БЕШ ТЕПЕ

БЕШ ТЕПЕ (Анче) (с. Карбинци) – микролокација на античкиот град Баргала. Се наоѓа на околу 700 м ј-и од селото, на десната страна на Радањска Река. Овој турски топоним се однесувал на високи могили од кои денес се зачувани три. Во Втората светска војна (1941-1943) со орање на нивите била најдена плоча со латински натпис… Continue reading БЕШ ТЕПЕ

БИБИЈА

БИБИЈА (Свето писмо) – македонски превод. Браќата св. Кирил и Методиј ја превеле библијата во IX век на дијалектниот говор на македонските Словени од околината на Солун. Македонски преводи на библиските текстови биле работени и во ⅩⅠⅩ век на народен говор со кирилско или со грчко писмо. Тоа се: Четиријазичникот на Данаил од Москополе, Кониковското… Continue reading БИБИЈА

БИБИОТЕКА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ

БИБИОТЕКА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ (Скопје, 1922–1941) – прва универзитетска библиотека во Вардарскиот дел на Македонија. Тоа е прва поголема јавна библиотека по Велешката библиотека (1833). Наследник на нејзиниот книжен фонд е денашната НУБ „Климент Охридски”. С. Мл.

БИГЛА

БИГЛА – средновисока планина што претставува природно продолжение на Илинска и Плакенска Планина. Има динарски правец на протегање сз–ји во должина од 16 км. На запад ограничена со Ресенско Поле и долината на Голема Река, на исток со долините на шемница и Боишка Река, а на југ со превалот Ѓавато (1.167 м) е одвоена од… Continue reading БИГЛА

БИДЕВ, Павле

БИДЕВ, Павле (Приеполе, 22. Ⅵ 1912 – Игало, 16. Ⅰ 1988) – професор по филозофија, полиглот, стручен преведувач, шаховски теоретичар, публицист, прв македонски шаховски мајстор, преведувач од повеќе јазици. Во шаховската игра го упатил неговиот очув д-р Алексеј Степанович Полканов уште на 11-12-годишна возраст. Поради неговата болешливост, отпрвин се занимавал со дописен шах. На шаховската… Continue reading БИДЕВ, Павле

БИДИКОВ, Владислав Димитров

БИДИКОВ, Владислав Димитров (Кратово, 7. Ⅳ 1930) – интернист-гастроентерохепатолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Бил директор на Клиниката за гастроентерохепатологија (1987–1995). Вовел нови дијагностички и терапевтски методи: ЕРЦП, ендоскопска полипектомија, ендоскопско поставување на езофагеални ендопротези. Автор и коавтор на 312 стручни трудови. ИЗВ.: Архив на Клиниката… Continue reading БИДИКОВ, Владислав Димитров

БИЗНИС

БИЗНИС“ – прв македонски економски дневен весник. Првиот број излегол на 18 мај 2005 г. Издавач: Друштво за издавање, печатење и услуги „Економски погледи” ДОО увоз-извоз Скопје. Основачи-содружници: Панде Колемишевски (главен и одговорен уредник), Душан Петрески, Здравко Јосифовски, Аце Димитриевски. „Бизнис” третира настани, случувања и движења на домашната и на светската економска сцена. Б. П.… Continue reading БИЗНИС

БИЛАЗОРА

БИЛАЗОРА . (с. Кнежје, Светиниколско) – античка населба на доминантен рид со зарамнето плато (оштетено од ерозија) и моќни одбранбени бедеми, на 3 км западно од патот Свети Николе – с. Кнежје, на лок. Градиште. Заедно со подградието зафаќа површина од 20 ха. Сполии вградени во селските куќи и во црквата. Во истражувањата (1986) е… Continue reading БИЛАЗОРА

БИЛАЛ, Салаетин

БИЛАЛ, Салаетин (19. Ⅲ 1942) – актер. Од 1964 г. е член на Турската драма на Театарот на народностите. Настапувал на сцената на Албанската драма и во други театри, како и во независни проекти и на филм. УЛО.: Слугата („Слуга на двајца господари”); Хасан-ага („Хасанагиница”); Омер („Омер и Мерима”); Симон („Аргатот Симон”); Хлестаков („Ревизор”); Дон… Continue reading БИЛАЛ, Салаетин

БИЛБИЛОВСКИ, Кирил

БИЛБИЛОВСКИ, Кирил (Киро) (Скопје, 3. Ⅴ 1920 – Охрид, 24. IX 1989) – фотограф, филмски снимател, сценарист и режисер. Работел како професионален фотограф, потоа како филмски снимател, сценарист и режисер во „Вардар филм” (1947). Режисер, снимател или сценарист е на документарните филмови „Сточарството денес” (1948), „Македонски тутун” (1954), „На гости во родниот крај” (1957), „Сфинга”… Continue reading БИЛБИЛОВСКИ, Кирил

БИЛИНО

БИЛИНО – средновисока планина што се протега во крајниот североисточен дел на Република Македонија на границата со Република Србија. Точните граници на планината тешко можат да се одредат поради големата десецираност на релјефот. На север се надоврзува Чупино Брдо, кое морфолошки не се разликува многу, па може да се смета за дел од Билино, додека… Continue reading БИЛИНО

БИЛЈАНОСКИ, Златко

БИЛЈАНОСКИ, Златко (Злате) Каранфилев (псевд. Михајло) (с. Пуста Река, Крушевско, 25. Ⅰ 1920) – комунистички деец, првоборец и државник. Како печалбар низ Србија станал член на Урсовите синдикати, на СКОЈ (1936) и на КПЈ (1939). Во Априлската војна (6. Ⅳ 1941) бил заробен во Марибор и одведен во Лукенвалд (Германија). По ослободувањето (август 1941), извесно… Continue reading БИЛЈАНОСКИ, Златко

БИЛЈАРКИ

БИЛЈАРКИ – учеснички во изведувањето на обредот на берење на билките. Обредот е поврзан со пролетните празници, но најмногу со Ѓурѓовден. Билките (кукурек, леска, дрен, здравец, вратика, сил и др.) се берат вечерта спроти празникот или утрото пред изгрејсонце на самиот ден. Се верува дека поседуваат магиска моќ и дека можат човекот, животните, но и… Continue reading БИЛЈАРКИ

БИЛЈАРСКИ ПЕСНИ

БИЛЈАРСКИ ПЕСНИ – пролетни обредно-календарски песни, поврзани со берењето на билките, со крмењето на добитокот и со запотнувањето на објектите. Тие се поврзани со одредени празници од народниот и црковниот календар, најмногу со Ѓурѓовден, но и со Летник, Свети 40 маченици, Благовец, Цветници, Иванден и др. Билките се берат навечер спроти празникот или наутро, пред… Continue reading БИЛЈАРСКИ ПЕСНИ

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Битола, почеток на 1942 – почеток на 1943) – илегален орган на Месната организација на КПЈ во Битола. Излегувал на 10–15 дена, на македонски јазик, а бил печатен на техниката (рачна преса) на МК на КПЈ во Битола, во куќата на Томе Димитровски. Уредник бил Стефан Наумов-Стив, а соработници-автори биле и Мирче Ацев, Јордан… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Кумановско, 1. Ⅹ 1943 – 20. Ⅰ 1944) – орган на шта-бот на Петтата оперативна зона на НОВ и ПОМ, на кумановски дијалект. Бил умножуван на циклостил, а зачувани се само два броја. Во уводната статија од првиот број „Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија го бијат окупаторот, ослобаѓаат територија“ се коментира капитулацијата… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Скопје и Дебарца, септември 1942 – 1943) – орган на Главниот штаб на НОПОМ. Објавени се два двоброја на македонски јазик. Првиот двоброј е објавен во Скопје на циклостил, а вториот двоброј на слободната територија во Дебарца во Печатницата „Гоце Делчев“. Содржи написи за воено-политичката состојба во светот и кај нас, како и за… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ . (Скопје, јануари–април 1942) – орган на ПК на КПЈ за Македонија, на македонски јазик. Објавени се само два броја. Првиот број (јануари-февруари) бил печатен на техниката на ПК, а вториот број (март-април) во Печатницата „Гоце Делчев“. Уредник и автор на дел од написите бил Кочо Рацин. Написите информираат за политичката и за воената… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ . (Скопје, август–септември 1943) – орган на Поверенството на Гш на НОВ и ПОМ за подрачјето на Четвртата оперативна зона, на македонски јазик. Објавени се неколку броја, а сочувани се само првите два броја. Негов главен уредник бил Кузман Јосифовски-Питу. Меѓу другото, во првиот број е објавена и хроника на дејствувањето на една партизанска… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Скопје, јули 1940 – октомври 1940) – илегален орган на ПК на КП во Македонија, на македонски и на српски јазик. Излегувал еднаш месечно. Бил ум-ножуван на циклостилна техника. Објавени се вкупно четири броја. Тие ја рефлектираат политиката на КПЈ кон политичките и стопанските состојби (аграрното прашање, тутунот и сл.) во Македонија, но содржат… Continue reading БИЛТЕН

БИЛТЕН

БИЛТЕН“ . (Скопје, ноември–декември 1934) – илегален орган на Обласниот секретаријат на КПЈ за Македонија, на српски јазик. Бил умножуван на машина за пишување со српска кирилица. Објавени се само четири броја. С. Мл.