БОЖИДАР

БОЖИДАР – поп, еден од дарителите и можен предводник и организатор, заедно со неговиот син Петко, на изработката на постариот слој фрескоживопис во црквата „Св. Петка” во с. Побужје (Скопско). Црквата била живописана во 80-тите г. на ⅩⅤ в. Насликаните 9 претстави на светители се проследени со натписи на словенски јазик. Подоцна (1500 г.) црквата повторно била сликана од други зографи, но било почитувано и постарото сликарство. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Црквата „Св. Петка” во с. Побужје, „Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија”, Ⅹ–XI, Скопје, 1983, 38–50. З. Р.-Н.