БАНКОВ, Никола

БАНКОВ, Никола (с. Белица, Разлошко, 27. Ⅵ 1924 – Равен, Разлошко, 16. Ⅴ 1944) – младински активист и партизан на Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“. Загинал во борба со жандармеријата и со контрачетниците кај м. Равен на Рила. ЛИТ.: Белица крепост на комунизма в пирински края, Сборник од статии, спомени и очерци, София, 1967; Георги… Continue reading БАНКОВ, Никола

БАНСКО

БАНСКО – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија со 9.384 ж. (1992). Се наоѓа во северното подножје на планината Пирин, на југозападната страна на р. Глазне. Преку Б. поминува регионалниот пат БлагоевградРазлогГоце Делчев. По долината на Места до Б. допира влијанието на променетата медитеранска клима. Како населба е формирано во IX и Ⅹ… Continue reading БАНСКО

БАНТАО

БАНТАО (Балканска асоцијација за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи) – асоцијација формирана од нефролози и други експерти што се занимаваат со проблеми на болести на бубрезите и со вештачки органи, од градовите на Балканскиот Полуостров (Охрид, 9. Ⅹ 1993). Иницијатор за формирањето на БАНТАО беше МЗНДТВО. Одржани се осум конгреси: во Варна (1995), СтругаContinue reading БАНТАО

БАНЏО, Науме Спасев

БАНЏО, Науме Спасев (псевд. Спас, Банџов, Банџович) (Охрид, 1904 – Охрид, 15. Ⅷ 1942) – синдикален и партиски деец во Романија, Куба, Франција, Белгија и Македонија. Во 1928 г., како француски работник, синдикално се активирал, а во 1931 г. станал и член на КПФ. Бил прогонуван, затворан и протеран во Белгија, каде што засновал семејство.… Continue reading БАНЏО, Науме Спасев

БАЊА БАНСКО

БАЊА БАНСКОСтрумичка Бања, се наоѓа во подножјето на планината Беласица, 12 км југоисточно од Струмица, во близина на с. Банско, поради што е позната и под името Бања Банско. Хидротермалниот систем е од пукнатински тип, а неговиот резервоар се наоѓа во гранити. Теренот е изграден од старопалеозојски гранит покриен со дебели терциерни седименти.… Continue reading БАЊА БАНСКО

БАЊИШТЕ

БАЊИШТЕ – Дебарска Бања – се наоѓа на 4 км северозападно од Дебар, во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 870 м. Со Дебар е поврзана со асфалтен пат. Термоминералните извори кои ги има три, се предис2007 е М. Х. Поленаковиќ. М. Пол. Бања Банско Бањиште, Дебарска Бања понирани со длабински раседи. Се… Continue reading БАЊИШТЕ

БАПТИСТИ во Македонија

БАПТИСТИ во Македонија . – приврзаници на баптистизмот (реформистичко движење од ⅩⅤⅠⅠ в.), во Македонија проширен во 1892 г. од мисионери дојдени од Англија. Баптистите се застапници на Библијата и правото на нејзино лично толкување. Христијанската баптистичка црква „Радосна вест“ (ХБЦ) со седиште во Скопје има околу 100 членови, организирани во локални заедници во СкопјеContinue reading БАПТИСТИ во Македонија

БАРАКОВ, Димитар

БАРАКОВ, Димитар (Банско, 5. Ⅹ 1888 – Банско, 9. Ⅷ 1931) – комунист, еден од основачите на организација на БКП (т.с.) во Банско. Бил кмет на Банско (1921– 1923). Учествувал во Септемвриското востание (1923), постојано бил проследуван од ВМРО на Иван Михајлов и од полицијата, бил затворан и подложуван на мачења. Умрел од измачувањата. ЛИТ.:… Continue reading БАРАКОВ, Димитар

БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса

БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса (Благоевград, 18. Ⅲ 1922 – с. Лисија, Горноџумајско, 29. Ⅰ 1944) – Веса Бараковска -Роза младински раководител, прва партизанка од Пиринскиот дел на Македонија. Член и секретар на Работничкиот младински сојуз (1938), партизанка во Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“ (Ⅶ 1943). По тој повод Никола Парапунов испратил директивно писмо до сите партизански одреди… Continue reading БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса

БАРАНОВ, Николај Илич

БАРАНОВ, Николај Илич (Русија, 1887 – ?) – ентомолог. Во периодот меѓу двете светски војни и во Втората светска војна бил ентомолог во Хигиенскиот завод во Скопје и во Хигиенскиот завод во Загреб (1920–1944) и научен соработник на Заводот за паразитологија при Ветеринарниот факултет во Загреб. Открил над 200 нови видови двокрилци од Европа, Азија,… Continue reading БАРАНОВ, Николај Илич

БАРБАРОВСКИ, Георги

БАРБАРОВСКИ, Георги (с. Дабиле, Струмичко, 6. Ⅴ 1949) – но-Георги Барбаровски винар и писател. Кариерата ја почнал како соработник на земјоделскиот весник „Трибина” (1974). Од 1986 г. се афирмирал во Политичко-економската рубрика на „Нова Македонија”. Бил член на првиот редакциски состав на „Дневник”, а од февруари 2004 г., заедно со Александар Дамовски, е основач и… Continue reading БАРБАРОВСКИ, Георги

БАРБАРОВСКИ, Миле

БАРБАРОВСКИ, Миле (с. Дабиле, Струмичко, 1. IX 1952) – композитор на популарна музика. Дипломирал на ФМУ во Скопје, на Одделот за ударни инструменти во класата на Емил Клан. Ав-тор е на над 300 новосоздадени песни и ора во духот на народното творештво. Учесник на сите фестивали што се одржуваат во Македонија и на кои освоил… Continue reading БАРБАРОВСКИ, Миле

БАРБИС, Анри

БАРБИС, Анри (Хенри Барбуссе) (Париз, 17. Ⅴ 1873 – Москва, 30. Ⅷ 1935) – француски писател и општественик, што се залагал за заштита од тероризирање на македонското население. Ја придруа во Првата светска војна бил и на Македонскиот (Солунски) фронт. Автор е на антивоениот роман „Оган“ (1916). Како член на Комунистичката партија на Франција (1923),… Continue reading БАРБИС, Анри

БАРГАЛА

БАРГАЛА (Горен Козјак) – утврдена населба од доцноантичко време и епископски центар. Градот израснал од римско воено утврдување (каструм), за што сведочи натписот на камената плоча од 371 г., случајно пронајден во с. Карбинци. Според него, градот се наоѓал во провинцијата Средоземна Дакија. Хиерокловиот синегдем го наведува епископот Дарданиус како учесник на Халкедонскиот собор во… Continue reading БАРГАЛА

БАРИЧ

БАРИЧ – еден од четирите кањони во изразитата клисуреста долина на Радика, кој е предиспониран со раседна линија. Се протега од сливот на Рибничка Река до сливот на Жировничка Река во должина од 9 км. Долинското дно на кањонот е тесно, а вертикалните отсеци што се издигаат од двете долински страни се високи помеѓу 300… Continue reading БАРИЧ

БАРИШИќ, Ладислав

БАРИШИќ, Ладислав (Чаковец, 6. Ⅵ 1941 – Скопје, 2. Ⅵ 1991) – ликовен критичар. Студирал на Универзитетот во Загреб. Водел ликовни рубрики во македонскиот и во хрватскиот печат („Нова Македонија”, „Екран”, „Остен”, „Око”). Ги одбегнувал идеолошките стапици и преку полемики се залагал за надминување на провинцијализмот во ликовната уметност и во критиката. М. Б.-П. Марин… Continue reading БАРИШИќ, Ладислав

БАРЛЕТИ, Марин

БАРЛЕТИ, Марин (Скадар, ок. 1450 – Рим, 1512) – католички свештеник и историчар, основен историски извор за биографијата на Георги Кастриот Скендербег. Ја преживеал опсадата на родниот град и подоцна заминал во Италија (1479). Автор е на извештајот за опсадата на Скадар (Де обсидионе Сцодренси, Венеција, 1504) и на книгата: Хисториа де вита ет гестис… Continue reading БАРЛЕТИ, Марин

БАРСКИ, Василиј Григорович

БАРСКИ, Василиј Григорович (?, 1701 – Киев, октомври 1747) – руски патеписец. Во Македонија ги посетил Св. Гора, Солун, Сер, Пела, Воден, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Скопје и оставил податоци за сите места. За манастирите Григоријан, Дохијар и Ксенов пишува дека се погрчени. ЛИТ.: Михаил Ковачевъ, Български ктитори въ Света Гора, Исторически очеркъ –… Continue reading БАРСКИ, Василиј Григорович

БАРТОШ, Милан

БАРТОШ, Милан (Белград, 10. XI 1901 – Белград, 12. Ⅲ 1974) – правник, унив. професор по меѓународно приватно право, редовен член на САНУ и член од надворешниот состав на МАНУ(од 4. Ⅴ 1972). Дипломирал право во Бел-град (1924) и докторирал во Париз (1927), по што бил професор на Белградскиот универзитет (1928). Учествувал во низа заседанија… Continue reading БАРТОШ, Милан

БАРУТНИЦА

БАРУТНИЦА . ( с. Амзабегово) – неолитска населба расположена на блага падина од левата страна на Светиниколска Река, оддалечена околу 2 км ј-з од селото. Истражувана е во 1961 г. од Паула и Јосип Корошец и во 1969/70 г. од М. Гарашанин и М. Гимбутас. Во културниот слој од 4 м се издвоени четири хоризонти… Continue reading БАРУТНИЦА

БАСАРОВ, Јован Андреев

БАСАРОВ, Јован Андреев (Рудник, 15. Ⅷ 1922 – Скопје, 21. Ⅲ 1943) – првоборец, организатор на оружената борба во Велес и Велешко и еден од првите борци во НОПО „Димитар Влахов“ во 1942 г. Учествувал во повеќе борби против бугарската војска и полиција и нивните помагачи контрачетниците во Велешко и во Скопско. Ги предводел оружените… Continue reading БАСАРОВ, Јован Андреев

БАСНА

БАСНА (лат: фабула – краток расказ) – кратка приказна во проза или во стихови, во која главна улога имаат животните, понекогаш растенијата, неживите предмети или некои природни сили. Тие обично се прикажани со човечки особини (антропоморфозирани) преку говор, карактерни особини, склоности, стремежи и сл. Односите меѓу луѓето обично се дадени алегорично, при што се исмеваат… Continue reading БАСНА

БАСОТОВА, Љубинка

БАСОТОВА, Љубинка (Скопје, 15. Х 1934) – класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Објавила повеќе научни трудови од областа на класичните студии во домашни и во странски списанија. Автор е на многубројни преводи и препеви од латински и старогрчки јазик на значајни дела од класичната и од… Continue reading БАСОТОВА, Љубинка