрие (Скопје, 8. Ⅷ 1952) – композитор, пијанист и музиколог. Освен како композитор, се пројавува и како изведувач, музиколог, педагог. Автор е на неколку десетини композиции за различни состави; еден од првите творци во Македонија кои ги прифатија и ги воведоа современите технички дострели и помагала во творештвото. Освен што се полистилистички, повеќето негови… Continue reading БУЖАРОВСКИ, Димитрие

БУЗАЛКОВ, Ристо

БУЗАЛКОВ, Ристо (Башино Се-ло, Велешко, 1927) – физиолог, унив. прфесор. Основно образование завршил во родното место и средно во Велес (1946). Истата година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје – група биологија. Дипломирал во 1951 г. Од први април истата година бил избран за асистент при Физиолошкиот завод на Катедрата за биологија. Докторирал во… Continue reading БУЗАЛКОВ, Ристо

БУЗЕВ, Трифун Петров

БУЗЕВ, Трифун Петров (псевд.: Трајко; Трпко) (Воден, 28. Ⅷ 1889 – Скопје, 23. Ⅵ 1966) – текстилен работник, печалбар во САД и учесник во шпанската граѓанска војна. Во времето на Балканските војни дезертирал од турската армија и преку Солун заминал во Њујорк. Таму станал активист и раководител во синдикалното движење, а потоа и член на… Continue reading БУЗЕВ, Трифун Петров

БУЈАН, Вељко Јосипов

БУЈАН, Вељко Јосипов ( Новска, Хрватска 22. Ⅱ 1905 – Скопје, 22. Ⅴ 1972) – спец. по судска медицина, гинекологија и акушерство. Редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основач на Институтот за судска медицина и криминалистика и шеф на Катедрата (од 1952) с” до пензионирањето. Студирал медицина и дипломирал во Берлин, а докторирал во… Continue reading БУЈАН, Вељко Јосипов

БУЈНОВ, Александар

БУЈНОВ, Александар (шумен, 27. Ⅷ 1879 – с. Добриниште, Благоевградско, 27. IX 1924) – деец на ТМОРО/ВМОРО и народен пратеник; Бугарин. Како член на ТМОРО (1903), бил комита во Скопско, член на Серскиот окружен револуционерен комитет (1905), член на ЦК на Народната федеративна партија (1908), избран за пратеник во Османлискиот парламент (1909) и пратеник во… Continue reading БУЈНОВ, Александар

БУКА

БУКА – издлабен голем трупец (олук) по кој се спроведува и паѓа вода од јаз во воденица. Ал. Анд.

БУКВАР

БУКВАР – основен учебник за читање и пишување, за запознавање на гласовите во јазикот и на нивните печатни и ракописни знаци. Во последните два века во Македонија се објавени поголем број вакви учебници. Најпрвин разлошкиот трговец од Банско Марко Теодорович (Везјов) го издаде учебникот „Первое ъченје хотџÃ»мљ ъчитисџ книгљ писмен» Славенскими, наз»ваемое Букварќ“ (Виена, 1792),… Continue reading БУКВАР

БУКВИЌ, Александар

БУКВИЌ, Александар (Белград, 1936 – 1985) – психолог, професор во Белград и во Скопје. Ги завршил студиите на Групата за психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1959). Работел на Институтот за применета психологија и ментална хигиена на Воено-медицинската академија и на Филозофскиот факултет во Бел-град (Одделение за психологија). По формирањето на Институтот за психологија на… Continue reading БУКВИЌ, Александар

БУКЕФАЛ

БУКЕФАЛ – легендарниот коњ на Александар Македонски со кој големиот војсководец ги извојувал сите победи. Единствено Александар, уште дете, успеал да го скроти дивиот коњ (Плутарх) и го нарекува Букефал. По победата над индискиот владетел Пор (326 г. од ст.е.) Александар во чест на својот славен коњ гради на р. Хидасп град Букефала. ЛИТ.: Плутарцх,… Continue reading БУКЕФАЛ

БУКЛЕВСКИ, Томе,

БУКЛЕВСКИ, Томе, (Кичево, 21 Ⅹ 1921) – првоборец и политичар. Како припадник на комунистичкото и работничкото движење, бил учесник во НОАВМ и член на КПЈ (1941), поради што бил затворен во Тирана ( Ⅳ 1942 – Ⅹ 1943). Подоцна бил секретар на ОК на КПМ за Кичевско, заменик политички комесар на баталјони и бригада. По… Continue reading БУКЛЕВСКИ, Томе,

БУКЛЕСКА, Калиопи

БУКЛЕСКА, Калиопи (Охрид, 28. Ⅻ 1966) – интерпретаторка на популарна музика, автор. Солопеење студира во Скопје, во класата на Благоја Николовски. На девет години победи на фестивалот Златно славејче. Во втората половина на осумдесеттите години од ⅩⅩ век е член на групата „Калиопи” со која учествува на фестивалите во Опатија („Лео”), Љубљана, Сплит („Да море… Continue reading БУКЛЕСКА, Калиопи