„БЕРАНЧЕ“ .- македонско машко народно оро со ритам 18/16 (2, 2, 3, 2, 2, 2, 2, 3). Се игра со држење за китките на рацете, кои се малку свиткани во лактите. Тоа е ти-пично машко борбено оро, со високи балансирања во бавниот дел, а со потскоци, доскоци и остри движења во брзиот дел. Во вториот… Continue reading БЕРАНЧЕ
Category: Енциклопедија
БЕРАР, Виктор
БЕРАР, Виктор (Вицтор Бéрард) (Морез ди Жира, Франција, 10. Ⅷ 1864 – Париз, 13. XI 1931) – француски политичар и унив. професор, балканолог, истражувач на македонското минато. Бил професор во Ñцоле дес Хаутес éтудес иÑцоле супéриеуре де Марине, а потоа сенатор и конзул. Објавил превод на „Одисеја” со коментари, повеќе книги за Источната криза (1875-1881)… Continue reading БЕРАР, Виктор
БЕРБЕРОВСКИ, Димитар
БЕРБЕРОВСКИ, Димитар (псевд. Таќа, Ефтим, Бербер-Климе) (Крушево, 23. Ⅵ 1921 – Тушин, Мегленско, 18. Ⅰ 1944) – национален деец и првоборец. По примањето за член на КПЈ (февруари 1942) преминал во илегалство и станал борец на Крушевскиот НОПО „Питу Гули“ (16. Ⅳ – до крајот на ноември 1942). Потоа со група борци од одредот преминал… Continue reading БЕРБЕРОВСКИ, Димитар
БЕРГЕР, Јосип
БЕРГЕР, Јосип (Нови Сад, 1929) – клинички психолог, универзитетски професор во Белград и во Скопје. Ги завршил студиите по психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1955) и работел на Невропсихијатриската клиника на Медицинскиот факултет во Белград. Редовен професор на Филозофскиот факултет во Белград (1991). Во периодот 1978–2003 бил ангажиран и во наставата на додипломските и… Continue reading БЕРГЕР, Јосип
БЕРДЕ
БЕРДЕ -. најголем жичен трзачки музички инструмент, вид тамбура со четири жици и басовска хармонска функција. Многу ретко се среќава во македонските тамбурашки оркестарски состави. ЛИТ.: Драгослав Девић, Етномузикологија, Ⅲ део (скрипта), Београд, 1977, 192. Ѓ. М. Ѓ.
БЕРЗА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
БЕРЗА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ – специјализирана продуктна берза за разни видови земјоделски производи и репроматеријали. Со Законот за берзи на земјоделско-прехранбените производи (1992), формирана е Агроберза, како јавно претпријатие. Во досегашното работење Агроберзата, поради недостиг на финансиски средства, не успеа да ја оствари својата функција и да постигне забележителни резултати. Др. Ѓош.
БЕРЗИТИ
БЕРЗИТИ – словенско племе во Македонија, в. Верзити.
БЕРЗИТИЈА
БЕРЗИТИЈА – област и склавинија во Македонија, в. Верзитија. БЕРИЌ, Миленко Бориславов
БЕРКЕШ, Иван
БЕРКЕШ, Иван (Бјеловар, Хрватска, 1910 – Белград, Србија 1997) – биохемичар, редовен професор на Мед. ф. Докторирал во Загреб (1939). Во Македонија пристигнал од загрепскиот Мед. ф. и го основал Институтот за биохемија при Мед. ф. во Скопје (1954) и бил директор и шеф на Катедрата по биохемија (1954–1960). Кариерата ја продолжил на Фарм. ф.… Continue reading БЕРКЕШ, Иван
БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС
БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС (13. Ⅵ – 13. Ⅶ 1878) – конгрес на шесте европски големи сили: Русија, Германија, Австро-Унгарија, Велика Британија, Франција и Италија, од една, и Османлиската Држава од друга страна за ревидирање на територијалните решенија содржани во прелиминарниот Санстефански мировен договор (3. Ⅲ 1878), еднострано наметнат од Русија по победата во Војната (1877/1878). Со… Continue reading БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС
БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович
БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович (Бернштејн, Самуил Борисович) (Баргузин, Ист. Сибир, 3. Ⅰ 1911 – Москва, 6. Ⅹ 1997) – руски лингвист, етнолог, славист, бугарист и македонист. Долгогодишен раководител на Катедрата за словенска филологија на Московскиот универзитет „Ломоносов” и на Одделот за славистика и балканистика на АН СССР. Автор на ок. 400 научни трудови, вклучително и 18… Continue reading БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович
БЕРОВКА
„БЕРОВКА“ -. македонско женско народно оро од Малешевско, кое се игра во 2/4 ритам, со држење на рацете слободно спуштени надолу. Се игра полетно, со ситни брзи чекори на полустапалата и со доста потскокнувања и доскокнувања. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 73. Ѓ. М. Ѓ.
БЕРОВО
БЕРОВО – град во источниот дел на Република Македонија со 7.002 ж. (2002). Се наоѓа во Малешевската Котлина на крајните северни ограноци на Малешевските Планини од двете страни на р. Брегалница. Зафаќа површина од 224 ха. Има умерено-континентална клима. Како населба почнала да се формира во средината на ⅩⅤⅠⅠ в., кога жителите од околните села… Continue reading БЕРОВО
БЕРОВСКА КОТЛИНА
БЕРОВСКА КОТЛИНА – Беровската или Малешевската Котлина се протега во крајниот источен дел на Република Македонија , во изворишниот дел на Брегалница. Припаѓа на најстарото – Родопско копно на Балканскиот Полуостров. Формирана е со радијалните тектонски движења за време на плиоценот и претставува јужен тектонски дел од Беровско-делчевскиот ров. Од три страни е заградена со… Continue reading БЕРОВСКА КОТЛИНА
БЕРОВСКИ МАНАСТИР
БЕСА
„БЕСА“ – албанска организација (Белград, 1935–1941), формирана од студентите Албанци од Македонија и од Косово, по инструкции на Военоразузнавачката служба на Италија (СИМ), преку Албанското претставништво во Белград. Разгранок во Македонија (Тетово) бил формиран при крајот на 1938 г. од шаип Камбери, Идриз Ибрахим Црцр и Сеап Селман (Селим Сехати) за да дејствува за национално… Continue reading БЕСА
БЕСЕДА
„БЕСЕДА“ (јуни 1972 – септември 1987) – списание за култура и уметност во Куманово. Издавач е Културно-просветната заедница на градот. Главни и одговорни уредници биле: Методи Петровски, Благоја Игњатовски, Ратко Дамјановски. Списанието посебно внимание им посветувало на роднокрајните автори и на севкупниот културен живот во Куманово, а ја негувало и меѓурепубличката книжевна соработка во СФР… Continue reading БЕСЕДА
БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ
БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ (Аптерѕгота) – најпримитивни инсекти. Мали, без крилја (аптерѕгос гр. = без крилја) по што и го добиле името. Се појавуваат во поголеми популации во определен период од годината. Живеат по влажни и темни места покрај брегот на неистечните води, локви, бари и езера, во мовови, по глечери и на снегот по планините. Во… Continue reading БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ
БЕТАР
БЕТАР (Брит трумпелдор) (Скопје, 1923) – еврејска младинска организација во Македонија, милитантна ревизионистичка ционистичка организација со филијала во Битола. Поради милитантниот настап на нејзините членови, била непопуларна меѓу членовите на заедниците и во Скопје и во Битола. Во Скопје кенот го раководел Виктор Аврахам Касуто. Организацијата била во постојан судир со членовите на младинската организација… Continue reading БЕТАР
БЕЌАР, Димо
БЕЌАР, Димо (Прилеп, 3. Ⅴ 1910 – Скопје, 1983) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа економика и за предметот економика на шумско-стопанските организации. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1933). Бил на служба во Дирекцијата за шуми во Босна и Херцеговина, каде што извршувал разни должности во повеќе градови (1934–1941).… Continue reading БЕЌАР, Димо
БЕЌАРОВ, Коста Трајанов
БЕЌАРОВ, Коста Трајанов (с. Русиново, Малешевско, ? – Малешевско, 1907) – учесник во македонското револуционерно дело, војвода на Малешевската чета и учесник во бојот со српска чета во летото на 1906 г. кај месноста Црнел, Малешевско. Загинал во борбите кај месноста Сливница, Малешевско. ЛИТ.: А. Динев, Илинденска епопеја, Ⅱ, Скопје, 1949. Ал. Тр. Нехат Беќири
БЕЌИРИ, Нехат
БЕЌИРИ, Нехат (Нехат Бељири) (Тетово, 1. Ⅷ 1967) – сликар, професор на Тетовскиот универзитет. Дипломирал (1991) и магистрирал (2001) на Факултетот за ликовни уметности во Приштина. Самостојно излагал во Тетово, Скопје, Приштина, Париз. Создава експресивни фигуративни композиции и дела во духот на новата апстракција. Л. Н.
БЕЧВИ
БЕЧВИ -. машка долна облека, изработена од клашна. По рабовите, како и околу џебовите и цеповите, биле украсувани со црни гајтани, дело на локалните терзии. За разлика од машкото мијачко население што носело бечви изработени од бела клашна, во прилепскиот регион (с. Кривогаштани) тие биле изработувани од подебела клашна (шајак) во темноцрвена боја. Ј. Р.… Continue reading БЕЧВИ
БЕЏЕТИ, Беџет
БЕЏЕТИ, Беџет (с. Грешница, Кичевско, 14. Ⅶ 1942) – политички деец. Студирал на Природно-математичкиот факултет. Член на СКМ (од 1958). Бил учител и службеник во СВР на СРМ, член на Општинската конференција на СКМ во Кичево и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. С. Мл. Валентинијан, монета ( Ⅳ в.)