АСАМАТИ – . современа туристичка населба на брегот на Преспанското Езеро. Во праисториската археологија позната е по наоѓалиштето Св. Недела, на кое со пробно ископување (1978-1979) биле откриени остатоци од објект и во него групи од фрагментирани керамички садови. Се смета дека се работи за грнчарска работилница на мала рибарска населба од доцното бронзено време, со етнокултурна припадност кон палеобалканското племе Бриги што го населувале охридскопреспанскиот басен, дел од територијата на Албанија и Епир (во Грција). Наодите се чуваат во Музејот на Македонија и во Музејската збирка во Ресен. ЛИТ.: Елеонора Петрова, Бригите на централниот Балкан во Ⅱ и Ⅰ.милениум пр.н.е., Скопје, 1996. В. С. Зградата на „Македонски пошти” и на „Македонски Телекомуникации” во Скопје Факсимил од Асемановото евангелие стр. 132, иницијал „В” (XI век)