ТРАЈКОВ, Трајко Павлов (Дебар, 11. Ⅷ 1931) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. Од 1958 до 1996 г. работи на Институтот за фармакологија и токсикологија на Мед. ф. во Скопје. Заслужен е за втемелувањето на базичната и клиничката фармакологија на факултетот. Бил директор на Институтот, шеф на Катедрата, продекан, автор на учебник за Средномедицинското… Continue reading ТРАЈКОВ, Трајко Павлов
Category: Енциклопедија
ТРАЈКОВСКИ, Борис
ТРАЈКОВСКИ, Борис (с. Муртино, Струмичко, 25. Ⅵ 1956 – Мос-тар, БиХ, 26. Ⅱ 2004) – втор по ред претседател на самостојна и суверена Република Македонија(1999–2004). Гимназија завршил во Струмица, а Правен факултет во Скопје (1981). Дванаесет години бил претседател на младината на Обединета методистичка црква во СФРЈ. Раководител на правната служба при градежното претпријатие „Слобода“… Continue reading ТРАЈКОВСКИ, Борис
ТРАЈКОВСКИ, Димче
ТРАЈКОВСКИ, Димче (Скопје, 23. Ⅲ 1898 – Битола, 1978) – прв професионален актер и режисер во Македонија. Сопственик на патувачки театар пред Втората светска војна, во кој, покрај скечевите и врапчињата, биле играни и: „Печалбари“, „Македонска крвава свадба“, „Во синџири“, „Жена сотона“, комедии на Нушиќ и др. Тој е еден од втемелувачите на Македонскиот народен… Continue reading ТРАЈКОВСКИ, Димче
ТРАЈКОВСКИ, Кирил
ТРАЈКОВСКИ, Кирил (Штип, 27. Ⅺ 1951) – археолог. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за археологија) во Белград (1976). Работи како кустос-советник за средновековна археологија во Музејот на Македонија (од 1977). Раководител на проектите за истражување на локалитетите Моробисдон, Брегалница и Коњух. БИБ.: Средновековниот град Мородвис во Македонија, зб.: ТрудÎ Пятого международного конгресса СлавянскоŸ археологии, Ⅲ,… Continue reading ТРАЈКОВСКИ, Кирил
ТРАЈКОВСКИ, Љубиша
ТРАЈКОВСКИ, Љубиша (Скопје, 29. Ⅺ 1927 – Битола, 1995) – актер. Неколку сезони настапувал во Народниот театар во Струмица, а потоа во Народниот театар во Битола е носител на репертоарот. УЛОГ: Илија („Антица“), Џими („Вејка на ветрот“), Помет („Дундо Марое“), Отело (во истоименото дело), Аспров („Вујко Вања“), Драшко Каровски („Чекор до есента“), Мурина („Свечена вечера… Continue reading ТРАЈКОВСКИ, Љубиша
ТРАЈКОВСКИ, Стојан
ТРАЈКОВСКИ, Стојан (Скопје, 1920 – Скопје, 1965) – новинар и стенограф. Прв спортски уредник во „Нова Македонија“ од 1945 г., прв македонски известувач од светско фудбалско првенство (швајцарија, 1954). Од 1955 г. уредник на дописничката мрежа во Радио Скопје. Б. П. Ѓ. Тома Трајковски
ТРАЈКОВСКИ, Тома
ТРАЈКОВСКИ, Тома (Битола, 1933 – Битола, 1998) – стопанственик, конструктор, унив. професор. Дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1960). Работел во Фабриката за фрижидери „Георги Наумов“ во Битола како конструктор, бил раководител на одделение и управник на погон. На Вишата техничка школа во Битола е избран како хонорарен наставник (1962), а во 1968 г. стапува… Continue reading ТРАЈКОВСКИ, Тома
ТРАЈЧЕВ, Георги
ТРАЈЧЕВ, Георги (Прилеп, 1869 – ?) – историчар, публицист, револуционер. Ја завршил Солунската бугарска машка гимназија и бил учител. Член на ТМОРО (1896) и претседател на Околискиот револуционерен комитет во родниот град (1908). ДЕЛ: Мариово, Соф., 1923; Дојран и неговото езеро, Соф., 1923; Преспа, Соф., 1923; Старини во Преспа, Соф., 1924; Преспанското езеро, Соф., 1924;… Continue reading ТРАЈЧЕВ, Георги
ТРАЈЧЕВСКИ, Тодор
ТРАЈЧЕВСКИ, Тодор (Штип, 3. Ⅷ 1954) – композитор, аранжер и хармоникаш. Се вработил (1983) во Народниот оркестар на МРТ, апотоа станал и негов раководител (1988). Автор е на голем број песни (околу 200), аранжмани (над 400), како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,… Continue reading ТРАЈЧЕВСКИ, Тодор
ТРАНЗИЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
ТРАНЗИЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – процес на радикални и сеопфатни промени во сите сегменти на политичкиот и економскиот систем на земјата, кои водат кон премин од социјалистички економски систем, со доминација на општествената и државната сопственост, во систем на пазарна економија, со доминација на приватната сопственост и пазарна алокација на ресурсите. Економската содржина на транзицијата… Continue reading ТРАНЗИЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
ТРАТ
ТРАХЕАТИ
ТРАХЕАТИ (Трацхеата)– членконоги организми. Морфолошкофизиолошки се приспособиле за живот на копно. Дишат со разгранет систем од воздушни цевчиња – трахеи, според кои го добиле името. Поседуваат еден пар антени, а главата им е јасно одделена од трупот. Во Македонија, во споредба Градскиот трговски центар, Скопје со другите организми, се застапени со огромен број таксони 6.405… Continue reading ТРАХЕАТИ
ТРБИЌ, Воислав
ТРБИЌ, Воислав (Војче) (Прилеп,?– Рилево, Прилепско, 1946) – четнички војвода во Македонија, припадник на движењето на Дража Михајловиќ, син на српскиот четнички војвода Василие Трбиќ. Во Македонија дошол во 1942 г. со цел во Велешката, Поречката и Прилепската околија и во Скопје да формира четнички штабови и да ја воспостави четничката организација на Дража Михајловиќ.… Continue reading ТРБИЌ, Воислав
ТРГОВИЈА
ТРГОВИЈА – еден од најзначајните услужни сектори, чиј развој е најдиректно условен од општиот развој на економијата и од развојот на апсорпционата моќ на пазарите (бројот на населението и големината на доходот), како и на транспортот и комуникациите. Трговијата во Македонија беше на добар глас во средниот век, па с“ до ⅩⅤⅠⅠ век. Меѓу двете… Continue reading ТРГОВИЈА
ТРГОВСКА ШКОЛА
ТРГОВСКА ШКОЛА – прво стручно училиште во Македонија, отворено во Велес (1857) од факултетски образованиот српски учител Јован Нешковиќ (завршил филозофски и правни науки во Пешта). Училиштето имало два класа; во првиот се изучувале општообразовни предмети (граматика, историја, природознание, стокознание, аритметика, германски јазик и др.), а во вториот – предмети од областа на трговијата (трговски… Continue reading ТРГОВСКА ШКОЛА
ТРЕБЕНИШТА
ТРЕБЕНИШТА – ОХРИД – пространа некропола со погребувања вршени во периодот од Ⅶ до Ⅳ в. пр.н.е. Се протега на три микролокации (Сува Чешма, Три Чељусти и Вртуљка) на 10-тина км северно од Охрид, во атарот на денешното с. Горенци. Првпат е откриена во 1918 г., истражувана во неколку наврати во 30-тите и во 50-тите… Continue reading ТРЕБЕНИШТА
ТРЕБЕНИШТА Ⅵ Ⅴ ВЕК ПРЕД Н
ТРЕБЕНИШТА Ⅵ – Ⅴ ВЕК ПРЕД Н. Е. Уредил: Паско Кузман гатството на гробните прилози. Сите датираат од последните 3 децении на Ⅵ в. пр.н.е. Меѓу богатите гробни прилози како најзначајни се издвојуваат оние што потекнуваат од најголемите занаетчиско-уметнички центри (бронзени садови, бронзени шлемови, железно дефанзивно и офанзивно оружје, златен и сребрен накит, црнофигурална античка… Continue reading ТРЕБЕНИШТА Ⅵ Ⅴ ВЕК ПРЕД Н
ТРЕВЕН
ТРЕВЕН – народно именување на четвртиот месец во годината – април. С. Мл.
ТРЕНЕВСКИ, Злате
ТРЕНЕВСКИ, Злате (с. Кленоец, Кичевско, 10. Ⅹ 1916 – Скопје, ? 2006) – првоборец. Бил член на КПЈ (1941), борец во Партизанската група „Козјак“, еден од организторите на НОД во Кичевско, курир на ГШ на НОВ и ПОМ, секретар на Околискиот комитет на КПМ во Кичево, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ и делегат… Continue reading ТРЕНЕВСКИ, Злате
ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров
ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров (Кавадарци, 27. Ⅱ 1960) – математичар, ред. проф. (2001) на Костадин Тренчевски ПМФ. Дипломирал (1982) на Математичкиот факултет, магистрирал (1986) и докторирал на ПМФ (1990) со темата „Тензорско интегрирање на многуобразија и обопштување на Стоксовата теорема“. Како автор и коавтор има објавено повеќе од 100 научни трудови (во областите: диференцијална геометрија, диференцијални… Continue reading ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров
ТРЕСЕНИЦА
„ТРЕСЕНИЦА“ – македонско женско народно оро од Мариовско, во метар 2/4. Играорките се движат без меѓусебно држење, со типично држење на рацете во триаголна позиција од 900 со хоризонтално крената подлактица во висината на рамото и дланките отворени кон главата. Темпото е умерено, со балансирање на колковите, а се застапени и мимичкодрамски елементи (тресење на… Continue reading ТРЕСЕНИЦА
ТРЕСИОПАШКИ или ОВЧАРКИ
ТРЕСИОПАШКИ или ОВЧАРКИ (Мотацилла) – род мали птици од фамилијата тресиопашки (Мотациллидае), од кои кај нас се среќаваат 3 вида: мала тресиопашка (Мотацилла алба), жолта тресиопашка (Мотацилла флава) и планинска тресиопашка (Мотацилла цинереа). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ТРЕСИОПАШКИ или ОВЧАРКИ
ТРЕСКА
ТРЕСКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Копачка, од карстниот извор Извор во истоименото село, на височина од 760 м, а се влива во Скопската Котлина, кај Сарај, на височина од 261 м. Долга е 127 км, има вкупен пад од 499 м и просечен пад од 3,9‰. Сливот зафаќа површина од 2.068… Continue reading ТРЕСКА
ТРЕСКАВЕЦ
ТРЕСКАВЕЦ (Прилеп) – манастирски комплекс со средновековна црква „Св. Успение Богородичино“ од ⅩⅣ в. Во црквата се вградени мермерни споменици од римскиот период и парапетни плочи од олтарна преграда од ранохристијански објект. Ранохристијанскиот објект е подигнат во првата половина на Ⅵ век. Со него можат да се поврзат остатоците од темели на апсида од постара… Continue reading ТРЕСКАВЕЦ