ТОЛСТОЈ, Никита Илич

ТОЛСТОЈ, Никита Илич (ТолстоŸ, Никита ИлÏич) (Вршац, Ср-бија,15. Ⅳ 1923 – Москва, 27. Ⅵ 1996) – руски лингвист, славист, лексиколог, историчар на јазикот; дописен член на АН СССР (1984), редовен член на РАН (1987), член на МАНУ надвор од работниот состав (1979), на САНУ и на други академии, др х.ц. на Универзитетот „Марија Склодовска-Кири“ во… Continue reading ТОЛСТОЈ, Никита Илич

ТОМА СЛОВЕНОТ

ТОМА СЛОВЕНОТ (? – 823) – служел во малоазиската византиска војска. Во времето на Лав Ⅴ подигнал селско антииконоборско востание. Бил прогласен за цар од антиохискиот патријарх со поддршка на калифот Мамун, по што отишол во Тракија и го опсадил Цариград (ⅩⅠⅠ 821 – пролетта на 823). Царот Михаил Ⅱ со помош на Омуртаг ја… Continue reading ТОМА СЛОВЕНОТ

ТОМАЛЕВСКИ, Георги

ТОМАЛЕВСКИ, Георги (Крушево, 16. Ⅸ 1897 – Софија, Бугарија, 1988) – раскажувач, романсиер, публицист, есеист. УШТЕ како млад (со семејството) се преселува во Софија, каде што завршува гимназија и физика на Софискиот универзитет. Работел долго како просветен работник. Во литературата влегува мошне млад и остава богат прозен опус. • се посветил на македонската тема системно… Continue reading ТОМАЛЕВСКИ, Георги

ТОМЕВ

ТОМЕВ (ПАТЕРОВ), Џим (Димитрија) (Јим Тхомев Патерас) (с. К’басница, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 17. Ⅱ 1945) – поет, драмски деец, уредник. По одењето на татко му Томе Патеров на печалба во Австралија (1948), го повлекол и семејството (сосе најмалиот син Димитрија) во Мел-бурн (1954). Целото школување му е на англиски јазик. По дипломирањето на… Continue reading ТОМЕВ

ТОМИ, Лезе

ТОМИ, Лезе (Призрен, Косово,5. Ⅱ 1933) – актерка. Член е на Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје (1959-1991). УЛОГ: Манде, Александра (во истоимените дела), Кате („Парите се отепувачка“), Петрија („Чорбаџи Теодос“), Х („Мртвите не плаќаат данок“), Донка („Бегалка“), Сестрата („Големата вода“), Лезе Томи Аница („Клопче“), како и во претставите „Антигона“, „Електра“, „шума“, „Изгубената… Continue reading ТОМИ, Лезе

ТОМИЌ, Глигорие

ТОМИЌ, Глигорие (Крушево, 1886 – Белград, 1971) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничката висока школа во Белград (1914). Како овластен проектант имал сопствено проектантско претпријатие „Полет“ во Скопје (до 1941). Проектирал и реализирал голем број индивидуални семејни куќи, трговски објекти и касарни во Скопје. Основач е и сопственик на керамичката индустрија КИС. По… Continue reading ТОМИЌ, Глигорие

ТОМИЌ, Љубомир

ТОМИЌ, Љубомир (Скопје, 7. Ⅱ 1922) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Загреб (1951). Целиот работен век го поминал на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што го предавал предметот Градежни конструкции. Се занимава со архитектонско проектирање, научноистражувачка работа, публицистика и со педагошка дејност. Покрај… Continue reading ТОМИЌ, Љубомир

ТОМИЌ, Миле

ТОМИЌ, Миле (Миле Томици) (Жупанија Караш-Северин, Романија, 26.Ⅵ 1938) – романски лингвист, славист, балканист, лексикограф, ономастичар, дијалектолог. БИБ.: Романско-македонски и Македонско-романски речник (Скопје–Букурешт), 1986. З. Т. Мимоза Томиќ

ТОМИЌ, Мимоза Несторова

ТОМИЌ, Мимоза Несторова (Струга, 21. Ⅵ 1929) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1953). Поголем дел од својата професионална активност ја поминува во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, како самостоен проектант и како директор на Заводот. Проектант е на повеќе објекти, од кои позначајни се: Музеите на… Continue reading ТОМИЌ, Мимоза Несторова

ТОМОВСКИ, Драган

ТОМОВСКИ, Драган (Скопје, 11. Ⅴ 1911) – архитект и урбанист. Развива богата архитектонска и урбанистичка дејност. Проекти-Драган Томовски рал бројни објекти со различни намени, од кои преовладуваат станбени згради и општествени објекти, доследно спроведувајќи го интернационалниот стил. Позначајни остварувања: Учителската школа со интернат во Битола (1946); станбени блокови во населбата „Карпош“, Скопје (1947); хотелот „Турист“… Continue reading ТОМОВСКИ, Драган

ТОМОВСКИ, Душан

ТОМОВСКИ, Душан (Дебар, 16. Ⅷ 1925 – Чикаго, САД, 18. Ⅹ 1979) – литературен преведувач, научен работник. Дипломирал на четири групи на Филозофскиот факултет во Скопје: физика, германски јазик и литература, француски јазик и литература, англиски јазик и литература. Работел како професор на Филозофскиот факултет (шеф на Катедрата за германски јазик и книжевност. Негови најзначајни… Continue reading ТОМОВСКИ, Душан

ТОМОВСКИ, Крум

ТОМОВСКИ, Крум (Скопје, 21. ⅩⅠⅠ 1924) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет, член на МАНУ (од 1974). Објавил над 200 библиографски единици од областа на архитектурата и ја претставува првата повоена генерација дипломирани македонски архитекти, кои не само што ја прифаќаат одговорната задача канализирано и организирано да продуцираат стручни кадри (преку работата на Архитектонскиот… Continue reading ТОМОВСКИ, Крум

ТОМОВСКИ, Мирче

ТОМОВСКИ, Мирче (Скопје, 30. Ⅶ 1943 – Скопје, 11. Ⅹ 2006) – новинар, публицист и општественик. Завршил Правен факултет во Скопје. Од 1967 г. е во Радио Скопје како соработник во Скопската и Втората програма, коментатор, главен и одговорен уредник на Информативно-политичката програма. Во времето на македонскиот либерализам директор на Центарот за идејно-политичка работа, потоа… Continue reading ТОМОВСКИ, Мирче

ТОМОСКИ, Сотир

ТОМОСКИ, Сотир (Битола, 16. Ⅱ 1899 – Скопје, 30. ⅩⅠⅠ 1985) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград (1924). Во први-Сотир Томоски: Спортската сала во Кавадарци (1956) те 10 години работел во Србија (Белград и Крушевац), каде што реализира повеќе проекти од станбен, здравствен, училиштен и од… Continue reading ТОМОСКИ, Сотир

ТОМОСКИ, Томо

ТОМОСКИ, Томо (Скопје, 22. ⅩⅠⅠ 1915 – Скопје, 2004) – историчар, универзитетски професор. Завршил историја на Филозофскиот факултет во Љубљана (1948), хабилитирал (1958) на Филозофскиот факултет во Скопје. На истиот факултет работел како асистент (1949–1950), предавач (1950–1958), доцент (1958–1963), вонреден професор (1963–1970) и редовен професор (1970–1983). Бил продекан на Филозофскиот факултет, шеф на Катедрата за… Continue reading ТОМОСКИ, Томо

ТОПАЛОВ, Георги

ТОПАЛОВ, Георги – Дедо Ѓорѓи (с. Горно Драглиште, Разлошко, 1893 – м. Равен, Разлошко, 16. Ⅴ 1944) – истакнат револуционер од Пиринскиот дел на Македонија. Бил учесник во Септемвриското востание (1923). Емигрирал во Советскиот Сојуз и од таму се вратил (1937). Во партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија бил заедно со своите двајца синови… Continue reading ТОПАЛОВ, Георги

ТОПЛИФИКАЦИЈА АД

„ТОПЛИФИКАЦИЈА“ АД – Скопје – формирана во 1965 г. како Дирекција за топлифицирање на Скопје. Снабдува околу 40% од станбениот и поголем дел од деловниот простор. Во 1999 г. ус-пешно е завршен процесот на Топлификација АД – Скопје приватизацијата. Се занимава со производство и дистрибуција на топлинска енергија; изработка на инвестициски програми, студии, техничка документација;… Continue reading ТОПЛИФИКАЦИЈА АД

ТОПОЛА

ТОПОЛА . (Популус Л., фам. Салицацеае) – родот содржи околу 30 вида високи листопадни дрвја од Северната хемисфера. Листовите се прости, на долга, сплескана дршка. Има дводомни со еднополни цветови, собрани во цветни реси. Плодовите се мали чушки со сит-но семе, снабдено со бели влакна. Виреат во крајречната растителност. Во Република Македонијаприродно се застапени: белата… Continue reading ТОПОЛА

ТОПОЛИЊСКА, Зузана

ТОПОЛИЊСКА, Зузана (Тополивска, Зузанна) (Варшава, Полска, 2. И 1931) – лингвист, славист; специјалист за западнословенските и јужнословенските јазици; дијалектолог, синтаксичар со тежиште врз македонскиот јазик. Во 1983 г. преселена во Република Македонијаи работела како проф.-гостин на Кат. за слав. при Филолошкиот факултет по граматика на полскиот јазик (1983–1999), а потоа 1992–1999 го воведува предметот вовед… Continue reading ТОПОЛИЊСКА, Зузана

ТОПУЗОВСКИ, Благоја Стратев

ТОПУЗОВСКИ, Благоја Стратев (Галичник, 10. Ⅱ 1932) – редовен професор (1979) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 1996 г.). Дипломирал (1956) и докторирал (1965) во Скопје. Изведувал настава по Физичка хемија за студенти по хемија, по Општа хемија за студенти по физика и, најдолго, по Медицинска хемија на Медицинскиот и на Стоматолошкиот факултет.… Continue reading ТОПУЗОВСКИ, Благоја Стратев

ТОПУРКОВСКИ-ТИТАН, Димитар

ТОПУРКОВСКИ-ТИТАН, Димитар (с. ОШТИМА, Леринско, 1911 – 3. Ⅱ Скопје, 1981) – учител, учесник во Македонското националноослободително и антифашистичко движење во Егејскиот и во Вардарскиот дел на Македонија. Во 1943 г. бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“, потоа командант на баталјон на Првата МНОУ бригада, началник на бригада на НОВ во Вардарскиот дел на… Continue reading ТОПУРКОВСКИ-ТИТАН, Димитар

ТОРАНИЦА

ТОРАНИЦА – рудник на Пб, Зн руда, кој се наоѓа во северните делови на рудниот реон СасаТораница, на планината Осогово. Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат карпи од метаморфниот комплекс (гнајсеви, кварц–графитични шкрилци и др.) и терциерни вулканити (кварцлатити). Серијата на кварц–графи-Рудари во рудникот „Тораница“ тични шкрилци е од посебно значење, бидејќи во неа се… Continue reading ТОРАНИЦА