ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана на 7. Ⅸ 1944 г. во с. Лисиче, Велешко. Во нејзиниот формациски состав влегле 3., 8. и 12. македонска бригада. Во втората половина на ноември имала 4.136 борци и старешини. Од средината на октомври 1944 г. влегла во составот на ⅩⅤⅠ корпус на НОВЈ.… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944– 1945) – воена единица формирана во с. Црноец, Битолско, на 10. Ⅸ 1944 г. Во нејзиниот формациски состав влегле 5. и 7. македонска бригада и Битолско-преспанскиот НОПО. Во почетокот на октомври 1944 г. била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и 2. македонска бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана во с. Пласница, Кичевско, на 28. Ⅸ 1944 г. Во нејзиниот формациски состав влегле 1., 6. и 15. македонска бригада и 4. албанска (шиптарска) бригада. Во средината на октомври влегла во составот на ⅩⅤ корпус на НОВЈ. Учествувала во ослободувањето на Охрид (7. Ⅸ)… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана во с. шешково, Кавадаречко, на 25. Ⅷ 1944 г. Во формацискиот состав влегле 2., 9. и 10. македонска бригада, подоцна и 11. македонска бригада. Од средината на октомври 1944 г. влегла во состав на ⅩⅤ корпус на НОВЈ. Водела борби во Тиквешко, во Повардарјето,… Continue reading ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА ДИМИТАР ВЛАХОВ

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 главно младинци од Беровско, Делчевско, Кочанско, Радовишко и Штипско и влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Водела борби против германските сили кај Виница, Градец… Continue reading ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА ДИМИТАР ВЛАХОВ

ЧЕТНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ЧЕТНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (ДРАЖИЌЕВЦИ) (1941–1944) – военополитичка организација што имала цел да се врати стариот српски кралски поредок во Македонија. Започнала да се формира од 1941, а поорганизирано во 1942 г. Нивната стратегија во Македонија била да собираат известувачки податоци за воените и политичките состојби на теренот, кои потоа се дистрибуирале до главниот пункт… Continue reading ЧЕТНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ЧЕШМЕЏИЕВ, Јосиф

ЧЕШМЕЏИЕВ, Јосиф (Скопје, 8. Ⅶ 1890 – Софија, 28. Ⅳ 1964) – композитор и фолклорист. Се школувал во Скопје, Куманово, Солун и во Цариград. Во Солун бил ученик на Атанас Бадев. Првите музички композиции ги создал во Цариград, во почетокот на ⅩⅩ в. Краток период учителствувал во Скопје, а во 1909 г. заминал во Лајпциг,… Continue reading ЧЕШМЕЏИЕВ, Јосиф

ЧИМЕВ, Владо

ЧИМЕВ, Владо (с. Клисура, Горноџумајско 6. Ⅷ 1915 – Горна Џумаја, 20. Ⅷ 1942) – учесник во НОД во Пиринскиот дел од Македонија. Бил член на Окружниот комитет на БРП. Пред да биде уапсен (Ⅸ 1941), заминал во партизани. Со Гроздан Николов, Станке Лисичков, Стојне Лисијски и Станој Крекмански ја формирале првата партизанска чета во… Continue reading ЧИМЕВ, Владо

ЧИНГО, Живко

ЧИНГО, Живко (с. Велгошти, Охрид, 13. Ⅷ 1935 – Охрид, 11. Ⅶ 1987) – раскажувач, романсиер, драмски автор, новинар. По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работи како професор во Гимназијата во Борците на Четиринаесеттата македонска народноослободителна младинска ударна бригада на пат за Сремскиот фронт (1945) Охрид, а потоа како новинар во повеќе редакции во… Continue reading ЧИНГО, Живко

ЧИНГОВСКИ

ЧИНГОВСКИ (ЧИНГО), Пецо Ташков (псевд. Арсо) (Корча, Албанија, 7. Ⅳ 1917 – Скопје, 24. Ⅳ 2000) – шнајдер, комунистички деец и борец. Како печалбар во Белград, зел учество во акциите на Урсовите синдикати, поради што бил уапсен (1939). По Априлската војна (1941) се вратил во Кичево, станал член на КПЈ (од октомври 1941), на МК… Continue reading ЧИНГОВСКИ

ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИНГОВСКИ, Јонче (1926 – 1983) – кустос-советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Најголемиот дел од работниот век го минал во Природонаучниот музеј на работното место ентомолог и раководител на Ентомолошкото одделение. Објавил повеќе научни трудови од областа на ентомологијата, во кои обработува повеќе од педесет видови растителни оси (Сѕмпхѕта) во Македонија. Во неговото… Continue reading ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИПАН, Борис

ЧИПАН, Борис (Охрид, 27. Ⅲ 1918) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград (1941). Покрај со педагошката дејност (предавал Проектирање и општествени згради) се занимава и со конзервација на градителското наследство (бил прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата), со… Continue reading ЧИПАН, Борис

ЧИПОВ, Андреја

ЧИПОВ, Андреја (с. П’тели, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 1904 – Скопје, 25. Ⅶ 1955) – припадник на Македонското националноослободително движење, деец на ВМРО(Об). Учесник во НОБ и во Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Од 1933 г. бил организатор и раководител на ВМРО(Об) во Егејскиот дел на Македонија. Во 1935 г. бил член на ЦК… Continue reading ЧИПОВ, Андреја

ЧИСТЕЦ, БАБУНСКИ

ЧИСТЕЦ, БАБУНСКИ (Стацхѕс бабуненсис Мицевски) – локален ен-демит во флората на РМ од фамилијата Ламиацеае (устоцветни растенија). Се развива на варовнички карпи, во клисурата на р. Бабуна–Пешти. Опишан е од познатиот македонски флорист, таксоном и фитоценолог акад. Кирил Мицевски. Вл. М.

ЧИСТЕЦ, МАКЕДОНСКИ

ЧИСТЕЦ, МАКЕДОНСКИ (Стацхѕс мацедоница Мицевски) – локален македонски флористички ен-демит од фамилијата Ламиацеае (Лабиатае) (устоцветни растенија), опишан од акад. Кирил Мицевски. Познат за Мариово и клисуМакедонски чистец рата на реката Вардар кај Демир Капија. Вл. М.

ЧИФТЕ АМАМ

ЧИФТЕ АМАМ . (Скопје, Стара Чаршија, сред. на ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Изграден од Иса-бег, третиот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Спаѓал во типот двојни амами (со машки и женски дел), затоа бил наречен Чифте (двоен). Престанал да функционира ок. 1916/1917. Во објектот е сместена уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ,… Continue reading ЧИФТЕ АМАМ

ЧИЧОКА

ЧИЧОКА (Хелиантус туберосус) – многугодишно клубесто растение. Потекнува од Северна Америка. Кај нас е пренесено во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се одгледува заради клубените, кои имаат висока хранителна вредност: содржат јаглени хидрати (17%), витамини А, Д и С и инсулин, кој е важен за исхраната на дијабетичарите. Се одгледува слично како компирот, се сади на… Continue reading ЧИЧОКА

ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Димитар (Прилеп, 1902 – Скопје, мај–јуни 1945) – член на ММТРО, ВМРО И МПО. Студирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и во судскиот Студентски процес во Скопје (1927) бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна со Д. Ѓузелов ја претставувале граѓанската опозиција, која се застапувала… Continue reading ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи (Прилеп, 1875 – Битола, 1923) – лекар. Медицина завршил во Лозана (1906), а потоа во Битола отворил приватна ординација. Во Балканските и во Првата светска војна бил мобилизиран во српскиот санитет и работел во повеќе градови низ Македонија и во Србија. Во 1918 г. се вратил во Битола, болен од туберкулоза, но продолжил… Continue reading ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Јордан

ЧКАТРОВ, Јордан (Прилеп, 1898 – Скопје, 1946) – член на ВМРО и на Студентското друштво „Вардар“ во Софија. Во 1924 од ЦК на ВМРО бил испратен во САД за да ги организира иселеничките македонски друштва. Од 1924 до 1927 бил секретар на Сојузот на МПО и главен редактор на неговиот орган „Македонска трибуна“. Од 1928,… Continue reading ЧКАТРОВ, Јордан

ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНКОНОГИ (Артхропода) – организми чие тело е составено од голем број делови (членчиња). Според бројот на претставниците, типот членконоги доминира во животинскиот свет. Според некои автори, нивната бројност е над 1.500.000 видови. Ги населуваат сите животни средини (водна, копнена и воздушна). Нивната голема адаптивна радијација условила широко распространување, од северниот до јужниот пол, од најдлабоките… Continue reading ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ. По монетарното осамостојување, РМ вложува напори да обезбеди автоматски прием во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и во Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), како наследничка на членството на СФРЈ во овие институции. Како резултат на овие активности, на 21. Ⅳ 1993 г. Македонија официјално е примена… Continue reading ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ – процес на зголемување на човековиот избор во поглед на способностите (можностите) човекот да води долг и здрав живот, да биде добро образован и да има пристоен животен стандард. Концептот на човековиот развој за прв пат е ви. Концептот сугерира дека не постои автоматска врска меѓу растот на реалниот бруто домашен производ и… Continue reading ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ