ЧУРУЛИНЦИ

ЧУРУЛИНЦИ (Бурхинидае) – фамилија крупни, краткоклунести птици од редот бекасиновидни птици (Цхарадриформес). Во светот се познати вкупно осум видови, од кои само еден чурулин е присутен во Европа и кај нас (Бурхинус Чурулинец оедицнемус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас… Continue reading ЧУРУЛИНЦИ

ЧУЧЕР-САНДЕВО

ЧУЧЕР-САНДЕВО – село во Скопско. Се наоѓа во јужното подножје на планината Скопска Црна Гора, на надморска висина од околу 550 м. Со Скопје е поврзано со регионален асфалтен пат. Има 299 ж. од кои 117 се Македонци, 180 се декларираат како Срби и други (2). Населението се занимава со одгледување житни култури и лозарство.… Continue reading ЧУЧЕР-САНДЕВО

ЧУЧКОВ, Владо

ЧУЧКОВ, Владо (Свилајнац, 6. Ⅵ 1929 – Скопје, 15. Ⅹ 1997) – музички редактор и критичар. Своите студии ги оформува на Музичката академија во Љубљана. По доаѓањето во Скопје се вработува во МРТВ како музички уредник. Неговата главна преокупација е на планот на музичката критика. Почнувајќи од 1961 г., тој е музички критичар на весникот… Continue reading ЧУЧКОВ, Владо

ЧУЧКОВ, Ефрем

ЧУЧКОВ, Ефрем (Кратово, 21. Ⅺ 1870 – Софија, 1. Ⅹ 1923) – учител и револуционер, војвода. Се школувал во Солун (Ⅴ клас гимназија), во Софија (две години воено училиште), а го завршил Педагошкото училиште во Казанл’к (1896). Учителствувал во Пехчево и во Мелник. Од 1897 г. дејствувал нелегално во Кочанско, Кратовско и во Штипско. Бил… Continue reading ЧУЧКОВ, Ефрем

ЧУЧКОВ, Мане

ЧУЧКОВ, Мане (Емануил) Христов (Ново Село, Штипско, 14/27. Ⅺ 1901 – Скопје, 1. Ⅸ 1967) – македонски државник, унив. професор, општествено-политички и културно-национален деец. Основното образование го завршува во Штип, гимназијалното во Штип и Скопје, а високото (етнографија, антропогеографија и физичка географија) на Филозофскиот факултет во Белград и Скопје (1925). Излезен од револуционерно семејство, тој… Continue reading ЧУЧКОВ, Мане

ЧУЧУК

ЧУЧУК“ – македонско машко народно оро во метар 9/16 (2,2,2,3,). Најчесто се игра во Скопско со држење на рацете за рамо. Темпото е умерено брзо, со средни чекори на полустапалата. Обилува со потскоци, доскоци, ниски клекнувања и самостојни вртења. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977,188. Ѓ. М. Ѓ. Киро Чучуков-Себура

ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро

ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро (Велес, 25. Ⅲ 1919 – Речани, Велешко, 6. И 1943) – младински партиски активист пред војната, организатор на НОД во Велешко, првоборец. Веднаш по окупацијата собирал оружје, разнесувал партиски пропагандни материјали и вршел курирска работа во градот и околината. Еден од првите борци на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (од мај 1942) и учесник… Continue reading ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро

ЧУЧУЛИГИ

ЧУЧУЛИГИ (Алаудидае) – фамилија мали приземни птици-пејачки од редот врапчевидни птици (Пассериформес), од кои во Македонија се регистрирани 6 видови: дебелоклуна чучулига (Меланоцорѕпха цаландра), полска чучулига (Алауда арвенсис), шумска чучулига (Луллула арбореа), Полска чучулига цуцулеста или ќубеста чучулига (Галерида цристата), мала чучулига (Цаландрелла цинереа) и планинска чучулига (Еромопхила алпестрис). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес,… Continue reading ЧУЧУЛИГИ

ЧУШКАР, Боро

ЧУШКАР, Боро (Борис Чушкаров) (Куманово, 28. И 1916 – Скопје, 19. Ⅸ 1982) – комунистички де-Боро Чушкар ец, првоборец, политички раководител во НОАВМ и полициски генерал-мајор. Завршил учителска школа. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка (септември 1938) бил уапсен, а подоцна интерниран во Билеќа (јануари 1940). Бил член… Continue reading ЧУШКАР, Боро

ЏАЈКОВСКИ, Кирил

ЏАЈКОВСКИ, Кирил (Скопје, 25. Ⅹ 1965) – композитор и аранжер. Својата музичка кариера ја започнува во групата „Бастион“ (нејзин основач во 1983 г.). Настапувал како клавијатурист со „Леб Кирил Џајковски и сол“ (1986–1987). Автор на електронска музика. Особено се истакнал на полето на т.н. применета музика. Меѓу најзначајните творечки дострели што му донесоа меѓународна афирмација… Continue reading ЏАЈКОВСКИ, Кирил

ЏАМБАЗ, Даре

ЏАМБАЗ, Даре (Прилеп, 1. Ⅹ 1911 – Скопје, 27. И 1981) – фармацевт, борец, државник. Дипломирал фармација во Загреб (1935). Веднаш по окупацијата на земјата (1941) стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942–1943). По Втората Светска војна бил член на АСНОМ – на Третото заседание… Continue reading ЏАМБАЗ, Даре

ЏАМБАЗОВ, Александар

ЏАМБАЗОВ, Александар (с. Стапар, Војводина, 3. Ⅱ 1936) – диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград. Работел во МРТ, како диригент на Танцовиот и ревискиот оркес-Александар Џамбазов тар. Реализирал огромен број студиски снимки и концерти во живо. Како автор, покрај доминантниот придонес во сферите на т.н. популарна музика, создал голем број детски песни, го… Continue reading ЏАМБАЗОВ, Александар

ЏАМБАЗОВ, Игор

ЏАМБАЗОВ, Игор (Скопје, 15. Ⅶ 1963) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје (1987). Член на Драмскиот театар (1987–1992), а потоа во Драмата на МНТ (1992–2005). Настапувал и на филм, а остварил исклучителна естрадна кариера промовирана низ масовните медиуми. УЛОГ: Занек („Стапица“), Пит („Спасени“), Ацо шпирт („Чија си“), Џанго и… Continue reading ЏАМБАЗОВ, Игор

ЏАМБАЗОВСКИ, Климент

ЏАМБАЗОВСКИ, Климент (Охрид, 1919 – Белград, 27. Ⅸ 2006) – македонски историчар, архивист, академик. Основното образование го завршува во родниот град, а Учителската школа во Јагодина, Србија (1939). По кратко учителствување, ги завршува студиите по педагогија и историја на Софискиот универзитет. Избран е за асистент на Катедрата по педагогија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во… Continue reading ЏАМБАЗОВСКИ, Климент

ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА ИСХАК-БЕГ (АЛАЏА ЏАМИЈА) (Скопје, ⅩⅤ в.) – верски објект, споменик на културата. Подигната е од Исхакбег, вториот османлиски заповедник на Скопје. Позната е и под имињата Исхакија и Стара џамија, а називот Алаџа (шарена) го добила по богатиот декор со кој била украсена. Покриена е со купола, а другите делови и тремот со… Continue reading ЏАМИЈА

ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА КЕБИР МЕХМЕД ЧЕЛЕБИ (Скопје, 1469) – верски објект, споменик на културата. Подигната е од Мехмед Челеби, син на Исхак-бег, вториот османлиски заповедник на Скопје. Била покриена со купола, а со три мали куполи бил засводен и тремот. Имало имарет и училиште. Денес е со видно изменет изглед. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Кебир Мехмед Челеби… Continue reading ЏАМИЈА

ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА СУЛТАН МУРАТ (ХУНЌАР ЏАМИЈА) (Скопје, 1436) – верски објект, споменик на културата. Изградена е под ктиторство на султанот Мурат Ⅱ (1421–1451). Настрадала во пожарот од 1689 г., по што била реновирана. Има отворен трем кој се потпира на четири камени столба, а внатрешната декорација датира од почетокот на ⅩⅩ в. Во дворот има… Continue reading ЏАМИЈА

ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА ХАМЗА-БЕГ (Битола, крај на ⅩⅤⅠⅠ – поч. ⅩⅤⅠⅠⅠ) – реновирана во 1798 г. Димензиите $ се скромни, внатрешноста е декорирана со стилизирана орнаментика, со растителни и геометриски мотиви. ЛИТ.: Крум Томовски, Џамии во Битола, Годишен зборник на Техничкиот факултет, Ⅱ–2, Скопје, 1957; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османл› Мимар› Есерлери. Ѕугослав-ѕа, ллл цилд, 3.… Continue reading ЏАМИЈА

ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА ХАЏИ ДУРГУТ (ТУРГУТ) (Охрид, 1466) – верски активен објект. Изградена е врз темелите на црквата Св. Недела. Има квадратната основа со димензии 6,50 х 6,50 м. Реставрирана 1980 г. Позната е под името Крст џамија (на врвот од минарето има крст). ЛИТ.: Охрид и Охридско низ историјата, кн. втора, Скопје, 1978; Фехим Бајрактаревиќ,… Continue reading ЏАМИЈА

ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА ХУСИН-шАХ (с. Сарај, Скопско, сред. на ⅩⅤⅠ в.) – верски објект, споменик на културата. Изградена е од санџакбегот Хусеин-шах. Има квадратна основа засводена со купола, а денешниот изглед на тремот го добил по реставрацијата од земјотресот од 1963 г. Во дворот има шестострано затворено турбе, во кое е погребан ктиторот Хусеин-шах (1566/1567 г.).… Continue reading ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА ИСХАК-БЕГ

ЏАМИЈА НА ИСХАК-БЕГ (АЛАЏА ЏАМИЈА) (Скопје, ⅩⅤ в.) – верски објект, споменик на културата. Подигната е од Исхакбег, вториот османлиски заповедник на Скопје. Позната е и под имињата Исхакија и Стара џамија, а називот Алаџа (шарена) го добила по богатиот декор со кој била украсена. Покриена е со купола, а другите делови и тремот со… Continue reading ЏАМИЈА НА ИСХАК-БЕГ

ЏАМИЈА НА КЕБИР МЕХМЕД ЧЕЛЕБИ

ЏАМИЈА НА КЕБИР МЕХМЕД ЧЕЛЕБИ (Скопје, 1469) – верски објект, споменик на културата. Подигната е од Мехмед Челеби, син на Исхак-бег, вториот османлиски заповедник на Скопје. Била покриена со купола, а со три мали куполи бил засводен и тремот. Имало имарет и училиште. Денес е со видно изменет изглед. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Кебир Мехмед Челеби… Continue reading ЏАМИЈА НА КЕБИР МЕХМЕД ЧЕЛЕБИ

ЏАМИЈА НА СУЛТАН МУРАТ

ЏАМИЈА НА СУЛТАН МУРАТ (ХУНЌАР ЏАМИЈА) (Скопје, 1436) – верски објект, споменик на културата. Изградена е под ктиторство на султанот Мурат Ⅱ (1421–1451). Настрадала во пожарот од 1689 г., по што била реновирана. Има отворен трем кој се потпира на четири камени столба, а внатрешната декорација датира од почетокот на ⅩⅩ в. Во дворот има… Continue reading ЏАМИЈА НА СУЛТАН МУРАТ

ЏАМИЈА НА ХАМЗА-БЕГ

ЏАМИЈА НА ХАМЗА-БЕГ (Битола, крај на ⅩⅤⅠⅠ – поч. ⅩⅤⅠⅠⅠ) – реновирана во 1798 г. Димензиите $ се скромни, внатрешноста е декорирана со стилизирана орнаментика, со растителни и геометриски мотиви. ЛИТ.: Крум Томовски, Џамии во Битола, Годишен зборник на Техничкиот факултет, Ⅱ–2, Скопје, 1957; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османл› Мимар› Есерлери. Ѕугослав-ѕа, ллл цилд, 3.… Continue reading ЏАМИЈА НА ХАМЗА-БЕГ