ХУНИ

ХУНИ – азиски номадски племиња од монголско потекло. Продреле во Европа, ги поразиле Остроготите на северното крајбрежје на Црно Море (375) и продолжиле да се движат кон запад (376). Во Европа формирале голем племенски сојуз, со центар во Панонија, кој ги зафаќал териториите од Волга, на исток, до Германија, на запад. Најголема моќ имале во… Continue reading ХУНИ

ХУНЌАР ЏАМИЈА

ХУНЌАР ЏАМИЈА (Дебар, 1467) – верски објект, споменик на културата. Изградена под ктиторство на султанот Мехмед Ⅱ Фатих (1451–1481), на правоаголна основа со димензии 12,70 х 9,38 м. Во дворот постои турбе и има многу надгробни камења. Реновирана 1938/1939 г. ЛИТ.: Мехмет З. šбрахимгил, Балканлар’даки Фатих Султан Мехмед Цамилери, Балканлар’да ис-лам медениѕети лл миллетлерарас› семпозѕуму… Continue reading ХУНЌАР ЏАМИЈА

ХУСАМЕДИН-ПАШИНА ЏАМИЈА

ХУСАМЕДИН-ПАШИНА ЏАМИЈА (Штип, ⅩⅤⅠ в.) – споменик на културата. Кај христијаните позната како црква „Св. Илија“. Има квадратна основа засводена со купола и трем на четири столба, покриен со три мали куполи. Припаѓа на еднопросторниот селџучки тип на џамии. Заштитни интервенции биле извршени во текот на 1959 г. Во дворот се наоѓа турбе на Мејдин… Continue reading ХУСАМЕДИН-ПАШИНА ЏАМИЈА

ХУСЕИН, Екрем

ХУСЕИН, Екрем (Скопје, 6. Ⅲ 1943) – балетски играч и кореограф. Балетската наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов и Р. Пакашки. Солист на Ба-Екрем Хусеин летот при МНТ и еден од најистакнатите уметници во ансамблот (1960-1990). Уметник со особена естетика, препознатлива во секое движење, гест и танц. Освен… Continue reading ХУСЕИН, Екрем

ХУСТЕД, Фридрих

ХУСТЕД, Фридрих (1886–1968) – најпродуктивниот и највлијателниот дијатомолог на ⅩⅩ в. Неговата работа е основа за модерната таксономија на дијатомеите. Има објавено еден труд за балканскиот регион, во кој се анализирани дијатомеите на Охридското и на Преспанското Езеро, изворите на реката Бабуна и на Катлановското Блато. Опишува поголем број видови, нови за науката во МакедонијаContinue reading ХУСТЕД, Фридрих

ЦАНЕВ, Благој

ЦАНЕВ, Благој (Свети Николе, 8. Ⅷ 1937) – композитор. Првиот дипломец (1970) на штотуку основаната Висока музичка школа (подоцна ФМУ), каде што подоцна дипломира и на Одделот по композиција (Вл. Николовски, 1979). Работи како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се… Continue reading ЦАНЕВ, Благој

ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНЕВ, Борјан (Скопје, 1. Ⅺ 1973) – диригент. Во 1997 г. дипломирал диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Ф. Муратовски), магистри-Ц рал на Софиската музичка академија, и специјализирал на Кралскиот колеџ во Лондон. Од 1993 г. е ангажиран како постојан диригент во Македонската филхармонија, изведувајќи симфониски и камерни дела од класичниот и… Continue reading ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАНОСКИ, Фијат (Струга, 2. Х 1960) – бизнисмен, политичар. Завршил Економски факултет и магистрирал по политички науки во Скопје. Основач и сопственик на Универзитетот ФОН во Скопје со одделение во Струга, а од учебната 2009/10 г. и дисперзирани одделенија во Струмица и Гостивар, како и на 5-та приватна гимназија во Скопје и во Струга. Основач… Continue reading ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАРА, Дервиш

ЦАРА, Дервиш (Дервисх Цара) (с. Палчиште, Тетовско, кон почетокот на ⅩⅠⅩ в. – Солунски затвор, по 1844) – управник на Џеладинбег во Гостивар и водач на востание на албанското население против османлиската власт (ноември 1843 – 26. Ⅴ 1844). Востанието избило како резултат на бавните и недоволни реформи во системот на феудалните институции во времето… Continue reading ЦАРА, Дервиш

ЦАРЕВИ КУЛИ

ЦАРЕВИ КУЛИ (СТРУМИЦА) – тврдина на доминантен рид над остатоците на античкиот и средновековен град. Масивните тврдински ѕидови го окружуваат рамното плато, дополнително зајакнати со ѕид од полесно пристапната северна страна. На јужната страна се наоѓала порта заштитена со две кули и јаз преминуван со подвижен мост. На платото била подигната масивна повеќеаголна кула од… Continue reading ЦАРЕВИ КУЛИ

ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Цариград, 23. ⅩⅠⅠ 1876 – 20. И 1877) – конференција на претставниците на европските Големи сили Велика Британија, Франција, Германија, Австро-Унгарија, Италија, Русија и Османлиската Империја, посветена на кризата во Турција. Конференцијата усвоила реформи во балканските владенија и бил усвоен Проект на органски правилник за формирање на два автономни вилаета-провинции (санџаци): Источен санџак… Continue reading ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА – вселенска православна црква, прва во диптихот на помесните православни цркви, со седиште во Цариград. На Четвртиот вселенски собор (451) се спомнува Константинополската архиепископија, која прераснала во патријаршија во времето на патријархот Акакиј (472–488). Патријархот Јо-ван Ⅱ Кападокиски (518–520) се прогласил за „вселенски“ или „екуменски“. Цариградските патријарси се дистанцирале од римските папи, ги… Continue reading ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

ЦАРКЊАС, Никодим

ЦАРКЊАС, Никодим (с. Сжботско, Егејскиот дел на Македонија, 1942) – архимандрит, национален деец. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Атина (1987). Поради македонската национална дејност повеќе пати бил апсен, а леринскиот владика го расчинил (1981). Наредната година бил примен во служба во Митрополијата во Кукуш (1982), а потоа кукушкиот митрополит го назначил за претставник во градот… Continue reading ЦАРКЊАС, Никодим

ЦАРФАТИ, Аврахам бен шломо Тревис

ЦАРФАТИ, Аврахам бен шломо Тревис (Скопје, 1470 – Сафед, ?) – скопски рабин. Во Скопје дошол во 1505 г. и извесно време бил рабин. Од Скопје заминал на служба во Цариград. Во Венеција ја отпечатил својата книга „Биркат Аврахам“ (1552). Животот го завршил во Сафед во Галилеја. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје… Continue reading ЦАРФАТИ, Аврахам бен шломо Тревис

ЦАРЧЕВ, Миле Костов

ЦАРЧЕВ, Миле Костов (Струмица, 16. Ⅶ 1948) – спец. по детска и превентивна стоматологија, проф. на Ст. ф. Докторирал во 1989 г. Публикувал 105 статии. Учествувал во изведбата на научни проекти. Бил претседател на Стоматолошката комора на Македонија и продекан на Ст. ф. Е. М. Ѓорѓи Цаца

ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков

ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков (Битола, 15. Ⅸ 1920 – Скопје, 14. Х 2006) – правник, државник, универзитетски професор. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Белград, каде што ја одбранил и докторската теза „Уставноста и законитоста во СФРЈ и улогата на уставните судови во нивната заштита“ (1973). Бил професор по… Continue reading ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков

ЦВЕКЛО

ЦВЕКЛО . (Бета вулгарис вар. рубра.) – двегодишно растение. Првата година формира надебелен корен и лисна розета, а во втората генеративни органи. Се одгледува заради надебелениот корен, кој се консумира готвен или во преработки. Содржи: минерални материи (Фе, К, Зн), Цвекло Мн, јаглени хидрати (12–14%), аминокиселини, и бетанини. Се одгледува со расад и со директна… Continue reading ЦВЕКЛО

ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов

ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов (Скопје, 28. Ⅷ 1935) – спец. Владимир Цветанов по медицина на трудот (1967), алерголог и клинички имунолог (1984), редовен проф. на Мед. ф. Медицинските студии ги завршил во Скопје (1961), магистрирал во Загреб (1970), а докторирал во Скопје (1979). Супспецијалист по алергологија и пулмологија (1993). Основоположник е на Институтот за медицина на… Continue reading ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов

ЦВЕТКОВ, Љубомир

ЦВЕТКОВ, Љубомир (Охрид, 1938) – технолог, унив. професор. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1962), магистрирал и потоа докторирал (1979) на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, каде што е вработен од 1970 г., а како редовен професор од 1988 г. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во долг период. Подрачја: технологија на прехранбени… Continue reading ЦВЕТКОВ, Љубомир

ЦВЕТКОВ, Парашкев

ЦВЕТКОВ, Парашкев (Плевен, Бугарија, 20. Ⅴ 1875 – с. Могила, Парашкев Цветков Битолско, 8. Ⅴ 1903) – гимназиски професор по музика и војвода на ТМОРО. Дипломирал на конзерваториум во Русија и бил професор по музика во родниот град, а потоа во Битолската класична гимназија (1902/3) и домашен учител на децата на битолскиот руски конзул А.… Continue reading ЦВЕТКОВ, Парашкев

ЦВЕТКОВИЌ, Бранко

ЦВЕТКОВИЌ, Бранко (Будимпешта, 11. Ⅸ 1930 – Скопје, август 1995) – пијанист и педагог. Дипломирал на Музичката академија во Љубљана (П. шивиц), а специјализирал на Академијата „Санта Чечилија“ во Рим (К. Цеки, 1967). Основач на Катедрата по пијано на ФМУ во Скопје, каде што долги години работел како професор (1966–1991). Сн. Ч.-Ан. Нада Цветковиќ ЦВЕТКОВИЌ,… Continue reading ЦВЕТКОВИЌ, Бранко

ЦВЕТКОВСКА, Маја

ЦВЕТКОВСКА, Маја (Скопје, 1947) – технолог, унив. професор. Дипломирала (1972) и докторирала (1982) на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а магистрирала на Технолошкиот факултет во Загреб (1975). Била на студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1975 г., а како редовен професор од 1993 г. Била продекан на Факултетот… Continue reading ЦВЕТКОВСКА, Маја

ЦВЕТКОВСКА, Надежда

ЦВЕТКОВСКА, Надежда (Скопје, 6. ⅩⅠⅠ 1948) – историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет (Група историја), магистрирала со темата „Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија од 1918 до 1929 година“ (1986) и докторирала со темата „Граѓанските партии во Вардарскиот дел на Македонија од 1935… Continue reading ЦВЕТКОВСКА, Надежда

ЦВЕТКОВСКИ, Живко

ЦВЕТКОВСКИ, Живко (с. Дејловце, Кумановско, 16. Ⅱ 1948) – лингвист, македонист, професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за македонски јазик и книжевност (1970). Магистрирал („Допусните реченици во македонскиот јазик“, Скопје, 1981) и докторирал („Именскиот прирок во македонскиот… Continue reading ЦВЕТКОВСКИ, Живко