АМФИПОЛ – значаен антички град во областа Бисалтија, на утоката на р. Стримон. Сместен е во плодородна рамнина и со значајна стратегиска позиција. Основан е како атинска колонија, која Филип Ⅱ ја освојува во 357 г. пр.н.е. Градот станува еден од најзначајните македонски пристаништа на Егејското Море, центар за експлоатација на пангејските рудници (за злато… Continue reading АМФИПОЛ
Tag: А
АМФИТЕАТРАЛНИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА
АМФИТЕАТРАЛНИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА. Се одвивале во големите градови во рамките на античките театри по доаѓањето на Римјаните. Во Стоби и Скупи оркестрите служеле како арена, со подигање заштитна ограда или ѕид поставен во првиот ред од гледалиштето. Во Хераклеја, уште при градењето на театарот, била планирана двојната намена: за изведување театарски претстави и за… Continue reading АМФИТЕАТРАЛНИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА
АМФИТЕАТРОВ, Александар Валентинович
АМФИТЕАТРОВ, Александар Валентинович (Калуга, Русија, 1862 – Левант, Италија, 1938) – руски писател-романсиер (со собрани дела во 37 тома), политички публицист-патописец, четирипатен посетител на Македонија (со четири книги за неа и за Балканот), редактор-издавач на в. „Россия” и на сп. „Современникъ”, сибирски заточеник и постоктомвриски политички емигрант. Иако го завршил Правниот факултет во Москва, никогаш… Continue reading АМФИТЕАТРОВ, Александар Валентинович
АНАЕРОБЕН ЛАГУНАРЕН СИСТЕМ
АНАЕРОБЕН ЛАГУНАРЕН СИСТЕМ. Прв анаеробен лагунарен систем во Македонија за третман на отпадни води од сточарско производство е изграден од свињарската фарма лоцирана во близина на селото ’Ржаничино, Скопско. Системот се состои од четири земјени лагуни: една анаеробна, две факултативно-анаеробни и една акумулација. Со изградбата на системот се решава проблемот на загадување. Степенот на прочистување… Continue reading АНАЕРОБЕН ЛАГУНАРЕН СИСТЕМ
АНАЕРОБНИ ФУНГИ
АНАЕРОБНИ ФУНГИ – микроорганизми што живеат во отсуство на кислород издвоени од руменот на преживари во РМ. Анаеробните фунги во светот се изолирани во најмалку 19 земји од бројни преджелудечно и крајножелудечно ферментирачки хербиворни цицачи. Првичните резултати од истражувањата покажуваат дека и во нашата земја се присутни анаеробни фунги како составен дел од нормалната микрофлора… Continue reading АНАЕРОБНИ ФУНГИ
АНАЛФАБЕТИЗАМ
АНАЛФАБЕТИЗАМ – в. неписменост
АНАНИЕВ, Јован
АНАНИЕВ, Јован (с. Ратавица, ПробиШтипско, 29. Ⅷ 1947 – Струмица, 17. Ⅴ 2003) – археолог од Заводот и музеј во Струмица. Раководел со систематските истражувања и конзервација на термите во Банско кај Струмица (1978-2003) и со ископувањата на пространата некропола на комплексот Водочки цркви – „Св. Леонтиј” во с. Водоча кај Струмица Јован Ананиев (1979-2003).… Continue reading АНАНИЕВ, Јован
АНАНИЈ
АНАНИЈ (Цариград, ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (мај-јуни 1763). Како јеромонах, бил велик протосингел на Цариградската патријаршија. По смртта на архиепископот Јеремиј, неговиот избор за охридски архиепископ бил наметнат од цариградскиот патријарх Јоаникиј Ⅲ Караџа и востоличен во цариградската црква „Св. Георги”. Но охриѓани одбиле да го примат и веднаш бил разрешен. ЛИТ.: Иван Снегаров,… Continue reading АНАНИЈ
АНАРХИСТИЧКИ ГРУПИ И ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија
АНАРХИСТИЧКИ ГРУПИ И ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија – групи и кружоци што се појавиле пред крајот на ⅩⅠⅩ в. под влијание на анархизмот од Западна Европа и нихилизмот и анархизмот од Русија. Во 1898 г. од Женева се вратиле во Македонија Петар Манџуков и Славе Мерџанов и формирале анархистички кружоци во Солун од ученици од Солунската… Continue reading АНАРХИСТИЧКИ ГРУПИ И ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија
АНАСТАСИЈ Ⅰ
АНАСТАСИЈ Ⅰ . (ок. 430 – 518) – византиски император (491–518). Бил добар администратор и реформатор. Извршил реформи во монетарниот и во даночниот систем. Ги фаворизирал трговците и занаетчиите. Ги задушил побуните во Цариград (512) и во Тракија (513). За одбрана на Цари-град од нападите на варварските племиња, го подигнал т.н. Долг ѕид (512), кој… Continue reading АНАСТАСИЈ Ⅰ
АНАСТАСИУС, Михаил
АНАСТАСИУС, Михаил (Македонецот) (Негуш, 70-тите години на ⅩⅤⅠⅠ в. – Москва, 1725) – општественик, јеромонах. Студирал медицина во Хале. Поради знаењето на грчкиот и словенскиот јазик, помеѓу 1713 и 1715 г. бил ан-гажиран во Москва како 5-ти член на Комисијата за превод на Библијата на руски јазик. Се потпишувал: Анастасиус Мицхаелис Наусиус Мацедониус. ЛИТ.: Едуард… Continue reading АНАСТАСИУС, Михаил
АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван
АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван (Мелник, 1880 – 1905) – драмски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Илуменец, Петричко, каде што Гоце Делчев го вклучил во редовите на ТМОРО (1899) и дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета… Continue reading АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван
АНАСТАСОВ, Васко
АНАСТАСОВ, Васко (Кавадарци, 15. Ⅴ 1926) – еден од основоположниците на македонското новинарство. Во есента на 1942 г. го уредува илегалниот информативен „Билтен” и Радио весник за Тиквешкото подрачје. Во периодот 1945-1955 г. новинар на „Нова Македонија” и на Радио Скопје. Дипломирал на Новинарско-дипломатскиот факултет во Белград. Постојан дописник на „Нова Македонија” за Блискиот Исток… Continue reading АНАСТАСОВ, Васко
АНАСТАСОВ, Глигор
АНАСТАСОВ, Глигор (Кавадарци, 1877 – Софија, ?) – адвокат, пратеник. Завршил егзархиско основно училиште во Кавадарци, гимназија во Солун, а Правен факултет во Загреб (1902). Бил адвокат во Кавадарци и Скопје. По Првата светска војна бил околиски началник на Кавадарци, пратеник во Народното собрание на Кралството на СХС (1920–1927) за Тиквешкиот округ, дејствувал да формира… Continue reading АНАСТАСОВ, Глигор
АНАСТАСОВ, Иван Глигоров
АНАСТАСОВ, Иван Глигоров (Кавадарци, 23. Ⅶ 1908 – Скопје, 18. Ⅻ 1979) – унив. професор, радиолог. Мед. ф. завршил во Бел-град (1934), работел во с. Драчево (1935), а потоа во Хигиенскиот завод во Скопје. Специјализацијата по радиологија ја започнува во 1939 г. во Државната болница во Скопје, а ја завршува во 1942/43 во Софија како… Continue reading АНАСТАСОВ, Иван Глигоров
АНАСТАСОВ, Јордан
АНАСТАСОВ, Јордан (Кавадарци, 1893 – Софија, 10. Ⅹ 1976) – припадник на МЕФО и на ВМРО (Об). Основно училиште завршил во Кавадарци, а трети клас Духовна семинарија во Цариград (1912). По Првата светска војна бил член на Привремената комисија на македонската емиграција и на МЕФО. По Деветојунскиот преврат во Бугарија емигрирал во Париз (1923), бил… Continue reading АНАСТАСОВ, Јордан
АНАСТАСОВ, Родољуб
АНАСТАСОВ, Родољуб (Скопје, 25. Ⅱ 1935) – сликар, професор на Факултетот за ликовна уметност, еден од првите претставници на енформелот кај нас. Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград (1962). Поради вербален деликт бил затворен на Голи Оток (1963–1965). Бил член на меѓународната група Јуниј. Самостојно излагал во Скопје, Нови Сад, Белград, Љубљана, Сараево,… Continue reading АНАСТАСОВ, Родољуб
АНАСТАСОВИ
АНАСТАСОВИ – семејство од Крушево што се занимавало со зографство во текот на ⅩⅠⅩ в. Најстариот за кој се знае е Анастасиј Христов, чии потпишани икони во црквата „Св. Богородица” во с. Бела Црква кај Крушево датираат од 1826 г. Потпишувајќи се на грчки и на црковнословенски јазик, иконите на Анастасиј се следат до 60-тите… Continue reading АНАСТАСОВИ
АНАСТАСОВСКИ, Петар
АНАСТАСОВСКИ, Петар (Скопје, 16. XI 1930 – Скопје, 26. Ⅹ 2004) – физичар, ред. проф. (1979) на Техн.-мет. ф. Дипломирал (1959) и докторирал (1965) на ПМФ со темата „Феритна микробранова леќа со променливо фокусно растојание и Доплеровиот ефект со виртуелен извор на електромагнетно зрачење”. Специјализирал во шведската фирма Ериксон и на универзитетот во шефилд. На… Continue reading АНАСТАСОВСКИ, Петар
АНАУСАРО
АНАУСАРО – патна станица од римско време, забележана на Појтингеровата карта (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на оддалеченост од Ⅻ римски милји од станицата Аквас, на делницата од римскиот пат, кој водел од Скупи за Сердика. Се лоцира во близина на кумановските села Пчиња или Добрешане. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог за реконструкција на Табула Пеутингериана на… Continue reading АНАУСАРО
АНГЕЛАРИЈ
АНГЕЛАРИЈ (Цветко Крстески) (с. Долнени, Прилепско, 25. Ⅲ / 7. Ⅳ 1911 – Дреновска Клисура, 15. Ⅵ 1986) – архиепископ, втор по ред поглавар на Македонска православна црква. Од свештеничко семејство. Се школувал во Долнени и во Прилеп. Средното богословско училиште го завршил во Битола (1932) и веднаш бил ракоположен во чин ѓакон. Работел како… Continue reading АНГЕЛАРИЈ
АНГЕЛЕВСКИ, Томе Петров
АНГЕЛЕВСКИ, Томе Петров (с. Лавци, Битолско, 19. Ⅻ 1915 – Скопје, 9. Ⅱ 2001) – ветеринар, универзитетски професор. Докторирал на Вет. ф. во Белград (1955). Редовен професор и декан на Земјоделскиот факултет во Скопје. Објавил 86 научни и стручни трудови и две брошури. Носител е на „Партизанска споменица 1941”. М. Д. – Ј. Б.
АНГЕЛИ
АНГЕЛИ (1185–1204) – византиска фамилија и владејачка династија. Основач бил Константин Ангел, кој се оженил со најмалата ќерка на Алексиј Ⅰ Комнин. Неговиот внук Исак Ⅱ Ангел (1185– 1195) ја приграбил царската круна. По него, без некој поголем углед, владееле Алексиј Ⅲ (1195– 1203) и Алексиј Ⅳ (1203–1204). Михаил Ⅰ Ангел (1204–1214) ја основал епирската… Continue reading АНГЕЛИ
АНГЕЛКОВЦИ
АНГЕЛКОВЦИ – семеен род со потекло од с. Гари, кои се занимавале со зографство кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век. Најстариот од родот бил Ангелко и имал син Петар, чии пак двајца синови Спас и Доне (Андон) Петрови оставиле потомци кои се занимавале со овој занает во Македонија до 1938 г. Работеле… Continue reading АНГЕЛКОВЦИ