БОЈАЏИ, Дики (Охрид, 24. Ⅱ – 1939) – пливачки маратонец. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1970) и Виша педагошка школа во Скопје (1975). Бил член на ПВД „Охридски бранови”. Првак на Македонија во 17 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. Во маратонското пливање освоил први места на реката… Continue reading БОЈАЏИ, Дики
Tag: Б
БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов
БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов (Кратово, 14. Ⅻ 1876 – Скопје, 1950) – црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Бил учител во Струмица, Штип и во Тетово. Работел во Бачковскиот манастир и во Стара Загора, Бугарија. Од 1941 г. живеел… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов
БОЈАЏИЕВ, Драган
БОЈАЏИЕВ, Драган (Тетово, 18. Ⅱ 1930 – Охрид, 4. Ⅷ 1981) – музички публицист. Студира на Одделот за историја на музиката на Музичката академија во Љубљана (Д. Цветко). Дипломира на Теориско-наставничкиот оддел на ФМУ во Скопје. Соработник и долгогодишен главен музички уредник на Радио Скопје. Автор на прилози, коментари и критики во емисиите на Радиото… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Драган
БОЈАЏИЕВ, Константин
БОЈАЏИЕВ, Константин (Коце) (с. Бања, Разлошко, 21. Ⅴ 1880 – Софија, 19. Ⅳ 1938) – учесник во Илинденското востание, драмски војвода. Се школувал во егзархиската гиманзија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун. Во текот на 1902 година влегол во четата на Т. Давидов. Бил учесник во Илинденското востание и во Балканските војни како драмски војвода.… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Константин
БОЈАЏИЕВ, Тодор
БОЈАЏИЕВ, Тодор (Скопје, 25. XI 1948) – композитор, аранжер и пијанист. Своето композиторско деби го има на фестивалот во Суботица, Младина ‘72, со песната „Спомен мој далечен”. Како автор учествувал и на повеќе изданија на Скопскиот забавен фестивал, на кој добивал и награди (1975, со песната „Бакни ме”; 1976, „Те љубам”; 1977, „Кажи ми”). Учествувал… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Тодор
БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов
БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов (с. Кременица, Битолско, 11. Ⅴ 1939) – офталмолог. Медицина завршил во Скопје (1964), специјализирал офталмологија (1974) и работел како офталмолог на Очното одделение во Битола. Примариус станал во 1984 г., а докторирал во Нови Сад (1989). Автор е на повеќе од 80 стручни трудови и на книгите: „Здравството во Битола низ вековите”… Continue reading БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов
БОЈАЏИУ, Гонџа Агнеза Николова
БОЈАЏИУ, Гонџа Агнеза Николова (Мајка Тереза) (Скопје, 27. Ⅷ 1910 – Калкута, Индија, 4. IX 1997) – католичка мисионерка и хуманитарка. Завршила гимназија во Скопје и стапила во редот на Мајката Божја од Лорет (Нотре Даме де Лоретте) во Ирска (1928). Името Тереза го зела според истоимената француска светица. Наскоро отишла во Индија (1929) како… Continue reading БОЈАЏИУ, Гонџа Агнеза Николова
БОЈКО
БОЈКО – еден од дарителите за изработка на фрескоживописот во црквата „Св. Петка” во с. Побужје (Скопско) во 80-тите г. на ⅩⅤ в. Негово дарение била претставата на апостол Петар. Подоцна (1500) црквата повторно била сликана од други зографи, но притоа било почитувано постарото сликарство. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Црквата „Света Петка” во с. Побужје, „Зборник… Continue reading БОЈКО
БОЈКУ, Фејзи
БОЈКУ, Фејзи (Бојку, Фејзи) (с. Велешта, Струшко, 24. Ⅲ 1937) – писател, публицист и преведувач. Основно училиште завршил во родното место, а средно училиште, Педагошка академија и студии по албански јазик и книжевност во Скопје. Неколку години работел како учител во струшките села. Од 1970 г. работи како новинар и уредник во НИП „Нова Македонија“… Continue reading БОЈКУ, Фејзи
БОКСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
БОКСОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Прв го демонстрирал Стефан Ролев во Битола (1908) пред пашата, владиката и многубројната публика. Меѓу двете светски војни се одржани неколку бокс-мечеви во Битола (1936), Прилеп (1937) и во Скопје (1938). По Втората светска војна, првата боксерска секција е создадена од Страхил Андреевски во ЖСД „Победа” во Скопје, а подоцна и во… Continue reading БОКСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
БОЛВИ
БОЛВИ (Сипхонаптера = Апханиптера) – бескрилни инсекти со бочно сплескано тело. Задните нозе се приспособени за скокање. Усниот апарат служи за боцкање и за цицање. Имаат кратки антени. Мажјаците се обично поситни од женките. Ларвите се црвовидни, без нозе, поседуваат апарат за грицкање. Болвите живеат паразитски на топлокрвните животни и на човекот. Редот опфаќа околу… Continue reading БОЛВИ
БОЛЕН ДОЈЧИН
БОЛЕН ДОЈЧИН -. историски непозната личност во преданијата и во народната поезија, секогаш поврзана за Солун. Во песните тој е побратим на Марко Крале, со што, според своите потреби и желби, народните творци ги обединуваат дејствувањето и животните патишта на омилените народни јунаци. Во народните песни токму тој го ослободува Марка од азачката темница (Миладиновци,… Continue reading БОЛЕН ДОЈЧИН
БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. Болничката здравствена заштита во Македонија до втората половина на ⅩⅠⅩ век била слабо развиена. Во Битола веројатно најрано била изградена турска воена болница. Во градот имало најмалку три воени болници. Првата, наречена „Царска воена болница”, се претпоставува дека постоела од ⅩⅤⅠ век, а до 1844 г. била во близината на Градскиот стадион.… Continue reading БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
БОЛНО
БОЛНО – село во Ресенско. Се наоѓа на источните падини на планината Петрина, од двете страни на Болнска Река, на надморска височина од околу 900 м. Со Ре-сен е поврзано со локален асфалтен пат. Населено е со Македонци, а нивниот број е во постојано опаѓање. Во 1961 г. во Болно живееле 600 ж., а во… Continue reading БОЛНО
БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР
БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР – кирилички ракопис на псалтир со ко„Болоњски псалтир”, македонски ракопис (ⅩⅠⅠⅠ в.) ментар на Хесихиј Ерусалимски од 1240–1241 г., 264 л., Унив. библ. во Болоња, сигн. 2400 (Еџ Биб. С. Салв. 583). Во науката е познат од ⅩⅤⅠⅠ в. Препишан е од постара глаголичка предлошка (одделни глаг. букви, зборови и редови во текстот)… Continue reading БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР
БОМБОЛ, Даре
БОМБОЛ, Даре (Прилеп, 1. Ⅰ 1907 – Скопје, 5. XI 1966) – фармацевт, активен учесник во НОБ. Дипломирал на Фарм. ф. во Загреб (1935). Учесник во НОВ од 1941, а по Втората светска војна бил прв и долгогодишен директор на „Реплек”, претседател на Фармацевтското друштво, на Црвениот крст на Македонија и активист во други општествени… Continue reading БОМБОЛ, Даре
БОМБОЛ, Михаил
БОМБОЛ, Михаил (Битола, 1928 -Битола, 2005) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Техничкиот факултет на Универзитетот во Загреб. Работел во Ел. претпријатие –„Битола” за пренос и производство на електрична енергија во југозападниот дел на РМ. Бил технички директор на фабриката во изградба „Микрон” во Прилеп. Член на матичната комисија за основање… Continue reading БОМБОЛ, Михаил
БОМБОЛЕАРНИЦИ
БОМБОЛЕАРНИЦИ – работилници за изработување бомби и други експлозивни средства. Раководителите на МРО Гоце Делчев и Ѓорче Петров, со помош на еден Чех, во летото на 1896 г. во Софија ја отвориле првата самостојна бомболеарница. Во Одеса пролетта 1897 г. Гоце Делчев ангажирал двајца мајстори–леари на бомби и пиротехничари, со кои била формирана работилница, наречена… Continue reading БОМБОЛЕАРНИЦИ
БОНДРУК
БОНДРУК -. специфична монтажна дрвена конструкција што се употребува за изградба на разни типови и форми од станбени и стопански објекти. Се формира тарни организации. Бр. Н. Правење бомби и други експлозиви во илинденскиот период со специфично поврзување на вертикалните, хоризонталните и косите елементи. К. Гр.
БОНИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
БОНИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО – оценување на степенот на производствената способност (продуктивност) на одделни земјишни единици за земјоделско и шумарско производство во одделни територијални единици. Според Упатството за начинот на бонитирањето на земјиштето (Републичка геодетска управа на РМ, 1991), земјиштето погодно за земјоделско и за шумарско производство се распоредува во осум бонитетни класи и на соодветни… Continue reading БОНИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
БОНИФАЦИЈ МОНФЕРАТСКИ
БОНИФАЦИЈ МОНФЕРАТСКИ . (ок. 1150–1207) – маркиз од Монферат, главен водач на Четвртиот крстоносен поход, основач и владетел на солунската држава (1204–1207). По освојувањето на Константинопол не успеал да стане император на Латинското Царство. Потоа се упатил во Македонија, каде што основал крстоносна држава од западен тип со центар во Солун. Загинал во борба со… Continue reading БОНИФАЦИЈ МОНФЕРАТСКИ
БОНСАИ
БОНСАИ – во буквална смисла сад–дрво, односно дрво во саксија. Најкратко дефинирано, бонсаито претставува хармонична целина на коренот, стеблото и гранките од растението во композиција со саксија или на камен. Овој тип култура (вештина) потекнува од Кина уште од Ⅶ век, а веќе во XI век се практикува во Кореја и во Јапонија. На европскиот… Continue reading БОНСАИ
БОНФОА, Ив
БОНФОА, Ив (Тур, 24. Ⅵ 1923) – француски поет и есеист, преведувач. Студирал филозофија, историја и историја на уметноста. Неговата поезија е херметичка и тешка. Покрај тоа што е поет, значаен е и како критичар, автор Ив Бонфоа на есеи и студии од областа на книжевноста, сликарството и музиката. Голем познавач е и преведувач на… Continue reading БОНФОА, Ив
БОР-ДРВО
БОР-ДРВО . (род Пинус Л., фам. Пинацеае) – род со околу 80 зимзелени иглолисни вида во Северната хемисфера. Сите видови се дрвја со прави стебла и со пирамидален хабитус, со прешленест распоред на гранките врз кои се формираат долгорасти и кусорасти. Игличките по 2 до 5 во кусораст. Еднодомни и еднополни. Соплодието е шишарка со… Continue reading БОР-ДРВО