ТУТУН

ТУТУН (Ницотиана табацум Л.)– се одгледува поради листовите, кои по сушењето, манипулацијата и ферментацијата служат како основна суровина за изработка на разни тутунски преработки наменети за уживање. Се консумира претежно со пушење (цигари, цигарилоси, пури, тутун за луле, тутун за виткање), а многу малку со шмркање (бурмут) или со џвакање. Се ужива поради физиолошкото дејство… Continue reading ТУТУН

ТУФЕКЏИЕВ, Наум

ТУФЕКЏИЕВ, Наум (Ресен, 29. Ⅵ 1864 – Софија, 26. Ⅱ 1926) – трговец од Македонија во Софија, припадник на врховистичката организација, потпретседател на ВМК (1895). По убиството на С. Стамболов се засолнил во Одеса. По Младотурската револуција дошол во Македонија. Бил близок со младотурските раководители Нијази-бег и Енвер-бег. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Делчев, Спомени, Документи,… Continue reading ТУФЕКЏИЕВ, Наум

ТУЏАРОВ, Душан

ТУЏАРОВ, Душан (Струмица 3. Ⅹ 1930) – фармацевт, основоположник и директор на веледрогеријата „Реплек–Македонијалек“ и претседател на Здружението на веледрогерии на Југославија. Основач на Фармацевтската комора на Македонија и нејзин претседател (1992–1996); еден од спонзорите за изградба на Фарм. ф. во Скопје. Основач на Фармацевтската индустрија „Реплекфарм“(2002). Претходно работел во аптека, потоа во „Алкалоид“ како… Continue reading ТУЏАРОВ, Душан

ТУЏАРОВ, Томе Душанов

ТУЏАРОВ, Томе Душанов (Стру-мица, 25. Ⅴ 1935 – Скопје, 12. Ⅹ 2004) – спец. по максилофацијална хирургија, редовен проф. на Ст. ф. (1986). Докторирал во 1976 г. Публикувал 100 статии. Автор е на книгите: „Плунковни жлезди и нивните заболувања“, „Темпоромандибуларен зглоб“, „Акупунктура во теоријата и практиката“. Трипати бил продекан на Ст. ф. и претседател на… Continue reading ТУЏАРОВ, Томе Душанов

ТУШЕВСКИ, Ванчо

ТУШЕВСКИ, Ванчо (Кочани, 3. Ⅶ 1949 – Скопје, 27. Ⅹ 2006) – литературен историчар, професор на Филолошкиот факултет во Скопје по Македонската литература во ⅩⅠⅩ век. Автор на повеќе трудови од областа на историјата на македонската литература. Научното дело на професорот Ванчо Тушевски го одликува завидна истражувачка акрибија. БИБ.: Јоаким Крчовски и изворите на некои… Continue reading ТУШЕВСКИ, Ванчо

ТУШИ, Зехедин З

ТУШИ, Зехедин З. (с. Добовјани, Струга 26. Ⅶ 1943) – генералпотполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Струга. Воена академија на ЈНА (Белград), Командноштабна академија и школа за народна одбрана на ЈНА. Бил командир на вод и на чета, командант на граничен баталјон, началник на штаб на корпус, помошник на НГ ш за… Continue reading ТУШИ, Зехедин З

ЌАМИЛОВ, Кирил

ЌАМИЛОВ, Кирил (Велес, 22. Ⅱ 1899 – Скопје, 9. Ⅸ 1976) – универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Студирал на универзитетот Сорбона во Париз (1924) и докторирал на темата „Прилог кон проучувањето на детето. Современи теории и методи“ на Универзитетот во Нанси (1936). Учесник во шпан-Кирил ќамилов ската граѓанска војна (1937–1938), потоа и во НОБ во… Continue reading ЌАМИЛОВ, Кирил

ЌАТИБ, ХАСАН

ЌАТИБ, ХАСАН (Битола, ⅩⅤ / ⅩⅤⅠ в.) – османлиски поет родум од Битола. Станал секретар на Синан-паша, големиот везир на султанот Селим И (1512–1520). Пишувал песни во хроностихови, а најзначајна му е песната испеана по повод освојувањето на Бел-град од султанот Сулејман. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ… Continue reading ЌАТИБ, ХАСАН

ЌЕРИМИ, Веби

ЌЕРИМИ, Веби (Куманово, 8. Ⅴ 1955) – актер, режисер и педагог. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. Од 1980 г. е професор по Актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Тетово. РЕЖИИ: „Човекот што ја виде смртта со свои очи“, „Полицајци“, „Социјалистичка Ева“, Волпоне“ и други. УЛОГ: Енрик Ⅳ во… Continue reading ЌЕРИМИ, Веби

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле (Прилеп, 18. В. 1928 – Скопје, 22. Ⅵ 2008) – филолог, учебникар, културолог. Гимназиското образование го завршил во Прилеп, а Филозофскиот факултет (Групата за литературите на народите на СФРЈ, со специјалност историја на македонскиот јазик и дијалектологија) во Скопје (1954). Работел како редактор во Радио Скопје (1. Х 1953 – 1. Ⅳ 1954),… Continue reading ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле

ЌОСЕВА, Слободанка

ЌОСЕВА, Слободанка (Штип, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Универзитетот МХТИ во Москва (1969), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1989). Имала студиски престои во многу земји на Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969 г., а редовен професор од 2000 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет… Continue reading ЌОСЕВА, Слободанка

ЌОСЕВСКИ, Владимир

ЌОСЕВСКИ, Владимир (Охрид, 1. Ⅺ 1921) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет на Техничката висока школа во Белград (1953). Проектантската активност ја одвива во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид, во Скопје и во Републичкиот секретаријат за урбанизам при Извршниот совет на РМ. Изработил урбанистички планови за повеќе станбени населби во Скопје,… Continue reading ЌОСЕВСКИ, Владимир

ЌОСТАРОВ, Димитар

ЌОСТАРОВ, Димитар (Ичера, Бугарија, 25. Ⅷ 1912 – Охрид, 14. Ⅲ 1997) – актер, режисер и педагог. Еден од втемелувачите на современото театарско дело во Македонија. Завршил Виша театарска школа во Софија. Во Скопје пристигнува во 1941, како актер на новооснованиот бугарски Народен театар. Брзо потоа се вклучува во илегалната дејност, а подоцна стапува во… Continue reading ЌОСТАРОВ, Димитар

ЌУКА, Јорго

ЌУКА, Јорго (Крушево, 1947) – инж. технолог, долгогодишен директор на „ОХИС“ – Скопје, стопанственик и општественик. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „ОХИС“ бил од инженер во погон, главен инженер, директор на погон и генерален директор (1987–2008). Бил претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи.… Continue reading ЌУКА, Јорго

ЌУКОВИ

ЌУКОВИ (Отус) – род мали птици со должина на телото до 20 цм и со распон на крилјата до 60 цм, од кои во Македонија се среќава еден вид ќук (Отус сцопс). ќук (Отус сцопс) ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан… Continue reading ЌУКОВИ

ЌУЛАВКОВА, Ката

ЌУЛАВКОВА, Ката (Велес, 11. ⅩⅠⅠ 1951) – поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Заг-Ката ќулавкова реб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот… Continue reading ЌУЛАВКОВА, Ката

ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов

ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов (Папрадиште, Велешко, јули 1865 – на пат кон Папрадиште, 13. Ⅵ 1940) – член на МНЛД во С.-Петербург и потписник на молбата за регистрација на неговиот Устав. УШТЕ млад работи како градежник во Воден (1892–1893) и во Ⅵ сектор на Отоманската же-Павле ќулафковски лезница во Битола (1894–1896), како мајстор-градежник на пристаништето во… Continue reading ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов

ЌУСТЕК

ЌУСТЕК – плетен украс од монистра. Машкото население го носело вденат на појасот. Ј. Р. П.

ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД

ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД – ракопис од македонска редакција од Кратовската книжевна школа од МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Ракописот е пишуван во две колони од по 38 реда со уставно писмо. Главниот дел се чува во Окружниот музеј во ќустендил, а по неколку листа по библиотеките во Софија, Краков, Пловдив и Санкт Петербург. о… Continue reading ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД

УВОЛАЖИ

УВОЛАЖИ (Дермаптера) – инсекти со издолжено тело. На задниот крај од телото се наоѓаат два хитинизирани израстока (церци), кои се во облик на клешта и служат за напад и одбрана. Големината варира од 0,5 до 3 цм. Познати се околу 1.500 видови, широко се распространети – космополити, со поголем број видови во потоплите краеви. Обична… Continue reading УВОЛАЖИ

УГЛЕША, Јован

УГЛЕША, Јован (? – Черномен на р. Марица, 26. Ⅸ 1371) – деспот во Серската област (1365–1371), брат и совладетел на кралот Вол-кашин. Учествува во Косовската битка (1369), кога заедно со кралот Волкашин ги поразуваат коалиционите војски на Лазар Хребелјановиќ, Никола Алтомановиќ и царот Урош В. Бил во постојана војна со Турците што биле на… Continue reading УГЛЕША, Јован

УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила

УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила (Скопје, 6. Ⅱ 1926) – припадник на првата генерација дипломирани македонисти на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што работи од 1949 г. до пензи-У Радмила Угринова-Скаловска онирањето, предавајќи старословенски јазик и споредбена граматика на словенските јазици. За овие предмети обезбедува и соодветни учебници. Научниот афинитет кон палеославистичката проблематика, а во тие рамки особено… Continue reading УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила

УГРИНОВСКИ, Јовица Николов

УГРИНОВСКИ, Јовица Николов (Скопје, 2. Ⅹ 1945) – специјалист неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување… Continue reading УГРИНОВСКИ, Јовица Николов