БОЖИНОВСКИ, Киро

БОЖИНОВСКИ, Киро (Прилеп, 2. XI 1933 – Скопје, 30. Ⅹ 2006) – флејтист. Со музичко образование се здобива во Средното музичко училиште во Скопје и кај Ј. Срејовиќ, во Белград. Долгогодишен прв флејтист на Операта и Балетот на МНТ и прв флејтист на Македонската филхармонија. Како солист настапува на домашниот концертен подиум, во центрите на… Continue reading БОЖИНОВСКИ, Киро

БОЖИНОВСКИ, Панде

БОЖИНОВСКИ, Панде (с. Кривени, Ресенско, ? – Нивици, Преспанско, 1976) – печалбар, комунист, македонски револуционер. Бил на печалба во Аргентина (Буенос Аирес), работел во градежништвото и бил активен учесник во штрајковите, демонстрациите и митинзите организирани од Аргентинската комунистичка партија. Бил и повереник на в. „Интернасионал“. Со неколку печалбари формирал македонско друштво и издавал македонски весникContinue reading БОЖИНОВСКИ, Панде

БОЖИНОВСКИ, Петар

БОЖИНОВСКИ, Петар (Пецо) Ташков (псевд. Кочо) (Битола, 15. Ⅰ 1920 – Битола, 1971) – првоборец и народен херој. Како работник станал член на СКОЈ и на КПЈ (1941). По фашистичката окупација бил член на Воениот комитет на МК на КПЈ во Битола, борец на Битолскиот НОПО „Пелистер” ( 22. Ⅳ 1942), Битолско-преспанскиот НОПО (6. Ⅶ… Continue reading БОЖИНОВСКИ, Петар

БОЗДОВ, Стерјо И

БОЗДОВ, Стерјо И. (Крушево, 7. И 1902 – Крушево, 13. Ⅳ 1987) – лекар, револуционер, редовен проф., шеф на Катедрата по хигиена и прв декан на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947– 1950). Студирал медицина во Виена и во Белград, каде што и дипломирал (1933). Во периодот меѓу двете светски војни поради прогресивните политички и… Continue reading БОЗДОВ, Стерјо И

БОЗДОГАН

БОЗДОГАН (БОЗДУГАН; БУЗДОВАН; ТОПУЗ) – железна боцлива топка со рачка како бојно ладно удирачко и фрлачко оружје на јунаците за блиска борба. Обично се состоело од глава со 3-18 пера и рачка со должина од 0,5 до 0,8 м. На нашите прос-тори бил употребуван во стариот и во средниот, а поретко по ⅩⅤⅠ век. Се… Continue reading БОЗДОГАН

БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ

БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ . (Самбуцус деборенсис Коš.) – ендемит од фамилијата Цаприфолиацеае, чиишто таксономскиот статус с” уште не е сосема јасно дефиниран. Познат е само за непосредната околина на Дебар, а во поново време се наведува и за Бугарија. Загрозен вид. Вл. М. БОЗУК – кордофон жичен народен инструмент од фамилијата двогласни тамбури, кој располага со… Continue reading БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ

БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме

БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме (Димче) (Прилеп, 12. Ⅷ 1909 – Скопје, 2002) – комунистички деец, борец, правник, историчар, универзитетски професор, публицист и преведувач. Како член на КПЈ (1932), самоиницијативно го издавал илегалниот весник „Ударник” (декември 1932 – мај 1933) како „орган на КПЈ“, поради што бил осуден на шест години во КПУ „Сремска Митровица” и во КПУ… Continue reading БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме

БОЈАЏИ, Атина

БОЈАЏИ, Атина (Охрид, 11. Ⅲ 1944) – пливачка маратонка. Завршила Виша тренерска школа во Нови Сад (1968) и Виша педагошка школа во Белград (1972). Била член на ПВД „Охридски бранови” во Охрид. Првенка на Атина Бојаџи Македонија во 13 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. На врвните светски натпреварувања во маратонско… Continue reading БОЈАЏИ, Атина

БОЈАЏИ, Дики

БОЈАЏИ, Дики (Охрид, 24. Ⅱ – 1939) – пливачки маратонец. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1970) и Виша педагошка школа во Скопје (1975). Бил член на ПВД „Охридски бранови”. Првак на Македонија во 17 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. Во маратонското пливање освоил први места на реката… Continue reading БОЈАЏИ, Дики

БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов

БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов (Кратово, 14. Ⅻ 1876 – Скопје, 1950) – црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Бил учител во Струмица, Штип и во Тетово. Работел во Бачковскиот манастир и во Стара Загора, Бугарија. Од 1941 г. живеел… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов

БОЈАЏИЕВ, Драган

БОЈАЏИЕВ, Драган (Тетово, 18. Ⅱ 1930 – Охрид, 4. Ⅷ 1981) – музички публицист. Студира на Одделот за историја на музиката на Музичката академија во Љубљана (Д. Цветко). Дипломира на Теориско-наставничкиот оддел на ФМУ во Скопје. Соработник и долгогодишен главен музички уредник на Радио Скопје. Автор на прилози, коментари и критики во емисиите на Радиото… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Драган

БОЈАЏИЕВ, Константин

БОЈАЏИЕВ, Константин (Коце) (с. Бања, Разлошко, 21. Ⅴ 1880 – Софија, 19. Ⅳ 1938) – учесник во Илинденското востание, драмски војвода. Се школувал во егзархиската гиманзија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун. Во текот на 1902 година влегол во четата на Т. Давидов. Бил учесник во Илинденското востание и во Балканските војни како драмски војвода.… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Константин

БОЈАЏИЕВ, Тодор

БОЈАЏИЕВ, Тодор (Скопје, 25. XI 1948) – композитор, аранжер и пијанист. Своето композиторско деби го има на фестивалот во Суботица, Младина ‘72, со песната „Спомен мој далечен”. Како автор учествувал и на повеќе изданија на Скопскиот забавен фестивал, на кој добивал и награди (1975, со песната „Бакни ме”; 1976, „Те љубам”; 1977, „Кажи ми”). Учествувал… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Тодор

БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов

БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов (с. Кременица, Битолско, 11. Ⅴ 1939) – офталмолог. Медицина завршил во Скопје (1964), специјализирал офталмологија (1974) и работел како офталмолог на Очното одделение во Битола. Примариус станал во 1984 г., а докторирал во Нови Сад (1989). Автор е на повеќе од 80 стручни трудови и на книгите: „Здравството во Битола низ вековите”… Continue reading БОЈАЏИЕВСКИ, Петар Јованов

БОЈАЏИУ, Гонџа Агнеза Николова

БОЈАЏИУ, Гонџа Агнеза Николова (Мајка Тереза) (Скопје, 27. Ⅷ 1910 – Калкута, Индија, 4. IX 1997) – католичка мисионерка и хуманитарка. Завршила гимназија во Скопје и стапила во редот на Мајката Божја од Лорет (Нотре Даме де Лоретте) во Ирска (1928). Името Тереза го зела според истоимената француска светица. Наскоро отишла во Индија (1929) како… Continue reading БОЈАЏИУ, Гонџа Агнеза Николова

БОЈКО

БОЈКО – еден од дарителите за изработка на фрескоживописот во црквата „Св. Петка” во с. Побужје (Скопско) во 80-тите г. на ⅩⅤ в. Негово дарение била претставата на апостол Петар. Подоцна (1500) црквата повторно била сликана од други зографи, но притоа било почитувано постарото сликарство. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Црквата „Света Петка” во с. Побужје, „ЗборникContinue reading БОЈКО

БОЈКУ, Фејзи

БОЈКУ, Фејзи (Бојку, Фејзи) (с. Велешта, Струшко, 24. Ⅲ 1937) – писател, публицист и преведувач. Основно училиште завршил во родното место, а средно училиште, Педагошка академија и студии по албански јазик и книжевност во Скопје. Неколку години работел како учител во струшките села. Од 1970 г. работи како новинар и уредник во НИП „Нова Македонија“… Continue reading БОЈКУ, Фејзи

БОКСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

БОКСОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Прв го демонстрирал Стефан Ролев во Битола (1908) пред пашата, владиката и многубројната публика. Меѓу двете светски војни се одржани неколку бокс-мечеви во Битола (1936), Прилеп (1937) и во Скопје (1938). По Втората светска војна, првата боксерска секција е создадена од Страхил Андреевски во ЖСД „Победа” во Скопје, а подоцна и во… Continue reading БОКСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

БОЛВИ

БОЛВИ (Сипхонаптера = Апханиптера) – бескрилни инсекти со бочно сплескано тело. Задните нозе се приспособени за скокање. Усниот апарат служи за боцкање и за цицање. Имаат кратки антени. Мажјаците се обично поситни од женките. Ларвите се црвовидни, без нозе, поседуваат апарат за грицкање. Болвите живеат паразитски на топлокрвните животни и на човекот. Редот опфаќа околу… Continue reading БОЛВИ

БОЛЕН ДОЈЧИН

БОЛЕН ДОЈЧИН -. историски непозната личност во преданијата и во народната поезија, секогаш поврзана за Солун. Во песните тој е побратим на Марко Крале, со што, според своите потреби и желби, народните творци ги обединуваат дејствувањето и животните патишта на омилените народни јунаци. Во народните песни токму тој го ослободува Марка од азачката темница (Миладиновци,… Continue reading БОЛЕН ДОЈЧИН

БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. Болничката здравствена заштита во Македонија до втората половина на ⅩⅠⅩ век била слабо развиена. Во Битола веројатно најрано била изградена турска воена болница. Во градот имало најмалку три воени болници. Првата, наречена „Царска воена болница”, се претпоставува дека постоела од ⅩⅤⅠ век, а до 1844 г. била во близината на Градскиот стадион.… Continue reading БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

БОЛНО

БОЛНО – село во Ресенско. Се наоѓа на источните падини на планината Петрина, од двете страни на Болнска Река, на надморска височина од околу 900 м. Со Ре-сен е поврзано со локален асфалтен пат. Населено е со Македонци, а нивниот број е во постојано опаѓање. Во 1961 г. во Болно живееле 600 ж., а во… Continue reading БОЛНО

БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР

БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР – кирилички ракопис на псалтир со ко„Болоњски псалтир”, македонски ракопис (ⅩⅠⅠⅠ в.) ментар на Хесихиј Ерусалимски од 1240–1241 г., 264 л., Унив. библ. во Болоња, сигн. 2400 (Еџ Биб. С. Салв. 583). Во науката е познат од ⅩⅤⅠⅠ в. Препишан е од постара глаголичка предлошка (одделни глаг. букви, зборови и редови во текстот)… Continue reading БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР