ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо

ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо (с. Никодин, Прилепско, 10. Ⅱ 1916 – Прилеп, 24. И 1990) – првоборец. Неговата куќа била сврталиште на илегалците од НОАВМ – курирски врски, засолнување на болни и ранети. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Јордан Тодороски-шемко, Некои од формите на илегалната активност на Прилепската партиска организација во периодот 1941-1942 година, ПрилепContinue reading ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо

ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов

ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов (псевд. Лилјакот) (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1919 – Скопје, 21. Ⅺ 2001) – партиски и воен раководител и државник. Во 1939 г. бил член на КПЈ и секретар на Месниот комитет на КПЈ. По окупацијата бил еден од организаторите и раковоБорко Темелкоски дителите на НОБ во Македонија. Во 1943 г. бил секретар на… Continue reading ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов

ТЕМЕН

ТЕМЕН (Теменос) – митски предок на македонските кралеви од династијата на Аргеадите, син на Аристомах или Клеодај, потомок на Херакле. Според претскажувањето на делфиското пророчиште, нему и на брат му Кресфонт им би-ло судено да ги вратат Хераклеидите на Пелопонез и да ја освојат оваа област. Подоцна, при поделбата на власта, на Темен му припаднал… Continue reading ТЕМЕН

ТЕМЈАНУШКА, БОРНМИЛЕРОВА

ТЕМЈАНУШКА, БОРНМИЛЕРОВА (Виола борнмуеллери Ербен) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата темјанушки (Виолацеае), ограничено распространет на планините Јакупица, Караџица, Китка и Скопска Црна Гора. Опишана од М. Ербен (1985), а името на видот е посветено на Ј. Борнмилер (Ј. Борнмüллер), одличен познавач на флората на Македонија. Вл. М.

ТЕМЈАНУШКА, ГОСТИВАРСКА шВиола гостиваренсис

ТЕМЈАНУШКА, ГОСТИВАРСКА шВиола гостиваренсис (Њ. Бецкер & Борнм.) Борнм.ќ – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата темјанушки (Виолацеае), познат само за околината на Маврово и во планините Кожа и Бистра. Вл. М.

ТЕМКОВ, Кирил Димитров

ТЕМКОВ, Кирил Димитров (Кавадарци, 16. Ⅴ 1943) – доктор, унив. професор по филозофија. Учел во Белград, Земун и во Скопје. Дипломирал (1968) и докторирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1982), каде што бил асистент (1970) и редовен професор (од 1990) по етика и естетика. Бил раководител на Институтот за филозофија (1989– 1991). Држел предавања… Continue reading ТЕМКОВ, Кирил Димитров

ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА . тивно студена и влажна зима. Највања од предвоениот Филозофски факултет, 1932–1939), Вили- – тем-ладен месец е јануари, а тенденцијам Џејмс, Имануел Кант, Рене пературата на воздухот е условена ја за изедначување на температу-Декарт, Џон Стјуарт Мил, Фридод маритимното влијание што до-рите постои и кај високите пларих Ниче и др.… Continue reading ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ТЕНИИ

ТЕНИИ (Цестода)– сплескани паразитски црви. Полово зрели единки се среќаваат во цревата на ’рбетниците, а младите индивидуи живеат во телесната празнина на многу без’рбетници и ’рбетници. Имаат тело со цврста и дебела кутикула и редуциран систем за варење. Групата опфаќа над 3.800 видови. Во Македонија се познати 10 видови. Најпозната е кучешката тенија (Дипѕлидиум цанинум… Continue reading ТЕНИИ

ТЕНИЈА, СВИНСКА

ТЕНИЈА, СВИНСКА. (Таениа солиум Л.) – сплескан паразитски црв. Се среќава во цревата на ’рбетниците. Името го добила според својот последен домаќин – свињата. Долга е 3–8 м. Возрасната единка живее во цревата на човекот додека ларвениот стадиум се одвива во мускулите на свињата. Заразеното месо, ако не е добро термички обработено (бобинките не се… Continue reading ТЕНИЈА, СВИНСКА

ТЕОДОР И АНГЕЛ

ТЕОДОР И АНГЕЛ (ок. 180/85 – по 1253) – епирски владетел и солунски цар (1214–1230). Енергичен и амбициозен владетел, си поставил цел да го освои Цари-град и да ја обнови Византија. Ги поразил Латините во албанските клисури (1217), го освоил Солун (1224). За цар бил крунисан од охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан. Македонија претставувала централна област… Continue reading ТЕОДОР И АНГЕЛ

ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров

ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров (Куманово, 17. Ⅴ 1922 – Скопје, 14. ⅩⅠⅠ 2002) – спец. педијатар, редовен проф. на Мед. ф. (од 1976). Бил учесник во НОБ (1944). Студии по медицина завршил во Белград (1949). Специјализирал педијатрија во Белград и Скопје и специјалистичкиот испит го положил во 1954 г. Хабилитирал на тема „Ревматичната болест во детството“… Continue reading ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров

ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево

ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево (Кочани, 16. Ⅳ 1924 – Скопје,9.Ⅳ 1997) – композитор на песни во народен дух, естраден уметник, музички педагог и хуманист. Бил учесник во НОБ, а по демобилизирањето бил член (хармоникаш) во Народниот оркестар на Радио Скопје. Подоцна го основал својот Ансамбл „Теодосиевски“ Стево Теодосиевски (1953). Автор е на околу 100 песни и на… Continue reading ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево

ТЕОДОСИЈА СКОПСКИ

ТЕОДОСИЈА СКОПСКИ (световното име: Васил Гологанов)(с. Трлис, Серско, 7. И 1846 – Софија, 1. Ⅱ 1926) – духовник, црковно-национален деец, митрополит скопски, борец за обновување на Охридската архиепископија, црковен писател, академик. По школувањето во ќелијното училиште во родниот крај, завршува грчка гимназија во Серес и се замонашува во серскиот манастир „Св. Јован Претеча“ (1862), потоа… Continue reading ТЕОДОСИЈА СКОПСКИ

ТЕОФАН И

ТЕОФАН И – гревенски митрополит (првата половина на 1676) и охридски архиепископ (втората половина на 1676). Од јеромонах (до 1676), со итрина станал митрополит и во истата година и архиепископ. По претставката за неканонски избор од седум фанариотски архијереи и костурски градски првенци Грци, на чело со костурскиот митрополит Давид и велможата Константин Евпрагиоти Кунопаки,… Continue reading ТЕОФАН И

ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св

ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св. (Струмица, Ⅷ в.) – македонски иконозаштитник. УШТЕ како дете го изучувал Светото писмо, ги напуштил родителите и се замонашил кај отец Стефан. При монашењето не го променил крстеното име и останал да се вика Теофил. Познат бил по неговата заштита на иконите од иконоборството. Се празнува на 23 октомври. ЛИТ.: Александар Донски,… Continue reading ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св

ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ

ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ (Еврип на островот Евбеја,Ⅺ–ⅩⅠⅠ в.) – византиски црковен деец, филозоф, книжевник и охридски архиепископ. Бил ученик на познатиот византиски филозоф Михаил Псел. Архиепископ охридски бил 15-тина години, но по судир со охриѓани бил принуден да си даде оставка и заминал во Солун. Како книжевник, најголеми траги оставил како егзегет, толкувајќи ги старозаветните книги,… Continue reading ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ

ТЕПЛОВ, Владимир Александрович

ТЕПЛОВ, Владимир Александрович – руски проучувач на Македонија, автор на неколку одделни книги на македонска тема: „Материјали за статистиката на Бугарија, Тракија и Македонија, со приложени карти на распоредот на етничките групи според вероисповедта“ (С.-Петербург, 1877); „Грчко-бугарското црковно прашање“ (С.-Петербург, 1889) и „Турските реформи во врска со прашањето за Македонија и Стара Србија“ (С.-Петербург, 1903).… Continue reading ТЕПЛОВ, Владимир Александрович

ТЕРЗИЕВ, Апостол Петков

ТЕРЗИЕВ, Апостол Петков (с. Бојмица, Гевгелиско, 6. Ⅴ 1869 – с. Крушари, Ениџевардарско, 2. Ⅷ 1911) – учесник во Илинденското востание, војвода наречен „Ениџевардарско сонце“. Стапил во МРО (1897), бил комита во првата чета на ТМОРО во Солунскиот револуционерен округ, војвода, учесник во вооружените борби пред, во и по Илинденското востание. Се прославил и во… Continue reading ТЕРЗИЕВ, Апостол Петков

ТЕРИТОРИЈАЛНА ОДБРАНА НА НРМ / СРМ

ТЕРИТОРИЈАЛНА ОДБРАНА НА НРМ / СРМ – систем на воена и административно-управна организација наменета за заштита на државната територија во мирно и во воено време и за извршување на други задачи од значење за националната одбрана, најширок облик на организирање на општеството за водење војна. Основни задачи на ТО се: да организира и води непосредна… Continue reading ТЕРИТОРИЈАЛНА ОДБРАНА НА НРМ / СРМ

ТЕРМИТИ

ТЕРМИТИ (Исоптера)– инсекти со средна големина, слични на мравките. Најчесто се белузлаво обоени, по што се нарекуваат бели мравки. Живеат во заедници составени од различен број единки кај кои постои поделба на работа-Термити та. Живеат вземи. Градат цврсти населби составени од земја и секрет. Се хранат со сува дрвна материја. Се одликуваат со голема плодност.… Continue reading ТЕРМИТИ

ТЕРМИЦА

ТЕРМИЦА – средновековно утврдување во Струмичко во времето на Самуиловото Царство. Ја освоил византискиот војсководец Давид Аријанит (1015). Се лоцира на ок.16км југоисточно од Струмица, над селото Банско, каде што и денес се наоѓаат остатоци од тврдината, како и остатоци од стара бања. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин, 1973, 354. К.… Continue reading ТЕРМИЦА