ТАНЕВСКА, Мими

ТАНЕВСКА, Мими (Скопје, 17. Ⅲ 1956) – актерка и педагошки Мими Таневска работник. Дипломирала на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје (1984). Член е на Драмата на МНТ (1985–1999), а потоа работи во ФДУ во Скопје. Освен на матичната сцена, настапувала и на сцените низ Републиката. УЛОГ: Флејтиската („Кланица“), Грета („Македонски состојби“), Стојна… Continue reading ТАНЕВСКА, Мими

ТАНЕВСКИ, Јосиф

ТАНЕВСКИ, Јосиф (Скопје, 1945) – инж. технолог, унив. професор, основач на Движењето на екологистите на РМ. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1970). Магистрирал (1975) и докторирал (1985) на Универзитетот во Загреб. Имал повеќе специјализации на универзитетите во Париз и во Хамбург. Од 1975 г. е координатор во Институтот на „Алкалоид“ – Скопје. Бил професор… Continue reading ТАНЕВСКИ, Јосиф

ТАНЕВСКИ, Стефан

ТАНЕВСКИ, Стефан (Скопје,7. Ⅳ 1918 – Скопје, 16. Ⅱ 1997) – поет, драмски писател. Завршил Медицинско училиште. Пишува стихови на македонски јазик (од 1935 г. поемата „Гоце Делчев“. Стефан Таневски Подалечното македонско историско минато, крвавите битки, делбите и преселбите, измамите и поразите, легендите и преданијата се теми во неговите драмски творби. ДЕЛ: стихозбирка Ноќни бразди,… Continue reading ТАНЕВСКИ, Стефан

ТАНЕСКИ, Борис

ТАНЕСКИ, Борис (с. Пештани, Охрид, 28. Ⅴ 1943) – град. инж., директор на Заводот за испитување материјали и развој на нови технологии „Скопје“ во Скопје (од 1978). Во Заводот работи од 1971 г. во реализација на многубројни објекти во земјава и во странство, а како добар организатор е заслужен за развојот и враќањето на Заводот… Continue reading ТАНЕСКИ, Борис

ТАНЕЦ , ансамбл за народни игри и песни на Македонија

„ТАНЕЦ“, ансамбл за народни игри и песни на Македонија. Основан е на 24. Ⅲ 1949 г. Прв директор бил Мане Чучков, а прв уметнички раководител Живко Фирфов. Првиот официјален настап го имал на 24. Ⅵ 1950 г. Наредниот месец го имал првото претставување во странство во Ланголен (Англија), каде што со изведбата на „Тешкото“ ги… Continue reading ТАНЕЦ , ансамбл за народни игри и песни на Македонија

ТАНЗИМАТ

ТАНЗИМАТ (тур. танзимат-и хаѕриѕе – благотворни уредби)– назив за реформите воведени во Османлиската Империја со Ѓулханскиот хатишериф (1839) по кои и периодот што следел бил наречен „Танзимат“. Биле гарантирани безбедноста на животот, честа и имотот, бил укинат закупот на даноците, биле воведени нови правила за регрутација во војската, слободно градење, доградба или реновирање на црквите… Continue reading ТАНЗИМАТ

ТАНЧЕВ, Костадин

ТАНЧЕВ, Костадин (Динка) (Валандово, 7. Ⅷ 1940) & графичар, сликар, дизајнер, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, основоположник на современиот графички дизајн во РМ. Дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград (1967). Како графичар остварува геометризирана визуелна структура, а како сликар создава во духот на поетскиот реализам. Излагал самостојно во Скопје и… Continue reading ТАНЧЕВ, Костадин

ТАНЧЕВ, Љубомир

ТАНЧЕВ, Љубомир (Прилеп, 9. Ⅶ 1945) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1992) по предметите Брани и Хидротехнички објекти. Завршил постдипломски студии во Делфт, Холандија (1978/1979), докторирал во Скопје (1988). Учествувал во повеќе проекти од хидротехниката. Објавил преку триесет научни труда и четири книги од кои најзначајна е „Брани и… Continue reading ТАНЧЕВ, Љубомир

ТАНЧЕВ, поп Стамен

ТАНЧЕВ, поп Стамен (с. Бугариево, Солунско, 1857 – Солун,5.Ⅹ 1904) – свештеник, припадник на ТМОРО. Бил на служба во Егзархиската црква „Св. Димитрија“ во Солун и претседател на Солунската црковно-училишна општина, член на МРО (1894). Во врска со Солунската афера (1901) бил затворен во Подрум Кале. По амнестијата (1902) ги продолжил револуционерната и црковната дејност.… Continue reading ТАНЧЕВ, поп Стамен

ТАОРСКА КЛИСУРА

ТАОРСКА КЛИСУРА – се протега помеѓу селата Таор и Башино Село во должина од 31 км, во долината на реката Вардар. Всечена е помеѓу источните клонови на планината Јакупица од западната и Градишката Планина од источната страна. Клисурата е тектонски предиспонирана и е со високи и стрмни долински страни, кои на некои места, како кај… Continue reading ТАОРСКА КЛИСУРА

ТАПАН

ТАПАН – мембранофон музички народен инструмент. Во Македонија се практикува во две големини – голем и мал, кои имаат ист облик и се изработуваат од ист материјал. Најпрвин се прави празен дрвен валјак (луб) од ореово или од костеново дрво. На секоја од неговите отворени страни е распната кожа од коза или од овца, која… Continue reading ТАПАН

ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО

ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО – посебен сегмент од дрвно-индустриското производство на тапациран мебел. Во тапацираниот мебел влегуваат: мебелот за седење и мебелот за седење и лежење. Тапацираниот мебел го сочинуваат: фотелја (едносед), аголен едносед, двосед, тросед, табуретка и тросед со вграден механизам за трансформација во кревет. При конструирањето на тапацираниот мебел се води сметка за формата, што… Continue reading ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО

ТАПИСЕРИЈА

ТАПИСЕРИЈА (фр. таписсерие – ткаеница) – текстилна уметност за создавање декоративни покривки за ѕидови и подови, за делови на мебел или како независно уметничко дело. Таписеријата се ткае рачно, на разбој, најчесто со природни предива, волна, лен, памук, свила. Најпознат центар за таписерии бил градот Арас во Франција. Во Република Македонијапрвите таписерии ги создаваат Л.… Continue reading ТАПИСЕРИЈА

ТАРАБУКА

ТАРАБУКА – мембранофон музички народен инструмент од ориентално потекло. Има облик на конусна вазна, а изработена е од глина во должина од 200 до 400 мм. Нејзиниот поголем кружен отвор е затворен со распната кожа од јагне или јаре, а во поново време со кожа од пластика. Помалиот кружен отвор не е Тарабука затворен. Се… Continue reading ТАРАБУКА

ТАРАНЕШ

ТАРАНЕШ (Дебарско) – археолошки локалитет од доцноантичко време, каде што во 1982 г. е откриен гроб – тип циста. Граден е од монолитни плочи, меѓусебно поврзани, залиени со олово и покриени со плочи од архитектонски објекти во секундарна употреба. Во него се откриени: сребрена позлатена чинија со ликот на Лициниј Ⅱ, сребрен ѓум – кана,… Continue reading ТАРАНЕШ

ТАРАПУЗА, Стојан

ТАРАПУЗА, Стојан (Злетово, 29. ⅩⅠⅠ 1933) – поет, писател за деца. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Бил новинар и уредник во „Детска радост“, во Книгоиздателството „Наша книга“ и во Радио Скопје. Дебитирал со поезија за возрасни, а потоа целосно $ се посветил на литературата за млади. ДЕЛ: стихозбирки: Црвено растење, Ск., 1961; Во каменот… Continue reading ТАРАПУЗА, Стојан

ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова

ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова (Карловац, Хрватска, 8. Ⅴ 1926 – Скопје, 30. Ⅶ 2007) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1972), вработена на Нервната клиника (1959–1987). Мед. ф. завршила во Загреб (1953), специјалистички испит (1958) и хабилитирала (1971) во областа на психијатријата. Има посебен придонес во областа на суицидологијата и психотерапијата. Раководител на… Continue reading ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова

ТАРОНИТ, АШОТ

ТАРОНИТ, АШОТ (Џ – Ⅺ в.) – византиски благородник, војсководец, син на солунскиот дукс Григориј Таронит, зет на царот Самуил. Бил заробен од Самуил (995), се оженил за неговата ќерка Мирослава (996/7) и бил поставен за намесник на Драч. Му се предал на Василиј Ⅱ, ја добил титулата магистер, а жена му зости. ЛИТ.: Иоаннис… Continue reading ТАРОНИТ, АШОТ

ТАРОНИТ, Григориј

ТАРОНИТ, Григориј (Х в.) – византиски благородник и војсководец, магистер, дукс на Солун. За да ги спречи нападите на Самуил, Василиј Ⅱ го поставил за намесник на Солун во ранг на дукс (991). Загинал во обидот да го ослободи заробениот син АШОТ (995). ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин, 1973. К. Аџ.… Continue reading ТАРОНИТ, Григориј

ТАРЧУЛОВСКИ, Јохан

ТАРЧУЛОВСКИ, Јохан (Скопје, 17.Ⅺ 1974) – инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Република МакедонијаБорис Трајковски во војната во Република Македонијаво 2001 г., обвинет од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето на 12. Ⅷ 2001 г. во с. Љуботен (член 7/1 од Статутот на Трибуналот, за… Continue reading ТАРЧУЛОВСКИ, Јохан

ТАСЕВА, Слаѓана

ТАСЕВА, Слаѓана (Скопје, 31. Ⅴ 1969) – правник, унив. рофесор. Професор и директор на Полициската академија и професор и декан на Факултетот за криминалогија и безбедност на Европскиот универзитет во Скопје. Основач и претседател на НВО Транспарентност – нулта корупција. Р. Душка Тасевска

ТАСЕВСКА, Душка

ТАСЕВСКА, Душка (Прилеп, 25. Ⅶ 1938) – виолончелист. Студиите по виолончело ги завршува на Музичката академија во Загреб (проф. Рудолф Мац, 1965). Престојува на специјализација кај Е. Папаставро во Париз (1967–1970). Асистент е на проф. А. Навара во Скопје (1972–1975), како и на неговите музички семинари во Охрид. Од 1974 г. работи како професор на… Continue reading ТАСЕВСКА, Душка

ТАСЕВСКИ, Александар

ТАСЕВСКИ, Александар (Македонски Брод, 14. Ⅹ 1953) – одбојкар. Го завршил Автосообраќајниот училиштен центар во Скопје Александар Тасевски (1973). Бил член на ОК „Работнички“ и ОК „Вардар“ во Скопје. Настапил 210 пати за Одбојкарската репрезентација на Југославија (1972–1984). На седум балкански првенства освоил трипати второ и четирипати трето место. На Медитеранските игри во Сплит (1979)… Continue reading ТАСЕВСКИ, Александар

ТАСЕВСКИ, Владо

ТАСЕВСКИ, Владо (Прилеп, 1916 – 11. ⅩⅠⅠ 1943) – браварски работник, комунистички деец и борец. По завршувањето на четири класа гимназија, се вработил во Ложилницата на Железницата во Прилеп, каде што го изучувал браварскиот занает. Се префрлил на работа во Ложилницата во Скопје (1936) и се вклучил во синдикалното движење. Бил раководител на штрајкот во… Continue reading ТАСЕВСКИ, Владо