ЦРНИ ДРИМ

ЦРНИ ДРИМ – река што истекува од Охридското Езеро кај Струга, тече низ северозападниот дел на Охридско-струшката Котлина и кај селото Ташмаруниште влегува во Дримколската Клисура. Од излезот на клисурата влегува во Дебарската Котлина, а западно од селото Спас, на кота од 476 м, ја напушта територијата на РМ и влегува во Албанија. На делницата од ХЕЦ „шпилје“ до границата, на должина од 12 км таа тече како гранична река. Од истекот до границата со Албанија таа е долга 56 км, има вкупен пад од 212,2 м и просечен пад од 3,95‰. На територијата на РМ сливот $ 2 зафаќа површина од 3.359 км , од кој делови се наоѓаат во Албанија и во Грција. Најзначајни притоки се реките Радика и Збошка Река. По изградбата на вештачките акумулации „Глобочица“ и „шпилје“, долината на Ц. Д. околу 43% е заезерена и преобразена. Средногодишниот протек кај Дебар из3 несува 52 м /с. Преку р. Црни Дрим просечно годишно истеку3 ваат 1,64 милјарди м вода. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В. од 760 м, а се влива во р. Вардар, Кејот на Црни Дрим во Струга кај Стоби, на височина од 129 м; „ЦРНО СЕМЕ“ Сцена од филмот „Црно семе“ (1971)