БИЧЕНА ГРАЃА

БИЧЕНА ГРАЃА – краен производ на пиланското производство. Со помош на технологијата на бичење од дрвото се изработуваат сортименти со различни напречни пресеци. Формите на бичената граѓа на напречниот пресек можат да бидат: четирирабни, полигонални, комбинирани и меркантилни. Овие четири форми по должина можат да бидат со паралелни рабови, со призматична и со конусна форма… Continue reading БИЧЕНА ГРАЃА

БИЏОВА-ГАЈДОВА, Васка

БИЏОВА-ГАЈДОВА, Васка (Прилеп, 26. Ⅵ 1924) – оперска певица – колоратурен сопран, првенка и една од првите солистки на Операта на МНТ. Соло-пеење учела кај П. Богданов-Кочко, Н. Кунели, П. Холотков и во Љубљана (Ј. Бетето). Постојан член на Операта и Балетот на МНТ (1948–1978). Во меѓувреме (1958) дипломира на Високата школа за музичка и… Continue reading БИЏОВА-ГАЈДОВА, Васка

БИШЕВ, Глигор Павлов

БИШЕВ, Глигор Павлов (Струмица, 5. Ⅳ 1958) – економист, банкар и унив. професор. Економски факултет (1976–1980) и постдпломски студии (монетарно-кредитна теорија и политика) завршил во Скопје (1980&1982) со магистерскиот труд „Понудата на пари во современата монетарна теорија” Глигор Бишев (1985) и ја одбранил докторската дисертација „Понудата и побарувачката на пари – случајот на Југославија” (1991).… Continue reading БИШЕВ, Глигор Павлов

БЛАГА РАКИЈА

БЛАГА РАКИЈА -. обред со зашеќерена топла ракија во свадбените обичаи, поврзани со првата брачна вечер и прославата на „чесноста на невестата”. Во неделата навечер или утрото во понеделникот невестата ги почестува свадбарите во домот на младоженецот, а обредни лица – деверот, свекрвата или младоженецот им носат блага ракија на родителите на невестата и на… Continue reading БЛАГА РАКИЈА

БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ

БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ – краткорочни хартии од вредност што ги издава НБРМ. Благајничките записи се продаваат по дисконтиран износ, а на денот на достасувањето се исплаќа нивната номинална вредност, при што разликата меѓу номиналниот и дисконтираниот износ ја претставува каматата што ја носат благајничките записи. Благајничките записи можат да се се издаваат со различни… Continue reading БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ

БЛАГОВЕЦ

БЛАГОВЕЦ (Свето Благовештение, Благоец, Благовест) – неподвижен или постојан христијански празник (25/7 април). Се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец прв ден Велигден”. Светото евангелие според Лука раскажува дека архангел Гаврил бил испратен од Бога да $ соопшти на девојката Марија од Назарет… Continue reading БЛАГОВЕЦ

БЛАГОЕВ, Борислав

БЛАГОЕВ, Борислав (Скопје, 1912 – Скопје, 23. Ⅰ 2009) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во Скопје (1930), а Правен факултет во Белград (1936). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Меѓународното регулирање на трудовите односи“ (1939). Избран за доцент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947), а потоа за доцент (1951)… Continue reading БЛАГОЕВ, Борислав

БЛАГОЕВ, Никола Попов

БЛАГОЕВ, Никола Попов (с. Ракита, Кајларско, 15. Ⅱ 1868 – Софија, 1944) – правник, унив. професор. Завршил класична гимназија во Битола (1889) и Правен факултет на Универзитетот во Белград (1894). Бил редовен доцент (1916-1925) и вонреден професор (1926-1934) по историја на бугарското и словенското право на Софискиот универзитет. Бил член на Македонскиот научен институт во… Continue reading БЛАГОЕВ, Никола Попов

БЛАГОЕВ, Спиридон

БЛАГОЕВ, Спиридон (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, РГр, 7. Ⅱ 1926 – Скопје, 2009) – правник и историчар. Завршил шестгодишно училиште во родното село на грчки јазик (1938), а подоцна се вработил во државно претпријатие (1940). По германската окупација на Грција (1941) станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа и член… Continue reading БЛАГОЕВ, Спиридон

БЛАГОЕВ, Трајко

БЛАГОЕВ, Трајко (с. Владимирово, Малешевско, 25. Ⅷ 1876 – Софија, 1937) – учител, член на Струмичкиот окружен комитет и раководител на Комитетот во Малешевско. Завршил педагошко училиште во ќустендил и педагогија на Универзитетот во Софија (1904). Бил учител во Владимирово, Малешевско (1896–1897). Член на МРО од 1895 г. и заменик-претседател на Струмичкиот окружен комитет (1898–1899)… Continue reading БЛАГОЕВ, Трајко

БЛАГОЕВГРАД

БЛАГОЕВГРАД (порано: Горна Џумаја) – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 71.343 ж. (1992). Се наоѓа во Благоевградската Котлина, во подножјето на југозападните разграноци на планината Рила, од двете страни на р. Благоевградска Бистрица, на надморска височина од 400 м. Низ градот поминува меѓународниот пат Е–79 и железничка пруга кои на север го… Continue reading БЛАГОЕВГРАД

БЛАГОРОДНИШТВО во Македонија

БЛАГОРОДНИШТВО во Македонија (ⅩⅣ-ⅩⅤⅠ в.) – по османлиското освојување старата христијанска благородничка класа во Македонија успеала во еден извесен период да се задржи во градовите. Во ⅩⅤ в. во Скопје живеел властелинот Тошник, чија жена Милица во 1497 г. го обновила манастирот Матка. Во 1466 г. во изворите се споменуваат „болјарите на местото Кратово”, а… Continue reading БЛАГОРОДНИШТВО во Македонија

БЛАГОСЛОВИ

БЛАГОСЛОВИ -. кратки жанрови на усното народно творештво, според формата блиски до пословиците, а според пораката и желбите што ги содржат се доближуваат до здравиците и баењата. Со верувањето во магичната моќ на зборот, како и клетвите, тие претставуваат магиски формули. Но, за разлика од клетвите што со-држат зла коб, желба да се случи несреќа,… Continue reading БЛАГОСЛОВИ

БЛАГОСОСТОЈБА

БЛАГОСОСТОЈБА – поим што се однесува на квалитетот на животот на луѓето (в. Квалитет на живот). Проблемот на благосостојбата е поврзан со еден цел правец во економската наука – економија на благосостојбата. Во фокусот на вниманието на оваа научна дисциплина е благосостојбата на поединецот. Збирот на благосостојбата на сите поединци во општеството ја дава т.н.… Continue reading БЛАГОСОСТОЈБА

БЛАЕР, Ѓорѓи

БЛАЕР, Ѓорѓи (Стара Пазова, Србија 28. Х 1908 – Скопје, 19. Ⅲ 1970) – Евреин, дентист, комунист, учесник во НОБ. Се доселил во Скопје (1932) и бил еден од водачите синдикалисти, подоцна поставен и за секретар на КПЈ за околијата Неродим (1939). Уапсен во Призрен (1940). Се вратил во Скопје (1941), каде што организирал здравствена… Continue reading БЛАЕР, Ѓорѓи

БЛАЕР, Златко

БЛАЕР, Златко (Скопје, 1946) – новинар. Апсолвирал на Машинскиот факултет во Скопје. Од 1971 г. во „Нова Македонија” приправник во Градската рубрика, соработник во Надворешнополитичката, уредник на Дневната редакција, помошник на главниот уредник. Дописник од Атина (1983/88). Во периодот 1979/81 г. уредник на „Екран”. Главен и одговорен уредник на весникот „Вечер” 1990-1991. Во јуни 1991… Continue reading БЛАЕР, Златко

БЛАЖЕВ, Негрија

БЛАЖЕВ, Негрија (Галичник, 1783 – 1843) – претставник на Дебарската резбарска школа. Учествувал во внатрешното украсување на Бигорскиот манастир заедно со трите негови сина – Макарија, Трајан и Ѓурчин. ЛИТ.: Ас. Василев, Б„лгарски в„зрожденски майстори, Софи®, 1965, 211. С. Мл.

БЛАЖЕВСКА, Зорица

БЛАЖЕВСКА, Зорица (Скопје, 6. Х 1948) – архитект. Дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973). Вработена е на Архитектонскиот факултет во Скопје како асистент и по изборот во други наставнички звања е избрана за редовен професор (2003) по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Докторирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Освен со педагошка дејност,… Continue reading БЛАЖЕВСКА, Зорица

БЛАЖЕВСКА, Катерина

БЛАЖЕВСКА, Катерина (Велес, 12. Ⅶ 1967) – новинар. По дипломирањето на Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство на УКИМ во Скопје (1989) работи како новинар во Македонското радио (1990–1997), колумнист во неделникот „Денес” (1997–1999) и уредник на Политичката рубрика на в. „Македонија денес” (1998– 1999); уредник-коментатор (1999– 2003), заменик главен и одговорен уредник (2003–2004), главен… Continue reading БЛАЖЕВСКА, Катерина

БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја

БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја (с. Мало Црско, Кичевско, 1861 – с. Могила, Битолско, 8. Ⅴ 1903) – прилепски војвода. Првин бил ајдутски војвода (ок. 1885), а потоа заминал на печалба во Романија. По враќањето во Македонија (1900) бил во четата на М. Ацев, М. Лерински и Ј. Пиперката. Од 1901 г. станал прилепски војвода. Движејќи се во… Continue reading БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја

БЛАЖИЌ, Здравко

БЛАЖИЌ, Здравко (Стари Бечеј, 19. Ⅳ 1917 – Белград, 14. IX 1979) – сликар и виш конзерватор. Дипломирал на школата за византинска уметност во Белград (1936). Студирал и на Академијата за ликовни уметности во Прага. Работел на конзервација на икони и фрески и на нивното копирање. Има заслуги за конзервацијата на фреските во црквите „Св.… Continue reading БЛАЖИЌ, Здравко

БЛАТЕЦ

БЛАТЕЦ – село во Виничко. Се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, на надморска висина од околу 700 м. Со Виница е поврзано преку регионалниот пат ВиницаБерово. Во минатото било мешано, населено со македонско и турско население. Во 1912 г. во него имало околу 350 турски и 150 македонски куќи. Денес е… Continue reading БЛАТЕЦ

БЛАТСКА ГАЈДА

БЛАТСКА ГАЈДА (Мешница) – локален термин за дувачкиот инструмент гајда (в.) во регионот на Скопска Блатија. Спаѓа во групата помали гајди, со висок мелодиски регистар (најнизок тон на гајдарката – Е1). Според бројот и конструкцијата на деловите, не се разликува од помалите македонски гајди. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986,… Continue reading БЛАТСКА ГАЈДА

БЛГАРАНОВ, Бојан Петков

БЛГАРАНОВ, Бојан Петков (Богдан; бај Иван) (шумен, 20 Ⅹ 1896 – Софија, 26. Ⅻ 1972) – бугарски комунистички деец и државник, генерал-полковник, херој на НРБ (1966) и херој на социјалистичкиот труд (1961). Бил истакнат член на БКП (од 1920) и учесник во Септемвриското востание (1923), поради што бил осуден на смрт (1925), но казната му… Continue reading БЛГАРАНОВ, Бојан Петков