МИЛЈУКОВ, Павел Николаевич (Москва, 13 (28). И 1859 – Екс-ле-Бел, Франција, 31. Ⅲ 1943) – руски историчар, славист, македонозналец, политичар, водач на политичка партија и претседател на руската Дума (парламент). Престојувал повеќе пати во Македонија, проучувајќи го нејзиното историско и културно минато и коментирајќи ја во тогашниот руски печат нејзината политичка судбина. Бил професор на универзите-Павел Милјуков тите во Москва и во Софија. Македонската тема ја знаел изворно, а во текот на 1912–1913 ги коментирал на страниците на петроградскиот весник „Реч“ трагичните настани со поделбата на Македонија, чин што тој благовремено го предвидувал и настојувал да го спречи. Завлегувајќи во сложеноста на македонското прашање, главно преку диоптријата на тогашната бугарска наука, тој правовремено успева да се извиши над валканиците на бугарско-српскиот спор за Македонија, па во текот на Балканските војни јавно се застапува за неделивоста на македонскиот историско-етнички организам, сметајќи го за непростлив злостор на агресивните соседи, разгласувајќи ја тезата за постоење и на македонска гледна точка и за политичка и државна автономија на Македонците. Г. Т.