,МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С.-ПЕТЕРБУРГ – најзначајната македонска национална и научно-културна асоцијација во периодот до Ослободувањето, што се зема и како историска основа на МАНУ. Основано на 28. Х 1902 г. во С.-Петербург од 19 потписници од сите краишта на Македонија (К. Мисирков, Д. Чуповски, Г. Константинович, Д. Мишајков, С. Дедов, М. Стоилов и др.). Во следната година членството на раснува на 25. Прв привремен претседател е Дијамандија Мишајков, а од почетокот на 1903 до 1917 г. тоа место го зазема Димитрија Чуповски.
УШТЕ на 12. Ⅺ 1902 г. (со потписите на Д. Мишајков и С. Дедов) е поднесен Меморандум до Руската влада и до Советот на С.-Петербуршкото словенско благотворно друштво што претставува прва и единствена комплетна македонска националноослободителна програма воопшто, во која се бара признавање на Македонците како посебна словенска нација со македонскиот јазик како литературен, со Охридската архиепископија како автокефална македонска црква и автономија на Македонија во границите на Турција гарантирана од големите држави.
На второто заседание на Другарството (29. ⅩⅠⅠ 1902), откако се конституира Управата, се определуваат границите на Македонија, се презема задачата за подготовка на еден паралелен македонскоруско-српско-бугарски речник и се известуваат Чешкото, Српското и Бугарското друштво за основањето на Македонското, со барање да им се дозволи и на Македонците да ги држат своите заседанија во салата на Словенското обединение „Славјанска беседа“.
Во чл. 1 од Уставот на МНЛД (16. ⅩⅠⅠ 1903) целите се децидно определени: „а) да ја развива меѓу Македонската колонија во С.-Петербург националната свест; б) да ги проучува јазикот, песните, обичаите и историјата на Македонија во етнографски и географски погобединува сите Македонци, без разлика на нивното образование и убедување, во името на нивното исто потекло и единството на нивната татковина, и г) да го популаризира сето што е горекажано меѓу Македонците во Македонија и надвор од нејзините граници (во странство)“. Во чл. 2 се дефинираат и задачите и дејностите со кои ќе се постигнат тие цели: „а) организирање собранија и предавања; б) читање реферати, раскази, стихотворби и др.; в) собирање народни творби (умотворби) и историски споменици за Македонија; г) духовна поткрепа на своите сотатковинци, особено при нивното
прво доаѓање во Русија, и д) помагање и развивање заемни односи со другите словенски друштва и кружоци, како и со одделни словенски дејци“.
Со чл. 12 од овој Устав првпат во македонската историја македонскиот јазик се воведува во службена употреба: „Разговорот во Другарството ќе се води на македонскиот јазик (на словеномакедонскиот); рефератите и протоколите ќе се пишуваат исто така на овој јазик“. Во следниот член се допушта другите Словени во МНЛД да можат „на неговите собранија да читаат свои реферати и да дискутираат по повод прочитаното само на сесловенскиот јазик – рускиот“.
Во Другарството се одржуваат редовни и добро подготвени реферати. Тука е создадена и првата книга на современиот македонски литературен јазик со посебната македонска азбука и со фонетскиот правопис (К. П. Мисирков, „За македонцките работи“, 1903). Заедно со научната разработка на македонското национално прашање од историски, етнографски, филолошки и политички поглед, тоа беше практична реализација на поставките од Програмата и Уставот на МНЛД. Во почетокот на 1904 г. претседателот Д. Чуповски го прочитал рефератот „За вековната национална самобитност на Македонските Словени“, а Ф. Николовски изложил„
Какви причини ги тераат Русите и воопшто патешествениците и етнографите да ги смешуваат Македонските Словени со Србите и со Бугарите“.
Се прават значајни напори за отворање училишта на македонски јазик и се подготвуваат учебници (буквар, читанка, граматика). Истовремено се водат разговори за поддршка со Турската и со Австро-унгарската амбасада во С.-Петербург. За таа цел патуваат и
Првата страница од Уставот на МНЛД во С.-Петербург (16. ⅩⅠⅠ 1903) специјални емисари на Другарст
лед; в) да ги примирува и да ги вото низ Македонија, се собираат потписи од граѓаните што бараат училишта на родниот јазик. Самиот претседател Чуповски за таа цел три месеци крстосува по Солунскиот и Битолскиот вилает (1905). Се покренува иницијатива и за обновување на Житошкиот манастир и со помошта на Руската православна црква во него да се создаде занаетчиско училиште (на македонски јазик) со интернат (1910–1911). Се создава цело движење во Битолско во полза на интенциите на Другарството.
Спогодбите помеѓу балканските монархии ја навестуваат Балканската војна. Битолската филијала на МНЛД на 15. Ⅷ 1912 г. бара помош од Русија за спас од соседните пропаганди во Македонија, како и: „Отворање училишта на словеномакедонскиот јазик. Обновување на црковната независност (автокефалната словеномакедонска црква во г. Охрид). Слободен развиток на националната самосвест, т. е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ… Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари. широка внатрешна самоуправа на Македонија“.
Непосредно пред Првата балканска војна, за да се обезбеди државно легализирана македонска национална асоцијација (МНЛД го имаше само покровителството на С.-Петербуршкото словенско благотворно друштво), беше поднесена молба (со Уставот) за регистрација на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (27. Ⅵ 1912), но Градоначалството ја одби, бидејќи Русија беше фактор во подготовките на војната. По една година беше побарано да се легализира Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“, но и тоа не беше регистрирано. МНЛД почна да настапува под името на Македонска колонија во Петроград и по одржувањето на Општомакедонската конференција во Велес (1912) настапува во јавноста и како ополномоштеник од македонскиот народ и развива историски вонредно значајна дејност за зачувување на целоста и извојување на слободата на македонскиот народ.
Последниот расположлив документ што го носи и потписот на МНЛД е Програмата на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (18. Ⅵ 1917).
Првата страница од предложениот Устав на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методија“ (1912)
ЛИТ.: Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874–1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла,Скопје, 1966, 223–447; истиот, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И–Ⅱ, Скопје, 1978; истиот, Едновековните корени на МАНУ. Свечен собир…, МАНУ, 2003. Бл. Р.