ТОРБЕШИ

ТОРБЕШИ (Горнореканци, Нашинци) – исламизирано македонско население главно во Западна На Институтот за хемија прв за-Просторите на извршена исламизација на македонското население во Македонија (1900) Дебарско-реканското село Јанче и Југозападна Македонија, кое живее во неколку етнографски предели на македонско-албанското пограничје, вклучително и во дијаспората. Истражувањето на Торбешите е условено со паралелно истражување на етничката група… Continue reading ТОРБЕШИ

ТОРТИЌ, Милица

ТОРТИЌ, Милица (Загреб, Хрватска, 31. ⅩⅠⅠ 1920) – миколог со светско реноме. Има вршено истражувања на макромицетите во Македонија, посебно на планините Пелистер, Јакупица и во Јужното Повардарје. Автор е на првиот труд за микофлората на Македонија (1988), во кој се наведени 585 видови габи. М. К.

ТОСЕВСКИ, Јосиф Трајчев

ТОСЕВСКИ, Јосиф Трајчев (Свети Николе, 14. Ⅱ 1943) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје. Докторирал на Ветеринарниот факултет во Белград (1984). Бил директор на Управата за ветеринарство (1998–2000) и декан на ФВМ. Има објавено 48 научни и стручни трудови и основен учебник од предметот Патолошка физиологија на цицачи и птици. М. Д. –… Continue reading ТОСЕВСКИ, Јосиф Трајчев

ТОФОВИЌ-ЌАМИЛОВА, Марија Петрова

ТОФОВИЌ-ЌАМИЛОВА, Марија Петрова (Загреб, 28. Ⅶ 1953) – педагог, методичар, универзитетски професор. Завршила гимназија и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1976). На истиот факултет магистрирала (1983) и докторирала (1989). Во 1978 г. е избрана за помлад асистент, а во 2000 г. за редовен професор на Филозофскиот факултет по предметот Методика. Се занимава… Continue reading ТОФОВИЌ-ЌАМИЛОВА, Марија Петрова

ТОФОВИЌ, Петар Стеванов

ТОФОВИЌ, Петар Стеванов (Тетово, 3. Ⅱ 1920 – Скопје, 21. Ⅶ 1990) – неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Основач на Неврохируршкото одделение и на неврохирургија во Република Македонија(1959). Се занимавал со невротраума и ја создал неврохируршката школа. Бил директор на Неврохируршката клиника (1959–1984). Објавил над 80 научно-стручни трудови и две книги од… Continue reading ТОФОВИЌ, Петар Стеванов

ТОЦИНОВСКИ, Васил

ТОЦИНОВСКИ, Васил (с. Стојаково, Гевгелиско, 22. Ⅷ 1946) – поет, раскажувач, есеист, критичар, автор за деца и млади, книжевен историчар, новинар, уредник, преведувач. Доктор по филолошките науки. Работи како научен советник во Институтот за македонска литература. Како книжевен историчар трага по малку познати литературни процеси и движења, автори и дела во ⅩⅠⅩ и првата половина… Continue reading ТОЦИНОВСКИ, Васил

ТОЧКО, Иван

ТОЧКО, Иван (Охрид, 9. И 1914 – Скопје, 12. Ⅺ 1973) – раскажувач, драмски автор. Ги завршил Правниот факултет во Белград и Театарската акдемија во Софија. Бил уредник во „Нова Македонија“, главен уредник во Радио Скопје и на сп. „Македонија“. ДЕЛ: раскази: Бојана, Ск., 1953; Акорди, Ск., 1956; Прстен, 1959; Раскази; Ск., 1962; Вино за… Continue reading ТОЧКО, Иван

ТОШЕВ-ЛЕФТЕР, Пере

ТОШЕВ-ЛЕФТЕР, Пере (Петар) (Прилеп, 1865 – с. Фариш, Тиквешко, 4. Ⅴ 1912) – учител, војвода, учесник во Илинденското востание. Основно училиште завршил во Прилеп, гимназија во Пловдив (1885). Учителствувал во Прилеп (1892–1901), Скопје, Битола и во Солун. Во Битола бил првиот претседател на ОРК на МРО. Бил член на МРО од 1894 г., а член… Continue reading ТОШЕВ-ЛЕФТЕР, Пере

ТОШЕВ, Димче Наумов

ТОШЕВ, Димче Наумов (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1919 – Скопје, 3. Ⅴ 2004) – редовен професор (1966) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 1. Ⅹ 1985). Гимназија завршил во Битола, а во 1938 г. се запишал на студии по хемија во Белград. Дипломирал во 1943 г. на Природно-математичкиот факултет во Софија, а докторирал (1959)… Continue reading ТОШЕВ, Димче Наумов

ТОШЕВ, Крум

ТОШЕВ, Крум (Прилеп, 16. Ⅱ 1912 – Скопје, 1976) – славист, универзитетски професор. Завршил гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1937). Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот Редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија.… Continue reading ТОШЕВ, Крум

ТОШЕВСКИ, Иван

ТОШЕВСКИ, Иван (Битола, 22. Ⅷ 1929 – Скопје, 2. Ⅷ 2008) – новинар, публицист и дипломат. Работел како новинар во Радио Скопје (1953–1961), а од есента 1963 г. во Телевизијата. Бил директор и главен уредник на Телевизија Скопје (1967-1970), во периодот значаен по напорите за воведување централна информативна емисија на македонски јазик, самостојно учество во… Continue reading ТОШЕВСКИ, Иван

ТОШЕВСКИ, Игор

ТОШЕВСКИ, Игор (Скопје, 27. Ⅸ 1963) – графичар и мултимедијален уметник. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Хелсинки (1988). Член е на групата Зеро. Самостојно излагал во Хелсинки, Скопје, Велес, Куманово, Ерланген, Љубљана. Со проникнување меѓу различни визуелни јазици навлегува во социјалните простори поврзани со транзицијата во македонското општество (Досие 96, 1996: Процес, 2004).… Continue reading ТОШЕВСКИ, Игор

ТОШЕВСКИ, Стојче

ТОШЕВСКИ, Стојче (с. Раинци, Егејскиот дел на Македонија, 28. Ⅱ 1944) – композитор. Еден од истакнатите претставници на генерацијата композитори што на македонската музичка сцена стапија во почетокот на седумдесеттите години од ⅩⅩ век. Студиите по композиција кај Вл. Николовски во Скопје, М. Живковиќ и Е. Јосиф во Белград му овозможија да развие плодна творечка… Continue reading ТОШЕВСКИ, Стојче

ТРАДИЦИОНАЛНА АРХИТЕКТУРА

ТРАДИЦИОНАЛНА АРХИТЕКТУРА – ја означува целокупната архитектонска продукција што ги вклучува сите единечни архитектонски традиции (народното градителство, фолклорната, градската, селската, сакралната, профаната) на сите ентитети, во однапред дефинирани граници (во теориска, методолошка, територијална, историска и практична истражувачка смисла). Овој поим го опфаќа народното градителство. К. Гр.

ТРАИКОВСКИ, Борислав

ТРАИКОВСКИ, Борислав (Битола, 15. Ⅵ 1917 – Битола,11. Ⅹ 1996) – сликар и педагог. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1951). Член е на групата ВДИСТ. Имал ретроспектива во Скопје (Чифте амам, 2003). Најдоследно ги спровел искуствата на историскиот Борислав Траиковски: Патеки (1980) експресионизам и знаковноста во апстрактното сликарство. М. Б.-П.

ТРАЈАН

ТРАЈАН (Ⅺ в.) – четвртиот син на царот Јован Владислав. Со мајка му Марија и еден дел од царското семејство лично го пречекал Василиј Ⅱ во Охрид (летото во 1018), по што бил дел од триумфалната поворка. Неговата лоза се етаблирала во Византија – ќерката Марија и внуката Ирина се ородиле со семејствата Дука и… Continue reading ТРАЈАН

ТРАЈАНОВ, Борис Гогов

ТРАЈАНОВ, Борис Гогов (Љубљана, Словенија, 4. Ⅺ 1959) – оперски певец, баритон. Студира пеење со татко му Гога Трајанов во Скопје, со Бисерка Цвеиќ во Бел-град и со Пиер Миранда Фераро во Милано. Соло пеење дипломира на ФМУ во Скопје кај Б. Николовски (1985), а магистрира на Музичката академија во Белград во класата на Б.… Continue reading ТРАЈАНОВ, Борис Гогов

ТРАЈАНОВ, Гога

ТРАЈАНОВ, Гога (Прилеп, 25. Ⅲ 1922) – оперски певец, тенор. Пеење учел кај проф. Бетето во Љубљана. Во Операта на МНТ работи како солист од 1951 до 1983 г. Во својот фах, остварил повеќе од 15 главни и повеќе помали улоги од стандардниот и домашниот оперски репертоар. Гостувал во Србија, Словенија, Пол-ска, Романија и Германија.… Continue reading ТРАЈАНОВ, Гога

ТРАЈАНОВ, Павле

ТРАЈАНОВ, Павле (с. Радеш, Радовишко, 25. ⅩⅠⅠ 1952) – политичар. Го завршил Правниот факултет во Скопје и положил правосуден испит. Работел како началник во СВР/МВР и бил министер за внатрешни работи (1998–1999). Основач и претседател на партијата Демократски сојуз и пратеник во Собранието на РМ. Р. Александар Трајановски

ТРАЈАНОВСКИ, Александар

ТРАЈАНОВСКИ, Александар (с. Долни Липовик, Радовишко, 7. Ⅲ 1945) – историчар, научен советник во ИНИ во Скопје и унив. професор. Завршил Учителска школа во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (Група за национална историја), каде што и магистрирал (1975) и докторирал (1985). Извесно време бил наставник во с. Конче, Радовишко и професор… Continue reading ТРАЈАНОВСКИ, Александар

ТРАЈКОВ, Никола

ТРАЈКОВ, Никола (с. Вранештица, Кичевско, 26. Ⅴ 1888 – Софија, 12. Ⅵ 1963) – филолог, историчар, дипломат. Се школувал во Битола и Софија. На Софискиот универзитет завршил словенска филологија. Работел како учител, новинар, дипломат и унив. професор (по новогрчки јазик). Учествувал во македонското национално-ослободително движење. Во текот на Балканските војни бил доброволец во Македонско-одринското ополчение.… Continue reading ТРАЈКОВ, Никола

ТРАЈКОВ, Петар

ТРАЈКОВ, Петар (Пеце) (с. Врбени, Леринско, 2. Ⅵ 1886 – Софија, 13. И 1964) – национален деец и воен командант, полковник. Завршил гимназија во Битола. По Втората балканска војна емигрирал во Бугарија и завршил воена академија, а во Првата светска војна бил офицер во бугарската армија на Македонскиот фронт. Подоцна се вклучил во ВМРО (1923),… Continue reading ТРАЈКОВ, Петар

ТРАЈКОВ, Стево

ТРАЈКОВ, Стево (Чичево, Велес, 1930) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и истражувач. Во Чехословачка (од 1946) дипломирал на Вишата хемиско-индустриска школа во Прага (1954), магистрирал и докторирал на Универзитетот во Острава (1959). Работел во Чешката академија на науките (1958–1962) и во Министерството за металургија и рударство. Во Скопје е (од 1963) вклучен… Continue reading ТРАЈКОВ, Стево