ФИЛДИШЕВСКИ, Петар Ангелов (Охрид, 1. Ⅱ 1924 – Скопје, 15. Ⅹ 1994) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1951) и се вработил на Нервната клиника (1951–1980). Специјалистички ис-пит положил во 1954 г., а хабилитирал во Скопје (1958) на проблемот на ликворските промени. Основоположник на неврофизиологијата во Република Македонијасо… Continue reading ФИЛДИШЕВСКИ, Петар Ангелов
Category: Енциклопедија
ФИЛИП I
ФИЛИП I (Пхилиппос) – македонски крал (644–640 пр. н.е.) од династијата на Аргеадите, син на Аргај I. По кратко владеење, загинал во борби со Илирите. ИЗВ:. Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ. К. М.-Р. Скулптура на кралот Филип Ⅱ
ФИЛИП Ⅱ Македонски
ФИЛИП Ⅱ (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади, татко на Александар Ⅲ Македонски, син на кралот Аминта Ⅲ. Станува крал на 23-годишна возраст. Стекнува слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Како македонски басилевс (монарх) спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија – македонска фаланга и благородничка коњица –… Continue reading ФИЛИП Ⅱ Македонски
Филип Ⅱ Македонски
ФИЛИП Ⅱ (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади, татко на Александар Ⅲ Македонски, син на кралот Аминта Ⅲ. Станува крал на 23-годишна возраст. Стекнува слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Како македонски басилевс (монарх) спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија – македонска фаланга и благородничка коњица –… Continue reading Филип Ⅱ Македонски
ФИЛИП V
ФИЛИП V (221 – Амфипол, 179 пр. н.е.) – македонски крал од династијата Антигониди. Син на Деметриј Ⅱ и Фтија. Ја обновува моќта на Македонија, државата добива доминантна улога на Балканот. Водел успешни војни против Дарданците на север и Ајтолската лига на југ. Со експанзијата на римската држава дошло до Првата македонско-римска војна (215–205 г.… Continue reading ФИЛИП V
ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина
ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина (Скопје, 2. Ⅷ 1956) – историчар на уметноста, кустос советник во Одделот за уметност на националната установа Музеј на Македонија. Како кустос била задолжена за збирката на камената декоративна пластика и копиите на фрески (од 1980). Реализирала повеќе изложби во земјата и во странство. Посветена е на истражување на постарото графичко наследство и… Continue reading ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина
ФИЛИПИ
ФИЛИПИ (Пхилиппои) – град во Источниот дел на Македонија, во богатата област Датон, во под-ножјето на Пангајската Гора, основан од кралот Филип Ⅱ (356 пр. н.е.) на местото на тасоската колонија Крениди (Кренидес). Во римско време станал колонија под името Цолониа Аугуста Иулиа Пхилиппенсис. Тука е основана од страна на св. апостол Павле првата христијанска… Continue reading ФИЛИПИ
ФИЛИПИКИ
ФИЛИПИКИ – политички и епидиктички говори на најславниот антички говорник Демостен (384 пр. н.е.). Од 352 г. пр. н.е., пред Народното собрание во Атина Демостен ги држи своите најпознати говори, со кои ги повикува Хелените на обединување за одбрана од непријателот Филип Ⅱ; говорите не ја постигнуваат целта: Хелените се поразени и освоени. Тие се… Continue reading ФИЛИПИКИ
ФИЛИПОВ, Стојан
ФИЛИПОВ, Стојан (с. Старчишта, Неврокопско, 2. Ⅷ 1877 – Неврокоп, 4. Ⅹ 1944) – учител, учесник во Илинденското востание во Неврокопско, војвода на ВМРО по Првата светска војна и пунктов началник во Неврокоп. Бил член на Македонската парламентарна група во Народното собрание на Бугарија. Убиен без судење. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997;.… Continue reading ФИЛИПОВ, Стојан
ФИЛИПОВИЧ, Димитрија
ФИЛИПОВИЧ, Димитрија (ⅩⅤⅠⅠⅠ – ⅩⅠⅩ в.) – добротвор од Кратово. Во 1812 г. го платил бакрорезното клише за Лесновскиот манастир со претстава на св. Гаврил Лесновски, а во 1817 г. во Будимската универзитетска печатница го финасирал печатењето на книгите „Митарства“ и „Чудеса пресвјатија Богородице“ од Јоаким Крчовски. ЛИТ.: С. Радојчиђ, Старине Црквеног Музеја у Скопљу,… Continue reading ФИЛИПОВИЧ, Димитрија
ФИЛИПОВСКИ-ДАМЕ, Чеде,
ФИЛИПОВСКИ-ДАМЕ, Чеде, (с. Никифорово, Гостиварско, 1923 – Радовишко, 26. Ⅵ 1945) – првоборец, народен херој. Бил ѕидарски работник во Белград. По Априлската војна се вратил во Македонија (1941), бил еден од организаторите на НОВ во Мавровскиот крај, член на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на Чеде Филиповски-Даме КПЈ за Маврово… Continue reading ФИЛИПОВСКИ-ДАМЕ, Чеде,
ФИЛИПОВСКИ, Антоние
ФИЛИПОВСКИ, Антоние (Доне) Божинов (Куманово, 1920 – ПробиШтип, 3. Ⅳ 1944) – комунистички деец и организатор на НОБ во Кумановско. Се школувал во Железничарското занаетчиско училиште во Ниш, но бил исклучен поради комунистички пројави. По враќањето станал член на СКОЈ (1938) и на МК на СКОЈ во Куманово, завршил пи-Антонио Филиповски лотски курс во Скопје… Continue reading ФИЛИПОВСКИ, Антоние
ФИЛИПОВСКИ, Атанас
ФИЛИПОВСКИ, Атанас (с. Сулдурци, Радовишко, 22. Ⅸ 1946) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1996) по предмети од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Магистрирал во ИЗИИС (1978), докторирал на Градежниот факултет во Скопје (1988). Објавил учебници по метални, односно челични конструкции за Градежниот и Архитектонскиот факултет, единствени во… Continue reading ФИЛИПОВСКИ, Атанас
ФИЛИПОВСКИ, Ѓорѓи Стефанов
ФИЛИПОВСКИ, Ѓорѓи Стефанов (с. Сорович, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, РГ, 6. Ⅴ 1919) – универзитетски професор, академик. Основно училиште и гимназија завршува во Битола. Студира агрономија во Земун (1937–1941) и дипломира во Софија (1942), каде што останува до 1944 г. како асистент по педологија. По ослободувањето е шеф на Отсекот за педологија и агрохемија… Continue reading ФИЛИПОВСКИ, Ѓорѓи Стефанов
ФИЛИПОВСКИ, Љупчо
ФИЛИПОВСКИ, Љупчо (Бел-град, 22. Ⅸ 1933) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот Архитектонски конструкции. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). Освен со педагошка, се занимава и со научноистражувачка, проектантска и со публицистичка дејност. Реализира повеќе станбени објекти во Скопје, во Кавадарци и во Кочани. Објавил повеќе… Continue reading ФИЛИПОВСКИ, Љупчо
ФИЛИПОВСКИ, Миле
ФИЛИПОВСКИ, Миле (с. Маврово, Гостиварско 1920 – Скопје, 22. Ⅴ 1986) – првоборец, генерал-полковик на ЈНА. Бил припадник на работничкото движење, член на КПЈ и учесник во НОБ (1941), борец во Кичевско-мавровскиот НОПО (1943), командант на баталјон и на Петнаесеттата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето бил командант на воени гарнизони на ЈНА (Никшиќ и др.).… Continue reading ФИЛИПОВСКИ, Миле
ФИЛИПЧЕ, Добри Ставрев
ФИЛИПЧЕ, Добри Ставрев (Охрид, 28. Ⅶ 1946) – спец. гинеколог-акушер, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1970) и специјализирал гинекологија и акушерство (1973–1977). Работел на Гинеколошко-акушерската клиника (1971–2006) и бил нејзин директор (1998–2002). Магистрирал во Загреб (1978), а докторирал во Бел-град (1986). Основач е на првата балканска школа за… Continue reading ФИЛИПЧЕ, Добри Ставрев
ФИЛИПЧЕ, Илија Ставрев
ФИЛИПЧЕ, Илија Ставрев (Охрид, 28. Ⅶ 1946) – спец. по ОРЛ, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, редовен член на МАНУ о (од 2009). Образованието го завршува во Скопје, а како специјалист (1977) доедукацијата ја добива во Загреб, Париз, Лион, Безје, Цирих, Прага и Оклахома Сити. Основач на современата ото-неврохирургија и истакнат експерт од… Continue reading ФИЛИПЧЕ, Илија Ставрев
ФИЛМСКА ВОСПИТНО-ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКА ВОСПИТНО-ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА. Почетоците датираат од 1927 г., кога Хигиенскиот завод од Скопје започнал со редовни проекции на едукативни филмови. Оваа дејност ја продолжил и ја проширил Заводот за културно-просветен филм, формиран во 1956 г., користејќи го филмот како помошно средство во наставниот процес. Едукацијата за филмот се одвива преку форми за ширење… Continue reading ФИЛМСКА ВОСПИТНО-ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Во почетокот на дваесеттите години од ⅩⅩ в. е регистриран првиот обид за занимавање со филмска дистрибуција – агентурата за промет со филмови на М. Асео и С. Мусафија. Со институционализирањето на македонската кинематографија по Ослободувањето, се формира дистрибутерската куќа „Македонија филм“, а со општествените промени во деведесеттите години доаѓа до… Continue reading ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА. Од 1921 г. во периодиката се востановени рубрики за филм-ска критика, тренд што продолжува и по Втората светска војна. Периодот на педесеттите години од ⅩⅩ в. претставува истражување на медиумската структура и тука се испробуваат Димитар Митрев, Јован Бошковски, Димитар Солев и многумина други од редот на писателскиот еснаф.… Continue reading ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА. Со аматерските филмови на Кирил Миноски, Благоја Дрнков, Благоја Попстефанија и други (во втората половина на триесеттите години од ⅩⅩ в.) започнува развојот на филмскиот аматеризам кај нас. Веќе во 1950 г. е формиран Киносојузот на Македонија, како асоцијација на филмските аматери, а од 1996 г. тој е полноправен член на… Continue reading ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА. Со документарно-пропагандните филмови „Во избори за нови победи“ (Б. Дрнков) и „Жито за народот“ (Т. Попов), реализирани преку Филмско-Скопје, во 1947 г. започнува повоениот развој на филмското производство во Македонија. Најбројниот опус на документарни, играни и анимирани филмови се реализирани од долгогодишниот државен продуцент „Вардар филм“. Првото разбивање на тој монопол… Continue reading ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
ФИЛОВ, Богдан
ФИЛОВ, Богдан (Стара Загора, Бугарија, 28. Ⅲ 1883 – Софија, 1. Ⅱ 1945) – археолог и историчар на уметноста, профашистички премиер и регент на Бугарија. Завршува класична гимназија во Софија. Студира на Универзитетите во Визбург, Лајпциг и Фрајбург, каде што учи класична филологија, стара историја и археологија. Богдан Филов Докторирал во Фрајбург. Од 1920 г.… Continue reading ФИЛОВ, Богдан