ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско – 50 м висок рид во долината низ којашто минувал прастариот пат од Кичевијата кон Пелагонија, преку Брод. Врвот претставува елипсовидно плато (260 х 128 м, 3,5 ха) благо наведнато кон југ. Било обградено со силен малтерен ѕидемплектон (1,8–2 м) и зајакнато со 12 правоаголни кули, секоја на растојание од 15 до… Continue reading ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско
Category: Енциклопедија
ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос
ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос (Мурниес, Крит, 23. Ⅷ 1864 – Париз, 18. Ⅲ 1936) – студирал право на Атинскиот универзитет, активно учествувал во Критското востание (1897) и на Критското собрание. Барал обединување со Грција, каде преминал и се вклучил во политичкиот живот. Во 1910 г. бил претседател на Владата на Грција. За време на Балканските војни ја… Continue reading ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос
ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана
ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана (Скопје, 2. Ⅶ 1959) – филолог, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со потесна специјалност – современ македонски јазик и синтакса. Завршила гимназија, а потоа дипломирала на ФилоСнежана Веновска -Антевска лошкиот факултет (македонски јазик) во Скопје (1978–1982). На истиот факултет магистрирала на темата „Спротивната реченица кај македонските автори од ⅩⅠⅩ… Continue reading ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана
ВЕНС, Сајрус Робертс
ВЕНС, Сајрус Робертс (Саирус Робертс Венце) (Кларксбург, Западна Вирџинија, 27. Ⅲ 1917 – Нујорк, 12. Ⅰ 2002) – американски политичар и дипломат. Државен секретар на САД (1977–1980); еден од копретседателите на Раководниот комитет на Конференцијата за поранешна Југославија, кој, заедно со Лорд Овен, во 1992 г. му предлага на Генералниот секретар на ООН одобрување група… Continue reading ВЕНС, Сајрус Робертс
ВЕРВЕРИЧКИ
ВЕРВЕРИЧКИ (Сциуридае) – фамилија од редот глодари (Родентиа), приспособени за живот на дрвја или на земја, каде што копаат дупки. Кај нас живеат два вида: верверичка (Сциурус Верверичка вулгарис) и стоболка (Спермопхилус цителлус). ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицаци на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Мит-цхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П.Ј.Х. Реијндерс,… Continue reading ВЕРВЕРИЧКИ
ВЕРГИНА
ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич
ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич (Городок, Леовска област, Украина, 18. Х 1871 – Хјустон, САД, 3. IX 1951) – руски публицист, поет и литературен историчар, близок до К. Мисирков, Д. Чуповски и Н. Димов. Доктор по филологија на Виенскиот универзитет (1899) и издавач на неословенофилското сп. „Славянский В‹къ“ во Виена (1900–1905), во кое ја афирмира културно-националната идеологија… Continue reading ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич
ВЕРЗИТИ
ВЕРЗИТИ – словенско племе. Кон крајот на Ⅵ и почетокот на Ⅶ в. се населиле во Македонија на териториите северно од Солун, а подоцна се повлекле подлабоко во внатрешноста. Во сојуз со другите племиња, учествувале во нападите на Византија (614–616), пустошејќи ги егејските острови, Јужен Илирик, Епир, Хелада, бреговите на Тесалија и во нападот на… Continue reading ВЕРЗИТИ
ВЕРЗИТИЈА
ВЕРЗИТИЈА – склавинија на Верзитите во Македонија, во близина на бугарската држава. Бугарскиот кан Телериг (770–777) во октомври 774 г. пратил 12.000 војници и болјари да ја освојат, а нејзините жители да ги преселат во Бугарија. Византијците биле известени за намерите на Бугарите, ја пресретнале и ја поразиле бугарската војска кај Литохорија (со непозната локација).… Continue reading ВЕРЗИТИЈА
ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна
ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна (Орел, Русија, 4. IX 1963) – руски лингвист-македонист. Дипломирала на Групата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет (1985), каде што и сега е доцент на Катедрата за словенска филологија. Работела како научен соработник и професор по македонски и руски јазик во разни институции на својот универзитет… Continue reading ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна
ВЕРКОВИЌ, Стефан И
ВЕРКОВИЌ, Стефан И. (с. Угљара, Босна 5. Ⅲ 1821 – Софија, 30. Ⅻ 1893) – босански фратер, археолог, собирач и публикувач на македонски фолклор, српски и руски политички активист и организатор на антиелинизмот, но и пропагатор на бугаризмот во Македонија. Студира во Загреб, каде што под влијание на Људевит Гај, ги прифаќа идеите на илиризмот,… Continue reading ВЕРКОВИЌ, Стефан И
ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ
ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ -. ракопис од крајот на ⅩⅣ в., кој, според своите палеографски и јазични особености, се вбројува во македонските ракописи. Содржи 99 пергаментни листови, пишуван на мали листови со димензии 21х14 цм. Се чува во Ракописниот оддел на Руската национална библиотека во Санкт Петербург со сигн.: Љ н И 46. Ракописот $ го продал… Continue reading ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ
ВЕРНЕР, Ружа Стјепанова
ВЕРНЕР, Ружа Стјепанова (Ружа Њернер) (с. Цаново, Славонски Брод, Хрватска 16. Ⅱ 1900 – Ѓаково, Хрватска 22. Ⅱ 1981) – хистолог, ембриолог, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирала на Мед. ф. во Загреб. Во Скопје доаѓа, по покана, како доцент од загрепскиот Мед. ф. (1947). Основач е и долгогодишен директор на Институтот за хистологија и… Continue reading ВЕРНЕР, Ружа Стјепанова
ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА -. верски заедници и религиозни групи во Македонија. Во минатото на Македонија егзистирале речиси сите балкански вероисповеди, од разните многубожества, до христијанската и муслиманската религија. Зачувани се голем број археолошки остатоци низ целата територија на географска Македонија од сите историски периоди. Своја посебна религија имале и античките Македонци и Пајонците. Меѓу археолошките… Continue reading ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА
ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА – наставен предмет во српските и во бугарските училишта во Македонија до 1944 г. Со „Привремениот план за обука во основните училишта”, донесен од Поверенството за просвета при Президиумот на АСНОМ (30. IX 1944), е предвидено факултативно изучување на вероучението од Ⅰ до Ⅳ одделение на основното училиште, но со нов документ од… Continue reading ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА
ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Версај, 18. Ⅰ – 28. Ⅵ 1919) – мировна конференција по Првата светска војна. На македонскиот народ не му било признато правото на самоопределување и на државност. Прашањето за Македонија во Државата на Србите, Хрватите и Словенците било разгледувано во Комитетот за новите држави и за заштитата на малцинства при утврдувањето на… Continue reading ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ
ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ (1919) – договори што произлегуваат од Версајскиот мировен договор што се однесуваат и на Македонија. На Мировната конференција на македонскиот народ не му било признато правото за самоопределување и за создавање самостојна држава. Со мировните договори била санкционирана поделбата на Македонија. Во Сен-Жермен (10. IX 1919) бил ВЕРСКИ потпишан Договорот меѓу Сојузничките… Continue reading ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ
ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија
ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија (. движења што секогаш, покрај конфесионалните, имале и политички, социјални, културни и национални програми. Богомилството се јавило во првата половина на Ⅹ в. и го добило името по Богомил, свештеник кој прифатил идеи од манихејската вера. Започнало како религиозно против црквата, а прераснало во социјално движење на народните маси за противставување… Continue reading ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија
ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ во Република Македонија
ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ во Република Македонија (- религиозни организации на верски заедници и религиозни групи. Според Законот за верските заедници и религиозните групи верските заедници претставуваат доброволно организирани, непрофитни заедници на верници од иста вероисповед, а религиозните групи се доброволни, непрофитни здружувања на верници со исто верско убедување кои не припаѓаат на регистрирана верска заедница. Верските… Continue reading ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ во Република Македонија
ВЕРСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕРСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА – средни училишта за подготовка и образование на кадар за потребите на црковните служби и религиозните обреди на разните вероисповеди, надвор од државниот образовен систем. Според Уставот, сите вероисповеди имаат право на школување кадар за своите религиозни потреби. Свои верски училишта имаат организирано православната и муслиманската заедница (Скопје, по едно училиште).… Continue reading ВЕРСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕСЕЛИНОВ, Коста
ВЕСЕЛИНОВ, Коста (с. Бобшево, Пиринско, 1908 – Ксанти, Тракиско, 19. IX 1942) – македонски културно-национален деец, историчар и публицист. Учи во Горна Џумаја, но поради учество во марксистичкото движење, во Ⅵ клас е исклучен од гимназијата и образованието го продолжува во Пазарџик. Во следната година се враќа во Горна Џумаја и развива поширока национално-политичка дејност.… Continue reading ВЕСЕЛИНОВ, Коста
ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В
ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В. – учител, книжевник, српски публицист и дипломат. Бил учител во Врање (1874), службеник на Министерството на војната и управник на Домот на Друштвото „Свети Сава“ во Белград (ноември 1888 – август 1889), по што заминал на дипломатска служба во Цариград (август 1889–1892) за подготовка на македонски учебници и книги за српската пропаганда… Continue reading ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В
ВЕСЛАР, ОРАБЕН
ВЕСЛАР, ОРАБЕН . (Дѕтисцус маргиналис Л.) – воден тврдокрилен инсект. Распространет е во цела Европа (освен Пиринејскиот Полуостров), во Сибир, во Јапонија и во Северна Америка. Живее во бари и јазови. Може брзо да плива и да нурка. Во неповолни услови, обично по зајдисонце и ноќе, бара ново поповолно живеалиште. Издржлив летач. Наесен се закопува… Continue reading ВЕСЛАР, ОРАБЕН
ВЕСЛАРИ
ВЕСЛАРИ (Дѕтисцидае) – тврдокрилни инсекти. Телото им е хидродинамично сплескано и широко, приспособено за живот во водна средина. Задните нозе се издолжени, раширени и со густи влакнести израстоци, функционираат како весла по што го добиле името. Се хранат со водни инсекти, полноглавци, тритони и ситни риби. Женката полага јајца на водни растенија. Ларвите се долги… Continue reading ВЕСЛАРИ