БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Кумановско, 1. Ⅹ 1943 – 20. Ⅰ 1944) – орган на шта-бот на Петтата оперативна зона на НОВ и ПОМ, на кумановски дијалект. Бил умножуван на циклостил, а зачувани се само два броја. Во уводната статија од првиот број „Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија го бијат окупаторот, ослобаѓаат територија“ се коментира капитулацијата… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Скопје и Дебарца, септември 1942 – 1943) – орган на Главниот штаб на НОПОМ. Објавени се два двоброја на македонски јазик. Првиот двоброј е објавен во Скопје на циклостил, а вториот двоброј на слободната територија во Дебарца во Печатницата „Гоце Делчев“. Содржи написи за воено-политичката состојба во светот и кај нас, како и за… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ . (Скопје, јануари–април 1942) – орган на ПК на КПЈ за Македонија, на македонски јазик. Објавени се само два броја. Првиот број (јануари-февруари) бил печатен на техниката на ПК, а вториот број (март-април) во Печатницата „Гоце Делчев“. Уредник и автор на дел од написите бил Кочо Рацин. Написите информираат за политичката и за воената… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ . (Скопје, август–септември 1943) – орган на Поверенството на Гш на НОВ и ПОМ за подрачјето на Четвртата оперативна зона, на македонски јазик. Објавени се неколку броја, а сочувани се само првите два броја. Негов главен уредник бил Кузман Јосифовски-Питу. Меѓу другото, во првиот број е објавена и хроника на дејствувањето на една партизанска… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Скопје, јули 1940 – октомври 1940) – илегален орган на ПК на КП во Македонија, на македонски и на српски јазик. Излегувал еднаш месечно. Бил ум-ножуван на циклостилна техника. Објавени се вкупно четири броја. Тие ја рефлектираат политиката на КПЈ кон политичките и стопанските состојби (аграрното прашање, тутунот и сл.) во Македонија, но содржат… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ . (Скопје, ноември–декември 1934) – илегален орган на Обласниот секретаријат на КПЈ за Македонија, на српски јазик. Бил умножуван на машина за пишување со српска кирилица. Објавени се само четири броја. С. Мл.

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Тиквешко, јуни 1944 – Нова Пазова, мај 1945) – орган на штабот на Втората македонска НОУ бригада, на македонски јазик. Бил умножуван на циклостил, на зголемен број страници, со разни рубрики, од вести до крстозбори, ребуси и хумор. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 132-133.… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН НА РЕПУБЛИЧКИОТ ЗАВОД ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ШКОЛСТВОТО

БИЛТЕН НА РЕПУБЛИЧКИОТ ЗАВОД ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ШКОЛСТВОТО“ – информативно гласило на Заводот за унапредување и проучување на школството на НРМ/СРМ (1957– 1970). Првата година се отпечатени 8 броја, а од 1960 година излегува во 6 броја годишно. К. Камб. „Информативен Билтен“, орган на УКиМ во Скопје

БИМБИЛОВСКИ, Ристо

БИМБИЛОВСКИ, Ристо (Охрид, 1933) – маратонец во пливање во најтешкиот пеперутка стил. Дипломирал на Театарската академија во Љубљана (1963) и на Филозофскиот факултет во Загреб (1968). Во пеперутка стил препливал 20-тина различни дестинации на Охридското и на Преспанското Езеро во должина од по околу 20 км. Учествувал и на маратони во Египет, Италија, Либан и… Continue reading БИМБИЛОВСКИ, Ристо

БИОАКУМУЛАЦИЈА

БИОАКУМУЛАЦИЈА – процес на акумулација на одредена супстанција во биолошки систем. Краен продукт на биоакумулацијата е зголемена содржина на супстанцијата наречена биоакумулант во биолошките системи, споредено со околната средина (вода, воздух, почва). Биоакумулацијата може да се подели на биоконцентрација (внесена од неживата средина) и биомагнификација (внесена преку синџирот на исхраната). Св. К.

БИОДИВЕРЗИТЕТ

БИОДИВЕРЗИТЕТ – биолошка разновидност – разновидност на сите организми на глобал-но ниво, вклучително и генетскаПреживување и во сурови услови: диви зајачиња во шумскиот резерват „Јасен” та разновидност. Во поширока смисла, со овој поим се отсликуваат односите меѓу гените, видовите и екосистемите. Видовите ја заземаат централната позиција во концептот за биолошката разновидност, бидејќи гените се составен… Continue reading БИОДИВЕРЗИТЕТ

БИОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА

БИОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА – нема пишани докази за постоење на биолошката мисла во Македонија с” до ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век. Кон половината на ⅩⅠⅩ век се појавуваат првите ботанички и фаунистички трудови Фривалдскѕ (1835, 1834), А. Боуé (1840) и А.Грисебацх (1848). Ретките истражувачи, претежно поединци од соседните или од другите европски земји… Continue reading БИОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА

БИОМАСА НА НАДЗЕМНИ ОРГАНИ НА БУКОВИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОМАСА НА НАДЗЕМНИ ОРГАНИ НА БУКОВИ ЕКОСИСТЕМИ – ја сочинуваат сите надземни органи на растителните организми во буковиот екосистем (лисја, стебла, гранки, зеленести органи на тревести растенија). Големината на биомасата зависи од староста на буковиот екосистем. Просекот на биомаса изнесува 268,5 т/ха сува материја во горскиот буков екосистем. Во дабовите екосистеми, биомасата на надземните органи… Continue reading БИОМАСА НА НАДЗЕМНИ ОРГАНИ НА БУКОВИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОМАСА НА ПОДЗЕМНИ ОРГАНИ ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОМАСА НА ПОДЗЕМНИ ОРГАНИ ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ – варира во широки рамки. Во буковите екосистеми во Националниот парк Маврово изнесува 57 т/ха, а во дабовиот екосистем од плоскачи цер во Националниот парк Галичица изнесува 67 т/ха. Масата е составена од скелетни корени што ги држат стеблата исправени и од трофичен дел на корените, со кои… Continue reading БИОМАСА НА ПОДЗЕМНИ ОРГАНИ ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОСИСТЕМАТИКА

БИОСИСТЕМАТИКА – биолошка дисциплина што ја проучува разновидноста на живиот свет (растенијата, животните, микроорганизмите и габите), нивните сродствени односи, патиштата на нивната еволуција и ги систематизира во одредени класификациони системи. Биосистематските проучувања во Македонија се за почнати уште кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ век (Фривалдскѕ, 1835, 1836; Грисебацх, 1843, 1844 и други) и со различен интензитет… Continue reading БИОСИСТЕМАТИКА

БИРМИНГЕМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

БИРМИНГЕМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА – декларација за Југославија на Европскиот совет на ЕЗ за Југославија (16. Ⅹ 1992) која, во контекст на заканувачката човечка трагедија од широки размери на територијата на Југославија, се осврнува и на влошената економска ситуација во РМ и констатира потреба за преземање соодветни мерки за спречување на несаканите последици од санкциите на ОН… Continue reading БИРМИНГЕМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА

БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА – основано во 2002 г. во рамките на Министерството за економија за да се воведе национален систем на мерните единици со цел да се одговори на меѓународните обврски и да се заштитат интересите на граѓаните преку соодветна законска метрологија. Во лабораториите поседува најсовремена опрема за калибрација и верификација на мерните уреди. РМ… Continue reading БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА

БИРОКРАТИЈАТА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

БИРОКРАТИЈАТА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ -. општествен слој што го сочинуваат административните службеници на сите рамништа на државната организација. Бирократскиот слој во Македонија во периодот 1946-1990 година нагло се ширеше преку државниот и еднопартискиот апарат и доби значително висок статус во хиерархијата на општествениот престиж и привелегии. Неговото учество во вкупното население се движеше меѓу 7,5… Continue reading БИРОКРАТИЈАТА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

БИСАЛТИ

БИСАЛТИ – население што живеело во Бисалтија, западно и ис-точно од р. Стримон, северно од Амфипол. Нивното населување на источниот брег на Стримон се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар Ⅰ Македонски воⅤв. од ст.е. Нивни соседи се Едонците и Одомантите. Во 167 г. од ст.е. Б. биле припоени кон првата македонска об-ласт, која… Continue reading БИСАЛТИ

БИСАЛТИЈА

БИСАЛТИЈА – област во Македонија по долниот тек на р. Стримон. Населението Бисалти живее западно и источно од р. Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Стримон). Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар Ⅰ Македонски и… Continue reading БИСАЛТИЈА

БИСЕРНИЦА

БИСЕРНИЦА -. најмал жичен трзачки музички инструмент, со четири жици, вид тамбура што има улога на водач на главната мелодиска линија во рамките на музицирањето на тамбурашките оркестри. ЛИТ.: Дарагослав Девић, Етномузикологија, Ⅲ део, (скрипта), Београд, 1977, 192. Ѓ. М. Ѓ.