БРАЈОВИЌ-ЃУРО, Петар

БРАЈОВИЌ-ЃУРО, Петар (с. Риека Црноевиќ, Цетиње, Црна Гора, 29. Ⅵ 1915 – Белград, 19. XI 1991) – првоборец и воен командант, генерал-полковник, народен херој. Гимназија завршил во 1937, а Воена академија во 1940 г. Член на КПЈ од 1941, а илегалец од 1942 г. Во текот на НОБ (од 1943 до првата половина на 1945)… Continue reading БРАЈОВИЌ-ЃУРО, Петар

БРАЈОВИЌ, Миодраг

БРАЈОВИЌ, Миодраг (Скопје, 1932) – професор на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, научник и истакнат стопанственик од хемиското инженерство. Се школувал во Лесковац и во Скопје. Дипломирал на Технолошкиот факултет во Загреб (1955), магистрирал во Вирџинија, САД (1966), а докторирал на Универзитетот во Братфорд, В. Британија (1973). Повеќе специјализации и студиски престои. Работел во: Фабриката за… Continue reading БРАЈОВИЌ, Миодраг

БРАНДЕС, Георг

БРАНДЕС, Георг (Копенхаген, Данска, 1842–1927) – познат дански литературен историчар, филозоф и литературен критичар. Автор е на повеќе капитални трудови, чија проблематика најчесто се литературите на европските народи, пред сћ средноевропските и скандинавските. Главно дело му е „Главните насоки во литературите на ⅩⅠⅩ век” (во шест тома, 1872–1890). Долго престојувал низ повеќе европски земји (Германија,… Continue reading БРАНДЕС, Георг

БРАНЃОЛИЦА, Љубомир

БРАНЃОЛИЦА, Љубомир (Херцег Нови, Црна Гора, 19. Ⅷ вее во Македонија. Бил корепетитор во Балетот при МНТ и музички продуцент во МРТ. Се пројавувал и како пијанист и балетски критичар. Неговото творештво им припаѓа на повеќе жанрови (класична, поп-музиката итн.), а во него се застапени повеќе музички форми. Стилски тоа може да се класификува во… Continue reading БРАНЃОЛИЦА, Љубомир

БРАНИ во Македонија

БРАНИ во Македонија – објекти со кои се преградуваат водотеци и се формира акумулација, која се користи за наводнување, производство на електрична енергија, водоснабдување, заштита од поплави и др. Во Република Македонија се изградени 24 големи (повисоки од 15 м) и 110 мали брани, со вкупен акумулационен простор од 3 2,42 км . Малите брани… Continue reading БРАНИ во Македонија

БРАНКОВИЌ, Вук

БРАНКОВИЌ, Вук (? – 6. Ⅹ 1398) – благородник, потиснат од Волкашина, се повлекол од Охрид на баштинските поседи во Косово (по 1365). Помаган од тестот, кнезот Лазар ги освоил Скопје и северниот дел на областа (најдоцна во 1376/1377) и ги владеел до османлиското освојување (1391/1392). Учествувал во битката на Косово (1389). Во народното творештво… Continue reading БРАНКОВИЌ, Вук

БРАННИК

БРАННИК“ – бугарска младинска фашистичка организација, формирана од Бугарското собрание во декември 1940 г. Била формирана по углед и копија на германската „Хитлер југенд“ (Хитлеровата младина). Во Македонија е организирана во есента на 1941 г. Членовите биле привилегирани како во училиштата така и во јавниот живот. Целта била од секој младинец да се направи експонент… Continue reading БРАННИК

БРАНХИОПОДИ

БРАНХИОПОДИ (Бранцхиопода) – поткласа на архаични, примитивни, ракообразни организми или жаброноги, жители на копнените стоечки води. Групирани се во четири реда, сите присутни и кај нас: вилински ракчиња (Аностраца), полноглавчести ракчиња (Нотостраца), школкести ракчиња (Цонцхостраца) и кладоцери (Цладоцера). ЛИТ.: С. Петковски, Аностраца, Нотостраца анд Цладоцера, во: Б. Скет ет ал., Богатство ин разисканост југослованске фавне:… Continue reading БРАНХИОПОДИ

БРАТСТВО

БРАТСТВО“ (Дебарца и Меглен – Воден, 1 декември 1943 – 1. Ⅳ 1944) – весник, орган на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада. Непосредно по формирањето, била формирана специјална Комисија за агитација и пропаганда, која покренала и издавање весник. Според националниот состав на бригадата, излегувал на македонски и на српски јазик, на 12–16 страници голем формат,… Continue reading БРАТСТВО

БРАТСТВО

БРАТСТВО“ (Тетово, 17–23. Ⅷ 1942) – весник, орган на Окружниот комитет на КПЈ, на македонски јазик. Го уредувал Крсте Црвенковски, а бил растуран и во Гостивар, Кичево и Дебар. Објавени се два броја, умножени на окружната партиска техника. Во уводниот напис, меѓу другото, се вели дека весникот „треба да е расклинка целокупната лажна фашистичка пропаганда… Continue reading БРАТСТВО

БРАЧ

БРАЧ -. народен жичен инструмент од три удвоени жици, првенствено наменет за оркестарско музицирање, при што брачот има придружничка улога. Се свири со удирање на жиците со перце. Со својот прилично јак и продорен звук, има примена кај чалгиските состави, во улога на придружник на главната мелодија. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во… Continue reading БРАЧ

БРАШНАРИ

БРАШНАРИ (Тенебрионидае) – тврдокрилни инсекти. Имаат силно хитинизирано голо или влакнесто тело; нозете им се долги или кратки, но силни. Се хранат, главно, со габи, со гнили растителни материи и со листови. Името го добиле според начинот на исхраната на ларвите. Се среќаваат во човечки живеалишта. Ги има и во магацините за брашно и за… Continue reading БРАШНАРИ

БРАШНАРОВ, Христо

БРАШНАРОВ, Христо (Прилеп, 27. Ⅻ 1918) – гинеколог, акушер, учесник во НОБ. Мед. ф. во Бел-град го завршил во 1946 г. Работел во Битола и во Скопје (1947), каде што специјализирал гинекологија (1952) и бил директор на Средното медицинско училиште. Примариус станал во 1966 г. Како гинеколог работел во Струмица, Прилеп и Скопје (1971–1981), каде… Continue reading БРАШНАРОВ, Христо

БРВЕНИЦА

БРВЕНИЦА – село во Тетовско. Се наоѓа во средишниот дел на Полошката Котлина, на надморска височина од околу 436 м. Со регионален пат е поврзано со Тетово. Има 2.918 ж. од кои 2.834 се Македонци и 68 Срби. Населението се занимава со одгледување житни и градинарски култури и овоштарство, посебно со производство на јаболка. Тоа… Continue reading БРВЕНИЦА

БРЕГАЛНИЦА

БРЕГАЛНИЦА – река, лева притока на Вардар. Извира во западните падини на Малешевските Планини, под врвот Ченгино Кале, на височина од 1.720 м, а во Вардар се слива на височина од 137 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 225 км, има вкупен пад од 1.583 м, со просечен пад од 7,04‰. Сливот зафаќа по2… Continue reading БРЕГАЛНИЦА

БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1959) – формирана како наследничка на Злетовско-струмичката и е една од трите најстари епархии во Македонската православна црква. Под името Злетовско-струмичка постоела и во периодот на возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Тогаш, покрај сегашните, епархијата ги опфаќала и општините: Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Дојран… Continue reading БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (месност Пчеларник, Штипско, 19. Ⅴ 1943 – месност Врши Дол, Виничко, 21. Ⅴ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. По интензивните подготовки за формирање, Вера Ацева, член на ПК на КПЈ за Македонија, го известила ПК дека е определено оперативното раководство и зоната на дејствувањето на Одредот (8.… Continue reading БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС

БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС (3. Ⅹ–Ⅻ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Во формацискиот состав влегле 50. и 51. дивизија со придружните единици. Борбените дејства за ослободување на територијата од граничната линија кон Бугарија до реката Вардар и од реката Брегалница до реката Струмица ги започнал на 15. Ⅹ 1944 г. Ги ослободил сите… Continue reading БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС

БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов

БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов (с. Брезно, Тетовско, 1907 – Скопје, 1968) – инфектолог. Мед. ф. завршил во Букурешт, Романија (1934). Како општ лекар работел во Тетово. Подоцна доаѓа во Скопје и од 1944 г. е лекар на Интерното одделение на Земската болница. Го формирал Инфективното одд., кое подоцна прераснува во Инфективна клиника на Мед. ф. во… Continue reading БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов

БРЕЗОСКИ, Славко

БРЕЗОСКИ, Славко (Галичник, 10. Ⅵ 1922) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1950). Работел во проектантската организација „Проектант” (1950–1961), „Пелагонија” (1961–1963) и „Македонијапроект” (1963–1966); во странство: во Бразил (1962–1963) и во Либија (1966–1969). Професор е на Архитектонскиот факултет во Скопје на Катедрата за архитектонско проектирање – општествени згради (1970–1987).… Continue reading БРЕЗОСКИ, Славко

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел (Х. Н. Браилсфорд) (Мирфилд, ВБ, 25. Ⅻ 1873 – Лондон, 23. Ⅲ 1958) – Насловната страница од делото на Хенри Ноел Брејлсфорд виден британски лабуристички новинар, публицист, писател, унив. професор и експерт за Балканот. По завршувањето на високото образование во Глазгов, извесно време предава на Колеџот на Кралицата Маргарита во Глазгов, но… Continue reading БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел

БРЕКЛИНКА

БРЕКЛИНКА . (Сорбус торминалис Л., фам. Росацеае) – дрво до 25 м високо, со ареал во Средна и во Јужна Европа, но и во Северна Африка. Во Република Македонија се појавува како единечна или групна примеса во дабовиот регион. Листовите се прости, длабоко врежани. Цветовите се бели, собрани во штитести соцветија, а плодовите се мали… Continue reading БРЕКЛИНКА

БРЕСТ

БРЕСТ . (род Улмус Л., фам. Улмацеае) – род со околу 20 вида, застапени во умерениот појас на Северната хемисфера. Високи дрвја со јајцевидни и асиметрични листови со назабен раб, со косо пресечена основа и со кратка дршка. Цветаат рано пред пролистувањето, а плодовите се сплескани, крилести оревчиња, кои зреат многу рано (април). Имаат квалитетно… Continue reading БРЕСТ

БРЕФАЛКА

БРЕФАЛКА -. орнаментирано парче ткаенина, составен дел на невестинската носија. Се носела прикачена за невестинската скутина, на колковите и тоа по неколку на број. Подоцна овие орнаментирани ткаенини, кои жените самите ги изработувале, биле заменети со индустриски шарени шамии. Ј. Р.-П.