БОМБОЛ, Даре

БОМБОЛ, Даре (Прилеп, 1. Ⅰ 1907 – Скопје, 5. XI 1966) – фармацевт, активен учесник во НОБ. Дипломирал на Фарм. ф. во Загреб (1935). Учесник во НОВ од 1941, а по Втората светска војна бил прв и долгогодишен директор на „Реплек”, претседател на Фармацевтското друштво, на Црвениот крст на Македонија и активист во други општествени… Continue reading БОМБОЛ, Даре

БОМБОЛ, Михаил

БОМБОЛ, Михаил (Битола, 1928 -Битола, 2005) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Техничкиот факултет на Универзитетот во Загреб. Работел во Ел. претпријатие –„Битола” за пренос и производство на електрична енергија во југозападниот дел на РМ. Бил технички директор на фабриката во изградба „Микрон” во Прилеп. Член на матичната комисија за основање… Continue reading БОМБОЛ, Михаил

БОМБОЛЕАРНИЦИ

БОМБОЛЕАРНИЦИ – работилници за изработување бомби и други експлозивни средства. Раководителите на МРО Гоце Делчев и Ѓорче Петров, со помош на еден Чех, во летото на 1896 г. во Софија ја отвориле првата самостојна бомболеарница. Во Одеса пролетта 1897 г. Гоце Делчев ангажирал двајца мајстори–леари на бомби и пиротехничари, со кои била формирана работилница, наречена… Continue reading БОМБОЛЕАРНИЦИ

БОНДРУК

БОНДРУК -. специфична монтажна дрвена конструкција што се употребува за изградба на разни типови и форми од станбени и стопански објекти. Се формира тарни организации. Бр. Н. Правење бомби и други експлозиви во илинденскиот период со специфично поврзување на вертикалните, хоризонталните и косите елементи. К. Гр.

БОНИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО

БОНИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО – оценување на степенот на производствената способност (продуктивност) на одделни земјишни единици за земјоделско и шумарско производство во одделни територијални единици. Според Упатството за начинот на бонитирањето на земјиштето (Републичка геодетска управа на РМ, 1991), земјиштето погодно за земјоделско и за шумарско производство се распоредува во осум бонитетни класи и на соодветни… Continue reading БОНИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО

БОНИФАЦИЈ МОНФЕРАТСКИ

БОНИФАЦИЈ МОНФЕРАТСКИ . (ок. 1150–1207) – маркиз од Монферат, главен водач на Четвртиот крстоносен поход, основач и владетел на солунската држава (1204–1207). По освојувањето на Константинопол не успеал да стане император на Латинското Царство. Потоа се упатил во Македонија, каде што основал крстоносна држава од западен тип со центар во Солун. Загинал во борба со… Continue reading БОНИФАЦИЈ МОНФЕРАТСКИ

БОНСАИ

БОНСАИ – во буквална смисла сад–дрво, односно дрво во саксија. Најкратко дефинирано, бонсаито претставува хармонична целина на коренот, стеблото и гранките од растението во композиција со саксија или на камен. Овој тип култура (вештина) потекнува од Кина уште од Ⅶ век, а веќе во XI век се практикува во Кореја и во Јапонија. На европскиот… Continue reading БОНСАИ

БОНФОА, Ив

БОНФОА, Ив (Тур, 24. Ⅵ 1923) – француски поет и есеист, преведувач. Студирал филозофија, историја и историја на уметноста. Неговата поезија е херметичка и тешка. Покрај тоа што е поет, значаен е и како критичар, автор Ив Бонфоа на есеи и студии од областа на книжевноста, сликарството и музиката. Голем познавач е и преведувач на… Continue reading БОНФОА, Ив

БОР-ДРВО

БОР-ДРВО . (род Пинус Л., фам. Пинацеае) – род со околу 80 зимзелени иглолисни вида во Северната хемисфера. Сите видови се дрвја со прави стебла и со пирамидален хабитус, со прешленест распоред на гранките врз кои се формираат долгорасти и кусорасти. Игличките по 2 до 5 во кусораст. Еднодомни и еднополни. Соплодието е шишарка со… Continue reading БОР-ДРВО

БОРАНИЈА

БОРАНИЈА . (Пхасеолус вулгарис Л. Сави) – едногодишно растение од фам. Фабацеае. Потекнува од Јужна Америка. Во исхраната се користат свежите недозреани мешунки, готвени, за разни салати и конзервирани. Во свежите мешунки има: сува материја (околу 10%); белковини (3&5%); шеќери (3%); скроб (1,5%); целулоза (1%); витамини: С, Б , Б ; мине12 рални материи: КО,… Continue reading БОРАНИЈА

БОРБА

БОРБА“ . (Чикаго, САД, јануари – 15. Ⅹ 1902) – весник, орган на Македоно-одринското друштво „Левски“. Излегувал двапати ме-сечно. Негови уредници биле Марко П. Калудов и Спас шумков. Го користел мотото „Маке-Првиот број на весникот „Борба” (Чикаго, 1902) гал при формирањето на спомагателните македонски комитети во емиграцијата за помош на македонското ослободително движење. Објавени се… Continue reading БОРБА

БОРБАТА ВО с БАНИЦА

БОРБАТА ВО с БАНИЦА . (4–5. Ⅴ 1903) – борба во која загинал Гоце Делчев. Османлиските власти добиле точни информации за бројот на четниците, нивниот распоред и сместувањето по куќите. Ноќта селото било блокирано. Османлиските сили располагале со шест одреди од 300 војници, жандармериски и башибозучки формации. Македонските чети имале 21 четник, на кои им… Continue reading БОРБАТА ВО с БАНИЦА

БОРБАТА ВО с ДРЕНАК, КУМАНОВСКО

БОРБАТА ВО с ДРЕНАК, КУМАНОВСКО . (10. Ⅻ 1943) – борба помеѓу Првиот кумановски НО баталјон „Јордан Николов-Орце”, Вардарскиот четнички корпус и бугарската полиција. Утврдениот баталјон во селото, под командата на Христијан Тородовски-Карпош, во својот состав имал 152 борци, 16 без оружје, од кои воен рок имале служено само 64 борци. Нивното вооружување се состоело… Continue reading БОРБАТА ВО с ДРЕНАК, КУМАНОВСКО

БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ

БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ (врв на Пајак Планина, 12–13/25–26. IX 1903) – борба на востаничките че-ти на војводите Апостол Петков и Иван Карасулијата со осмалиските воени единици од гарнизоните во Гевгелија и во Гуменџе. На 12/25. IX 1903 востаниците (103 души) ги зазеле стратешките позиции. Османлиските единици (1.200 души) нападнале и се водела жестока битка. На… Continue reading БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ

БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ

БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ . (висови кај с. Д’мбени, Костурско, 31. Ⅴ /13. Ⅵ 1903) – помеѓу костурските чети на ТМОРО и османлиската војска. Ноќта 8/21. спроти 9/22. Ⅴ 1903 г. османлиската војска го нападнала с. Смрдеш при што изгореле 240 куќи (од 300), 85 души биле убиени, а 50 ранети. Војводите Пандо Кљашев… Continue reading БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ

БОРБАТА КАЈ МАРГАРА

БОРБАТА КАЈ МАРГАРА . (кај с. Чаниште, Мариовско, 1903) – на здружените чети (околу 140 востаници) под водство на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов и Јован Ивановиќ (Црногорец) со османлиската војска (5.500 души – една пешадиска бригада). Битката започала утрото на 2. Ⅹ 1903. Востаниците зазеле стратешка позиција на врвот Маргара… Continue reading БОРБАТА КАЈ МАРГАРА

БОРБАТА КАЈ МЕСНОСТА РЕЧАНИ

БОРБАТА КАЈ МЕСНОСТА РЕЧАНИ (6. Ⅰ 1943) – помеѓу дел од борците на Првата чета на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и бугарските војници и полицајци. Предадени и опколени во колибата во која се криеле, не сакајќи живи да бидат фатени, во жестокиот судир што траел неколку часа, загинале првоборците Нонча Камишова, Стојан Бурчевски-Буридан, Киро… Continue reading БОРБАТА КАЈ МЕСНОСТА РЕЧАНИ

БОРБАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

БОРБАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ (10. IX 1944) – судир на борците од Четвртиот баталјон на Ⅷ велешка бригада со германските војници. Борбите се воделе за зачувување на позициите на слободната територија во месноста Раштански Колиби (кај Раштанска Чешма), недалеку од Велес. Во жестоката битка што траела околу еден час, се користеле сите расположливи воени орудија.… Continue reading БОРБАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

БОРБАТА КАЈ с КАРБУНИЦА

БОРБАТА КАЈ с КАРБУНИЦА (4. Ⅷ 1903) – борба помеѓу македонските востаници и османлиската војска и башибозук. Селото го бранел востанички одред од околу 200 востаници, предводени од Арсо Мицков. Околу 8.00 часот еден баталјон од околу 800 османлиски војници и башибозукот од околните албански села го нападнале селото. По четвртиот обид го зазеле. Борбите… Continue reading БОРБАТА КАЈ с КАРБУНИЦА

БОРБАТА КАЈ СЛИВА

БОРБАТА КАЈ СЛИВА (1903) – борба помеѓу македонските востаници и османлиската војска во времето на Илинденското востане. Османлиската војска (5.000 војници) настапувала од правецот Кичево–Пуста Река за напад на Крушево. Во месноста Слива позициите за одбрана ги зазела четата на Ѓорги Стојанов (40 востаници, меѓу кои и една девојка во брсјачка носија), за да ја… Continue reading БОРБАТА КАЈ СЛИВА

БОРБАТА КАЈ ФОЈНИЧКА ПЕШТЕРА

БОРБАТА КАЈ ФОЈНИЧКА ПЕШТЕРА (16. Ⅻ 1942) – помеѓу борците од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и бугарските полицајци, војници и контрачетници за време на декемвриската офанзива (1942), која Бугарите ја презеле со цел да се уништи Одредот. Група од 15 борци од составот на Втората чета се засолниле во Фојничка Пештера, во близина на… Continue reading БОРБАТА КАЈ ФОЈНИЧКА ПЕШТЕРА

БОРБАТА НА БУКОВИК

БОРБАТА НА БУКОВИК (Планински превој Буковик, Кичевско, 1. Ⅹ 1943) – нерамна борба помеѓу надмоќните германски и балистички сили, предводени од германски офицери, и Младинската чета на Кичевскиот НО баталјон „Мирче Ацев“ за одбрана на слободното Кичево. Одбранбените позиции на четата биле нападнати од многупатно побројни балистички сили на Џемо Хасани, кон кои се приклучиле… Continue reading БОРБАТА НА БУКОВИК

БОРБАТА НА КЛЕНОВЕЦ

БОРБАТА НА КЛЕНОВЕЦ . (с. Кленовец, Кичевско, 6. Ⅹ 1943) – прва фронтална битка на Кичевскиот НО баталјон и НО баталјон „Мирче Ацев“ против германскобалистичките сили за одбрана на слободната територија. Тоа била стратегиска позиција за спречување на продорот на непријателските сили на слободната територија и Гш на НОВ и ПОМ наредил да се брани… Continue reading БОРБАТА НА КЛЕНОВЕЦ

БОРБАТА НА ЛИСЕЦ

БОРБАТА НА ЛИСЕЦ (16. Ⅷ 1944) – борба помеѓу бугарската 17. дивизија и Четвртата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Бугарската дивизија презела офанзива на пл. Плачковица, на врвовите Паруџа и Лисец, за да ја разбие бригадата. Борбите на Ли-сец траеле од 14.00 до 18.00 часот. Офанзивата била запрена, баталјоните на бугарската дивизија биле… Continue reading БОРБАТА НА ЛИСЕЦ