ЦРВЕНА ЅВЕЗДА

„ЦРВЕНА ЅВЕЗДА“ (лето 1942 – октомври 1943) – весник, орган на Македонската ослободителна организација (МОО) за Воденскиот округ. Тоа е прв весник на македонски јазик (воденски дијалект, но со грчка азбука) во Егејскиот дел на Македонија. Го уредувал Вангел Ајановски-Оче, а насловната страница ја илустрирал Гркот Андреас Андроникас. Бил умножуван на шапирограф на илегалната техника на Окружниот комитет на КПГ за Воденско. Објавени се повеќе од 20 броја, во тираж до 150 примероци. По забраната на МАО од страна на КПГ, весникот престанал да излегува. ЛИТ.: Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт на развојот на работничкото, комунистичкото и националноослободителното движење во Македонија во Воденско, ракопис во АОИНИ, Скопје, 82; Тодор Симовски, Некои моменти од националноослободителната борба на Македонците од Егејска Македонија, Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија, Скопје, 1973, 220– 221; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 452-453; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 150–151. С. Мл.