БАЛКАН ЛЕ БАЛКАН

БАЛКАН ЛЕ БАЛКАН.(Софија, 5. Ⅳ – 4. Ⅴ 1903) – неофицијален орган на МНЛД во С.-Петербург. Ред. А. С. Василев. Редактор-издавач е поранешниот сопственик на органот на Македонскиот клуб во Белград „Балкански гласник“ (1902) и член-основач на Другарството Стефан Јакимов Дедов (Ридски). Се печати на бугарски јазик (со уводниците и на руски). Објавува и прозни текстови на македонски јазик (Е. Спространов). Публикува (во продолженија) скратена верзија на Меморандумот на МНЛД до руската влада. Весникот има основна јавна платформа: „автономија на Македонија за Македонците и независност на Балканот за Балканците“. Излегува двапати неделно и запира по бр. 12. Продолжува во следната година како нова публикација под името „Куриеръ“. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, И, Скопје, 1993, 250 –279. Бл. Р.