БЕЛЕВ, Зафир Ѓорчев

БЕЛЕВ, Зафир Ѓорчев (Охрид, 1845 – с. Костенец, Софиско, 1907) – македонски деец и општественик, учесник во Охридскиот заговор и автор на мемоарски (автобиографски) запис на македонски јазик. Член на Општинскиот совет. Поради народополезна дејност осуден е на шестмесечен затвор (1871). Година и пол престојувал во Русија, а по враќањето работел во родниот град како… Continue reading БЕЛЕВ, Зафир Ѓорчев

БЕЛЕВ, Крсто Димитров

БЕЛЕВ, Крсто Димитров (с. Горно Броди, Серско, 5 Ⅲ 1908 – ?, 1978) – бугарски писател (од македонско потекло), автор на мошне популарниот и често издаван роман „Планино, Пирин-планино” (1934) во кој се коментира смртта на Гоце Делчев. Автор на раскази, романи, патописи и репортажи. По балканските војни со семејството се преселува во Бугарија. Како… Continue reading БЕЛЕВ, Крсто Димитров

БЕЛЕВ, Трајан

БЕЛЕВ, Трајан ( псевд. Гоце) (с. Ѓавато, Битолско, 4. Ⅰ 1902 – с. Кленоец, Кичевско, 6. Ⅹ 1943) – печалбар и национален деец. Бил член на КПЈ (1938) и првоборец во НОАВМ; член на Окружниот оперативен воен штаб во Битола (1942), политички комесар на НОПО „Дамјан Груев“ и заменикполитички комесар на Првиот баталјон на Втората… Continue reading БЕЛЕВ, Трајан

БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров

БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров (с. Блаца, Егејскиот дел на Македонија, 7. Ⅱ 1772 – Виена, Австрија, ?) – македонски патриот, добротвор. Поради албански насилства, богатиот татко Александар со семејството се преселил во Цариград и во 1802 г. бил близок со влашкиот кнез Ј. Караџа, па се преселиле во Букурешт, а веќе заможниот Костадин се префрлил… Continue reading БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров

БЕЛИЈА, Божидар

БЕЛИЈА, Божидар (Риека, Хрватска, 20. XI 1904 – Загреб, Хрватска 1981) – редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Во 1948 г. доаѓа од загрепскиот Фарм. ф. (Катедра по галенска фармација) и формира Катедра по хемија и биохемија на новоформираниот Мед. ф. Бил шеф на Катедрата (1948– 1960), а до 1954 г. ја водел и… Continue reading БЕЛИЈА, Божидар

БЕЛИЌ, Александар

БЕЛИЌ, Александар (Белград, 2. Ⅷ 1876 – Белград, 26. Ⅱ 1960) – лингвист, професор и ректор на Белградскиот универзитет, член и претседател на Српската кралска академија (подоцна САНУ), член на повеќе академии на науките и научни друштва во ФНРЈ/ СФРЈ и во странство. Студиите ги завршил на Универзитетот во Москва и во Одеса, докторирал на… Continue reading БЕЛИЌ, Александар

БЕЛИЧАНЕЦ, Тито

БЕЛИЧАНЕЦ, Тито (Прилеп, 24. Ⅶ 1946) – универзитетски професор, правник. Основно училиште, гимназија и Правен факултет завршил во Скопје (1969). Докторирал на истиот факултет на тема „Институционалните облици на самоуправно-здружениот труд“ (1979). Избран е за асистент (1970), а потоа за редовен професор по деловно право на Правниот факултет (1991). Избран за член, а потоа и… Continue reading БЕЛИЧАНЕЦ, Тито

БЕЛЈАЕВА, Јулија Дмитриевна

БЕЛЈАЕВА, Јулија Дмитриевна (Беляева, Œлия Дмитриевна) (Москва, Русија, 8. Ⅴ 1927) – славистка, македонистка. По завршувањето на Филолошкиот факултет на МДУ „Ломоносов“ (1950) и одбраната на кандидатската дисертација по филолошките науки (1963) се специјализирала по историјата на јужнословенските литератури. Работела во Институтот за славистика и балканистика на АН на СССР во Москва, првин како научен… Continue reading БЕЛЈАЕВА, Јулија Дмитриевна

БЕЛОВ БАИР

БЕЛОВ БАИР – месност на 6 км од градот Разлог кон Предел каде што, по жестоки мачења, биле стрелани 13 антифашисти (29. Ⅴ 1944), соработници на партизаните. Биле закопани во заедничката гробница. ЛИТ.: Георги Т. Мадолев, Въоръжената борба в пиринския край 1941–1944, София, 1966; Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от… Continue reading БЕЛОВ БАИР

БЕЛОГАСКИ, Љубомир

БЕЛОГАСКИ, Љубомир (Делчево, 15. Ⅳ 1911 – Скопје, 15. Ⅱ 1994) – сликар, универзитетски професор, најпознат македонски акварелист, основоположник на македонската модерна уметност. Дипломирал на Уметничката школа во Белград (1938). Тој е основач на Графичкиот отсек во Училиштето за применета уметност во Скопје (1949). Бил редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во Музејот на… Continue reading БЕЛОГАСКИ, Љубомир

БЕЛОМОРЕЦ

БЕЛОМОРЕЦ“ (Солун, 2-7. XI 1912) – дневен политичко-општествен весник. Го уредувале А. Томов, К. Димитров, Павел шатев (подоцна заменет со Емануел Лјапчев) и И. Неделков (одговорен уредник). Бил печатен во печатницата на К. Тенчов. Објавени се вкупно 6 броја. Во првиот број се декларирал како продолжение на в. „Право“. Се појавил во времето на воспоставувањето… Continue reading БЕЛОМОРЕЦ

БЕЛОРУСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БЕЛОРУСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Република Белорусија ја признава РМ на 20. Ⅳ 1992 г. Дипломатски односи се воспоставуваат на 20. Ⅰ 1993 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Белорусија е Гане Тодоровски (нерезидентен, од Москва). ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2006. Т. Петр. Димче Белоски

БЕЛОСКИ, Димче

БЕЛОСКИ, Димче (Штип, 25. Ⅹ 1923) – национален деец, политичар, општественик и дипломат. Студирал право. Бил член на СКОЈ (1941) и на КПМ (1943). Како истакнат учесник во НОАВМ, бил политички комесар на чета и на баталјон во воените единици на НОВ и ПОМ, а потоа политички комесар на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Бил… Continue reading БЕЛОСКИ, Димче

БЕЛУР, Ирфан

БЕЛУР, Ирфан (Ирфан Белур) (Скопје, 1954) – артист во Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Сега живее и работи во Данска. Исто така е поет и драм-ски автор. Член е на ДПМ (од 1984 г.) и автор на поетското дело: „Црниот круг“ (1980), на драмските творби: „Мехмет“ (1982), „Луѓе и гулаби“ (1984), „Картонска… Continue reading БЕЛУР, Ирфан

БЕЛЧЕВ, Иван

БЕЛЧЕВ, Иван (с. Русиново, Малешевско, 1867 – с. Русиново, Малешевско, 24. Ⅰ 1921) – малешевски селски војвода. Учествувал во борбите кај с. Русиново, каде што загинал Даме Груев. Бил доброволец (1913) во ⅩⅠⅠⅠ кукушка чета во борбите за ослободување на Македонија од отоманската власт. Бил убиен од српските власти во близина на родното село. ИЗВ.:… Continue reading БЕЛЧЕВ, Иван

БЕЛЧЕВ, Костадин

БЕЛЧЕВ, Костадин (с. Цапари, Битолско, 1874 – Софија, 19. Ⅳ 1945) – учител, учесник во Илинденското востание, битолски војвода. Во текот на мај 1902 г. бил затворен и лежел во османлискиот затвор Катилане во Битола. Во Илинденското востание предводел чета. Потоа станал свештеник и ѓакон при Бугарската егзархија во Цариград. ИЗВ.: ЦДА, ф.: 933, оп.… Continue reading БЕЛЧЕВ, Костадин

БЕЛЧОВСКИ, Јован

БЕЛЧОВСКИ, Јован (с. Русиново, Малешевско, 7. Ⅷ 1941) – универзитетски професор. Се школувал во родното село. Завршил Средно богословско училиште во Призрен, Филолошки факултет (романистика) во Белград, магистрирал во Скопје (1982), а докторирал во Загреб (1993). Бил наставник во с. Аргулица, Штипско, во Оџаци (Војводина), во Средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“ во Драчево и… Continue reading БЕЛЧОВСКИ, Јован

БЕН ЛЕВ, Јосеф

БЕН ЛЕВ, Јосеф (Битола, 1500 – Солун, 1580) – рабин, специјалист за еврејското право. Се преселил во Солун (1534), станал претседател на Еврејскиот суд во Солун. Ги бранел интересите на солунските еснафи за производство на ткаенини во рамките на феудалното еснафско занаетчиство. Се прочул како заштитник на бедните Евреи. Дошол во судир со претставниците на… Continue reading БЕН ЛЕВ, Јосеф

БЕНГ

БЕНГ – . ромско именување на ѓаволот. Има индиско потекло (Бенгалски Залив во Индија). И според ромските верувања ѓаволот има лик на човек, со мали рокчиња на главата, со крвави очи и влакнесто тело. Лицето му е црно, со шилеста брада, а носот искривен. Има и опашка, а ушите му се како на коза. На… Continue reading БЕНГ

БЕНДЕВСКИ, Коле

БЕНДЕВСКИ, Коле (с. Ѓавато, Битолско, 17. Ⅵ 1908 – Скопје, 25. Ⅳ 1991) – првоборец и општественик. На петнаесетгодишна возраст заминал печалбар во САД, работејќи како возач-таксист и работник во железарница во Гери и во Чикаго и се запознал со комунистичката идеологија. Поради илегалниот престој, бил уапсен и спроведен во затворите во Њујорк и на… Continue reading БЕНДЕВСКИ, Коле

БЕНДЕВСКИ, Трајан

БЕНДЕВСКИ, Трајан (с. Ѓавато, Битолско, 1937) – правник, унив. професор. Основно и средно училиште завршил во Битола. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1962). Магистрирал (1973) и докторирал (1985) на Правниот факултет во Скопје. Предавал Меѓународно приватно право на Правниот факултет во Битола (1984–1994) и Меѓународно приватно право и Право на ЕУ на Правениот факултет… Continue reading БЕНДЕВСКИ, Трајан

БЕНДЕРЕВ, Анастас Георгиев

БЕНДЕРЕВ, Анастас Георгиев (Горна Ораховица, 25 Ⅲ/6. Ⅳ 1859 – Софија, 17. XI 1946) – руски генерал. Се интересирал за востаниците и за бегалците по Кресненското востание и за положбата во Македонија по Илинденското востание. Автор е на книгата „Военнаџ гограф%џ и статистика Македонии и соседнÎхъ сљ неЃ областей” (С.-Петербургъ, 1890). ЛИТ.: Генерал Анастас Бендерев.… Continue reading БЕНДЕРЕВ, Анастас Георгиев

БЕНДИДА

БЕНДИДА – едонско-пиериско божество, со култ кај Струма. Бендида ја претставува „Големата Мајка” („Мегале Тхеа”). Иконографски се претставува со: кус хитон, наметка од животинска кожа (небрис), чизми, фригиска капа и копје. Култот се поврзува со пајонските култови посветени на Артемида и со бригиското божество Бендида. Посебно е почитувана кај Битините преселени од Стримон во Мала… Continue reading БЕНДИДА

БЕНТОМАК

БЕНТОМАК – рудник на бентонитски глини кај Крива Паланка. Под името Бентомак е опфатена компанија која во 70-тите години на минатиот век вршела експлоатација на бентонитските глини во Славишко Поле. Тоа се наоѓалиштата Ранковци, Гиновци и Лупозната како рудник Бентомак кај Крива Паланка. Со прекини Бентомак до денес врши експлоатација на фино дисперзни бентонитски глини… Continue reading БЕНТОМАК