МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ (со читалиште) во Белград – асоцијација на македонските студенти, емигранти и печалбари во Србија (1901–1902). Според основачите, Македонците „уште пред издавањето на в. ,Балкански гласник‘ се обидоа во форма на литературен клуб да основат кружок што би имал цел да ја обедини во едно цело македонската интелигенција во Србија, без разлика на убедувањата, и којшто би се стремел да обезбеди единство на мислите сред македонското население“. По едногодишни подготовки, во моментот кога во Белград свечено се отвора Словенски клуб (11. Ⅴ 1902), чии филијали стануваат Рускиот и Чешкиот клуб, а Б. Сарафов се обиде да отвори претставништво на ТМОРО и во српската престолнина, една група македонски интелектуалци (Ст. Ј. Дедов, Д. Т. Мишајков, М. Петров/иќ/ и др.), заедно со некои политички емигранти, печалбари, занаетчии и трговци (Л. Осмаков, Н. Тодоровиќ, М. Мушевиќ и др.), подготвија Правила и официјално побараа од надлежните власти и нивниот Македонски клуб да стане рамноправен член на новата словенска институција. Иако не добија одговор, организаторите од 7 јули 1902 г. почнаа да го издаваат својот орган „Балкански гласник / Ревуе балканиљуе“ (на српски јазик со уводниците и на француски), којшто побара „да $ се даде на Македонија автономија и да $ се признае нејзиниот словенски дијалект“, зашто народот во Македонија „си има свој засебен дијалект што може да се служи со фонетскиот правопис“. Македонската младина решила „да отвори читалиште за своите сонародници, каде што ќе се одржуваат и ред јавни предавања“. Но кога весникот објави дека „македонската младина собрана околу ,Балкански гласник‘, со помошта од сите емигранти што живеат во Србија, подготви меморандум (жалба) што наскоро ќе „Балкански гласник“ (1902), орган на Македонскиот клуб во Белград им биде поднесен на претставниците на големите сили потписнички на Берлинскиот договор“, во српската јавност се покрена голема реакција, па Македонскиот клуб беше забранет и „Балкански гласник“ (по осмиот број) беше укинат, а организаторите и редакторите изгонети. Кон крајот на септември 1902 г. Дедов и Мишајков одат во С.-Петербург и заедно со Мисирков, Чуповски и други врз истата национална платформа на 28 октомври го основуваат МНЛД, а на 12 ноември 1902 г. го потпишуваат Меморандумот до Руската влада и до Советот на С.Петербуршкото словенско благотворно друштво како прва комплетна македонска националноослободителна програма. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовси, Крсте П. Мисирков (1874–1926),Скопје,1966, 200–223; истиот, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Скопје, 1978, 110–130; истиот, Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, И, Скопје, 1993, 237–279. Бл. Р.