БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО САД . (Њујорк–Менхетен, 1912) – храм на Евреите иселеници од Битола. Заедницата имала повеќе од 1.000 членови (1915) и до ок. 2.000 членови (1919), со организирана Талмуд Тора со 150 ученици (1919). Битолски еврејски заедници и синагоги имало и во Рочестер (1906). ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе… Continue reading БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО САД
Tag: Б
БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ЧИЛЕ
БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ЧИЛЕ (Темуко, 1919) – храм на Евреите иселеници од Битола. Првиот иселеник бил кројачот Алберто Леви Аруесте (1900). Во 1919 г. била основана Центро Мацедоницо во Темуко, со повеќе од 40 еврејски семејства што воделе бизнис со трговија на текстил. Еврејската заедница е многу активна. ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а… Continue reading БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ЧИЛЕ
БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ
БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ . (тур. Манаст›р вилаѕети, 1873–1912) – административно-територијална единица во Османлиската Империја со седиште во Битола, формирана во 1873 г., со повремени територијални промени. Во почетокот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија.… Continue reading БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ
БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (август 1944 – ноември 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Учествувал во борбите за ослободување на Битолско, а потоа влегол во состав на Седмата македонска (битолска) НО бригада. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола,… Continue reading БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ” . (кај с. Лавци, Битолско, септември 1942 – Битолско, крајот на март 1943). Бил наречуван и Народноослободителна партизанска чета. Извршил напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица Српци–Беранци (10. XI 1942); поделен по групи, одржувал политички митинзи по битолските села (зимата 1942/43), а потоа влегол во состав на Битолско-преспанскиот… Continue reading БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР”. (над с. Лавци, Битолско, 22. Ⅳ – Ореовска Планина, кај с. Ореово, Битолско, 3Ⅴ1942). Бил формиран од 19 борци и вршел главно обука на борците. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција (2. В), наредниот ден бил опкружен и наполно разбиен, со 5 загинати борци, а преостанатите успеале да… Continue reading БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
БИТОЛСКИ НАТПИС
БИТОЛСКИ НАТПИС – значаен македонски епиграфски споменик од 1015–1016, откриен при рушењето на битолската Чауш-џамија (1956) и се чува во Битолскиот музеј. Натписот е издлабен врз правоаголна мермерна плоча и содржи вкупно дванаесет реда. Дел од текстот е оштетен, бидејќи плочата долго време била користена како праг при влезот на џамијата. Натписот е испишан по… Continue reading БИТОЛСКИ НАТПИС
БИТОЛСКИ ТРИОД
БИТОЛСКИ ТРИОД – македонски ракопис од Ⅻ в. Го пронашол Јордан Иванов во 1907 г. во Бугарското трговско претставништво во Битола, каде што бил доне-сен од околните села во 1898 г. Тој ги дава првите податоци за ракописот, а детален опис подоцна (1969) прави Христо Кодов во својот Опис на ракописите. Пишуван е на пергамент… Continue reading БИТОЛСКИ ТРИОД
БИТОЉСКЕ НОВИНЕ
„БИТОЉСКЕ НОВИНЕ“ (Битола, 1913–1915) – српски весник во Македонија. Главен уредник бил адвокатот Јоханан Мандил, а помошник-уредник шамуел-Самуило Алкалај. С. Мл.
БИТОСКИ, Крсте
БИТОСКИ, Крсте (с. Габреш, Костурско, 15. IX 1926 – Скопје, ?, 200?) – историчар, научен советник на Институтот за национална историја во Скопје. Завршил Филозофски факултет – Група историја (1956) и докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со дисертацијата „Дејноста на Пелагониската митрополија (1878– 1912)” (1965). На-учната кариера до пензионирањето ја минал… Continue reading БИТОСКИ, Крсте
БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера
БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера . (Охрид, 19. Ⅶ 1939) – археолог, унив. професор. Гимназија завршила во Охрид (1958), а дипломирала на Отсекот за археологија на Филозофскиот факултет во Загреб (1963). Од 1963 до 1972 г. работела како кустос по античка археологија и нумизматика во Народниот музеј во Охрид. Во тој период вршела ископувања во Охрид и… Continue reading БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера
БИТУМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ БИМ
„БИТУМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ БИМ“. – Свети Николе – фабрика за производство, пласман и вградување битуменски хидроизолациски материјали. Работи од 1957 г. Во 1976 г. е пуштена нова фабрика со 124 вработени, со капацитет од 25.000 тони изолациски материјали и асортиман од 100 производи. Приватизирана е од 1991 г. и оттогаш е акционерско друштво. Има сертификат ИСО… Continue reading БИТУМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ БИМ
БИЦЕВСКА, Кита
БИЦЕВСКА, Кита (с. Малино, Светиниколско, 10. Ⅱ 1946) – филолог, редовен проф. на Филолошкиот факултет (Катедра за славистика) во Скопје. Основно училиште и гимназија завршила во Свети Николе (1965), а Филозофски/Филолошки факултет (славистика) во Скопје (1969). Магистрирала на темата „Јазичните особености на Карпинскиот апостол“ (1977), а докторирала на темата „Правописни и фонетски особености во македонските… Continue reading БИЦЕВСКА, Кита
БИЦЕВСКИ, Петре Ристов
БИЦЕВСКИ, Петре Ристов (с. Горно Пожарско, Воденско, 19. Ⅹ 1939) – раскажувач, романсиер, фолклорист и сликар. Во времето на Граѓанската војна во Грција со семејството го напуштиле родното село и се доселиле во с. Ерџелија, Светиниколско (1948). Завршил средно земјоделско училиште во Струмица (1964) и Виша педагошка школа во Скопје (1968). Работел како наставник по… Continue reading БИЦЕВСКИ, Петре Ристов
БИЦЕВСКИ, Трпко Ристов
БИЦЕВСКИ, Трпко Ристов (с. Пожарско, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 5. Ⅲ 1938) – етномузиколог, мелограф и композитор, научен советник и истражувач на вокалната народна музика во Одделот за народна музика во Институтот за фолклор „Марко Цепенков” во Скопје, во пензија. Во времето на Граѓанската војна во Грција, заедно со семејството, преминал во НРМ. Основно… Continue reading БИЦЕВСКИ, Трпко Ристов
БИЧЕНА ГРАЃА
БИЧЕНА ГРАЃА – краен производ на пиланското производство. Со помош на технологијата на бичење од дрвото се изработуваат сортименти со различни напречни пресеци. Формите на бичената граѓа на напречниот пресек можат да бидат: четирирабни, полигонални, комбинирани и меркантилни. Овие четири форми по должина можат да бидат со паралелни рабови, со призматична и со конусна форма… Continue reading БИЧЕНА ГРАЃА
БИЏОВА-ГАЈДОВА, Васка
БИЏОВА-ГАЈДОВА, Васка (Прилеп, 26. Ⅵ 1924) – оперска певица – колоратурен сопран, првенка и една од првите солистки на Операта на МНТ. Соло-пеење учела кај П. Богданов-Кочко, Н. Кунели, П. Холотков и во Љубљана (Ј. Бетето). Постојан член на Операта и Балетот на МНТ (1948–1978). Во меѓувреме (1958) дипломира на Високата школа за музичка и… Continue reading БИЏОВА-ГАЈДОВА, Васка
БИШЕВ, Глигор Павлов
БИШЕВ, Глигор Павлов (Струмица, 5. Ⅳ 1958) – економист, банкар и унив. професор. Економски факултет (1976–1980) и постдпломски студии (монетарно-кредитна теорија и политика) завршил во Скопје (1980&1982) со магистерскиот труд „Понудата на пари во современата монетарна теорија” Глигор Бишев (1985) и ја одбранил докторската дисертација „Понудата и побарувачката на пари – случајот на Југославија” (1991).… Continue reading БИШЕВ, Глигор Павлов
БЛАГА РАКИЈА
БЛАГА РАКИЈА -. обред со зашеќерена топла ракија во свадбените обичаи, поврзани со првата брачна вечер и прославата на „чесноста на невестата”. Во неделата навечер или утрото во понеделникот невестата ги почестува свадбарите во домот на младоженецот, а обредни лица – деверот, свекрвата или младоженецот им носат блага ракија на родителите на невестата и на… Continue reading БЛАГА РАКИЈА
БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ
БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ – краткорочни хартии од вредност што ги издава НБРМ. Благајничките записи се продаваат по дисконтиран износ, а на денот на достасувањето се исплаќа нивната номинална вредност, при што разликата меѓу номиналниот и дисконтираниот износ ја претставува каматата што ја носат благајничките записи. Благајничките записи можат да се се издаваат со различни… Continue reading БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ
БЛАГОВЕЦ
БЛАГОВЕЦ (Свето Благовештение, Благоец, Благовест) – неподвижен или постојан христијански празник (25/7 април). Се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец прв ден Велигден”. Светото евангелие според Лука раскажува дека архангел Гаврил бил испратен од Бога да $ соопшти на девојката Марија од Назарет… Continue reading БЛАГОВЕЦ
БЛАГОЕВ, Борислав
БЛАГОЕВ, Борислав (Скопје, 1912 – Скопје, 23. Ⅰ 2009) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во Скопје (1930), а Правен факултет во Белград (1936). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Меѓународното регулирање на трудовите односи“ (1939). Избран за доцент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947), а потоа за доцент (1951)… Continue reading БЛАГОЕВ, Борислав
БЛАГОЕВ, Никола Попов
БЛАГОЕВ, Никола Попов (с. Ракита, Кајларско, 15. Ⅱ 1868 – Софија, 1944) – правник, унив. професор. Завршил класична гимназија во Битола (1889) и Правен факултет на Универзитетот во Белград (1894). Бил редовен доцент (1916-1925) и вонреден професор (1926-1934) по историја на бугарското и словенското право на Софискиот универзитет. Бил член на Македонскиот научен институт во… Continue reading БЛАГОЕВ, Никола Попов
БЛАГОЕВ, Спиридон
БЛАГОЕВ, Спиридон (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, РГр, 7. Ⅱ 1926 – Скопје, 2009) – правник и историчар. Завршил шестгодишно училиште во родното село на грчки јазик (1938), а подоцна се вработил во државно претпријатие (1940). По германската окупација на Грција (1941) станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа и член… Continue reading БЛАГОЕВ, Спиридон