ВАЛАНДОВО, ИСАР

ВАЛАНДОВО, ИСАР – антички и средновековен градски центар на малото Валандовско Поле, во месноста Исар – Извор Св. Петар, 1 км северозападно од центарот на Валандово. Доминантен рид, јужен изданок на планинскиот срт Плавуш. Фортификацијата на градот се состои од два дела: висока северна акропола со приближно правоаголна форма (240 х 180 м, на површина… Continue reading ВАЛАНДОВО, ИСАР

ВАЛАНДОВСКА АФЕРА

ВАЛАНДОВСКА АФЕРА (1915) – бугарска воена провокација со македонски жртви и српски тортури. На 1/2. Ⅳ 1915 г., 3.000 бугарски војници, во чиј состав имало македонски врховистички, албански и турски чети, материјално помогнати и поттикнати од Австро-Унгарија и од Германија, ги нападнале и ги освоиле 15-те села во триаголникот Струмица, Валандово и Радовиш. Ја нападнале… Continue reading ВАЛАНДОВСКА АФЕРА

ВАЛОВИШТА

ВАЛОВИШТА (Сидерокастрон, Демир Хисар) – средновековно утврдување во северниот дел на Серската Котлина, северно од Сер, јужно од Рупелската Клисура. Имало големо значење во обезбедувањето на комуникацијата што врвела во правец север–југ, по реката Струма. Има зачувани остатоци. ЛИТ.: Георгии Ацрополитае Опера, И, рец. А. Хеисенберг, Липсиае, 1903. К. Аџ. Макс Ван дер штул

ВАН ДЕР ШТУЛ, Макс

ВАН ДЕР ШТУЛ, Макс (Маџ ван дер Стоел) (Воопшотен, Холандија, 3.Ⅷ 1924) – холандски политичар и меѓународен службеник. Министер за надворешни работи на Кралството Холандија (1973–1977; 1981–1982); прв Висок претставник на ОБСЕ за национални малцинства (1993-2000) со значаен ангажман во Република Македонија во процесот на остварување на правото на припадниците на албанското малцинство на високо… Continue reading ВАН ДЕР ШТУЛ, Макс

ВАНГЕЛИ, Жанета

ВАНГЕЛИ, Жанета (Битола, 2. IX 1963) – сликарка, истакната авторка на инсталации, видео и филмски проекти. Дипломирала на Државната академија за уметност во Франкфурт на Мајна (1988). Ја претставила Република Македонија на Венециското биенале (2003). Работи дела во духот на неоконцептуалата, обработувајќи содржини со сложен антрополошки карактер: Порта (1994), циклус Непрестајна желба за вечност (1998),… Continue reading ВАНГЕЛИ, Жанета

ВАНГЕЛОВ, Атанас

ВАНГЕЛОВ, Атанас (с. Богданци, Гевгелиско, 6. Ⅱ 1946) – писател – поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, преведувач, публицист, научен работник, универзитетски професор по теорија на литературата. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за југославистика. Тема на магистратурата: Артизмот и современата македонска литература (1977), а тема на докторската дисертација му… Continue reading ВАНГЕЛОВ, Атанас

ВАНГЕЛОВ,Димитар Јованов

ВАНГЕЛОВ,Димитар Јованов (с. Конопиште, Кавадаречко, 17. Ⅹ 1920 – Битола, 17. Ⅱ 1993) – спец. педијатар, учесник во НОБ. Дипломирал во Белград (1948), а педијатрија специјализирал во 1956 г. До пензионирањето (1985) работел во Битола како началник на Детското одд. и директор на Болницата. Во 1962 г. прв во Македонија, (заедно со соработниците) приме-нил ексангвино… Continue reading ВАНГЕЛОВ,Димитар Јованов

ВАНГЕЛОВА-СЛАВЈАНКА, Стерјана

ВАНГЕЛОВА-СЛАВЈАНКА, Стерјана (с. Добролишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1924) – деец на македонското и на грчкото комунистичко движење. Учествувала во Антифашистичкиот отпор (1941–1944). Во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949) била секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Костурско и Леринско и организационен секретар на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија. Во… Continue reading ВАНГЕЛОВА-СЛАВЈАНКА, Стерјана

ВАНГЕЛОВСКА, Стојна

ВАНГЕЛОВСКА, Стојна (Скопје, 5. Ⅱ 1964) – економист, кошаркар. Завршила Економски факултет во Сараево и Виша тренерска школа во Белград. Играла за пр-Стојна Вангеловска волигашките кошаркарски екипи „Студент” од Скопје (1983/84), „Партизан” од Белград, „Јежице” од Љубљана, „Панатенаикос” од Атина, и „Тиквеш-Флорида” од Кавадарци (1993/94), со кои освоила повеќе државни и куп првенства. Била репрезентативка… Continue reading ВАНГЕЛОВСКА, Стојна

ВАНДАСОВА СЕСЕЛИКА

ВАНДАСОВА СЕСЕЛИКА (Сесели вандасии Хаѕек) – локален ендемит во флората на Република Македонија од фамилијата Апиацеае (=Умбеллиферае) (штитоцветни растенија). Се развива по варовничките камењари и карпи во околината на ПрилепКозјак, Плетвар и Сивец. Вл. М. Билјана Ванковска

ВАНКОВСКА, Билјана

ВАНКОВСКА, Билјана (Скопје, 14. Ⅹ 1959) – универзитетски професор, политолог. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1982), магистрирала (1987) и докторирала на истиот факултет, на тема „Улогата на вооружените сили во политичкиот систем“ (1992). Избрана за асистент (1983), за доцент (1993), за вонреден (1998) и за редовен професор… Continue reading ВАНКОВСКА, Билјана

ВАНОВ, Димитрија

ВАНОВ, Димитрија (Скопје, 18. IX 1934) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1959). Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1978). Целиот работен стаж го развива на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде се здобил со звањето редовен професор по предметот Нацртна геометрија. Покрај со педагошката работа, се занимавал и со научноистражувачка… Continue reading ВАНОВ, Димитрија

ВАНОВСКИ, Бојан Јованов

ВАНОВСКИ, Бојан Јованов (Велес, 25. Ⅰ 1927) – спец. интернистгастроентерохепатолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал (1952) и специјализирал интерна медицина на Мед. ф. во Загреб. Од 1962 г. работи на Интерната клиника на Мед. ф. во Скопје. Од 1964 г. ја воведува дигестивната ендоскопија и е еден од нејзините основоположници. Објавил 249… Continue reading ВАНОВСКИ, Бојан Јованов

ВАПЦАРОВ, Борис

ВАПЦАРОВ, Борис (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 29. Ⅶ 1915 – Софија, ?) – политички активист, секретар на Обласниот комитет на БКП за Горноџумајска (Благоевградска) об-ласт, брат на поетот Никола Вапцаров. Заедно со брат му бил уапсен (4. Ⅲ 1942) и суден во процесот против Цола Драгојчева, Антон Ѓошев (Југов) и др., а потоа бил… Continue reading ВАПЦАРОВ, Борис

ВАПЦАРОВ, Иван

ВАПЦАРОВ, Иван (ЈОНКО) Проданичин (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 1861 – Софија, 21. Ⅰ 1939) – деец на македонското ослободително движење, војвода, татко на Никола и Борис Вапцарови. Член на ТМОРО (1896) и секретар на револуционерниот комитет во Банско (1901). Учесник во Илинденското востание (1903). По Востанието бил затворен во Солун и амнестиран по Младотурската… Continue reading ВАПЦАРОВ, Иван

ВАПЦАРОВ, Никола,Јонков

ВАПЦАРОВ, Никола,Јонков (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 24. XI 1909 – Софија, 23. Ⅶ 1942) – поет, драмски автор, критичар, патописец, публицист, општественик, револуционер. Роден во семејство на пројавен македонски комита. Обата родитела мајка му Елена и татко му Јонко биле од протестантска вероисповед, а тој, при женидбата со Бојка Димитрова преминал во православие. Се… Continue reading ВАПЦАРОВ, Никола,Јонков

ВАПЦАРОВА, Бојка

ВАПЦАРОВА, Бојка – публицистка, историчарка на литературата, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија, сопруга на поетот Н. Ј. Вапцаров. Завршила математика на Софискиот универзитет и едногодишна школа при Сојузот на бугарските журналисти. Со сопругот се запознала на соборот во с. Бараково (28. Ⅷ 1932) и стапиле во брак на 11. Ⅱ 1934… Continue reading ВАПЦАРОВА, Бојка

ВАРВАРА

ВАРВАРА – еден од поголемите христијански празници, посветен на светата великомаченица Варвара (17/4 декември). Обично се празнува со домашни служби. Тој ден се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите. Во некои краишта со овој празник е поврзан и обичајот полазник (полаза). ЛИТ.: Зорка Делиниколова, Обичаи… Continue reading ВАРВАРА

ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ. Бојка Вапцарова со сопругот Никола Вапцаров Бугарија започнува хистерична хајка против таканареченото „македонско присвојување” на Вапцаровото книжевно дело, па се врши пресија врз пројавената специфична македонска почит кон личноста и делото на Вапцаров што кулминира со бојкот на Струшките вечери на поезијата (1979), кога во програмските единици на овој меѓународен и прес-тижен поетски… Continue reading ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ.” – еднокорабна, гробишна црквичка во с. Ковач во Порече, североисточно од Кичево. Градена е од кршен камен и глина. Има делумно зачуван живопис, чии стилски крактеристики упатуваат на третата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в. ЛИТ.: Т. СмиљаниÊ, Кичевија, Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 328. М. М.

ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ.” – црква во с. Рајчица, во близина на Дебар. Би-ла метох на Бигорскиот манастир. Еднокорабна црква со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена од кршен камен и од малтер. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект. Зачувани се натписите испишани со старословенски… Continue reading ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ. Бојка Вапцарова со сопругот Никола Вапцаров Бугарија започнува хистерична хајка против таканареченото „македонско присвојување” на Вапцаровото книжевно дело, па се врши пресија врз пројавената специфична македонска почит кон личноста и делото на Вапцаров што кулминира со бојкот на Струшките вечери на поезијата (1979), кога во програмските единици на овој меѓународен и прес-тижен поетски… Continue reading ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ.” – еднокорабна, гробишна црквичка во с. Ковач во Порече, североисточно од Кичево. Градена е од кршен камен и глина. Има делумно зачуван живопис, чии стилски крактеристики упатуваат на третата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в. ЛИТ.: Т. СмиљаниÊ, Кичевија, Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 328. М. М.

ВАРВАРА, СВ

ВАРВАРА, СВ.” – црква во с. Рајчица, во близина на Дебар. Би-ла метох на Бигорскиот манастир. Еднокорабна црква со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена од кршен камен и од малтер. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект. Зачувани се натписите испишани со старословенски… Continue reading ВАРВАРА, СВ